You are on page 1of 1

Почитувани,

Во прилог на пораката Ви ги доставуваме прегледите на регистрираните податоци во


матичната евиденција за сите Ваши вработени.

По добивањето на прегледот на регистрирани податоци, согласно став (3) на членот 207-а од


Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
(“Сл. Весник на РМ“) бр. 113/2014, должни сте, веднаш на осигуреникот да му го доставите
Прегледот, во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата
на личните податоци.

Доколку податоците не се во целост регулирани, односно не се потполни или се неточни со


добиениот Преглед, осигуреникот потребно е да се обрати во филијалите/деловниците на
Фондот.

Истовремено, Ве известуваме дека Фондот почнувајќи од 01.06.2015 година овозможи


интернет пристап до регистираните податоци во матична евиденција.

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да
се добие со поднесување на барање до Филијалите или Деловниците на Фондот. Образецот на
барањето може да се превземе и од web страна www.piom.com.mk<http://www.piom.com.mk> и
порталот за Е-услуги.

Пополнетото барање се поднесува лично на шалтерите, документ за лична идентификација


на увид ( лична карта или патна исправа ). Врз основа на пополнетото барање, се добива
корисничко име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку
интернет.

Доколку имате проблем со читање на текстот од пораката, треба да ги превземете фонтовите


SkolaSerif или SkolaSans од www.mioa.gov.mk<http://www.mioa.gov.mk> за македонска подршка.
Attached INFORMACIJA ZA PORAKA1.PDF го содржи текстот погоре.

Dokolku imate problem so citanjeto na tekstot od porakata , treba da go prevzemete SkolaSerif ili
SkolaSans od www.mioa.gov.mk<http://www.mioa.gov.mk> za makedonska podrska . Attached
INFORMACIJA ZA PORAKA1.PDF go sodrzi tekstot pogore.

Со почит

Фонд ПИОСМ

Ова е автоматска порака, Ве молиме не одговарајте на истата. За информации


обратете се на нашиот емаил: info@piom.com.mk.

You might also like