You are on page 1of 68

Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна

Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно


објавување јавен оглас

ЈАВЕН ПОВИК Бр. 01-01/2022

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

СО ПРИМЕНА НА ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ СО ПРЕТХОДНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС ЗА


ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
НА
20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна

Економски Оператор/
понудувач:

Aдреса:

ЕВН Македонија АД
Архива
Место на аплицирање ул.„Лазар Личеноски“ бр.11
1000 Скопје
Р. Северна Македонија

Примено на:

Место, дата Овластен потпис


Економски оператор
/ Понудувач

1|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Содржина на Тендерската документација :

I. ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО


II. ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
III. КРАТОК ОПИС НА ПОСТАПКАТА
IV. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
V. ПРИЛОЗИ

2|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

I. ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

3|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

I. ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Почитувани,

ЕВН Македонија АД, Скопје во свое име и во име на група на договорни органи врз основа на Договор
за извршување на групна набавка бр. 12-6/5 oд 10.02.2022, склучен помеѓу ЕВН Македонија АД, Скопје
и Електродистрибуција Дооел Скопје ( во понатамошниот текст Договорен орган), со адреса на ул.
„Лазар Личеноски“ бр. 11 Скопје, телефон за контакт 00389(0)72 933 351, електронска пошта:
irena.radevska@evn.mk; Hristina.Petkovska-Nevcheva@evn.mk, Aleksandar.Dzhorlev@evn.mk,
nada.kocare@evn.mk, има потреба од склучување Еднократен договор за набавка на 20 kV ќелии за ТС
110/35/10(20) kV Централна по пат на Оглас за доделување на договор за јавна на

За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за набавка со примена на постапка со преговори со
претходно објавување на оглас , склучување на Еднократен договор за набавка на 20 kV ќелии за ТС
110/35/10(20) kV Централна со примена на Постапка со преговори со претходно објавување на оглас
бр. 01-01/2022, согласно валидниот Закон за јавни набавки (понатаму ЗЈН).

Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за


јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса https://www.e-
nabavki.gov.mk.

Сите заинтересирани Економски оператори своите Пријави за учество заедно со бараната комплетна
документација во првата фаза од постапката со преговарање со објавување оглас за горенаведениот
предмет на договорот за јавна набавка треба да ги поднесат во електронска форма преку ЕСЈН и
истите треба да бидат електронски потпишани со користење на квалификуван сертификат за
електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него,
најдоцна до 21.03.2022 до 14:00 часот по локално време.

Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот
рок за поднесување на Пријавата за учество.

Доколку Пријавата за учество ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се


доставува и овластување за потпишување на Пријавата за учество потпишано од одговорното лице.

Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во


прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и
договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.

Пријавите за учество заедно со бараната комплетна документација во првата фаза од постапката со


преговарање со објавување оглас за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка се
поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.

По истекот на крајниот рок за поднесување на Пријавите за учество истите нема да може да се


поднесат преку ЕСЈН.

4|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Со оваа покана на Економскиот оператор му се доставува тендерска документација по Огласот бр.


01-01/2022, а согласно со постапка со преговарање со претходно објавување на оглас, која ги содржи
сите релевантни информации за подготовка на Пријавата за учество, како и документацијата за втората
фаза од постапката, вклучувајќи и Барање за првичната финансиска понуда со Образец на понуда, и
модел на рамковна спогодба.

Отворањето на Пријавите за учество, како и Првичните финансиски понуди не е јавно.

Комисија за доделување на рамковна спогодба за набавка на PLC броила и дополнителна опрема:

1. Ирена Радевска (ЕВН Македонија АД, Скопје Оддел набавки и материјално работење) – Претседател

2. Христина Петковска Невчева - (ЕВН Македонија АД Скопје, Оддел Набавки и материјално работење)
– Заменик Претседател

3. Александар Џорлев (Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје Оддел Високонапонски постројки) – Член

4. Наде Коцаре (Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје Оддел Високонапонски постројки) – Член

5|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

II. ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

6|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

II. ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО

Врз основа на Огласот бр. 01-01/2022 објавен од страна на ЕВН Македонија АД, Скопје во име на група
на договорни органи врз основа на Договор за извршување на групна набавка бр. 12-6/5 oд
10.02.2022, склучен помеѓу ЕВН Македонија АД, Скопје и Електродистрибуција Дооел Скопје ( во
понатамошниот текст Договорен орган), за склучување на еднократен договор за Набавка на 20 kV
ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување на оглас, како и врз основа на подигнатата тендерска документација од Договорниот
орган, ја поднесуваме следнава:

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

1. ОПШТ ДЕЛ

1.1. Име на Економскиот оператор:________________________________________________________

1.2. Контакт информации:

 Адреса:________________________________________________________________________

 Телефон:______________________________________________________________________

 Мобилен-телефон:______________________________________________________________

 Факс:_________________________________________________________________________

 Е-пошта:_______________________________________________________________________

 Лица-за-контакт:________________________________________________________________

________________________________________________________________

1.3. Одговорно-лице: _____________________________________________________________________

1.4. Даночен-број:________________________________________________________________________

 Депонент-на-банка:______________________________________________________________

 Жиро-сметка:___________________________________________________________________

1.5. Матичен-број:________________________________________________________________________

1.6. По извршениот преглед и целосно разбирање на сите информации од тендерскaта документација


по огласот бр. 01-01/2022, а посебно првата фаза од постапката со преговарање со претходно
објавување на оглас објавен од договорниот орган, НИЕ, долупотпишаните, со ова поднесуваме
Пријава за учество во првата фаза од постапката со преговарање со претходно објавување
оглас како Економски оператори за доделување на следниот договор за јавна набавка:
еднократен/тни договор/и за набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна.

1.7. Нашата Пријава за учество е составена од следниве делови:

- Прилог бр. 1: пополнет Образец за општи информации заедно со дел II. ОБРАЗЕЦ НА
ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО;
- Прилог бр. 2: Изјава бр. 1 - Документи со кои Економскиот оператор докажува дека нема
причина за исклучување од постапка;
7|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

- Прилог бр. 3: Изјава бр. 2- Документи за докажување на способноста за вршење на


професионална дејност;
- Прилог бр. 4: Изјава бр. 3 - Документи за техничка или професионална способност со
Образец –Референтна листа;
- Прилог бр. 5: Изјава бр. 4 – Стандарди за системи за обезбедување на квалитет
- Прилог бр. 6: Изјава бр .5 – Стандарди за Системи за управување со животна средина;
- Прилог бр. 7: Изјава бр. 6 – Овластување од производителот;
- Прилог бр. 8: Изјава бр. 7 - Сериозност на пријавата за учество и понудата;
- Прилог бр. 9: Изјава бр. 8 - Листа на доверливи информации/ документи;
- Прилог бр. 10: Техничка спецификација/и (потпишана) како и сите придружни документи кои
се неопходни за да се докаже наведеното / бараното во техничните спецификации на
Нарачателот;
- Прилог бр. 11: Модел на Еднократен договор (потпишан и пополнет, освен делот за цените);
- Прилог бр. 12: Образец на Првична финансиска понуда (ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ГО
ДОСТАВУВА ОВОЈ ДОКУМЕНТ ИСКЛУЧИВО ВО II ФАЗА ОД ПОСТАПКАТА, од
добивањето на Покана за поднесување на првична финансиска понуда);
- Прилог бр. 13: Општи услови за набавка, (потпишан);
- Прилог бр. 14: Клаузула за општествена одговорност, (потпишан);
- Договор за поднесување на групна понуда (важи само за група на економски оператори);

СИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ПОТПИШУВААТ ЕЛЕКТРОНСКИ СО КОРИСТЕЊЕ НА КВАЛИФИКУВАН


СЕРТИФИКАТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС ЧИЈ НОСИТЕЛ Е ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ИЛИ ЛИЦЕ
ОВЛАСТЕНО ОД НЕГО.

1.8. Со поднесување на оваа Пријава за учество во целост ги прифаќаме условите предвидени во


огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право (т.е. правото на договорниот
орган) да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 114 од
ЗЈН.

Место и датум Овластено/Одговорно лице на ЕО *

___________________________ ___________________________

(потпис)

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

8|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

III. КРАТОК ОПИС НА ПОСТАПКАТА

Огласот бр. 01-01/2022, односно тендерската постапка се реализира во две фази, како што следи:

1. Прва фаза : Поднесување на Пријава за учество;

2. Втора фаза: Поднесување на првична финансиска понуда за склучување на рамковна спогодба од


квалификуваните економски оператори во постапката со преговарање со претходно објавување на
оглас на Договорниот орган, по која следат преговори.

ПРВА ФАЗА:

Со цел Економскиот оператор да биде квалификуван да учествува во постапката со преговарање со


претходно објавување на оглас за избор на Договорниот орган за доделување на договор за јавна
набавка – еднократен договор за набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
задолжително е да поднесе Пријава за учество во првата фаза, која треба да биде придружена со
следните читливо пополнети документи:

- Прилог бр. 1: пополнет Образец за општи информации заедно со дел II. ОБРАЗЕЦ НА
ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО;
- Прилог бр. 2: Изјава бр. 1 - Документи со кои Економскиот оператор докажува дека нема
причина за исклучување од постапка;
- Прилог бр. 3: Изјава бр. 2- Документи за докажување на способноста за вршење на
професионална дејност;
- Прилог бр. 4: Изјава бр. 3 - Документи за техничка или професионална способност со
Образец –Референтна листа;
- Прилог бр. 5: Изјава бр. 4 – Стандарди за системи за обезбедување на квалитет
- Прилог бр. 6: Изјава бр .5 – Стандарди за Системи за управување со животна средина
- Прилог бр. 7: Изјава бр. 6 – Овластување од производителот;
- Прилог бр. 8: Изјава бр. 7 - Сериозност на пријавата за учество и понудата;
- Прилог бр. 9: Изјава бр. 8 - Листа на доверливи информации/ документи;
- Прилог бр. 10: Техничка спецификација/и (потпишана) како и сите придружни документи кои
се неопходни за да се докаже наведеното / бараното во техничните спецификации на
Нарачателот;
- Прилог бр. 11: Модел на Еднократен договор (потпишан и пополнет, освен делот за цените);
- Прилог бр. 12: Образец на Првична финансиска понуда (ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ГО
ДОСТАВУВА ОВОЈ ДОКУМЕНТ ИСКЛУЧИВО ВО II ФАЗА ОД ПОСТАПКАТА, од
добивањето на Покана за поднесување на првична финансиска понуда);
- Прилог бр. 13: Општи услови за набавка, (потпишан);
- Прилог бр. 14: Клаузула за општествена одговорност, (потпишан);
- Договор за поднесување на групна понуда (важи само за група на економски оператори);

Сите заинтересирани Економски оператори своите Пријави за учество заедно со бараната комплетна
документација во првата фаза од постапката со преговарање со објавување оглас за горенаведениот
предмет на договорот за јавна набавка треба да ги поднесат во електронска форма преку ЕСЈН и
истите треба да бидат електронски потпишани со користење на квалификуван сертификат за
електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него,
најдоцна до 21.03.2022 до 14:00 часот по локално време .

9|Page
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот
рок за поднесување на Пријавата за учество.

Доколку Пријавата за учество ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се


доставува и овластување за потпишување на Пријавата за учество потпишано од одговорното лице.

Пријавите за учество заедно со бараната комплетна документација во првата фаза од постапката со


преговарање со објавување оглас за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка се
поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.

По истекот на крајниот рок за поднесување на Пријавата за учество истите нема да може да се


поднесат преку ЕСЈН.

Комуникација помеѓу договорниот орган и економските оператори


Секоја комуникација и размена на информации согласно со одредбите на овој закон, а особено
поднесувањето на понудите или пријавите за учество, се вршат со користење електронски средства
преку ЕСЈН.

ВТОРА ФАЗА :

По евалуацијата на поднесените Пријави за учество во Постапката со преговарање со претходно


објавување на оглас од страна на назначената Комисија на договорниот орган и врз основа на
Извештајот на Комисијата, Договорниот орган донесува Одлука за избраните кандидати, до кои
Договорниот орган испраќа покана да поднесат Првична финансиска понуда во определен рок.

Договорниот орган согласно член 113 ги известува кандидатите за одлуките во врска со утврдената
способност, Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на одлуката,
освен во случаите на управна контрола. Во прилог на известувањето се доставува и примерок од
соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.. Договорниот орган до избраните кандидати
испраќа покана преку ЕСЈН да поднесат Првична финансиска понуда во определен рок.

Првичната финансиска понуда треба да биде изготвена со пополнување на документот Образец за


понуда, даден во прилог на тендерската документација.

Напомена: Првичната финансиска понуда се доставува исклучиво во втората фаза на


Јавниот повик, само од страна на квалификуваните кандидати за следна фаза.

Секој Економски оператор може да учествува само со една финансиска понуда.

Првичната финансиска понуда се доставува преку ЕСЈН, до 14 часот по локално македонско време, а
датата во врска со рокот за поднесување на првичните финансики понуди ќе биде дополнително
назначена во Барањето/ Поканата за поднесување на Првична финансиска понуда.

Рокот за поднесување на првичните понуди е десет дена од денот на испраќањето на поканата за


поднесување понуда.

По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку
ЕСЈН.

Доколку има измена или дополна на тендерската документација, Договорниот орган го пролонгира
првичниот рок за достава на Пријавите за учество, односно рокот во Барањето/ Поканата за првична
финансиска понуда со цел да им се овозможи на сите економски оператори да се запознаат со сите
информации потребни за подготовка на понудите, крајниот рок за поднесување на понудите или на

10 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

пријавите за учество се продолжува пропорционално на сложеноста на измената или дополната на


тендерската документација во последните осум дена од рокот за поднесување на понудите или
пријавите за учество.

Критериум за доделување договор за јавна набавка

Договорниот орган го врши изборот на најповолен понудувач за доделување на договор за јавна


набавка со примена на Постапка со преговарање со претходно објавување на оглас, по критериумот е
економски најповолна понуда – оценета преку цена-100 бодови, согласно тендерската
документација, понудена од сите квалификувани понудувачи кои ги исполниле критериумите за
утврдување способност на економските оператори наведени во тендерската документација за јавен
повик бр. 01-01/2022.

Комуникација помеѓу договорниот орган и економските оператори


Секоја комуникација и размена на информации согласно со одредбите на овој закон, а особено
поднесувањето на понудите или пријавите за учество, се вршат со користење електронски средства
преку ЕСЈН.

IV. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1. Општи информации за Договорниот орган

Договорен орган е: Група на договорни органи ЕВН Македонија АД, Скопје и Електродистрибуција
Дооел Скопје со седиште на адреса: ул. „Лазар Личеноски“, бр. 11 , Скопје, телефон 00389(0)72 933
351, електронска пошта: nabavki@evn.mk, интернет web адреса: www.evn.mk.

Податоци за контакт на Договорниот орган за предметната постапка за набавки:

За технички прашања:
Е- маил Телефон
Aleksandar.Dzhorlev@evn.mk 00389(0)72 932 878
nada.kocare@evn.mk 00389(0)72 933 229
За комерцијални прашања:
Е- маил Телефон
Hristina.Petkovska-Nevcheva@evn.mk 00389(0)72 931 427
irena.radevska@evn.mk 00389(0)72 933 351

1.2. Предмет на Огласот и Постапката за склучување на договор за јавна набавка

Предмет на Огласот и Постапката за склучување на рамковна спогодба за јавна набавка е склучување


на рамковна спогодба за набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна. Подетален
опис на предметот на договорот за јавна набавка e даден во Прилог 10 – Техничка спецификација и
останата техничка документација во тендерската документација.

Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во


формат кој економските оператори може директно да го користат.

1.3. Дефиниции

Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

1. „Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски
оператори и еден или повеќе договорни органи чиј предмет е снабдување стоки, обезбедување

11 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

услуги или изведување градежни работи;


2. „Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи,
чија цел или дејство е купување или стекнување стоки, услуги или работи;
3. „Договор за јавна набавка на стоки“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на една или
повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без
опција за купување на стоката. Договорот за јавна набавка на стоки може да вклучува и услуги за
нивно поставување и вградување;
4. „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и
сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки,
услуги или работи;
5. „Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
6. „Кандидат“ е економски оператор кој бара да учествува или е поканет да учествува во постапка со
преговарање со објавување оглас, постапка со преговарање без објавување оглас, квалификациски
систем итд.
7. „Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил
договор за јавна набавка или еднократен договор, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува
работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
8. „Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој
упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена
набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно
известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за
јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на
договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за
општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
9. „Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за
утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките
спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено
ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се
дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
10. „Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган
утврдени во тендерската документација без значителни промени;
11. „Несоодветна пријава за учество“ е пријава за учество поднесена од кандидат кој треба да се
исклучи бидејќи не ги исполнува условите за утврдување способност во постапката;
12. „Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот
регистар на Република Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од
способноста на економскиот оператор;
13. „Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат
да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат
и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена
и потписот да може да се идентификува;
14. „Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и
дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или
оптички средства или преку други електромагнетни средства;
15. „Животен век“ се сите последователни и/или меѓусебно поврзани фази, вклучувајќи ги потребните
истражување и развој, производство, трговија согласно со условите, превоз, користење и
одржување во текот на постоењето на производот или градбата или обезбедувањето на услугата,
од стекнување на суровината или генерирање на ресурсите до расходување, уништување или
завршување на услугата или употребата;
16. „Секторски дејности“ во оваа постапка е дејност од областа на енергетиката, опфатена во
членовите 12 и 17 од Законот за јавни набавки;
17. „Стандард“ е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признаено тело со кој,
заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за
определени активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување најповолен
степен на уредност во определено подрачје, и тоа:
а) „меѓународен стандард“ е стандард усвоен од меѓународна организација за
стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста,

12 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

б) „европски стандард“ е стандард усвоен од европска организација за стандардизација кој ѝ


е достапен на јавноста и

в) „национален стандард“ е стандард усвоен од национално тело за стандардизација и е


достапен на јавноста;

18. „Техничка референца“ е секој документ кој не е европски или национален стандард, а е издаден од
национално или европско тело за стандардизација, кој е во согласност со постапки прилагодени на
потребите на пазарот;
19. „Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски
систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност,
транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
20. „Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички
карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
21. „Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка,
развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање,
рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;
22. „Еднократен договор“ е писмена спогодба меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или
повеќе економски оператори со која се утврдуваат основните услови што ќе ги регулираат
договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на
цената и ако е можно, предвидените количини;
23. „Одговорно лице кај договорниот орган“ е директор на правно лице;
24. „Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган врз основа на ЗЈН,
подзаконски пропис или акт на управата, со кое се ограничува вршењето секторски дејности на
еден или повеќе субјекти и кое значително влијае врз можноста други субјекти да вршат такви
дејности;
25. „Тело за оценка на сообразност“ е тело кое извршува дејности за утврдување сообразност,
вклучително и калибрирање, тестирање, сертифицирање и инспекција, акредитирано согласно со
материјалните прописи и
26. „Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува
минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската
документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои
биле утврдени со техничката спецификација.

1.4. Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка

Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапката со преговарање со објавување


оглас врз основа на валидниот Закон за јавни набавки на денот на објавување на Огласот за
доделување договор за јавна набавка.

Оваа постапка ќе се спроведе со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за


јавни набавки (ЕСЈН) https://www.e-nabavki.gov.mk. Oваа постапка нема да се спроведува со
електронска аукција.

Минималниот рок за поднесување на првичните понуди е десет дена од денот на испраќањето на


поканата за поднесување на првична финансиска понуда.

1.5. Посебен начин на доделување на договор за јавна набавка

Оваа постапка ќе заврши со доделување на рамковна спогодба, потпишување од двете договорни


страни и целосно исполнување на испораките и условите од истиот.

Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор.

1.6. Применливи прописи

13 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Оваа постапка се спроведува согласно валидниот Закон за јавни набавки на Република Северна
Македонија (понатаму ЗЈН) на денот на објавување на Огласот за доделување на договор за јавна
набавка.

При подготовка на својата Пријава за учество/ Понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид
важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните
услови и заштитата при работа, а посебно Законот за безбедност и здравје при работа, и други
прописи кои се релевантни за предметот на договорот. Сите прописи може да се најдат во соодветните
изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на
важечките прописи од горенаведените области, економскиот оператор може да добие од Управата за
јавни приходи, Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за
труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа),
Министерството за економија (Законот за енергетика), Министерство за транспорт и врски и др.

1.7. Извор на средства

Средствата за реализација на Огласот за доделување на договор за јавна набавка и со тоа поврзаната


рамковна спогодба кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од сопствени извори на
финансирање на ЕВН Македонија АД, Скопје.

1.8. Право на учество

За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува


квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис.
Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен
дел од ЕСЈН (На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“се наоѓа линкот „Регистрирај
се“).

Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат
регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

Право да достави пријава за учество има секој заинтересиран домашен или странски економски
оператор, кој е регистриран за вршење на дејноста поврзана со Огласот и Постапката за доделување на
договор за јавна набавка и со тоа поврзаниот еднократен договор.

Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може
да учествува само со една пријава за учество.

Лицата кои учествуваат во изработката на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи


или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договор. Учество во технички
дијалог не се смета за учество во изработка на тендерска документација.

Сите пријави за учество, односно понуди ќе бидат отфрлени ако кандидатот/ економскиот оператор,
односно понудувачот:

 учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна пријава за учество, односно
понуда или
 учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна пријава за учество,
односно понуда или
 има негативни референци за период од 1 година од датумот на објавување на последната
негативна референца како што е предвидено во Законот за јавни набавки.

14 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Вработените на Договорниот орган или надворешно ангажирани лица/ фирми /консултанти од страна
на Договорниот орган, кои учествувале во изработка на тендерската документација за постапката за
доделување на договор за јавна набавка или евалуацијата на пријавите за учество/ понудите, не смеат
на никаков начин да бидат поврзани со економскиот оператор или да бидат подиспорачатели на
економскиот оператор, според Законот за спречување на судир на интереси.

Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, група економски оператори во
која членува економски оператор кој има негативна референца, немаат право на учество во
тендерската постапка.

1.8 а. Група на понудувачи

Право да достави понуда има и група на понудувачи, без обрврска за здружување во соодветна правна
форма.
Составен дел на групна понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата
економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот
за јавна набавка, а кој особено ги содржи следниве податоци:
- членот на групата што ќе биде носител на групата, односно што ќе ја поднесе понудата и ќе ја
застапува групата пред договорниот орган,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна
набавка,
- членот на групата што ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата
во форма на банкарска гаранција или депонирани средства, доколку е предвидено во тендерската
документација
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на
договорот
- други податоци кои договорниот орган ќе ги утврди во тендерската документација.

Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот


орган за обврските преземени со понудата.

Членовите на групата економски оператори треба да се регистрирани во ЕСЈН.

Носителот на групата задолжително ги потпишува: Пријавата за учество, потребните изјави и


целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува.

Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до


склучување на договорот за јавна набавка доколку:
- е носител на групата економски оператори,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување
способност што се барале во постапката без тој член
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства
(ако се бара во теденрската постапка банкарска гаранција) или
- останатите членови од групата солидарно не ги преземаат обврските на членот од групата кој сака да
се повлече од групата економски оператори.

Повлекувањето член од групата економски оператори одредбите од оваа точка од тендерската


документација, се смета за повлекување на групната понуда.

Договорниот орган, по извршениот избор на најповолна понуда, од групата економски оператори


може да побара, тие да се здружат во соодветна правна форма заради извршување на договорот.
Договорниот орган ќе комуницира со назначен претставникот на групата на понудувачи, наведен во
Договорот за групна понуда.

1.8. б. Подиспорачатели / Подизведувачи

15 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Економскиот оператор/ Понудувачот може да ангажира подиспорачатели/ подизведувачи, односно дел


од договорот за јавна набавка да го додели на подиспорачател/ подизведувач.

Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на


економскиот оператор/ понудувачот не е поддржана од други субјекти, во вид на подиспорачатели/
подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација со кои Економскиот оператор докажува
дека нема причина за исклучување од постапка, професионалната способност и економско
финансиската способност од подизведувачите, а е обврзан да достави документација за докажување на
техничката и професионална способност.

1. Економскиот оператор/Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на


подиспорачател/ подизведувач, односно да ангажира подиспорачател/ подизведувач.

2. Доколку понудувачот користи подиспорачател/ подизведувач при извршувањето на договорот за


јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подиспорачател/ подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да
го додели на подиспорачател/ подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подиспорачател/
подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подиспорачател/ подизведувачи
и
3. Носителот на набавката може, за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од
договорниот орган да побара:
- Доколку економскиот оператор/понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го
отстапи на еден или повеќе подиспорачател/ подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за
делот од договорот кој има намера да го отстапи на подиспорачател/ подизведувачи, како и податоци
за сите предложени подиспорачател/ подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број,
матичен број и слично).

- Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност


на Економскиот оператор/понудувач е поддржана од други субјекти, во вид на подиспорачател/
подизведувачи, тој има обврска да доставува документација со кои Економскиот оператор докажува
дека нема причина за исклучување од постапка, професионалната способност, економско -
финансиската и техничката и професионална способност од подизведувачите.
Понудувачот е одговорен пред Договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без
оглед на бројот на подиспорачател/ подизведувачите.

Воведување еден или повеќе нови подиспорачател/ подизведувачи не смее да надмине 30% од
вредноста на договорот за јавна набавка без вклучен ДДВ ( вкупен удел во договорот за јавна набавка),
без оглед дали претходно отстапил дел од договорот на подиспорачател/ подизведувачи или не.

Договорниот орган нема да бара од понудувачот да ангажира одредени подиспорачател/


подизведувачи за извршување на договорот, ниту пак да бара од понудувачот да врши кои било други
активности, како што е извоз на одредени стоки или услуги.

1.9. Трошоци за поднесување на Пријавата за учество и Првичната финансиска понуда

Економскиот оператор/понудувач ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето


на пријавата за учество/ понудата, т.е. сите трошоци за соодветната тендерска постапка, а договорниот
орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување
на договор за јавна набавка.

1.10. Критериум за избор

 економски најповолна понуда – оценета преку цена-100 бодови, со претходно


исполнување на техничките барања согласно Огласот бр. 01-01/2022 и тендерската
документација, по претходно утврдена техничка подобност, односно квалификуваност на
Економските оператори.

16 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Начин на Евалуација на Пријави за учество и финасиската понуда:


Понудите се оценуваат според критериумот - „најниска цена“.

Секој Економски оператор може да учествува само со една понуда. Доставувањето на алтернативни
понуди не е дозволено.

1.11. Спречување на судир на интереси

За спречување судир на интересите во постапките за јавни набавки соодветно се применуваат


одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

(1) Економскиот оператор не смее, при извршувањето на договорот за јавна набавка, да ангажира лица
кои биле вклучени во евалуацијата на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за
јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај, договорот се смета за ништовен.

(2) Во постапката за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и


замениците на членовите на комисијата за јавна набавка (во натамошниот текст: комисијата), како и
одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од
досието од спроведена постапка.

(3) Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици
во комисијата, истите се повлекуваат од работа во комисијата, за што го известуваат одговорното лице,
и се заменуваат со други лица.

(4) Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго
лице од редот на раководните службеници кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и
да го потпише договорот

(5) Лице од договорниот орган кое учествувало во постапки за јавни набавки, каде што вкупната
вредност на договорите доделени на одреден носител на набавка во последната година пред истекот
на работниот однос е поголема од 5% од вкупната вредност на сите договори кои договорниот орган
ги склучил во тој период, или со него поврзани лица, не смее во рок од две години од престанокот на
работниот однос кај договорниот орган:

а) да заснова работен однос, да склучи договор на дело или на кој било друг начин да биде
ангажирано кај тој носител на набавка или кај субјекти поврзани со носителот на набавка;

б) посредно или непосредно да прима паричен надоместок или да оствари каква било друга
корист од носителот на набавка или со него поврзани субјекти, и/или

в) да стекне удел или акции кај носителот на набавка или кај субјект поврзан со носителот на
набавка.

Во случај на повреда на горенаведеното, договорниот орган ја известува за тоа Државната комисија за


спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Лицата кои учествуваат во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или
членови во група понудувачи во постапката за јавна набавка.

1.12. Начин на комуникација помеѓу договорниот орган и економските оператори

(1) Секоја комуникација и размена на информации согласно оваа Документација, а особено


поднесувањето на понудите или пријавите за учество, се вршат со користење електронски средства
преку ЕСЈН.

17 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во


електронска форма преку ЕСЈН ( https://www.e-nabavki.gov.mk).

Секој документ се евидентира во моментот на испраќање , односно во моментот на примање.

Начинот на поднесување на Пријавата за учество и Понудата е утврден во Точка 3 од оваа Тендерска


документација “ Подготовка и поднесување на Пријавата за учество /понуда“.

1.13. Јазик на Пријавата за учество/ Првичната финансиска понуда

Тендерската документација е достапна на македонски јазик (напомена: одредени делови од техничката


спецификација може да се достапни на македонски и англиски јазик).

Пријавата за учество/Првичната финансиска понуда, како и целата коренспонденција и сите документи


поврзани со неа (документи за способност, професионална дејност, економско – финансиска состојба,,
професионална и техничка способност), се доставуваат на македонски јазик со користење на кирилско
писмо или за странски понудувачи на јазикот на економскиот оператор/ понудувач со превод на
англиски јазик заверен/ потврден од страна на економскиот оператор/ понудувач.

Доставената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во
фазата на евалуација на Пријавите за учество/понудите да побара од Економскиот оператор/
понудувачот да изврши превод на литературата која е поднесена на друг јазик на македонски и/ или
англиски јазик.

1.14. Информации од доверлив карактер

Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како
доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права на интелектуална сопственост, како и
авторски права, освен во случаи каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави
овие информации до надлежните органи ( во случај на жалбена постака по ЗЈН, поведување на управен
спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи Листа на доверливи информации (
Прилог бр. 8 на Тендерската документација) и истата да ја достави заедно со Пријавата за учество/
Понудата.

Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата


Пријава за учество/ Понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи
информации од доверлив карактер.

Цената во Понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај, согласно одредбите од
ЗЈН.

1.15. Појаснување, иземени или дополнување на тендерската документација

(1) Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот


орган,исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори",
најдоцна 8 (осум) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

Договорниот орган е должен да одговори на сите прашања или барања за појаснување или измени кои
економските оператори можат да ги постават во врска со тендерската документација, под услов истите
да бидат поднесени најмалку 8 (осум) дена пред крајниот рок за поднесување понуди или пријави за
учество

(2) Договорниот орган може, во рок од не подоцна од (6) шест дена , по свое наоѓање или врз основа
на поднесените прашања или барања од економските оператори, да ја измени или дополни
тендерската документација.

(3) Одговорите, како и измените и дополнувањата на тендерската документација, договорниот орган,


без надоместок и во најкус можен рок ги прави достапни на ист начин како што ја направил достапна
18 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

тендерската документација, но не подоцна од 6 (шест) дена од крајниот рок за поднесување на


понудите или Пријавите за учество.

Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по


што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско
електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го
прочитаат појаснувањето, без притоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал
појаснување.

(4) Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот


рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите
економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената
измена да ја објави во ЕСЈН.

2. УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

2.1. Услови за утврдување способност

При утврдување на способноста на економските оператори, договорниот орган утврдува:

- дали постојат причини за исклучување од постапката


- дали се исполнети условите за квалитативен избор, утврдени во член 89, 90, 91 и 92 од
Законот за јавни набавки, односно
o способност за вршење професионална дејност
o економска и финансиска состојба
o техничка и професионална способност
o дали се исполнети стандардите за системи за квалитет утврдени во член 93 и 94 од
Законот за јавни набавки

2.2. Причини за исклучување од постапката

(1) Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор доколку
утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган
на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или
надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено
кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и
- злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.

(2) Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор:


а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено
одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со
посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување
договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна
дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност,
односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
ѓ) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

(3) Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку во
моментот на поднесување на пријавите за учество постапката со преговарање со претходно објавување

19 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

на оглас, и/или до крајниот рок за поднесување на првичните финансиски понуди е на листата на


издадени негативни референци, достапна на ЕСЈН .

(4) Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите
кога условот за исклучување ќе го наведе во тендерската документација:
a) доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски
оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета
дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на
конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести
договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;

б) доколку економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во


исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори
за концесии и јавно приватни партнерства склучени со тој договорен орган, што резултирало со
еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од
страна на договорниот орган;

в) доколку економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да
добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за
јавна набавка.

2.3. Докажување на способноста

(1) Економските оператори доставуваат потврди, изјави и други документи наведени во овој член, како
доказ дека:

- не постојат причини за исклучување утврдени во точка 2.3.2. од оваа Тендерска


документација ( т.е. членот 88 од ЗЈН),

Доказ:
Како документи дека не постојат причини за исклучлување од тендерската постапка, Договорниот
орган ги прифаќа следните документи:

- за точка 2.2. (1) :


- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на
лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое
има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните
пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има
елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување
даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички
активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и
трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
Изјавата ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со
квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од
надлежен орган.

- за точка 2.2. (2) :


- Потврда(и) издадена од надлежен орган во Р.С. Македонија или од друга земја во која е
регистриран економскиот оператор:
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата
каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за
докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен
документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на
20 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ


за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен
документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен
документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за
вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на
способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена
забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.

Потврдите ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор.

Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите од точка.


2.2.(2) или ако таквите документи не ги опфаќаат сите случаи од чл. 88 од ЗЈН, Договорниот орган
прифаќа изјава што економскиот оператор ја заверува кај надлежен орган ( нотар или слично), во која
економскиот оператор ќе појасни кои документи не се издаваат, кои евентуално документи се издаваат
како замена на бараните и истите ќе ги достави.
- за точка 2.2. (3):
- Извод од листа на негативни референци која договорниот орган ја обезбедува од ЕСЈН

(2) Документите од точка 2.2. (1) и 2.2. (2) не смее да се постари од 6 (шест) месеци од крајниот рок за
поднесување на понуди или пријави за учество.

(3) Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата
способност за неисклучување од постапката.

(4) Доколку економскиот оператор или групата економски оператори користи подиспоралател/
подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, доставува документација за
утврдување на способност за неисклучување од постапка, за секој од предложените подизведувачи.

(5) Договорниот орган го задржува правото, дополнително да ја провери веродостојноста на


доставените документи.

2.4. Услови за квалитативен избор на економски оператори

Услови за квалитативен избор на економски оператори се:


а) способност за вршење професионална дејност
б) економска и финансиска способност и
в) техничка и професионална способност.

Користење способност од други субјекти


(1) Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите за
квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи
способноста на други субјекти, без оглед на правните врски помеѓу нив.

(2) Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг
субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и
стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува
работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност.

(3) Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже
поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.

21 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

(4) Договорниот орган проверува дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги
исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување.

(5) Доколку економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се
однесуваат на економската и финансиската состојба, договорниот орган може да побара економскиот
оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност за извршување на
договорот.

(6) Групата економски оператори може да ја користи способноста на членовите во групата или на други
субјекти на начин утврден во ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на оваа точка.

(7) Договорниот орган може, во случаите на јавна набавка на стоки кои вклучуваат услуги за нивно
поставување или вградување, услуги и работи, да бара некои од клучните задачи да ги изврши
понудувачот, а во случај на групна понуда, да ги извршат учесниците во оваа група.

При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на


економскиот оператор и при евалуација на понудата,комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од
понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет
работни дена од денот на доставување на барањето за појаснување од страна на Договорниот орган.

Економскиот оператор преку ЕСЈН, го прикачува документот со појаснување или дополнување во делот
„Појаснување/Дополнување на поднесени документи“, во рокот кој го определил договорниот органа
кој не смее да е покус од пет работни дена , од денот на приемот на барањето од страна на
понудувачот.

2.4.1. Способност за вршење професионална дејност

(1) Економскиот оператор треба да :


а) е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на
набавката
б) ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се
однесуваат на предметот на јавната набавка

Доказ:
а) Потврда од регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко
или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или
доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата
каде е регистриран. Во Р.С.Македонија, надлежен орган за издавање на овој документ е
Централниот регистар на Р.С.Македонија и тековна состојба .

(2) Договорниот орган го задржува правото, дополнително да ја провери веродостојноста на


доставените документи.

2.4.2. Техничка и професионална способност

Ако Економскиот оператор не настапува како производител или нема доволно докази, за докажување
на исполнувањето на минималните услови за техничка и професионална способност Економскиот
Оператор треба да поднесе пријава за учество како Група економски оператори.
Економскиот оператор или групата економски оператори треба да ги исполнува следните услови:

2.4.2.1. Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот,


договорниот орган ќе ја утврди преку :

1. Исполнување на минималните услови дефинирани во техничките спецификации: техничка


спецификација - систем за релејна заштита ТС Централна и техничка спецификација - 20кВ постројка ТС
Централна и да ги достави сите потребни документи со кои се потврдуваат барањата во техничките
спецификации.

22 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

2. Реферeнтни листи од производителот за произведени и пуштени во употреба 20кВ ќелии (согласно


барањата во техничката документација) соодветно со потврди од крајни корисници за последните три
години.

3. Пополнета и потпишана техничка спецификација со сите податоци, опис на ќелијата и опремата


вградена во неа, технички податоци за опремата согласно барањата во техничката документација,
еднополна шема, димензиони скици, монтажни скици, производствен план, план за испитување и
испитување при пуштање во употреба, рок на испорака, протоколи за испитување од авторизирана
установа за испитување, кои потврдуваат дека понудените ќелии ги исполнува наведените технички
барања

Доказ:

1. Економскиот оператор да достави пополнета и потпишана техничка спецификација - систем за


релејна заштита ТС Централна и техничка спецификација - 20кВ постројка ТС Централна пропратена со
сите потребни документи со кои се потврдуваат барањата во техничките спецификации.

2. Економскиот оператор да достави образец на референтна листа (пополнет и потпишан) со -


Реферeнтни листи од производителот за произведени и пуштени во употреба 20кВ ќелии (согласно
барањата во техничката документација) соодветно со потврди од крајни корисници во последните три
години.

3. Економскиот оператор да достави опис на ќелијата и опремата вградена во неа, технички податоци
за опремата согласно барањата во техничката документација, еднополна шема, димензиони скици,
монтажни скици, производствен план, план за испитување и испитување при пуштање во употреба, рок
на испорака, протоколи за испитување од авторизирана установа за испитување, кои потврдуваат дека
понудените ќелии ги исполнува наведените технички барања – согласно техничката спецификација.

2.4.3. Стандарди за системи на квалитет

Систем за обезбедување на квалитет EN ISO 9001 или еквивалент од производителот на опремата.

Економскиот оператор и/ или производителот треба да има воспоставен систем за обезбедување на


квалитет EN ISO 9001 или еквивалент.

Според принципот за заемно признавање, договорниот орган ги прифаќа еквивалентните сертификати


издадени од тела основани во земјите членки на Европската Унија.

Доказ:
- Копија од валиден Сертификат за обезбедување квалитет EN ISO ИСО 9001 потпишана од
Економскиот Оператор или еквивалентен сертификат

2.4.4. Стандарди за системи за управување со животна средина

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект


на стандардите за системи за управување со животната средина, економскиот оператор треба да ги
исполнува следниве стандарди:
- Економскиот оператор/понудувач/производител треба да има имплементирано и да работи согласно
имплементиран систем за управување на животната средина ISO 14001 (или еквивалент) кој е стандард
за управување со влијанијата врз животната средина, со кој се идентификуваат процесите кои
негативно влијаат на животната средина и преземање мерки на заштита.

23 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Според принципот за заемно признавање, договорниот орган ги прифаќа еквивалентните сертификати

Доказ:
- Копија од валиден сертификат за управување со животната средина ISO 14001 (или
еквивалент) потпишана од Економскиот Оператор.

3. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО/ ПРВИЧНА ФИНАНСИСКА


ПОНУДА

3.1. Содржина на Пријавата за учество/ Понудата

При доставувањето на Пријавата за учество во постапката со преговарање со претходно објавување на


оглас на Договорниот орган, како и Првичната финансиска понуда во втората фаза од постапката со
преговарање со претходно објавување на оглас Економскиот оператор/ понудувачот треба во
потполност да ja следи тендерската документација која се состои од:

Прва фаза:
- Пријава за учество
- Технички спецификации
- Инструкции за економските оператори
- Модел на еднократен договор

Втора фаза:
- Покана за доставување првична финансиска понуда
- Табела – Листа на цени

Од Економскиот оператор/ понудувачот се очекува да ги провери детално сите документи составен дел
на постапката со преговарање со претходно објавување на оглас, вклучувајќи ги сите упатства, технички
описи, спецификации и комерцијалните услови. Недоставувањето на сите информации што се бараат
со тендерската документација од постапката со преговарање со претходно објавување на оглас или
доставувањето на Пријава за учество/ понуда што несоодвествува со барањата од постапката со
преговарање со претходно објавување на оглас ќе биде на ризик на Економскиот оператор, а може да
доведе и до неприфаќање на Пријавата за учество/понудата.

3.2. Содржина на пријавата за учество

Пријавата за учество треба да биде подготвена според Тендерска документација објавена со постапката
со преговарање со претходно објавување на оглас за доделување договор за јавна набавка, на ЕСЈН и
се состои од:

- Прилог бр. 1: пополнет Образец за општи информации заедно со дел II. ОБРАЗЕЦ НА
ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО;
- Прилог бр. 2: Изјава бр. 1 - Документи со кои Економскиот оператор докажува дека нема
причина за исклучување од постапка;
- Прилог бр. 3: Изјава бр. 2- Документи за докажување на способноста за вршење на
професионална дејност;
- Прилог бр.4: Изјава бр. 3 - Документи за техничка или професионална способност со
Образец –Референтна листа;
- Прилог бр. 5: Изјава бр.4 – Стандарди за системи за обезбедување на квалитет;
- Прилог бр. 6: Изјава бр .5 – Стандарди за Системи за управување со животна средина;
- Прилог бр. 7: Изјава бр. 6 – Овластување од производителот;
- Прилог бр. 8: Изјава бр. 7 - Сериозност на пријавата за учество и понудата;
- Прилог бр. 9: Изјава бр. 8 - Листа на доверливи информации/ документи;
- Прилог бр. 10: Техничка спецификација/и (потпишана) како и сите придружни документи кои
се неопходни за да се докаже наведеното / бараното во техничните спецификации на
Нарачателот;

24 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

- Прилог бр. 11: Модел на Еднократен договор (потпишан и пополнет, освен делот за цените);
- Прилог бр. 12: Образец на Првична финансиска понуда (ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ГО
ДОСТАВУВА ОВОЈ ДОКУМЕНТ ИСКЛУЧИВО ВО II ФАЗА ОД ПОСТАПКАТА, од
добивањето на Покана за поднесување на првична финансиска понуда);
- Прилог бр. 13: Општи услови за набавка, (потпишан);
- Прилог бр. 14: Клаузула за општествена одговорност, (потпишан);
- Договор за поднесување на групна понуда (важи само за група на економски оператори);

Економскиот оператор задолжително треба да ги користи обрасците дадени во оваа тендерска


документација, при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма. Во
спротивно, Пријавата за учество/ понудата поднесена на образец кој не ги содржи сите елементи
согласно тендерската документација, може да биде отфрлена како неприфатлива.

Доколку на дадениот образец на понудата во оваа тендерска документација , економскиот оператор не


може да целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да достави дополенине на својата
понуда, како посебен документ- прилог на образецот на пондата.

Пријавата за учество/понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската


документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.

3.3. Форма и потпишување на Пријавата за учество/ Понудата

(1) Пријавата за учество/ понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да
биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице
на економскиот оператор или лице овластено од него.

При поднесување на Пријавата за учество/ понудата во електронска форма преку ЕСЈН, може да се
прикачуваат поголем број на документи, но големината на еден прикачен документ не треба да е
поголема од 5 МБ.

Доколку Пријавата за учество/ понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог
се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални
информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од „Прирачник за
користењена ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.

(2) Дополнителни информации за користењето на дигиталните сертификати:

- Пријавата за учество/ понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е


издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Р.С. Македонија;

- Странски економски оператор може електронски да ја потпише понуда со употреба на квалификуван


дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска
унија.

- Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја,


сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 (три) услови:

- издавачот да ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за


податоци во електронски облик и електронски потпис) и е доброволно акредитиран во
Европска унија или

- регистриран домашен издавач гарантира за странски сертификат како да го издал самиот или

- така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен


помеѓу Р.С.Македонија и друга земја или меѓународна организација.

25 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

(3) Комисијата го задржува правото, доколку во текот на евалуација се посомнева во валидноста на


упоребениот сертификат или издавалот на сертификати, да побара дополнителни информации или
документи со ки ќе се докаже валидноста на сертификатот.

(4) Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документи кои се составен дел на
Пријавата за учество/ понудата (финасиска и техничка понуда, изјави и сл), задолжително треба да биде
овластен потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.

(5) Пријавите за учество/ Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема
никакво овластување за потпишување на понудата, ќе бидат отфрлени како понуди со формални
недостатоци.

3.4. Начин на доставување на Пријавата за учество/ Понудата

(1) Договорниот орган може да прифати и Пријава за учество од економски оператор кој не ја презел
тендерската документација, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на
тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори, додека Првична финансиска
понуда може да достават само економски оператори кои се квалификувани.

(2) Економскиот оператор документацијата ја доставува согласно дел III. КРАТОК ОПИС НА
ПОСТАПКАТА

Економските оператори можат во хартиена форма да поднесат документација во нестандарден формат


и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите.

3.5. Краен рок и место за поднесување на Пријавите за учество/ понудите

(1) Пријавата за учество заедно со бараната комплетна документација во првата фаза од постапката со
преговарање со објавување оглас за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка треба да
се поднесат во електронска форма преку ЕСЈН и истите треба да бидат електронски потпишани со
користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот
оператор или лице овластено од него, најдоцна до 21.03.2022 до 14:00 часот по локално време.

Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот
рок за поднесување на Пријавата за учество.

Доколку Пријавата за учество ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се


доставува и овластување за потпишување на Пријавата за учество потпишано од одговорното лице.

(2) Пријавите за учество/Понудите заедно со бараната комплетна документација во првата фаза од


постапката со преговарање со објавување оглас за горенаведениот предмет на договорот за јавна
набавка се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk

По истекот на крајниот рок за поднесување на Пријавата за учество истите нема да може да се


поднесат преку ЕСЈН.

(3) Рокот за поднесување на Понудите ќе биде наведен во Поканата за поднесување на првична


финансиска понуда, доставено само до квалификуваните кандидати.

(4) Пријавата за учество/ Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на
понуди, нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена, за што и договорниот
орган и економскиот оператор ќе бидат известени.

3.6. Алтернативни Пријави за учество/ понуди

26 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни Пријави за


учество/ понуди.

3.7. Измена, замена и повлекување на Пријава за учество/ Понуда

(1) Економските оператори/ понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите пријави за
учество/првичната финансиска понуда по поднесување на пријавата за учество/првичната финансиска
понуда, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред
крајниот рок за поднесување на пријавата за учество/првичната финансиска понуда.

(2) Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот “ Поднеси
понуда”, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи, или целосно
повлекување на понудата.

(3) Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на
пријавата за учество/првичната финансиска понуда.

3.8. Содржина на Првичната финансиска понуда

Првичната финансиска понуда треба да биде изготвена со пополнување на документот Образец за


понуда, даден во прилог на тендерската документација.

Напомена: Првичната финансиска понуда се доставува исклучиво во втората фаза на


Огласот, само од страна на квалификуваните кандидати. Рокот за поднесување на првичните
финасиски понуди е десет дена од денот на испраќањето на поканата за поднесување понуда.

Цените од понудата треба да се пополнуваат во полињата предвидени за тоа и да се приложат со


понудата со правно валиден потпис и електронска форма (во Excel формат, *.xls.)

Доколку постојат било какви други трошоци, што договорниот орган не ги навел во листата на цени
(матрица на цени), а економскиот оператор е свесен дека постојат, економскиот оператор треба
одвоено да ги наведе ваквите други трошоци, и соодветно да ги објасни. Дополнително бараните
други трошоци, кои што економскиот оператор, не ги навел во листата на цени, договорниот орган
нема да ги прифати во случај на склучување на рамковна спогодба и појавување на потреба за
надомест на таквите трошоци.

3.8.1. Цена доставена во Првичната финансиска понуда

(1) Економскиот оператор/ понудувачот цените ги доставува исклучиво во втората фаза на


тендерската постапка согласно Барањето/ Поканата за достава на првична финансиска понуда.
Првичната финансиска понуда треба да биде подготвена согласно образецот Образец на понуда.

(2) Цените на предметот на Огласот треба да се фиксни до комплетна реализација на еднократниот


договор, изразени во МКД и се без ДДВ, а со вклучени сите даноци и др. давачки. Износот на ДДВ ќе
биде посебно пресметан и искажан при фактурирањето од страна на избраниот Економски оператор.

Сите единечни цени треба да се дефинирани во денари, без вклучен ДДВ.

Сите единечни цени се дефинирани за место на испорака магацин Бутел, Скопје со сите вклучени
трошоци и давачки за испорака, без ДДВ до назначено место за испорака со истовар.

Странските понудувачи доколку цените ги достават во евра, за споредба на понудите со домашните


понудувачи ќе се користи среден курс на Народна банка на Р.С. Македонија валиден 14 дена пред
денот на поднесување на Првичните финансиски понуди. Понудите од странските понудувачи треба да
се на паритет ДДП Локација на Договорниот орган наведени во тендерската документација, според
Инкотермс 2020, односно со вклучена царина, осигурување, истовар, без ДДВ. Во случај на неможност
странските понудувачи да достават понуди на паритет ДДП магацин Бутел, Скопје, тогаш понудите
може да се достават на паритет ДАП магацин Бутел, Скопје, со тоа што за споредба на понудите со
27 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

останатите домашни понудувачи договорниот орган ќе го користи паритетот ДДП магацин Бутел,
Скопје.

Сите трошоци за подготовка на понудата, вклучувајќи ги и сите трошоци за достава, враќање или
слично се на товар на Економскиот оператор.

(3) Цената во понудата се пишува со бројки и букви.

3.8.2. Рок за испорака/ извршување/ изведба

Времето на испорака на стоките на овој Оглас е по договор со договорниот орган, но притоа имајќи во
предвид да не се попречува нормалното работење на договорниот орган. Економскиот оператор/
Понудувачот треба да го достави најкраткиот можен рок за испорака на предметот на Огласот.

Економскиот оператор задолжително да го достави рокот на испорака во прва фаза, со


доставување на пријавата за учество

3.8.3. Услови за плаќање

Стандарден начин на плаќање на Договорниот орган е 30 дена од денот на извршување на испораката,


и/или реализација на услугата (монтажа и пуштање во погон) односнo целосна реализација на
еднократниот договор и достава на фактура.

Денот на прием на фактурата во Архивата на договорниот орган се смета за ден на достава на


фактурата.

Фактурите треба да се доставуваат во еден примерок на адреса:

ул. Лазар Личеноски бр.11,


1000 Скопје, Р. Северна Македонија
пропратени со копија од нарачка/договор.

Задолжителни ставки на фактурата треба да се податоците за Економскиот оператор, податоците за


договорниот орган, бројот на еднократниот договор, место на трошок, ставки пропишани со закон.

Плаќањето на фактурите не значи дека договорниот орган ја признава уредноста на изведените


испораки од страна на Економскиот оператор, а според тоа не значи ниту дека се откажува од
побарувањата кои му следуваат, во однос на недостатоците при исполнувањето на договорот.

3.8.4. Период на важноста на Пријавите за учество/ Првичната финансиска понуда

Периодот на важност на Пријавите за учество/Првичните финансиски понуди треба да изнесува 120


дена сметано од последната дата на достава на Пријавата за учество/Првичната финансиска понуда, за
чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за Економскиот оператор/
понудувачот.

Доколку денот на отворањето на пријавите за учество/првичната финансиска понуда е неработен,


периодот на важноста на пријавите за учество/првичната финансиска понуда се смета од наредниот
работен ден. Пријавите за учество/првичната финансиска понуда кои содржат покус период на важност
од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

Во одредени случаи, договорниот орган може да побара од Економските оператори/ понудувачи да ја


продолжат валидноста на пријавите за учество/првичната финансиска понуда за дополнителен период.
Барањето за продолжување од договорниот орган, како и прифаќањето од Економскиот/те оператори
треба да се доставени написмено.

28 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

3.8.5. Гаранција на понудата

Изјава за сериозност на пријавата за учество/првичната финансиска понуда

Како гаранција на Пријавата за учество/ Првичната финансиска понуда, во прилог на пријавата за


учество/првичната финансиска понуда, економскиот оператор/понудувач доставува и потпишана изјава
за сериозност на пријавата за учество/првичната финансиска понуда, при што треба да го користи
образецот на Изјава даден во прилог на тендерската документација.

Изјавата за сериозност на Пријавата за учество/ Понудата се доставува заедно со понудата и не може


дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на Пријавата за учество/ Понудата.
Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на првичната финансиска понуда,
односно:

- ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,

- не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,

- не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и


доставената понуда итн.
истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против
таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја
потпишува лицето што ја потпишува пријавата за учество/првичната финансиска понуда. Доколку
лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува пријавата за
учество/првичната финансиска понуда, во прилог се доставува и овластување за потпишување на
изјавата.

Негативната референца ќе биде објавена истовремено со објавување на известувањето за склучен


договор или за поништување на постапката.

Забраната за учество во постапките за доделување договори за јавни набавки се однесува и на групата


економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца.

4. ОТВОРАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО/ПРВИЧНИТЕ ФИНАНСИСКИ ПОНУДИ

4.1. Отварање на Пријавите за учество/ Првичните финансиски понуди

Договорниот орган ќе ги отвори Пријавите за учество/првичните финансиски понуди, вклучувајќи ги и


измените и повлекувањата, без присуство на економските оператори.

При отварањето на пријавите за учество/првичните финансиски понуди, ниту една пријава за


учество/првична финансиска понуда нема да се отфрли, освен оние што се задоцнето доставени.

4.2. Доверливост на процесот на евалуација на Пријавите за учество/ понудите

Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на Пријавите за учество/


понудите во процесот на евалуација нема да им се открие на економските оператори или на било кои
други лица, кои не се вклучени во процесот.

Процесот на отварање на пријавите за учество/првичните финансиски понуди, евалуцијата на пријавите


за учество/првичните финансиски понуди се до доделувањето на договорот е доверлив процес.

Сите информации во врска со евалуацијата на Пријавите за учество/Првичната финансиска понуда се


доверливи информации за Договорниот орган и нема да се изложат на Економските
оператори/понудувачи или на било кои други лица што не се вклучени во евалуацијата на истите.

Секој обид на економскиот оператор/понудувач или неговите соработници да влијаат на евалуацијата


на пријавите за учество/првичните финансиски понуди од страна на договорниот орган или на

29 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

донесувањето на неговата одлука може да доведат невалидност на пријавите за учество/првичните


финансиски понуди на економскиот оператор/понудувач.

4.3. Појаснување на Пријавите за учество/ Понудите

Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може да побара од кој


било економски оператор појаснување на неговата Пријава за учество/ понуда.

Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува,
освен за потврдувањето на корегирање на аритметички грешки што ги открил Договорниот орган при
проценка на понудите.

Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата Пријава за


учество/ Понуда што не е дадено како одговор на барање од договорен орган, нема да се разгледува.

4.4. Исправка на аритметички грешки

Во периодот на разгледување и оценување на пријавите за учество/првичните финансиски понуди,


договорниот орган може да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата пријава
за учество/првична финансиска понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се
во писмена форма.

(1) Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена согласност со тендерската документација,


Договорниот орган ги корегира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборови и бројки, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена/

Комисијата за реализација на предметната јавна набавка ќе ги корегира грешките во понудатра според


опишаната постапка и таа ќе се смета за обврзувачка за економскиот оператор.

Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде


отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата / ќе биде издадена негативна референца
заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.

4.5. Невообичаено ниска цена

(1) Договорниот орган бара од економскиот оператор, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја
објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено
ниска цена во однос на стоките или услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж
дека договорот ќе биде извршен.
Договорниот орган, во секој случај бара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за
повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од
следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.

(2) Договорниот орган ја отфрла понудата само доколку објаснувањето или доставените докази не се
доволни да се оправда ниската понудена цена или трошоци, земајќи ги предвид елементите од ЗЈН.

(3) Договорниот орган ја отфрла понудата доколку утврди дека истата има невообичаено ниска цена,
бидејќи не ги исполнува применливите обврски за заштита на животната средина, социјална политика
и за заштита на трудот кои произлегуваат од прописите во Р.С. Македонија, колективните договори и
од меѓународните договори и конвенции кои се ратификувани во Р.С. Македонија.

(5) Ако договорниот орган утврди дека цената на понудата е невообичаено ниска бидејќи понудувачот
добил државна помош, понудата може да биде прифатена ако по барање дополнителни појаснувања,
понудувачот докаже дека му била доделена државна помош во рок од три дена од денот на приемот
на барањето.

30 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

4.6. Евалуација на Пријавите за учество/ Понудите

(1) Неприфатливите понуди Комисијата нема да ги евалуира.

(2) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во


тендерската документација и доставените понуди.

(3) Доколку е потребно, Комисијата за предметната јавна набавка, во својата работа може да вклули
надворешни стручни лица.

(4) Пријавите за учество/ Понудите кои не ги исполнуваат минималните барања за утврдување


способност на економските оператори, како и критериумите за утврдување квалитет, како и барањата
од Техничката спецификацја, ќе бидат отфлени.

(5) Најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избраните кандидати до кои ќе биде
доставена писмена покана за поднесување на понуди, избраните кандидати ќе бидат известени во
писмена форма за утврдената способност (односно квалификација) и дека ќе им биде доставена
писмена покана за доставување на понуда. Во исто време, и сите други кандидати што биле одбиени,
за причините за донесување на одлуката и тоа секој неизбран кандидат за причините за отфрлање на
неговата пријава за учество, понудувачите чија понуда е отфрлена за причините за отфрлање на
неговата понуда, со детално образложение зошто понудата е неприфатлива и понудувачите кои кој
поднеле прифатлива пријава за учестви, која не била избрана за најповолна, за името на
квалификуваните економски оператори и причините за изборот.

(6) По извршената евалуација и преговори, Комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и


изготвување на предлог до одговорното лице на Договорниот орган, за избор на најповолна понуда.

Во периодот на разгледување и оценување на пријавите за учество/првичните финансиски понуди,


договорниот орган може да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата пријава
за учество/првична финансиска понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се
во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на пријавата за учество/првичната
финансиска понуда нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на корегирањето
на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на пријавите за
учество/првичните финансиски понуди.

5. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Договорниот орган, договорот за јавна набавка му го доделува на економскиот оператор/понудувач


чија понуда по спроведени преговори има најповолна понуда и претходно исполнување на техничките
барања согласно Огласот и тендерската документација.

Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива


понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во
одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства
потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните
цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со
Законот за јавните набавки.

6. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен дека неговата понуда е прифатена,
најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време,
и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот,одлуката кој е
најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските
оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената
постапка.

7. ПРАВНА ЗАШТИТА
31 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Секој Економски оператор/понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна
набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од
ЗЈН, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија
од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во
согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки, глава VIII.

8. КОРУПЦИЈА И НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ

Договорниот орган е должен да ги преземе сите потребни мерки во процесот на планирање, во


постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, со цел навремено откривање на
корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од корупцијата.

Сите економски оператори треба да се придржуваат на највисоките етички стандарди за набавки и


извршување на договорот.

Договорниот орган има право да ја одбие секоја пријава за учество/првична финансиска понуда, ако се
утврди дека економскиот оператор има извршено коруптивно и несоодветно дејство, при што се
подразбира нудење, давање или советување на нешто што може да влијае на учесниците во процесот
на избор на економски оператор или погрешно, несоодветно доставување на податоци што ќе
придонесат за доделувањето на договорот.

Секој економски оператор што има извршено коруптивно или несоодветно дејство или пак против него
е покрената постапка заради корупција, договорниот орган има право да го исклучи.

9. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА

Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка


согласно член 114 од ЗЈН.

10. ПОТПИШУВАЊЕ/СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР

Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4


(четири) примерока на потпишување.

Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 10
дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот
орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на
примероци од договорот откако истиот ќе го потпише Одговорно/Овластеното лице на договорниот
орган.

Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во оваа точка од
тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот
најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да објави негативната референца.

11. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за


избор или за поништување на постапката.

32 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

V.Прилози:

- Прилог бр. 1: пополнет Образец за општи информации заедно со дел II. ОБРАЗЕЦ НА
ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО;
- Прилог бр. 2: Изјава бр. 1 - Документи со кои Економскиот оператор докажува дека нема
причина за исклучување од постапка;
- Прилог бр. 3: Изјава бр. 2- Документи за докажување на способноста за вршење на
професионална дејност;
- Прилог бр. 4: Изјава бр. 3 - Документи за техничка или професионална способност со
Образец –Референтна листа;
- Прилог бр. 5: Изјава бр. 4 – Стандарди за системи за обезбедување на квалитет;
- Прилог бр. 6: Изјава бр .5 – Стандарди за Системи за управување со животна средина
- Прилог бр. 7: Изјава бр. 6 – Овластување од производителот;
- Прилог бр. 8: Изјава бр. 7 - Сериозност на пријавата за учество и понудата;
- Прилог бр. 9: Изјава бр. 8 - Листа на доверливи информации/ документи;
- Прилог бр. 10: Техничка спецификација/и (потпишана) како и сите придружни документи кои
се неопходни за да се докаже наведеното / бараното во техничните спецификации на
Нарачателот;
- Прилог бр. 11: Модел на Еднократен договор (потпишан и пополнет, освен делот за цените);
- Прилог бр. 12: Образец на Првична финансиска понуда (ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ГО
ДОСТАВУВА ОВОЈ ДОКУМЕНТ ИСКЛУЧИВО ВО II ФАЗА ОД ПОСТАПКАТА, од
добивањето на Покана за поднесување на првична финансиска понуда);
- Прилог бр. 13: Општи услови за набавка, (потпишан);
- Прилог бр. 14: Клаузула за општествена одговорност, (потпишан);
- Договор за поднесување на групна понуда (важи само за група на економски оператори);

33 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР.1

ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР

1. Назив на економскиот оператор

2. Адреса:

3. Телефон: 4. Контакт:

5. Факс: 6.E-Mail:

7. Место на основањето/регистрацијата: 8. Година на основањето/регистрација:

9. Основни дејности на економскиот оператор:

10. Даночен број

11. Број на сметка на економскиот оператор, депонент банка

12. Матичен број на фирмата

Дата Потпис на Економскиот оператор *

............................................ ....................................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

34 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 01-01/2022 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР . 2

ИЗЈАВА 1

Економскиот оператор/кандидат ........................................................................... доставува:

(назив на економскиот оператор/ понудувач)

- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на


лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое
има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните
пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има
елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување
даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички
активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и
трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата
каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за
докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен
документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на
договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ
за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен
документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен
документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за
вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на
способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена
забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.

Место и Дата Потпис на Економскиот оператор *

...................................... ..................................................

Напомена

- Детално појаснување за потребните документи е наведено во точка 2.3 во однос на точка 2.2.1 и
2.2.2. од тендерската документација.

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

35 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 3

ИЗЈАВА БР. 2

СПОСОБНОСТ ЗА ВРШЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНОСТ ДЕЈНОСТ НА ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР

Економскиот
оператор...................................................................................................................................................

(назив на економскиот оператор/ понудувач)

уредно ја пополнува и заверува оваа Изјава и во прилог на истата ги доставува следните документи.

1. Потврда од регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко
или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка
или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на
земјата каде е регистриран. Во Р.С.Македонија, надлежен орган за издавање на овој документ
е Централниот регистар на Р.С.Македонија.

o Документи за докажување на способноста за вршење на професионална дејност на


економскиот оператор

 ДРД образец

 Тековна состојба

Напомена

- Детално појаснување за потребните документи е наведено во точка 2.4.1. од тендерската


документација.

Место и Дата Потпис на Економскиот оператор *

...................................... .............................................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

36 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 4

ИЗЈАВА БР. 3

ТЕХНИЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР

Ако Економскиот оператор не настапува како производител, за докажување на исполнувањето на


минималните услови за техничка и професионална способност Економскиот Оператор треба да
поднесе пријава за учество како Група економски оператори.
Економскиот оператор ................................................................................. доставува:

(назив на економскиот оператор/ понудувач)

уредно ја пополнува и заверува оваа Изјава и во прилог на истата ги доставува следните документи:

1. Потпишана техничка спецификација – систем за релејна заштита ТС Централна и техничка


спецификација 20кВ постројка ТС Централна, пропратена со сите потребни документи со кои се
потврдуваат барањата во техничките спецификации.

2. Образец на референтна листа (пополнет и потпишан) со - Реферeнтнa листa од производителот за


произведени и пуштени во употреба 20кВ ќелии (согласно барањата во техничката документација)
соодветно со потврди од крајни корисници во последните три години.

3. Опис на ќелијата и опремата вградена во неа, технички податоци за опремата согласно барањата во
техничката документација, еднополна шема, димензиони скици, монтажни скици, производствен план,
план за испитување и испитување при пуштање во употреба, рок на испорака, протоколи за
испитување од авторизирана установа за испитување, кои потврдуваат дека понудените ќелии ги
исполнува наведените технички барања – согласно техничката спецификација

Напомена

- Детално појаснување за потребните документи е наведено во точка 2.4.2. од тендерската


документација.

Место и Дата Потпис на Економскиот оператор*

................................................ ....................................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за


електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

37 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Образец на референтна листа

Образец за референтна листа на испораки/услуги за последните 3 години

Адреса и Детален Период Број на


Нарачател/ Вредност на
Ред. контакти на Опис на кога е договор
Договорен испорачаната Количина
бр. Нарачателот/ испорачаната извршена
орган стока/ услуга
Дог. орган стока/услуга испорака

10

Напомена :

- Договорниот орган има право да ја провери веродостојноста на дадените податоци на Економскиот


оператор

- Понудувач доставува и потврди од Нарачателите.

- Економскиот оператор/понудувач го пополнува и заверува исклучиво овој образец.

Образецот може да се пополни онолку пати колку е потребно.

- При пополнувањето на Образец на референтна листа Економскиот оператор/понудувач треба да ги


има во предвид условите во тендерската документација.

Податоците се веродостојни Потпис на Економ.оператор*

_________________________ _________________________

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

38 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР.5

ИЗЈАВА БР. 4

Стандарди за системи за квалитет

Систем за обезбедување на квалитет ИСО 9001 или еквивалент

Економскиот оператор ..............................................................................................................................

(назив на економскиот оператор/ понудувач)

уредно ја пополнува и заверува оваа Изјава и во прилог на истата ги доставува следните документи:

- Копија од валиден Сертификат за обезбедување квалитет ИСО 9001 од Економскиот оператор


и/ или Производителот, печатиран и потпишана од Економскиот Оператор или еквивалентен
сертификат

Напомена

- Детално појаснување за потребните документи е наведено во точка 2.4.3. од тендерската


документација.

Место и Дата Потпис на Економскиот оператор*

................................................ ....................................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

39 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 6

ИЗЈАВА БР.5

Стандарди за системи за управување со животна средина

Економскиот оператор..............................................................................................................................

(назив на економскиот оператор/ понудувач)

уредно ја пополнува и заверува оваа Изјава и во прилог на истата ги доставува следните документи:

 Копија од Сертификат ISO 14001 (или еквивалент) кој е стандард за управување со влијанијата
врз животната средина

Напомена

- Детално појаснување за потребните документи е наведено во точка 2.4.4. од тендерската


документација.

Место и Дата Потпис на Економскиот оператор*

................................................ ....................................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

40 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 7

ИЗЈАВА БР.6

ОВЛАСТУВАЊЕ ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ДО ПОНУДУВАЧОТ

Оваа декларација треба да им биде издадена само на учесници, кои не се производители на


определениот продукт, од страна на Производителот на понудениот материјал/ опрема/ производи

во врска со постапката за набавка на ......................................................................................

Фирмата „................................................................................“како Производител на горенаведените

(назив на Производителот)

производи се обврзува да преземе одговорност за испорачаните производи

..................................................................................................................................................................

(се наведува предметот на набавката)

на Економскиот оператор, фирмата „................................................................“, во рамки на договорот

(назив на Економскиот Оператор)

на Економскиот оператор (Понудувачот) со Договорниот орган ЕВН Македонија АД, Скопје како

Нарачател, секогаш кога Економскиот оператор нема да ги исполни обврските, кои произлегуваат

од дадена гаранција или преземена одговорност за производот.

Место и Дата Потпис на Потпис на


Производителот* економскиот оператор*

.................................... ...................................... ..................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

41 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 8

ИЗЈАВА БР. 7

ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА

И З Ј А В А

__________________________________________ [назив на економскиот оператор] како учесник


во постапката за набавка на ______________________ која се спроведува по оглас за јавна набавка
број ___________ објавен од страна на ______________________, врз основа на член 101 став 4 од
Законот за јавните набавки, изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од
Законот за јавните набавки и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до
истекот на периодот на нејзината важност.

Свесни сме за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на


негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за
јавните набавки.

Место и датум Одговорно лице/Овластено лице*

___________________________ ___________________________

(потпис)

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

42 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 9

ИЗЈАВА БР. 8

Листа на доверливи информации/ документи

Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како
доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права на интелектуална сопственост, како
и авторски права. За таа цел, економскиот оператор треба да направи Листа на доверливи
информации и истата да ја достави заедно со Пријавата за учество/ Понудата :

1. Име на доверлива информација / документ _____________________________________________

2. Име на доверлива информација / документ _____________________________________________

3. Име на доверлива информација / документ _____________________________________________

4. Име на доверлива информација / документ _____________________________________________

5. Име на доверлива информација / документ _____________________________________________

....

Напомена

- Детално појаснување за потребните документи е наведено во точка 1.14. од тендерската


документација

Место и Дата Потпис на Економскиот оператор*

................................................ ....................................................

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

43 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР. 10

Техничка спецификација/и и останата техничка документација

(прилог кон оваа тендерска документација)

Понудувачот/ Економскиот оператор исполнувањето на барањата од техничката спецификација го


докажува со доставување на потпишана Техничка спецификација, пропратена со сите потребни/
барани прилози.

Неисполнувањето на задолжителните барања од Техничка спецификација е основ за неприфаќање на


Пријавата за учество/ Понудата.

* Документите се потпишуваат електронски со користење на квалификуван сертификат за


електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

44 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ БР.11

МОДЕЛ НА ЕДНОКРАТЕН ДОГОВОР

Испорачател: Нарачател:
ЕВН Македонија АД , Скопје
Ул. „Лазар Личеноски“ бр. 11
1000 Скопје
Податоци за Испорачателот: Р. Северна Македонија

Електродистрибуција ДООЕЛ - Скопје


(понатаму ДСО)
Ул. „Лазар Личеноски“ бр. 11
1000 Скопје
Р. Северна Македонија

Лице за контакт: Адреса за реализација:


ТС Централна

Лице за контакт на Нарачателот:


Ирена Радевска
Тел: +389 72 933 351

Датум: ХХХХХХ

ЕДНОКРАТЕН ДОГОВОР БР: XXX-22-004-NH-I-E / 45000XXXX

Вредност: XXXXXXXXX,ХХ МКД без ДДВ

Склучен помеѓу:

ЕВН Македонија АД Скопје (понатаму Нарачател),


Претставувана од Управен одбор

Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје - (понатаму “Нарачател или ДСО”),


Претставувана од ХХХХХХХХ (Управител) и ХХХХХХХХХХ (Управител)

ХХХХХХХХХХХХХХ (понатаму Испорачател),


Претставуван од ХХХХХХХХХХХХ

а во врска со одлуката за јавна набавка на Нарачателот бр.ХХХХХХХХХХХ, Јавниот повик бр. 01-
01/2022 од ХХ.ХХ.ХХХХ за избор на економскиот оператор за набавка на 20 kV ќелии за ТС
110/35/10(20) kV Централна, понудата на Испорачателот доставена преку ЕСЈН од ХХХХХХ.2021, како
и водените преговори на ден ХХХХХХХХ, Протоколот од преговорите и конечната финансиска понуда
бр. ХХХХХХХ од ХХХХХХХХХ.

Член 1. Предмет на договорот


=============================

45 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Еднократен договор за набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна (понатаму Опрема),


во согласност со описите, условите, начинот и роковите дефинирани во овој договор и неговите
прилози.

Член 2. Цена
================
Цената на опремата е фиксна до целосна реализација на договорот, изразена во МКД и е без ДДВ и
истата претставува целосен надомест за испорака на истиот, вклучувајќи ги сите помошни и
придружни работни активности на испорачателот и неговите подизведувачи кои се неопходни за
беспрекорно функционирање на постигнатиот учинок. Износот на ДДВ ќе биде посебно пресметан и
искажан во фактурата на Испорачателот, согласно Законот за данокот на додадена вредност и
подзаконските акти.

Вкупната цена е на паритет ДДП локација на Нарачателот во согласно ИНКОТЕРМС 2020 со сите
вклучени трошоци за опремата, испорачан, истоварен и монтиран од страна на Испорачателот.

Член 3. Технички услови


======================
Испорачателот се обврзува за испорачаната опрема во целост да ги исполнува барањата од техничката
спецификација.

Член 4. Рок и место на испорака


===========================
Испорачателот се обврзува испораката да ја реализира во рок од ____ дена , а монтажата и пyштањето
во работа во рок од ____ дена , од денот на обострано потпишуваање на договорот.

Место на испорака е место назначено од Нарачателот, ДДП Нарачателот во согласно (ИНКОТЕРМС


2020) со сите вклучени трошоци за опремата, испорачана, истоварена, монтирана и пуштена во
употреба од страна на Испорачателот.

Член 5. Квантитативен и квалитативен прием


======================================
Квалитетот на опремата треба да одговара согласно техничките карактеристики дефинирани од
Нарачателот во техничката спецификација.

Производител на опремата е ХХХХХХХХХХ.


Испорачателот го гарантира квалитетот во рамките на утврдените стандарди на Производителот.
Во текот на изработка на опремата/и да се овозможи меѓуфазна проверка во производниот погон во
присуство на претставници од страна на Нарачателот.

Во вкупната цена се вклучени опремата со целокупната опрема побарана од Нарачателот согласно


техничката спецификација – Прилог бр. 10.

Квантитативниот и квалитативниот прием на опремата го врши Нарачателот односно вработени од


Електродистрибуција дооел Скопје по налог од Нарачателот согласно барањата наведени во
техничката спецификација. Нарачателот е должен написмено да го извести Испорачателот за
евентуалните квантитативни или квалитативни недостатоци на опремата во рок од 30 дена од
извршениот прием.

Испорачателот одговара за опремата се до моментот на преминување на ризикот. Ризикот при


транспорт, истовар и извршена монтажа на одреденото место со пуштање во употреба го сноси

46 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Испорачателот, додека ризикот по реализираната монтажа и пуштање во употреба го сноси


Нарачателот.

Испорачателот одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават и по премин на ризикот,


ако се последица од причина што постоела пред тоа.

Испорачателот одговара за сите нанесени материјални и нематеријални штети како последица од


неисполнување на одредбите од овој Договор.

Член 6. Гаранција
===============
Гаранција на материјалот изнесува ______месеци сметано од денот на вградување и пуштање во
работа односно _________ месеци од денот на испораката. Притоа под ден на испорака и вградување
се смета денот на прием на опремата на локација назначена од страна на Нарачателот во присуство на
овластено лице од одделот Високонапонски постројки.

Испорачателот се обврзува да ги отстрани сите грешки и технички недостатоци кои ќе се појават во


нормални услови на експлоатација за време на гарантниот период, а во спротивно ќе изврши замена
на неисправниот дел од опремата или на целиот опрема. Замената на неисправните делови од
опремата се врши во овластен сервис на Испорачателот, на трошок на Испорачателот вклучувајќи ги
сите останати директни или индиректни трошоци.

Доколку во гарантниот период се појават грешки на деловите од опремата или дел од нив како
резултат на слабиот квалитет на материјалите или грешки во конструкцијата, Испорачателот се
обврзува по барање на Нарачателот, на сопствен трошок да ги поправи дефектите на опремата во рок
од ___ дена од добиеното известување за дефект.

Испорачателот е обврзан да ги достави сите неопходни упатства за употреба и одржување на


испорачаниот опрема на македонски јазик или англиски јазик.

Раководниот персонал за монтажа да зборува и пишува македонски или англиски.

Доколку барањето за отстранување на востановените дефекти Испорачателот не го изврши во


определениот рок, Нарачателот има право да ги отстрани овие дефекти преку друга фирма независно
од времетраењето на гаранцијата. Од тоа произлезените трошоци ќе паднат на товар на
Испорачателот.

Обврска за правилното извршување на Договорот е задача на Испорачателот.

Член 7. Плаќање
==============
Испорачателот е обврзан во рок од најдоцна 5 работни дена по реализацијата на прометот да достави
фактура до Нарачателот.

Плаќањето ќе се изврши во два дела: прв дел во рок од 30 дена од датата на испорака на опремата и
втор дел во рок од 30 дена од денот на вградување и пуштање во работа кое не треба да биде повеќе
од 3 месеци од денот на вградување, согласно фазите од динамичкиот план и доставена фактура.

Фактурите се доставуваат во еден примерок на адреса: ЕВН Македонија АД, Скопје ул. „Лазар
Личеноски“ бр. 11, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија, пропратени со Испратница.

47 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Испорачателот се согласува, доколку има било каков долг кон Нарачателот, Нарачателот да може да
направи компензација на овој долг со фактура на Испорачателот. Притоа, Нарачателот е должен да го
извести Испорачателот за деталите на компензацијата на долгот.

Задолжителни ставки на фактурата се податоците за Испорачателот, податоците за Нарачателот, SAP


број на договорот, проектен број (доколку е наведен) и ставки пропишани со закон.

Член 8. Договорна казна


=====================
За секоја непредвидена и ненавремена реализација на договорот, како и за неквалитетно исполнување
на договорот, Нарачателот го задржува правото за:

- барање на договорна казна


- раскинување на договорот
- надомест на предизвиканата штета од неисполнувањето.

Ако во текот на реализација на Договорот, Испорачателот не може да го запази рокот за испорака


Испорачателот написмено ќе го извести Нарачателот и двете страни ќе се обидат да договарат друг
обврзувачки рок за испорака.

Доколку Испорачателот не ја испорача опремата нарачана во договорениот рок, или истата ја


испорача надвор од утврдените рокови, од причини за кои самиот е виновен, Испорачателот ќе плати
на Нарачателот договорна казна во висина од 1% од вредноста на договорот за секој ден
задоцнување, но не повеќе од 15% од вредноста на договорот, без ДДВ. Истата договорна казна се
применува и за незапазување на роковите предвидени за остранување на дефекти во гарантен рок
согласно член Гаранција.

Во случај на договорно утврдени измени во однос на роковите за извршување, новиот рок за


извршување е меродавен за договорната казна за доцнење.

Во случај да на Нарачателот му е изречена прекршочна санкција во форма на глоба или му е понудено


порамнување од страна на надлежните државни органи за сторен прекршок, која е производ од
ненавремено или целосно неизвршување на обврските на Испорачателот од овој Договор,
Нарачателот има право платениот износ на име глоба да го побарува од Испорачателот преку
издавање на фактура кон Испорачателот. Кон фактурата ќе бидат приложени сите документи за
односниот случај.

Член. 9 Виша сила


===============
Испорачателот и Нарачателот се ослободуваат од одговорноста, како и од активирањето на
договорната казна, ако по склучувањето на договорот настапат околности (кај било која страна
потписник на овој договор) кои не можеле да се предвидат, отклонат или спречат (Виша сила), а за
што страната кај која настанале околностите е должна да ја извести другата страна во рок од три дена.
При неисполнување на оваа обврска се применуваат казнени пенали, како и при задоцнетата
испорака.

Додека трае непредвидената околност, реализацијата на договорот се стопира за времетраење на


истата.

Ако непредвидената виша сила трае повеќе од 15 денови, секоја од страните има право да го прекине
договорот со 10 ( десет ) дневно писмено известување.

48 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Недостигот на суровини и персонал нема да се смета како Виша сила.

Член. 10 Услови за извршување


==========================
Извршувањето на овој договор се врши согласно важечките законски прописи за овој вид на
материјали.

10.01. Амбалажа
===============
Испорачателот ќе обезбеди соодветна амблажа за опремата, за да истата биде заштитена од
оштетување или кршење во текот на транспортот.

Испорачателот е обврзан да обезбеди правилно пакување, со цел опремата да биде заштитена за


време на транспортот од оштетување или кршење.

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Испорачателот треба да достави:

I. Доклолку Испораката се врши од Испорачател во Македонија:

1. Потврда за склучен договор со колективен постапувач за постапување со:

‐ отпад од пакување

ИЛИ

‐ отпадни батерии и акумулатори

ИЛИ

‐ отпадна електрична и електронска опрема (ЕЕО)

2. Потврда за:

‐ платени надоместоци за управување со отпад од пакување/батерии и акумулатори/ЕЕО

ИЛИ

‐ ослободување од плаќање надоместоци доколку има договор со колективен постапувач со


пакување/батерии и акумулатори/ЕЕО

ИЛИ

‐ ослободување од плаќање надоместоци доколку добавувачот е регистриран како самостоен


постапувач со отпад од пакување/батерии и акумулатори/ЕЕО

II. Доклолку Испораката се врши од Испорачател надвор од Македонија:

Во зависност од типот на опрема/материјали кои се увезуваат, потребно е:

1. Фирмата извозник да достави податоци за типот, количината и тежината на пакувањата со


секоја фактура

2. Фирмата извозник да достави податоци за нето тежина на поединечни батерии и акумулатори


со секоја набавка

49 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

3. Фирмата извозник да достави податоци за нето тежина на поединечна ЕЕО со секоја набавка

10.02. Доверливост на податоци и заштита на лични податоци


================================================
При реализацијата на Договорот, Испорачателот не смее без претходна писмена согласност на
Нарачателот, да го открива Договорот или било која одредба од истиот, спецификација, информација
итн. доставена од Нарачателот во врска со договорот, на било кое друго лице освен на лица
овластени од Испорачателот и истите треба да ги третира како деловна тајна, освен за фирмите од
ЕВН АГ.

Договорните страни се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации, документации, официјални


дописи, технички планови и оперативни детали поврзани со извршувањето на овој договор, како и
сите податоци за другата договорна страна, нејзиниот состав, организација и финансиски бизнис,
технологијата на работа, деловните односи, маркетинг планови и услуги вклучувајќи примероци на
податоците во сите средства, кои се примени од другата договорна страна или кои на друг начин
стигнале во нивна сопственост за време на валидноста на овој договор (во понатамошниот текст како:
„Доверливи податоци“). Доверливите податоци без оглед на медиумот и формата во која ќе бидат
разменети, усна, писмена или електронска претставуваат деловна тајна и се во ограничена употреба
помеѓу договорните страни со исклучива намена за преземање дејствија со цел да се реализираат
услугите кои се предмет на овој договор. Доверливите податоци ќе бидат единствено достапни на
вработените и одговорните лица кај нив, врз основа на овластувањата што ги имаат тие лица за
извршување на конкретни задачи според доделените работи и работни задачи, и само во оној обем
кој што на таквите лица им е потребен за извршување на работите по овој договор, при што таквите
вработени треба да се соодветно договорно обврзани за чување на доверливоста.

Договорните страни се особено обврзани да:

1. не откриваат, без претходна писмена согласност или упатство на другата договорна страна,
било какви Доверливи податоци на трета страна, Под “откривање” на Доверливи податоци во
смисла на овој член, се подразбира овозможување пристап до истите на трета страна, без
разлика на формата дали истото е со овозможување директен или индиректен увид во
податоците или преку усно пренесена информација, без разлика на обемот дали истите се
целосно или делумно откриени и без разлика дали истите се откриени со намера или од
невнимание.

2. директно или индиректно, да не користат било какви Доверливи информации со цел


здобивање со лична корист или за корист на друго лице;

3. да ги враќаат или по налог ги уништат сите доверливи материјали, т.е. материјали и


средства кои содржат Доверливи податоци за другата договорна страна, вклучувајќи ги сите
примероци без разлика на формата во која тие се обезбедени, кога се побарани од другата
договорна страна, или веднаш по завршувањето на обврските за кои се користел таквиот
доверлив материјал.

Доколку договорните страни назначат под-договорен партнер за реализација на предметот на овој


договор, должни се договорно да го обврзат на чување на тајноста на податоците и на почитување на
веќе договорените услови од овој договор. Притоа, договорната страна која назначила под-договорен
партнер останува одговорна спрема другата договорна страна за заштита на доверливоста на
податоците кои се разменети за реализација на предметот на овој договор како и за надомест на
евентуалната штета предизвикана од непочитување на оваа обврска.

50 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Договорните страни ќе соработуваат меѓусебно за да се утврдат било какви сомнителни, нелегални,


лажни или несоодветни активности и технички пропусти во системот и ќе ги превземат сите потребни
мерки за нивно надминување.

Договорните страни смеат да извршуваат одделни работи само во рамките на овластувањата


предвидени во овој договор и законските ограничувања и истите не смеат да ги обработуваат за
никаква друга цел, ниту да ги доставуваат на трети лица.

Должноста за заштита на личните податоци и деловната тајна настапува во моментот кога


договорните страни ќе се запознаат со нив и трае целото време на важењето на овој договор, како и
по неговото престанување. Договорните страни при обработката на личните податоци ќе постапуваат
согласно со Законот за заштита на личните податоци и сопствените интерни акти кои ја регулираат
заштитата на лични податоци. Притоа секоја договорна страна ќе биде одговорна за надомест на
штетата која ја предизвикала од непочитувањето на договорните обврски за доверливост и заштита на
личните податоци, утврдени со овој договор.

Во случај на престанување на договорниот однос по било кој основ, страните меѓусебно се обврзуваат
на другата договорна страна да и ги вратат личните податоци без непотребно одложување. По
исполнувањето на целта заради која личните податоци биле прибрани, тие треба да се избришат од
збирката на податоци.

Договорните страни се обврзуваат да применат соодветни технички и организациски мерки за заштита


од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење,
преправање, неовластено откривање или пристап.

Договорните страни се согласни да постапуваат единствено во согласност со упатствата добиени од


другата договорна страна при обработката на лични податоци на нејзините крајни корисници.

Договорните страни се обврзуваат да преземат соодветни технички и организациски мерки за да


обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци, во согласност со Процедурата за
заштита на лични податоци во Нарачателот и Правилникот за заштита на индивидуалното право на
приватност при обработка на личните податоци во рамките на Нарачателот и документацијата со опис
на техничките мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци
пропишана од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Доколку за реализација на договорот Испорачателот ангажира под-договорен партнер, должен е да го


обврзе да ги имплементира овие технички и организациони мерки за заштита на личните податоци.

Овбрската за доверливост на податоци ќе важи во рок од 2 (две) години од денот на престанок или
раскинување на овој Договор.

10.03. Пренесување на обврски


==========================
Испорачателот нема да ги пренесе на трета страна, делумно или целосно своите обврски за
реализација на договорот, освен со претходна писмена согласност од Нарачателот.

Таквото пренесување на обврските не го ослободува Испорачателот од било каква одговорност,


гаранција или друга договорна обврска.

Договорните страни можат да ги пренесуваат, отстапуваат, нивелираат или на друг начин да


располагаат со сите или дел од правата и обврските од овој Договор/Спогодба само по неговото
стапување во сила, и само со претходна писмена согласност на другата договорна страна која треба да
51 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

биде дадена во рок од 30 дена по приемот на соодветното барање за тоа, а доколку согласноста не е
дадена во тој период ќе се смета дека е одбиена.

Без оглед на одредбата од став 1 и став 2 на овој член правата и обврските од склучениот договор
можат да се пренесат на ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.

10.04. Под- договори


====================
Испорачателот написмено ќе го информира Нарачателот за сите под - договори склучени во рамките
на Договорот доколку истите не се претходно дефинирани во понудата. Таквата информација не го
ослободува Нарачателот од било каква одговорност согласно овој Договор.

Испорачателот ќе обезбеди дека било кој под-договор кој го склучува, да ги содржи соодветните
одредби од овој Договор.

Било кое пренесување или склучување под-договор кој е во спротивност со оваа одредба ќе се смета
за неважечки, ништовен и без ефект кон Нарачателот, и истиот ќе биде игнориран од Нарачателот.

Испорачателот ќе го заштити, обезбеди и чува Нарачателот од сите побарувања, барања, дејствија,


процеси, постапки, штети, загуби, даноци и трошоци претрпени, произлезени или во врска со ваквите
пренесувања или склучување под-договори.

10.05. Раскинување на договорот


===========================
Договорот може да се раскине:

- спогодбено, по барање на една од договорните страни,


- ако Испорачателот не ги исполнува обврските од договорот со отказен рок од 10 (десет)дена;
- ако Извршителот банкротира, поведена е стечајна постапка кон Извршителот или пак
истиот стане несолвентен на било кој друг начин;
- Од страна на Нарачателот без причина со отказен рок од 30 (триесет) дена од датумот на
приемот на барањето за раскинување на договорот од Извршителот;
- ако Испорачателот не исполни друга обврска од договорот, која може значително да
влијае на работата на Нарачателот веднаш без отказен рок.

10.06. Јазик
=============
Договорот е напишан на македонски јазик. За целокупната кореспонденција и другите документи кои
ќе се разменуваат помеѓу страните во врска со Договорот ќе се користи македонскиот или англискиот
јазик. Во случај на спор, важечки е овластен судски превод на документот.

10.07. Решавање на спорови


=======================
Со склучувањето на овој договор, договорните страни се согласуваат сите меѓусебни спорови да ги
решаваат спогодбено и во духот на добрите деловни односи, а ако тоа не е можно, надлежен е судот
во Скопје.

10.08. Правни лекови


====================

52 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Испорачателот нема да го смета за виновен, ќе го обештети и ќе го брани Нарачателот и секој од


неговите вработени, советници, агенти, членови на Управен Одбор, претставници, наследници и
асигнатори од сите загуби претрпени, кои се јавиле како резултат на некакво прекршување на обврска
на Испорачателот која произлегува од овој Договор и ќе го брани секој од нив од било каква постапка
согласно позитивното законодавство.

Обврската на Испорачателот за обештетување според овој Договор вклучува и обврска за исплата на


било кои и сите трошоци (вклучувајќи ги разумните адвокатски такси согласно тарифите за работата
на адвокатите) кои произлегле од каква било граѓанска или кривична постапка, судење или процес
(или закана од истите).

Испорачателот треба да го подмири побарувањето за надомест на штета од овој член, во рок од 15


дена од денот на известувањето дадено од Нарачателот. За секоја сума за надомест на штета која нема
да се плати во рок од 15 дена од денот на известување ќе се пресметува законска казнена камата.

10.09. Случаи на неприменливост на одредби (отстранување)


===================================================
Доколку кој било услов или одредба од овој Договор е неважечка, незаконска или не може да се
спроведе според законот по кој се води толкувањето на овој Договор, сите други услови и одредби од
овој Договор сепак ќе останат целосно правосилни доколку договорот може да опстане без нив и ако
тие не биле услов за склучување на договорот ниту решавачка побуда поради која е склучен
договорот.

Неважечките, незаконските или неспроведливите услови или одредби од овој Договор (се додека се
неважечки, незаконски или неспроведливи) ќе бидат отстранети од овој Договор и ќе се сметаат дека
не биле напишани.

Секоја одредба од овој Договор која само делумно или до одреден степен не е важечка, законска или
не може да се спроведе ќе остане целосно во сила во оној степен до кој не се смета за неважечка,
нелегална или неспроведлива. Страните ќе ги направат сите разумни напори да ги заменат
отстранетите одредби со важечки законски и спроведливи одредби чиј ефект е во најголема можна
мера близок кон ефектот на отстранетата одредба.

Спогодбата е напишана на македонски јазик. За целокупната кореспонденција и другите документи


кои ќе се разменуваат помеѓу страните во врска со Спогодбата ќе се користи македонскиот јазик. Во
случај на спор, важечки е овластен судски превод на документот.

10.10. Измени и дополнувања на Договорот


=====================================
Сите измени или дополнувања на условите од Договорот, се вршат написмено и со Анекси на
договорот, соодветно потпишани од двете договорни страни.

10.11. Индустриска сопственост


==========================
Испорачателот е целосно одговорен и ќе го заштити Нарачателот од сите активности, прашања
барања, причини за обвинување, загуби, причини кои би можеле да предизвикаат штета на
Нарачателот, судски процеси и сите трошоци од било каков вид и природа кои би можеле да се
појават доколку Нарачателот ги прекрши заштитетните права на индустриска сопственост на трети
лица, односно Испорачателот во целост е одговорен за заштитата на правата на индустриска
сопственост кон трети лица. Испорачателот ја прифаќа и целосно одговара во однос на гаранцијата за
правните карактеристики на опремата.
53 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

10.12. Друго
===========
Договорот стапува на сила од денот на неговото потпишување од двете договорни страни.

Испорачателот, со потпишување на Договорот, потврдува дека ги добил сите потребни информации


во врска со предметот на договорот и дека доставениот опрема ќе ги задоволува сите технички
барања наведени од Нарачателот.

Посебна обврска на Испорачателот е да ги почитува законските прописи за заштита при работа


валидни во Р. Северна Македонија.

Испорачателот е должен да ги почитува сите законски и подзаконски акти и актите на Нарачателот за


работата со кои се регулираат начинот и постапката при работа во кругот на електроенергетски
објекти, односно во близина на електричен напон.

Извршување на овој Договор се одвива според законите на Р. Северна Македонија. За правата и


обврските кои не се регулирани со овој договор, а се во врска со неговото исполнување, ќе се
применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и соодветните законски прописи и
стандарди на Р. Северна Македонија. Примената на Закони за купување на ОН е исклучена.

Освен ако не е друго наведено во Договорот, важат приложените Општи услови за набавка на
Нарачателот.

Договорот е составен во 4 (четири) истоветни примерока, од кои 3 (три) за Нарачателот и 1 (еден) за


Испорачателот.

Прилози:
========
1. Техничка спецификација и останата техничка документација;
2. Преглед на единечни цени;
3. Општи услови за набавка
4. Клаузула за општествена одговорност на ЕВН Групацијата

Испорачател: Нарачател:
ХХХХХХХХХХХХХХ ЕВН Македонија АД, Скопје
ХХХХХХХХХХХХХХ
____________________ ____________________

____________________

Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје

____________________

____________________

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

54 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ Бр. 12

ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА

ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ГО ДОСТАВУВА ОВОЈ ДОКУМЕНТ ИСКЛУЧИВО ВО II ФАЗА ОД


ПОСТАПКАТА

Врз основа на Огласот бр. 01-01/2022 објавен од страна на ЕВН Македонија АД, како Договорен орган,
во име на група Договорни органи ЕВН Македонија АД, Скопје и Електродистрибуција Дооел Скопје
за склучување на Еднократен договор за набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна,
Поканата за доставување на првична финансиска понуда врз основа на подигнатата тендерска
документација од Договорниот орган и добиената Одлука за избраните кандидати до кои ќе се
достави покана за поднесување на првична финансиска понуда, ја поднесуваме следнава:

ПРВИЧНА ФИНАНСИСКА ПОНУДА

1. ОПШТ ДЕЛ

1.1.Име на Економскиот оператор: _____________________________________________

1.2. Контакт информации

 Адреса:_______________________________________________________________________

 Телефон:______________________________________________________________________

 Мобилен-телефон:_____________________________________________________________

 Факс:_________________________________________________________________________

 Е-пошта:______________________________________________________________________

 Лица-за-контакт:_______________________________________________________________

___________________________________________________________

1.3. Одговорно-лице: _____________________________________________________________________

1.4. Даночен-број:________________________________________________________________________

 Депонент-на-банка:_____________________________________________________________

 Жиро-сметка:___________________________________________________________________

1.5. Матичен-број:________________________________________________________________________

II. РЕКАПИТУЛАР НА ПОНУДА

2.1. По извршениот преглед и целосно разбирање на тендерскaта документација, НИЕ,


долупотпишаните со ова поднесуваме Првична финансиска понуда по Оглас бр. 01-01/2022
за склучување на Еднократен договор за набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV
Централна.

55 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

2.2. Вкупниот износ на нашата Првична финансиска понуда изнесува :

__________________________________________________________________ денари, без ДДВ

или со букви ________________________________________________________________ денари /еур.

Поединечните цени се дадени во Прилог - табела бр.1 кон овој Образец за понуда

2.3. Нашата понуда е составена од следниве делови:

- пополнет Образец на понуда;

- пополнет Прилог – табела бр.1 единечни цени и вкупна цена во МКД;

и претходно доставени документи во првата фаза од постапката за воспоставување на постапката со


преговарање со објавување оглас за склучување на Еднократен договор за набавка на 20 kV
ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна.

2.4. Рокот на испорака е ______ дена, а монтажата и пyштањето во работа во рок од ____ дена , од
денот на обострано потпишување на договорот.

2.5. Гаранција на материјалот изнесува ______месеци сметано од денотна монтажа и пуштање во


работа односно _________ месеци од денот на испораката.

2.6. Со поднесување на оваа Понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и


тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за
доделување на договор за јавна набавка согласно со член 114 од Законот за јавните набавки.

Овластено/Одговорно лице на
Место и датум Економскиот оператор *

___________________________ ___________________________
(потпис)

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

56 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Прилог - 13

Табела бр. 1– Спецификација на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна за Единечни


цени и вкупна цена во МКД - ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ГО ДОСТАВУВА ОВОЈ ДОКУМЕНТ
ИСКЛУЧИВО ВО II ФАЗА ОД ПОСТАПКАТА

Овластено/Одговорно лице на
Место и датум Економскиот оператор *

___________________________ ___________________________
(потпис)

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

57 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ Бр. 14

Општи Услови за набавка

Доколку не е наведено поинаку во договорот/нарачката/спогодбата, овие Општи услови за набавка се


важечки и ги уредуваат правата, обврските и односите помеѓу Снабдувачот (Изведувачот) и Купувачот (ЕВН
Македонија АД или друштвото во коешто ЕВН Македонија АД е основач или акционер). Двете страни,
односно Снабдувачот (Изведувачот) и Купувачот, се сметаат за договорни страни. Општите услови за набавка
на Купувачот се составен дел на договорот/нарачката/спогодбата, дури и ако се изречно исклучени од
документите на Снабдувачот (Изведувачот) поврзани со нарачката. Сите услови на Снабдувачот
(Изведувачот) кои се противречни или спротивни на овие Општи услови за набавка нема да се применуваат,
дури и во случај кога извршувањето на работата на Снабдувачот (Изведувачот) во претходни наврати била
неспорно прифатена и покрај запознаеноста на Купувачот со претходните услови на Снабдувачот. Овие
Општи услови за набавка се објавуваат на интернет-страницата на Купувачот, вклучувајќи ги и сите промени
на Општите услови кои стапуваат на сила од датумот на нивното објавување.

Општи договорни услови

1. Сите нарачки и измени во договорот/нарачката/спогодбата треба да бидат во писмена форма


за истите да бидат полноважни. Освен доколку не е поинаку договорено со договор или во
нарачката, единствено уредно потпишани договори и/или нарачки во писмена форма, но и во
електронска форма, со валиден електронски потпис или валидно електронско одобрување од
лица овластени од Купувачот, се полноважни и обврзувачки за Купувачот.

Усните спогодби се важечки само кога се писмено потврдени од страна на Купувачот.

Општите услови за набавка без договор/нарачка/спогодба се важечки единствено во случај кога


нема претходно потпишан договор/нарачка/спогодба со Снабдувачот (Изведувачот) или
доколку некои од условите не се дефинирани во договорот/нарачката / спогодбата.

Правата, обврските и условите дефинирани во договорот/нарачката/спогодбата со Снабдувачот


(Изведувачот) ги исклучуваат одредбите дефинирани во Општите услови за набавка утврдени
во овој документ.

Прифаќањето на договорот/нарачката/ спогодбата од страна на Снабдувачот (Изведувачот)


подразбира прифаќање на условите и одредбите наведени во овие Општи услови за набавка,
како и на податоците и налозите во конкретните договори/нарачки/спогодби. Разлики или
дополнувања во друга документација на Снабдувачот (Изведувачот) која се однесува на овие
Општи услови за набавка се сметаат за неприфатливи сè додека Купувачот не ги прифати
истите во писмена форма.

Отпочнувањето со испораката или изведбата на услугите или нарачките делумно или целосно
според барањата во договорот/нарачката/спогодбата, се смета за прифаќање на сите одредби
или услови дефинирани во Општите услови за набавка и договорот/нарачката/спогодбата, без

58 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

разлика дали Снабдувачот (Изведувачот) го потврдил прифаќањето на


договорот/нарачката/спогодбата.

2. Ако договорот/нарачката/спогодбата се заснова на понуда поднесена од страна на Снабдувачот


(Изведувачот), тогаш таа понуда претставува составен дел од договорот/нарачката/спогодбата,
освен доколку не е поинаку наведено во договорот/нарачката/спогодбата и освен доколку тое
не е во спротивност со овие Општи услови за набавка.

Цени

3. Цените наведени во договорот/нарачката/спогодбата се фиксни сé до целосното спроведување


на набавката, вклучувајќи и испорака до централниот магацин на Купувачот или до посебен
објект на Купувачот наведен во договорот/нарачката/спогодбата. Цената вклучува и превоз,
осигурување, пакување и сите други трошоци што може да настанат при
испораката/извршувањето на работата/ услугите/пуштањето во употреба на локацијата на
Купувачот, освен доколку не е поинаку договорено во писмена форма.

Износите во договорот/нарачката/спогодбата склучен со домашен Снабдувач (Изведувач),


односно друштво со деловно седиште во Република Северна Македонија, мора да бидат
изразени во денари (МКД).

Валутата во договорите склучени со странски снабдувачи (изведувачи) треба биде евра (EUR),
американски долари (USD), британска фунта (GBP) или слична валута.

4. Производите се испорачуваат бесплатно до местото на испорака/извршување, спакувани,


осигурани или истоварени, освен ако не е поинаку наведено во договорот/нарачката/
спогодбата. Дополнителни услуги кои се наплаќаат врз основа на временска рамка може да се
обезбедуваат еднствено со претходна согласност на Купувачот. Евиденцијата на реализираните
часови распоред и/или доказот за испорака на опремата се поднесуваат до Купувачот за
потврда во писмена форма. За дополнителни услуги, работи или материјали кои ниту се
потврдени ниту се примени, не се плаќа. Ако во предметот и пресметката/понудата е наведен
одреден број на дополнителни услуги/ставки, тоа не му дава право на Снабдувачот
(Изведувачот) да бара исплата за изведбата на тие услуги/работи. Доколку Снабдувачот
(Изведувачот) смета дека се потребни измени во договорениот обем на услуги/работа, го
известува Купувачот со доставување дополнета понуда во најкраток можен рок. Односните
дополнети услуги/работа може да се вршат единствено по изречна писмена нарачка на
Купувачот, врз основа на дополнета нарачка /измена/договор.

Договорната цена ги вклучува сите трошоци за монтирање/инсталација/интеграции и за


работите извршени од страна на подизведувачи (доколку ги има) на Снабдувачот
(Изведувачот), вклучително и сите трошоци на кои би бил изложен Снабдувачот (Изведувачот).

Цената утврдена во договорот/нарачката/спогодбата вклучува и поднесување соодветни


упатства за употреба, ракување, одржување и/или список на резервни делови и/или слична

59 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

документација за корисникот, како и други документи потребни за правилна употреба на


испорачаната опрема производи/услуги, на македонски и/или англиски јазик.

Освен доколку не е поинаку договорено, Снабдувачот (Изведувачот) е одговорен за


стекнување и плаќање на сите дозволи за увоз и извоз или дозволи потребни за
спроведување на договорот / нарачката / спогодбата.

5. Доколку Купувачот користи услуги на странски снабдувачи (изведувачи) кои подлежат на


плаќање данок по задршка, тогаш Купувачот е должен од бруто-договорената цена да го
задржи и уплати данокот по задршка во име на Снабдувачот (Изведувачот), под услов да
постои договор за одбегнување двојно оданочување потпишан меѓу двете земји, и доколку
во согласност со договорот за одбегнување двојно оданочување е дозволено намалување на
данокот по задршка, тогаш Снабдувачот (Изведувачот) е должен да му ја достави потребната
документација на Купувачот во оригинал при потпишување на договорот/спогодбата и да ја
ажурира секоја календарска година, за Купувачот да може да се воздржи од делумно или
целосно одземање на данокот по задршка.

Фактурирање и плаќање

6. Фактурите се издаваат во еден примерок и се испраќаат на адресата наведена во договорот/


нарачката/ спогодбата, со наведен број на договор/нарачка. Фактурите се во согласност со
Законот за даноците, во коишто конкретно се наведуваат ДДВ-бројот и поединечните даночни
давачки. Фактурите што не ги исполнуваат овие услови ќе бидат одбиени од страна на
Купувачот. Барањето за исплата не достасува сé додека Снабдувачот (Изведувачот) не издаде
фактура во согласност со законските и договорните одредби.

7. Плаќањето се врши во рок од 30 дена по приемот на фактура во архивата на Купувачот


(адреса: ул. Лазар Личеновски бр. 11, 1.000 Скопје, Република Северна Македонија), по
спроведената испорака на производите/извршувањето на услугите/работите. Денот на прием
на фактурата во архивата на Купувачот се смета за почетен датум за целите на пресметка на
рокот за плаќање. Фактурата се доставува заедно со испратница за испорака на стоки или
потпишана градежна книга за изведени работи или документ за
испорака/поднесување/конечно прифаќање на извршените услуги.

Во случај договорот/нарачката/спогодбата да содржи девизна клаузула, тогаш таа клаузула


предвидува дека вредноста на стоките/услугите/работата може да биде наведена во евра,
американски долари, британски фунти или друга валута, но со примена на средниот курс на
Народната банка на Република Северна Македонија важечки на датумот на склучување на
договорот или издавање на нарачката.

Во случај да е домашно правно лице, Снабдувачот (Изведувачот) е согласен дека, во случај на


каков бил долг кон Купувачот, Купувачот да може да изврши компензација на тој долг со
фактура до Снабдувачот, со минимална дополнителна согласност, како на пример детали на
Снабдувачот (Изведувачот) за компензација.

60 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

8. Снабдувачот (Изведувачот) не може ниту делумно ниту целосно да отстапи какви било
побарувања кои се однесуваат на договорот/нарачката/спогодбата на трети лица без претходна
писмена согласност. Сите известувања за пренос се упатуваат до Купувачот во писмена
форма, со цел да биде правосилно и стапува на сила по писмена потврда од страна на
Купувачот.

9. Потребна е писмена потврда од Купувачот за прифаќање на производи/услуги/работи, со цел


тоа да биде полноважно. Ризикот преминува на Купувачот дури откако ќе бидат прифатени
производите/услугите/работите на местото на испорака, во согласност со
договорот/нарачката/спогодбата .

Казни

10. Снабдувачот (Изведувачот) е обврзан да се придржува до рокот за испорака. Во случај на


доцнење во однос на рокот на испорака, се наметнува договорна казна во износ од 1% на ден
од вредноста на нарачката или договорот, но најмногу 15% од вкупната вредност на
договорот/нарачката. Основата за пресметка на договорната казна е вредноста на договорот/
нарачката, односно вкупниот износ, без ДДВ.

Должности и обврски

11. Снабдувачот (Изведувачот) е должен да му ја надомести секоја штета на Купувачот,


предизвикана со неисполнување на обврските од страна на Снабдувачот (Изведувачот) кои
произлегуваат од договорот/нарачката/спогодбата и од овие Општи услови за набавка.

12. Снабдувачот (Изведувачот) треба да се осигури дека неговиот персонал и сите други
подизведувачи назначени од него ќе ги почитуваат законските одредби во врска со заштитата
на безбедноста и здравјето на вработените и на животната средина, како и дека ќе
применуваат енергетски ефикасна технологија/производи/процеси. Вработените распределени
на рабоите од страна на Снабдувачот (Изведувачот) имаат пристап само до местата на кои се
распределени од страна на Купувачот. Доколку Снабдувачот (Изведувачот) е одговорен за
направена штета врз основа на неговата одговорност за недостатоци на материјалите и обемот
на набавката (одговорност за производите), должен е да го обесштети Купувачот во случај на
тужби од трети лица.

13. Снабдувачот (Изведувачот) е одговорен за стоките/ услугите/ работите сé до пренесувањето на


ризикот. Ризикот останува кај Снабдувачот (Изведувачот) сé до испораката на
стоките/услугите/работите на утврдените локации за испорака, а по реализација на услугите,
ризикот се пренесува на Купувачот. Ризикот не може да се пренесе на Купувачот ако Купувачот
го раскинал договорот/нарачката/спогодбата или, пак, побарал замена или поправка на
стоките / услугите / работите поради недостатоци.

14. Снабдувачот (Изведувачот) е одговорен и за сите дефекти кои ќе бидат забележани дури и по
преносот на ризикот, доколку тие дефекти се последица на причината што постоела и пред
преносот на ризикот.

Снабдувачот (Изведувачот) е одговорен за сета причинета материјална и нематеријална штета


како последица на неисполнување на овие Општи услови за набавка или условите на
договорот/нарачката/спогодбата .

61 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

Во случај Купувачот да претрпи штета чија вредност ја надминува вредноста на договорната


казна, Купувачот може да бара надоместување на разликата од вредноста на договорната
казна до вредноста на претрпената штета.

15. Снабдувачот (Изведувачот) е должен да постапува во согласност со Законот за пензиско и


инвалидско осигурување и Законот за странци во однос на странско лице вработено кај
Снабдувачот (Изведувачот) или кај негов подизведувач. Пред почетокот на работата,
Снабдувачот (Изведувачот) му приложува докази на Купувачот за сообразување со своите
обврски без тоа да биде побарано од него, со тоа што ќе ја достави целосната соодветна
документација (дозвола за престој, дозвола за работа, итн.) и ги обесштетува Купувачот,
неговите извршни тела и вработени и ги ослободува од одговорност за штета и/или обврска
што може да настане како последица од прекршувањето на тие обврски.

16. Снабдувачот (Изведувачот) е должен да се осигура дека стоките/услугите/работите се во


согласност со најсовремената технологија и со законските одредби. Снабдувачот (Изведувачот)
гарантира дека договорните стоки/услуги/работи се без дефекти. Гаранцијата подлежи на
релевантните законски одредби, освен доколку не е поинаку наведено во
договорот/нарачката/спогодбата . Исто така, со гаранцијата се опфатени сите дефекти кои ќе
настанат во текот на важноста на гаранцијата. Снабдувачот (Изведувачот) е должен да приложи
доказ за извршување на работите согласно со договорот и без недостатоци. Доколку
отстранувањето на одреден недостаток резултира со трошоци за демонтирање и инсталација и
дополнителни трошоци, истите се на товар на Снабдувачот (Изведувачот). Снабдувачот
(Изведувачот) е обврзан или да ги поправи сите дефекти што ќе настанат во текот на важноста
на гаранцијата во најкраток можен рок или да ја замени стоката/услугата/работата со нова
стока/услуга/работа на барање на Купувачот по негов сопствен избор, во рокот одреден од
Купувачот или рокот утврден во договорот/нарачката/спогодбата. Купувачот може да прифати
стоки/услуги/работи со резерва и без проверка на стоките/ услугите / работите; при што
проверката се врши на крај. Меѓутоа, доколку Снабдувачот (Изведувачот) не ги исполни
неговите обврски коишто произлегуваат од гаранцијата и/или доколку дефектот мора да се
санира од трета страна, Снабдувачот (Изведувачот) ги сноси сите трошоци за таквата работа.

17. Снабдувачот (Изведувачот) е одговорен за штетата предизвикана со постапки или пропусти на


Снабдувачот (Изведувачот), неговиот персонал или подизведувачи, или неговите индиректни
застапници во рамките на испораките или услугите или работите и во врска со нив, како и за
штета предизвикана од материјалите или делови од материјалите што тие ги користат.
Снабдувачот (Изведувачот), исто така, е одговорен за сите материјали, делови или други ставки
кои Купувачот или други друштва му ги доставиле на Снабдувачот (Изведувачот) поради
инсталација или складирање. Во секој случај, Снабдувачот (Изведувачот) треба да докаже дека
штетата не е предизвикана поради вина на Снабдувачот (Изведувачот), неговиот персонал или
подизведувачи или индиректни застапници. Тоа се однесува и на мала и на груба небрежност.
Снабдувачот (Изведувачот) го обесштетува Купувачот и го штити од тужби против Купувачот од
страна на вработен или трета страна за штета настаната во текот на реализацијата на
договорот/нарачката за набавка/спогодбата.

18. Снабдувачот (Изведувачот) е должен на сопствен трошок да обезбеди соодветно осигурување


од одговорност што ги опфаќа сите ризици од одговорност што произлегува од законските
одредби и од договорот/нарачката/спогодбата . Осигурувањето, исто така, треба да ја опфаќа
и одговорноста на персоналот на Снабдувачот (Изведувачот), како и на неговите
подизведувачи и други индиректни застапници ангажирани од страна на Снабдувачот
(Изведувачот) во текот на спроведувањето на договорот/ нарачката.

19. Доколку Снабдувачот (изведувачот) не ги исполни своите обврски, а е навремено информиран


за неисполнување на договорните услови, Купувачот има право да побара од Снабдувачот
62 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

(Изведувачот) да го исполни неисполнетиот дел од договорот/нарачката/спогодбата или да


пристапи кон нова испорака на стоки / услуги / работи без дефекти или да побара намалување
на вредноста на фактурата или, пак, да го раскине договорот/нарачката/спогодбата .

Сопственички права

20. Снабдувачот (Изведувачот) е целосно одговорен и ќе го заштити Купувачот во однос на сите


активности, прашања, барања, причини за барања, загуби, причинители на штета на
Купувачот, судски постапки и сите трошоци од каков и да е вид или природа кои може да
настанат кај Купувачот, доколку Снабдувачот (Изведувачот) прекрши заштитено право на трета
страна од индустриска/интелектуална сопственост/патенти/трговски знак, односно Снабдувачот
(Изведувачот) е целосно одговорен за заштитата на правата на трета страна од идустриската/
интелектуална сопственост /заштитата на патенти/трговски знак. Снабдувачот (Изведувачот) го
прифаќа тоа и е целосно одговорен во врска со гаранцијата на законските барања во однос на
стоките/услугите/работите.

Снабдувачот (Изведувачот) го обесштетува Купувачот во однос на сите покренати постапки и


надомест на штети кои произлегуваат од судски одлуки, даноци и адвокатски трошоци, како
резултат на каква било повреда на индустриска/интелектуална сопственост/патент/трговски
знак, на прво барање на Купувачот.

Доверливост и заштита на лични податоци

21. Во текот на реализација на договорот/нарачката/спогодбата, Снабдувачот (Изведувачот) не


смее без претходна писмена согласност на Купувачот да открива детали за
договорот/нарачката/спогодбата или за кои било други одредби од договорот, или
спецификации, информации, итн., поднесени од страна на Купувачот во врска со
договорот/нарачката/спогодбата, пред трети страни, со исклучок на лица кои се овластени од
Купувачот и тие се сметаат за деловна тајна, освен за друштвата на ЕВН АГ.
Снабдувачот (Изведувачот) и Купувачот се должни да ги третираат како доверливи сите
информации, документи, службени писма, технички планови и оперативни информации
поврзани со исполнувањето на одредбите во договорот/нарачката/спогодбата, како и сите
други податоци поврзани со другата страна, нејзиниот состав, организација, финансиско
работење, технологија на работа, деловни односи, маркетиншки планови и услуги, вклучувајќи
и копии на податоци стекнати на кој било начин од другата договорна страна или, пак,
стекнати на кој и да е поинаков начин во текот на важноста на
договорот/нарачката/спогодбата (во натамошниот текст: Доверливи податоци). Без разлика на
начинот или обликот во којшто тие се разменуваат и без оглед дали се во усна, писмена или
електронска форма, Доверливите податоци се сметаат за деловна тајна и нивната употреба од
страна на договорните страни е ограничена, со единствена цел на преземање активности
насочени кон исполнување на испораката/услугата што е предмет на
договорот/нарачката/спогодбата. Доверливите податоци им се единствено достапни на
нивните вработени и одговорни лица, врз основа на нивните овластувања за вршење
одредени задачи во согласност со доделените работни обврски и задачи, како и само до
степенот до кој тоа е потребно за тие лица да ги исполнат нивните задачи во согласност со
договорот/налогот/спогодбата, и тие вработени се обврзуваат со договор да ја штитат
доверливоста на податоците.
Договорните страни се особено обврзани:
- да не ги откриваат доверливите податоци пред трета страна без претходна писмена
согласност или инструкција. Во контекст на овој член, изразот „откривање“ значи

63 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

овозможување пристап на трета страна до тие податоци, без оглед на формата и на тоа дали
станува збор за непосреден или посреден увид во податоците или усно пренесена
информација, без оглед на степенот до којшто тие се откриваат, односно делумно или
целосно и без оглед на тоа дали се откриени со намера или поради небрежност.
- да не ги употребуваат доверливите податоци директно или индиректно за лична придобивка
или во корист на трета страна;
- да ги вратат или, доколку тоа им биде наложено, да ги уништат сите доверливи податоци,
односно материјали и средства што содржат доверливи податоци во врска со другата
договорна страна, вклучувајќи ги сите примероци, без оглед на формата во која се
обезбедени, на барање на другата страна или веднаш по завршувањето на задачите на коишто
се однесуваат доверливите информации.
Доколку договорните страни ангажираат подизведувач во својство на партнер при
исполнувањето на договорот/нарачката/спогодбата, тогаш подизведувачот е законски обврзан
да ја почитува доверливоста на податоците и веќе утврдените услови на овој договор/ нарачка.
Понатаму, договорната страна којашто ангажирала подизведувач е одговорна кон другата
договорна страна за заштита на доверливоста на податоците кои би се размениле како дел од
реализацијата на овој договор/куповен налог, како и за надомест на штета настаната како
резултат на непридржување до горенаведената должност.
Договорните страни остваруваат заемна соработка, со цел да утврдат какви било сомнителни,
незаконски, лажни или несоодветни активности и технички дефекти во рамките на системот, и
должни се да преземат мерки за нивно надминување.
Договорните страни може да извршуваат одредени активности во рамките на овластувањата
предвидени со овој договорот/нарачката/спогодбата и во рамките на законските
ограничувања, и тие може да не се вршат за која било друга цел или да се доставуваат до
трети страни.
22. Обврската за заштита на личните податоци и чувањето на деловната тајна е задолжителна од
моментот кога се дознаваат и таа обврска останува на сила во текот на важноста на
договорот/нарачката/спогодбата, како и по раскинување на договорот. При обработка на
личните податоци, договорните страни се должни да постапуваат во согласност со Законот за
заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и поврзаните интерни акти со
кои се регулира заштитата на личните податоци. Секоја договорна страна е должна да ја
надомести секоја штета настаната како резултат на повреда на договорните обврски поврзани
со доверливоста и заштитата на лични податоци утврдени со овој договор/нарачка/спогодба.
Кога договорниот однос е раскинат од која било причина, страните се заемно обврзани да ѝ
ги вратат личните податоци на другата страна без одложување. Откако ќе се исполни целта за
којашто се прибрани личните податоци, тие се бришат од базата на податоци.
Договорните страни се должни да применуваат соодветни технички и организациски мерки за
да ги заштитат личните продатоци од ненамерно или незаконско уништување, бришење,
модификација, обелоденување или неовластен пристап.
Договорните страни се согласни да постапуваат исклучиво во согласност со насоките добиени
од другата договорна страна при обработка на личните податоци на нивните крајни
корисници.
Договорните страни се должни да применуваат соодветни технички и организациски мерки за
заштита на личните податоци, во согласност со процедурата на Купувачот за заштита на лични
податоци и неговиот Правилник за заштита на индивидуалното право на приватност при
обработка на лични податоци кај Купувачот и документација со опис на техничките мерки, со
цел да се обезбедат тајноста и заштитата при обработката на личните податоци пропишана од
страна на Агенција за заштита на лични податоци.
Доколку Снабдувачот (Изведувачот) ангажира подизведувач како партнер при исполнувањето
на условите во договорот/нарачката/спогодбата, тогаш Снабдувачот (Изведувачот) е должен да
64 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

го обврзе подизведувачот да спроведе технички и организациски мерки за заштита на личните


податоци. Обврската за доверливост на податоците е на сила 2 (две) години по денот на
којшто е раскинат договорот / куповниот налог.

Пренос на обврски

23. Снабдувачот (Изведувачот) не смее делумно или целосно да ги пренесе обврските кои
произлегуваат од договорот без писмена согласност на Купувачот. Преносот на обврските не
го ослободува Снабдувачот (Изведувачот) од каква било одговорност, гаранција или друга
договорна oбврска. Договорните страни може да ги пренесуваат, да отстапуваат од, да ги
изедначат или на поинаков начин да ги оттуѓат сите или дел од правата и обврските кои
произлегуваат од договорот/нарачката/спогодбата дури откако истиот ќе стапи на сила и само
со претходна писмена согласност на другата договорна страна, која се дава во рок од 30 дена
по приемот на релевантното барање на писмената согласност, а доколку во рамките на
горенаведениот временски период не е добиена писмена согласност, тогаш таа се смета за
одбиена.

Снабдувачот (Изведувачот) гарантира дека секој поддоговор што го склучува ги содржи


релевантните одредби на договорот/нарачката/спогодбата. Пренос или склучување
поддоговор што се коси со оваа одредба се смета за неважечки, ништовен и без правна сила
во однос на Купувачот и не се зема предвид од страна на Купувачот.

Снабдувачот (Изведувачот) го штити, ослободува и чува Купувачот од сите тужби, барања,


дејствија, процеси, штети, загуби, даноци или трошоци кои се претрпени, настанати или
поврзани со преносот или склучувањето поддоговори.

Купувачот има право да го пренесе договорниот однос, вклучително и сите права и обврски
што произлегуваат од него, на поврзано друштво, во согласност со Законот за облигациони
односи и Законот за трговските друштва.

Раскинување

24. Договор /нарачка /спогодба се раскинува:


- со спогодба, на барање на една или двете договорни страни
- доколку Снабдувачот (Изведувачот) не ги исполнува обврските согласно
договорот/нарачката, по известување доставено најмалку 10 (десет) дена претходно
- во случај на стечај, отпочнување постапка за ликвидација на Снабдувачот (Изведувачот) или
во случај на несолвентност на Снабдувачот (Изведувачот) од која било друга причина
- од страна на Купувачот, без никаква причина, со известување доставено 30 (триесет) дена
пред датумот на којшто Снабдувачот (Изведувачот) го примил барањето за раскинување на
договорот / нарачката
- веднаш и без рок за известување, доколку Снабдувачот (Изведувачот) не исполни некоја од
договорните обврски што може значително да влијае врз работењето на Купувачот.

25. Доколку Снабдувачот (Изведувачот) не ги исполни обврските во однос на реализацијата на


договорот, Купувачот има право или да инсистира на исполнување на предвидената работа во
согласност со договорот или да достави писмено известување за негово откажување од
договорот, во кое наведува соодветен грејс-период, ако предвидената работа не се реализира
во текот на горенаведениот грејс-период. Освен тоа, Снабдувачот (Изведувачот) е должен да ја
плати штетата претрпена од страна на Купувачот. Доколку е тоа законски прифатливо во

65 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

согласност со одредбите на Законот за облигациони односи, Купувачот има право веднаш да


го поништи договорот во случај на неликвидност, презадолженост или значително влошување
на финансиската состојба на Снабдувачот (Изведувачот) или, пак, доколку постапката за
несолвентност што се води против Снабдувачот (Изведувачот) биде отфрлена поради
недоволно средства за покривање на трошоците на постапката. Исто така, Купувачот има
право да го поништи договорот во случај на промена на сопственичата структура на
Снабдувачот (Изведувачот) за повеќе од 50% или во случај на друга де факто промена на
контролата. Во случај на такво поништување, Купувачот ќе плати само износ што е соодветен
на веќе обезбедените стоки, испораки/услуги/работи од страна на Снабдувачот (Изведувачот),
под услов Купувачот да може истите да ги искористи во согласност со утврдените договорни
цели. Купувачот во ниту еден случај не е должен да плати повеќе од пропорционалниот
надоместок.

Меродавно право/ месна надлежност

26. Законот за облигациони односи и другите важечки закони и прописи во Република Северна
Македонија се применуваат во однос на одредбите за гаранција и другите одредби
дефинирани во овие Општи услови за набавка и/или во договорот/нарачката/спогодбата .

27. Граѓанскиот суд Скопје за стопански предмети, Република Северна Македонија, е судот со
единствена месна надлежност за двете договорни страни. Сепак, Купувачот има право да
поднесе тужба против Снабдувачот (Изведувачот) и во неговото место на надлежност. Се
применуваат македонските закони; Конвенцијата на Обединети нации за договори за
меѓународна продажба на стоки и начелата за судир на закони од Регулативата Рим I се
неважечки. Договорот е сочинет на македонски јазик, освен доколку не е поинаку наведено во
договорот/нарачката.

Други одредби

28. Доколку одделни одредби на постојните Општи услови за набавка на Групацијата ЕВН
Македонија се или станат делумно или целосно неправосилни, неважечки или неспроведливи,
тоа не влијае врз важноста на останатите одредби. Наместо одредбите кои се неправосилни,
неважечки или неспроведливи, договорните страни усвојуваат регулатива којашто во најголема
можна мера одговара на целта на неправосилната, неважечката или неспроведливата
одредба, во согласност со намерата на страните и со намерата и целите на склучениот
договор.

Овластено/Одговорно лице на
Место и датум Економскиот оператор *

___________________________ ___________________________
(потпис)

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

66 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

ПРИЛОГ Бр. 13

Клаузула за општествена одговорност на ЕВН групацијата

Добавувачот изјавува дека е запознаен со содржината на клаузулата за општествена

одговорност, која е обврзувачка и за ЕВН групацијата и која ќе ја запази при извршувањето на неговите
достави/услуги. Нарачателот го има правато во секое време да го провери придржувањето до оваa
клаузула. Во случај на кршење на ова задолжение нарачателот има право да бара преговарање за
повторно воспоставување на условите од договорот.

Доколку Добавувачот не го исполни ова барање во рок од еден месец или утврдениот

недостаток не го отклони или поправи во заеднички утврдениот рок, нарачателот има

право веднаш да го раскине договорот. Доколку Добавувачот одбива да ги изврши или ги

спречува овие проверки, нарачателот има право веднаш да го раскине договорот. Освен

тоа Добавувачот дополнително се обврзува да ги пренесе овие задолженија на своите

Добавувачи и под-Добавувачи со извршувањето на следните основни уредби и принципи.

1. Признавање на човекови права. Од нашите Добавувачи како и нивните под-Добавувачи се очекува


да ја признаат и поддржат Декларацијата на човекови права на Обединети нации, како и да
гарантираат дека не се вклучени во нарушување на човечките права.

2. Без работа на деца и принудна работа. Нашите Добавувачи и нивните под-Добавувачи при
производството на нивните продукти или при извршување на нивните услуги нема да користат ниту
пак ќе поддржат работа на деца, принудна работа или друг недоброволен труд според конвенцииите
на интернационалната организација на трудот (ИЛО).

3. Без дискриминација и малтретирање на работно место. Со секој вработен треба да се

постапува со респект и достоинство. Ниту еден работник не треба да биде физички, психички,
сексуално или вербално малтретиран, дискриминиран или злоупотребен поради неговиот пол, раса,
религија, неговата возраст, потекло, хендикеп, сексуална и политичка определеност или поглед на
свет.

4. Здравствена заштита и сигурност на работно место. Треба да се гарантира дека нашите

Добавувачи или нивните под-Добавувачи им гарантираат на нивните вработени здравствена заштита и


сигурност на работното место со тоа што ги запазуваат соодветните закони и прописи. Мора да биде
овозможен слободен пристап до питка вода, санитарни простории, соодветна опрема за заштита од
пожар, осветлување, вентилација и ако е неопхпдно –соодветна опрема за лична заштита. Вработените
треба да бидат обучени за исправно користење на заштитната опрема и за познавање на општите
одредби за безбедност.

5. Работни и социјално правни прописи. Нашите Добавувачи и нивните под-Добавувачи се обврзани


при спроведување на порачките да се придржуваат до важечките работни и
67 | P a g e
Јавна набавка на 20 kV ќелии за ТС 110/35/10(20) kV Централна
Документација за Јавен Повик бр. 07-08/2021 со примена на Постапка со преговори со претходно
објавување јавен оглас

социјално правни одредби од соодветната земја на извршување.

6. Транспарентност на работно време и плата. Работното време треба да биде во согласност со


важечките закони. Вработените кај нашите Добавувачи и нивните под-Добавувачи треба да имаат
договори во кои е утврдено фиксното работно време и платата.

7. Заштита на животна средина. Ние очекуваме од нашите Добавувачи и нивните под-

Добавувачи дека во рамките на нивната претприемачка дејност ќе ги запазат соодветните

закони и подзаконски акти за заштита на животната средина и дека при извршување на

нивните услуги/испораки соодветно ќе ги проценат економските, еколошките и социјалните аспекти и


на тој начин да ги земат во предвид принципите на постојаниот развој.

8. Намалување на користење на ресурси, отпад и емисии. Постојаното подобрување при

ефикасното користење на ресурсите е важен дел на управувањето и раководењето на

фирмата. Нашите Добавувачи и нивните под-Добавувачи треба да го минимизираат

исфрлањето на отпадот од секаков вид како и емисииите во воздух, во вода или во земја.

9. Високи етички стандарди. Ние очекуваме од нашите Добавувачи и нивните под-Добавувачи дека ќе
покажат високи стандарди на етика во фирмата, да ги запазат соодветни државни закони (особено
работните, законот за заштита на конкуренција, картелните договори и законот за заштита на
потрошувачи) и на никаков начин да не се впуштаат или да земат учество во корупција, подмитување,
измама или изнудување.

10. Транспарентни деловни односи. Нашите Добавувачи и нивните под-Добавувачи не треба да нудат,
бараат, гарантираат или примаат подароци, плаќања или било кој друг вид на вакви предности и
активности, кои што може една личност да наведат да ги прекрши своите задолженија.

11. Право на собир и штрајк. Лицата вработени кај нашите Добавувачи и под-Добавувачи траба да
имаат можност во рамките на законските одредби на земјата во која што работат да учествуваат во
собири и штрајкови без да стравуваат од последици.

Овластено/Одговорно лице на
Место и датум Економскиот оператор *

___________________________ ___________________________
(потпис)

* Документот се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски


потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

68 | P a g e

You might also like