You are on page 1of 1

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ


НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 8 став (5) од Правилникот за лиценци („Службен весник на Република
Северна Македонија” бр.51/19, 54/19, 214/19, 114/20, 246/20 и 44/21), Регулаторната комисија за
енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на 1 февруари 2022 година објавува

СООПШТЕНИЕ

Друштвото за трговија, производство и услуги ЃЕРМАН-ИГРИ увоз извоз ДООЕЛ Македонски


Брод, со седиште на ул. Маршал Тито бр.3 Македонски Брод, на 27 јануари 2022 година до
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесе
Барање УП1 бр.12-20/22 за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на
електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ,,ЃЕРМАН СОЛАР’’ со инсталирана моќност
од 46,44 kW.
Друштвото за трговија, производство и услуги ЃЕРМАН-ИГРИ увоз извоз ДООЕЛ Македонски
Брод, со барањето достави Решение со кое се одобрува поставување на фотонапоснки панели за
производство на електрична енергија на со максимален инсталиран капацитет до 46,44 kW поставени
на кровна површина на објект во сопственост на ДПТУ ГЕРМАН ИГРИ ДООЕЛ од Македонски Брод
ул. Маршал Тито бр.3, КП бр.3959/1 запишана во ИЛ бр.1822 за КО Македонски Брод, со УП1 бр.09-
48/2021 од 18 ноември 2021 година, со правосилност од 18 ноември 2021 година, и Решение за измена
на решението бр. УП1 бр.09-48/2021 од 18 ноември 2021 година, издадени од општина Македонски
Брод.

Целта за стекнување на лиценцата e производство на електрична енергија за продажба на


слободниот пазар.
Побараното времетраење на лиценцата е 35 години.

Со почит,

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги


на Република Северна Македонија

ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат  1000 Скопје,
Република Северна Македонија
Централа 02 3233-580  Факс: 02 2556 004  www.erc.org.mk  e-mail: erc@erc.org.mk

You might also like