You are on page 1of 16

Број 113 Год.

LXV Петок, 11 септември 2009 Цена на овој број е 260 денари

www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk

СОДРЖИНА

Стр. Стр.
2147. Указ за отповикување од должноста 2154. Решение за формирање на Национа-
вонреден и ополномоштен амбасадор лен совет за заштита на природата….. 13
на Република Македонија во Руската 2155. Решение од Комисијата за хартии од
Федерација............................................. 2 вредност................................................. 13
2148. Прилог на Уредбата за утврдување 2156. Решение од Комисијата за хартии од
на подрачјата со површини на кои не- вредност................................................. 14
може да се ослободува генетски мо- 2157. Заклучок од Комисијата за хартии од
дифициран репродуктивен материјал вредност................................................. 14
во животната средина............................ 2 2158. Одлука за избор на овластено друшт-
2149. Програма за изменување на Програ- во за ревизија......................................... 14
мата за изградба и реконструкција на 2159. Правилник за изменување и допол-
основни училишта за 2009 година…... 4 нување на Правилникот за начинот на
2150. Програма за изменување и дополну- полагање на испитот, формата и содр-
вање на Програмата за финансиска жината на уверението и висината на
поддршка во земјоделството за 2009 трошоците за полагањето на испитот
година…………………………………. 8 за стекнување на звањето овластен
2151. Програма за изменување и дополну- државен ревизор.................................... 15
вање на Програмата за развој на прет-
приемништвото, конкурентноста и Меѓународни договори
иновативноста на малите и средни 29. Закон за ратификација на Договорот
претпријатија во 2009 година………... 8 за статусот и активностите на Посто-
2152. Правилник за изградба, одржување јаната работна група за регионален
и безбедно функционирање на куќен рурален развој со седиште во Скопје,
приклучок за гас за работен притисок Република Македонија......................... 1
до 4 бари………………………………. 9 30. Закон за ратификација на Заедничка-
2153. Правилник за дополнување на Пра- та конвенција за сигурност при упра-
вилникот за надоместоците што се вување со искористено нуклеарно го-
плаќаат во постапките што се водат риво и сигурност при управување со
согласно Законот за лековите и меди- радиоактивен отпад............................... 25
цинските помагала……………………. 12 Огласен дел................................................ 1-32
Стр. 2 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


2147.
Врз основа на член 84, алинеја втора од Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 52/91), донесува

УКАЗ
ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ ОД ДОЛЖНОСТА ВОНРЕДЕН И ОПОЛНОМОШТЕН АМБАСАДОР
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

I
г-дин Златко Лечевски се отповикува од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република
Македонија во Руската Федерација, со седиште во Москва.

II
Министерот за надворешни работи ќе го изврши овој указ.

III
Овој указ влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Указ бр. 10 Претседател


5 август 2009 година на Република Македонија,
Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р.

_______________

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


2148.
Во Уредбата за утврдување на подрачјата со површини на кои не може да се ослободува генетски
модифициран репродуктивен материјал во животната средина, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 112
од 9 септември 2009 година, се додава Прилог кој е составен дел на оваа уредба.
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 3

Од Владата на
Република Македонија
Стр. 4 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

2149.
Врз основа на член 39 став 1 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2009
година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 166/08), Владата на Република Македонија, на
седницата одржана на 1.09.2009 година, донесе

ПРОГРАМА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ
УЧИЛИШТА ЗА 2009 ГОДИНА

1. Во Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2009 година („Службен весник на


Република Македонија“ бр. 6/09), во точка 1, табелите „Опис на градежни интервенции и износи по училишта
Потпрограма ЅА – Изградба“ и „Опис на градежни интервенции и износи по училишта Потпрограма ЅБ –
Реконструкција“, се менуваат и гласат:
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 5
Стр. 6 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 7

2. Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 19-4080/1 Заменик на претседателот


1 септември 2009 година на Владата на Република
Скопје Македонија,
м-р Зоран Ставрески, с.р.
Стр. 8 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

2150. 2151.
Врз основа на член 30 и член 31 од Законот за извр- Врз основа на член 36, став 5 од Законот за Владата
шување на Буџетот на Република Македонија за 2009 на Република Македонија („Службен весник на Репуб-
година („Службен весник на Република Македонија“ лика Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07,
бр. 166/08), член 7 од Законот за органско земјоделско 19/08 и 82/08), Владата на Република Македонија, на
производство („Службен весник на Република Македо- седницата одржана на 1.09.2009 година, донесе
нија“ бр. 16/04 и 89/08) член 51 од Законот за тутун и
тутунски производи („Службен весник на Република ПРОГРАМА
Македонија“ бр. 24/06 и 88/08) и член 15 од Законот за ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРА-
рибарство и аквакултура („Службен весник на Репуб- МАТА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, КОН-
лика Македонија“ бр. 7/08), Владата на Република Ма- КУРЕНТНОСТА И ИНОВАТИВНОСТА НА МАЛИТЕ
И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО 2009 ГОДИНА
кедонија, на седницата одржана на 1.09.2009 година,
донесе I
Во Програмата за развој на претприемништвото,
ПРОГРАМА конкурентноста и иновативноста на малите и средни
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГ- претпријатија во 2009 година („Службен весник на Ре-
публика Македонија“ бр. 3/09) во дел I по бројот „425“
РАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО
се става запирка и се додава бројот „426“, а зборовите:
ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2009 ГОДИНА „30.000.000 (триесет милиони денари)“ се заменуваат
со зборовите: „28.500.000 (дваесет и осум милиони и
I петстотини илјади денари)“.
1. Во Програмата за финансиска поддршка во зем-
II
јоделството за 2009 година („Службен весник на Ре-
Во дел II, во точка 1. Активности и проекти преку
публика Македонија“ бр. 3/09, 23/09, 45/09, 70/09 и Министерството за економија (потпрограма ДГ) изно-
84/09) во делот III во табелата, во колоната „Вид на сот „10.000.000“ се заменува со износот „9.500.000“.
мерка“ во потточката 2.12, зборот „продадени“ се заме- Во потточка 1.2. Кофинансирање на трошоци на
нува со зборот „заклани“. бизнис центрите за проекти од нефинансиска природа
на МСП, износот „2.050.000“ се заменува со износот
2. Во делот XIII по став 5 (пет) се додаваат два нови
„2.000.000“.
става 6 (шест) и 7 (седум) кои гласат: Во потточка 1.5. Форум за МСП – организирање на
„Доколку при контролата на лице место се утвр- 2 регионални и една национална конференција износот
ди дека големината на површината на земјоделското „200.000“ се заменува со износот „100.000“. Потточка
земјиште, односно бројот на животните е помал од 1.6. се брише.
5% од утврдената големина со административната
III
контрола, исплата на средства се врши за површина- Во дел II, во точка 2. Активности и проекти преку
та, односно животните кои се утврдени со контрола- Агенцијата за поддршка на претприемништвото (пот-
та на лице место. програма 40) износот „20.000.000“ се заменува со изно-
Доколку при контролата на лице место се утврди сот „19.000.000“.
дека големината на површината на земјоделското зем- Во потточка 2.1. Агенцијата за поддршка на прет-
приемништвото на Република Македонија износот
јиште, односно бројот на животните се помали за пове-
„8.500.000“ се заменува со износот „8.000.000“.
ќе од 5% од утврдената големина со административна- Во потточка 2.2. Кофинансирање на Фондот за раз-
та контрола, исплата на средства не се врши за намена- вој на човечки ресурси, износот „1.200.000“ се замену-
та за која се утврдени разлики со контролата на лице ва со износот „1.000.000“.
место.“ Во потточка 2.14. Промотивни активности (саеми,
работилници, деловни партнерства) износот „600.000“
се заменува со износот „300.000“.
II
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од IV
денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб- Оваа програма влегува во сила наредниот ден од
лика Македонија“. денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-
лика Македонија“.
Бр. 19-4082/1 Заменик на претседателот Бр. 19-4195/1 Заменик на претседателот
1 септември 2009 година на Владата на Република 1 септември 2009 година на Владата на Република
Скопје Македонија, Скопје Македонија,
м-р Зоран Ставрески, с.р. м-р Зоран Ставрески, с.р.
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 9

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА Член 9


2152. Куќниот приклучок за гас се положува на длабочи-
Врз основа на член 119-а од Законот за енергетика на на вкопување од 0,6 до 1,0m.
(„Службен весник на Република Македонија” бр. По исклучок од став 1 од овој член, длабочината на
63/2006, 36/2007 и 106/2008), министерот за економија вкопување може да се намали на 0,5m, односно да се
донесе зголеми до 2m, без преземање на посебни мерки на за-
штита како што е дадено во Прилог кој е составен дел
ПРАВИЛНИК на овој правилник - слика 1.
ЗА ИЗГРАДБА, ОДРЖУВАЊЕ И БЕЗБЕДНО ФУНК-
ЦИОНИРАЊЕ НА КУЌЕН ПРИКЛУЧОК ЗА ГАС Член 10
ЗА РАБОТЕН ПРИТИСОК ДО 4 БАРИ Деловите на куќниот приклучок за гас меѓусебно се
поврзуваат на начин со кој се обезбедува цврстина и
Член 1 непропусливост на куќниот приклучок за гас како што
Со овој правилник се пропишуваат нормативите за е дадено во Прилог на овој правилник - слика 2.
изградба, одржување и безбедно функционирање на
куќен приклучок за гас за работен притисок до 4 bar. Член 11
При воведување во зграда, водовите на куќниот
Член 2 приклучок за гас се поставуваат во суви простории.
Како куќен приклучок за гас, во смисла на овој пра- Просториите и деловите на гасоводот кои се наоѓаат во
вилник, се смета делот на дистрибутивниот гасовод кој нив треба да бидат пристапни. Водовите на куќниот
приклучок за гас треба да бидат заштитени од механич-
го спојува дистрибутивниот гасовод со внатрешната
ки оштетувања.
инсталација за гас и кој завршува со главен запорен це-
вен затворач. Член 12
Куќен приклучок за гас не се поставува во просто-
Член 3 рии во кои се складираат експлозивни или лесно запал-
Трасата на куќниот приклучок за гас е составен дел ливи материи.
на проектната документација на објектот.
Член 13
Член 4 Ако куќниот приклучок за гас се поставува во по-
Куќниот приклучок за гас се положува на пристап- драчја во кои е можно поместување, односно слегнува-
ни места и треба да биде заштитен од оштетувања. ње на тлото, се преземаат дополнителни мерки за за-
штита.
Член 5
Димензионирањето на куќниот приклучок за гас се Член 14
врши во зависност од видот на дистрибутивниот гасо- Куќниот приклучок за гас, вклучувајќи ги и фазон-
ските делови, цевните затворачи и споевите, се израбо-
вод со кој се спојува, работниот притисок за кој е прое-
туваат и поставуваат така што при нормална работа да
ктиран, односно изведен дистрибутивниот гасовод со
ги издржат настанатите напрегања и да бидат непро-
кој се поврзува, а земајќи го предвид работниот прити- пустни.
сок на апаратите на гас.
Член 15
Член 6 Преминот од полиетиленски цевки на метални, се
Цевководите на куќниот приклучок за гас се водат поставува подземно до зградата.
право и по најкраткиот пат од дистрибутивниот гасо- Полиетиленските цевки од куќниот приклучок за
вод до зградата. Цевководите се водат така што поло- гас се поставуваат во земја под зградата, под услов
жувањето на дистрибутивниот гасовод да се одвива преминот од еден материјал на друг да се изврши во
несметано од други предмети и трасата да остане трај- метална заштитна цевка. Металната заштитна цевка
но пристапна. треба да преминува преку надворешната и внатрешна-
та страна на ѕидот или да излегува од подот кај згради
Член 7 без подрум.
Водовите на куќниот приклучок за гас низ шуплини
или под делови од зградата (тераси, скалила) се поло- Член 16
жуваат во заштитни цевки. Прстенестиот простор помеѓу цевките на куќниот
приклучок за гас и заштитната цевка, како и монтажни-
от отвор помеѓу заштитната цевка и ѕидот или подната
Член 8
плоча, треба да биде непропусен кон внатрешниот дел
Растојанието на куќниот гасен приклучок од под- од зградата.
земните инсталации се одредува во зависност од дија- При поставување во зграда на куќен приклучок за
метарот на цевките. Најмалото растојание помеѓу куќ- гас од полиетиленски цевки, се вградуваат метални за-
ниот приклучок за гас и секаков вид кабел или други штитни цевки. Овие метални заштитни цевки се поста-
водови ќе биде 0,2m. вуваат под зградата.
Стр. 10 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

Член 17 Кај куќните приклучоци за гас со работен притисок


Деловите на куќниот приклучок за гас кои се поста- над 1 bar, без оглед на називниот пречник, пред зграда-
вени надвор од земја се положуваат така што се зашти- та се вградува еден запорен цевен затворач.
тени од смрзнување, односно со топлинска изолација.
Деловите од куќниот приклучок за гас кои не се под Член 23
земја се заштитуваат од корозија и од механички оште- Во електро-проводниот метален дел на куќниот
тувања. приклучок за гас се вградува изолационен дел кој ги
Деловите на куќниот приклучок за гас од полиети- исполнува условите според националните стандарди
ленски цевки поставени надвор од земја се заштитува- кои се транспозиција на европските стандарди од обла-
ат од влијанието на сончевите зраци со употреба на че- ста на енергетиката. Ако изолациониот дел се вградува
лични цевки. во зграда, треба да биде отпорен на зголемени термич-
ки оптоварувања и да е соодветно означен.
Член 18 Изолациониот дел може да биде конструктивно
Деловите на куќниот приклучок за гас кои се поста- споен со главниот запорен цевен затворач. Кај куќните
вени надвор од земја, а не се галванизирани, се зашти- приклучоци за гас од полиетиленски цевки со премин
туваат со боја на начин и под услови утврдени со про- на метален вовед, изолациониот дел се поставува како
писите за технички мерки за заштита на челични кон- пасивна заштита од корозија.
струкции од корозија.
Член 24
Член 19 Заштитните цевки треба да бидат изработени од ма-
Делот на куќниот приклучок за гас од челични це- теријал отпорен на корозија или заштитени од корози-
вки се заштитува од корозија на еден од следниве начи- ја, чија должина е условена од просторијата во која се
ни: положува куќниот приклучок за гас.
1) со фабрички изработени полиетиленски обвивки, Дијаметарот на заштитната цевка зависи од дијаме-
2) со битуменски обвивки и со дополнителна надво- тарот на цевката на куќниот приклучок за гас.
решна заштита, Цевката на куќниот приклучок за гас треба да лежи
3) со заштитни траки и со дополнителна механичка централно во заштитната цевка. Кружниот прстенест
заштита според упатството на производителот на тра- зазор се заптива од внатрешната страна со помош на
ката или материјал за заптивање, со кој истовремено се центри-
4) со трајно еластични траки на база на бутил-кау- ра куќниот приклучок за гас. Материјалот за заптивање
чук. треба да биде отпорен на корозија и механички оште-
тувања.
Член 20 Ако за заптивање на прстенестиот простор кај ци-
Контролата на квалитетот на изведената изолација линдричните заштитни цевки се користат метални пр-
на куќниот приклучок за гас и дистрибутивниот гасо- стени, тогаш се вградуваат најмалку три прстени.
вод изработен од челични цевки се врши по затрупува-
њето на ровот во непосредна близина на приклучокот.
Член 25
Премините од полиетиленски кон челични цевки се
Член 21
изведуваат во облик на:
Покрај заштитата од корозија, куќниот приклучок
1) споеви со стегнување,
за гас може да се заштити и со катодна заштита.
2) фабрички изработени споеви или
Под влијание на катодната заштита, изведената изо-
3) метални заштитни цевки.
лација не смее да ги губи своите својства.
Цврстината на истегнување на споевите со затегну-
На местата каде што делот на куќниот приклучок за
вање треба да биде поголема од цврстината на истегну-
гас е поставен на заземјени носачи (конструкцијата на
вање на цевките кои се спојуваат.
зграда, столбови, носачи), тој дел треба да се изолира
од носачите. Фабрички изработените споеви треба да имаат до-
Член 22 каз за квалитет.
Непосредно по влезот на куќниот приклучок за гас Металната заштитна цевка треба да биде заптивена,
во зградата, на пристапно место се вградува главен за- така што во случај на пожар да се спречи истекување
порен цевен затворач кој ги исполнува условите од на- на гасот во објектот.
ционалните стандарди кои се транспозиција на европ- Споевите со затегнување и цевните капсули се ко-
ските стандарди од оваа област. Главниот запорен це- ристат за цевки чиј пречник не е поголем од 63mm.
вен затворач може да се вгради и надвор од зградата во
приклучен ормар или во ѕиден ормар. Член 26
Кај куќниот приклучок за гас чиј називен пречник е Парчињата во облик на Т за наварување на спојот
еднаков или поголем од DN 80, зависно од работниот на куќниот приклучок за гас на дистрибутивниот гасо-
притисок, надвор од зградата се вградува и посебен за- вод, треба да се обликуваат така што да се постигне
порен цевен затворач. пропишан квалитет на заварениот спој.
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 11

За спојување со дополнително дупчење се користи За заптивање на навојните споеви се користат зап-


метална и полиетиленска арматура. тивни средства кои не се стврднуваат со текот на вре-
мето и кои се постојани на гас и кондензат, промена на
Член 27 температура, вибрации и на пенливи средства за детек-
На полиетиленските цевки се дупчат дупки чии ција на пропуштање на гас.
пречници се дадени во табелата 1 Заптивните средства не треба да бидат агресивни
спрема лен, коноп или кон друг носител на заптивниот
материјал.

Член 33
Како прирабнички споеви се користат фабрички из-
работени цевки со прирабници, односно слободни при-
рабници (метални или пластични) со краеви за предза-
варување кои се заваруваат на лице место.

Член 34
Положбата и длабочината на вкопување на куќниот
Член 28 приклучок за гас се снимаат геодетски.
Спојувањето на куќниот приклучок за гас со вна-
трешната гасна инсталација се врши со: Член 35
- навојни споеви, според националните стандарди Почетокот на куќниот приклучок за гас трајно се
кои се транспозиција на европските стандарди од оваа означува со плочка со натпис.
област,
Положбата на главниот запорен цевен затворач тре-
- прирабнички споеви, според националните стан-
ба да биде трајно воочлива и означена со натписна
дарди кои се транспозиција на европските стандарди
плочка според националните стандарди кои се транс-
од оваа област,
позиција на европските стандарди од областа на енер-
- спојни делови за метални цевки со глатки краеви ,
гетиката.
според националните стандарди кои се транспозиција
Положбата на главниот запорен цевен затворач мо-
на европските стандарди од оваа област,
же да се означи и внатре во зградата.
- заварени споеви, според националните стандарди
Ако со помош на еден куќен приклучок за гас се
кои се транспозиција на европските стандарди од оваа
област. снабдуваат повеќе згради, во близина на главниот запо-
рен цевен затворач се поставува плочка со натпис на
Член 29 која се означени зградите кои се снабдуваат со гас пре-
Преносот на сили преку куќниот приклучок за гас ку тој куќен приклучок за гас.
на внатрешната инсталација се спречува со вградување Положбата на запорните цевни затворачи во земја
на осигурувач од извлекување. Ако куќниот приклучок се означува со помош на плочки со натпис како што е
за гас се води низ ѕид на зграда без заштитна цевка, дадено во Прилог на овој правилник - слика 3.
осигурувачот од извлекување се изведува како цврста
точка. Член 36
Ограничувач на сила се вградува ако силата може Куќниот приклучок за гас, пред пуштањето во ра-
да се пренесе на зградата. бота, се испитува на непропустливост при отворен гла-
вен запорен цевен затворач. Испитниот притисок треба
Член 30 да биде најмалку 2bar поголем од дозволениот работен
Работите од областа на заварување на челичните притисок.
цевки се вршат од оспособени заварувачи.
Квалитетот на заварените споеви треба да биде нај- Член 37
малку класа Б според стандардите од областа на квали- Ако куќниот приклучок за гас се положува во исто
тетот на заварените споеви. време со дистрибутивниот гасовод, испитувањето со
притисок на куќниот приклучок за гас се врши исто-
Член 31 времено со испитувањето на дистрибутивниот гасовод.
Заварувањето на цевки од полиетилен го изведуваат Ако куќниот приклучок за гас не се положува во
специјално обучени заварувачи. исто време со дистрибутивниот гасовод, испитувањето
се врши со пневматски тест.
Член 32
Кај куќните приклучоци на гас се користат навојни Член 38
споеви до DN 50 и PN 4 кои ги исполнуваат условите При испитување со притисок на куќен приклучок за
спрема националните стандарди кои се транспозиција гас наполнет со гас, визуелната контрола се врши со
на европските стандарди од оваа област. тестирање на заптивноста.
Стр. 12 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

Член 39 Легенда: 1- уличен гасовод; 2- кучен приклучок; 3-


При секое испитување со притисок, испитуваните надворешен запор (потребен кај ниски притисоци за
споеви треба да бидат исчистени од масти, бои и изола- називни пречници ≥DN80, а кај притисок ≥ 1 bar за кој
циски траки. било називен пречник; 4- влез во зграда (метална за-
штитна цевка –капсула со цврста точка во ѕидот или
Член 40 заштитна челична цевка со осигурувач од извлекува-
Пред пуштање на гас во куќниот приклучок за гас, ње); 5- осигурувач од извлекување (дополнителна мож-
се обезбедува потполно одведување на мешавината на ност); 6- дел за чистење (дополнителна можност); 7-
гас и воздух во слободната атмосфера. главен запор (по можност со вграден изолациски дел);
8- деллива спојка; 9- запор на гасометарот; 10 – куќен
Член 41 регулатор на притисокот на гасот; 11- двострук прик-
Завршените, а неповрзани куќни приклучоци за гас лучен дел за регулатор на притисок и за гасометар; 12-
со внатрешната гасна инсталација, се затвараат со ме- гасометар
тални чепови, капи или слепи прирабници.

Член 42
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од пример а) пример б)
денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-
лика Македонија”. А А

Бр. 12-3883/5
3 септември 2009 година Министер за економија,
Скопје Фатмир Бесими, с.р.
зграда 1 Б зграда 1 зграда 2
ПРИЛОГ
GZ - главен запор

В Главниот запор го затвора гасот


натписна плочка А за зградата 1 и зградата 2

натписна плочка Б Запорот го затвора гасот за


зградата 2
најмалку 60cm

Достава на гас од зградата 1


зграда 2 натписна плочка В
околу 20cm

______________

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
2153.
Врз основа на член 33, 37 став 6, 42, 43, став 2, 45
став 2, 47 став 2, 50 став 3, 64, 71 став 4, 78 став 4, 80
став 5, 103, 121 став 2, 123 став 6, 129 став 4, 130 став
9, 131 став 2 и 137 од Законот за лековите и медицин-
ските помагала („Службен весник на Република Маке-
донија“ бр. 106/07), министерот за здравство, донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НА-
ДОМЕСТОЦИТЕ ШТО СЕ ПЛАЌААТ ВО ПОСТАП-
КИТЕ ШТО СЕ ВОДАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА
ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ ПОМАГАЛА

Член 1
Во Правилникот за надоместоците што се плаќаат
во постапките што се водат согласно Законот за леко-
вите и медицинските помагала („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 43/2008 и 71/08) во членот
Слика 2: Пример на куќен приклучок за гас со 14, став 1 по точката 4 се додаваат две нови точки 5 и
регулатор и гасометар 6, кои гласат:
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 13

„5. отстранување на отпадот со лекови – 150 евра 5. проф. д-р Бранко Мицевски – Универзитет Све-
во денарска противвредност. ти „Кирил и Методиј“ Природно-математички факул-
6. За вршење на други стручни проценки на доку- тет, Институт за биологија.
ментацијата во врска со прометот со лековите и меди- 6. проф. д-р Лупчо Меловски - Универзитет Свети
цинските помагала – 10 евра во денарска противвред- „Кирил и Методиј“ Природно-математички факултет,
ност.“ Институт за биологија.
7. проф. д-р Драган Колчаковски – НВО Друштво
Член 2 за заштита на природата на Македонија
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од 8. м-p Хисен Џемаили – НВО Еколошко здружение
денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-
Скардус Тетово.
лика Македонија“.
Член 5
Бр. 15-8309/1
Оваа решение влегува во сила со денот на објавува-
9 септември 2009 година Министер,
њето во „Службен весник на Република Мaкедонија“.
Скопје д-р Бујар Османи, с.р.
________________
Бр.07-7551/1 Министер за животна средина
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И 31 август 2009 година и просторно планирање,
ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р.
__________
2154.
Врз основа на член 145 став (1) од Законот за за- КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
штита на природата („Службен весник на Република 2155.
Македонија” бр. 67/04, 14/06 и 84/07), министерот за Врз основа на член 131 став 1, 2, 4 и 5 од Законот за
животна средина и просторно планирање, донесе инвестициски фондови („Службен весник на РМ“ број
12/2009), Комисијата за хартии од вредност, на седни-
РЕШЕНИЕ цата одржана на 26.08.2009 година, донесе
ЗА ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА
ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА РЕ ШЕНИЕ

Член 1 1. Се утврдува неправилност во работењето на


Со ова решение се формира Национален совет за Друштвото за управување со фондови „Мој фонд“ АД
заштита на природата. Скопје во смисла на член 19 став 1 од Законот за инве-
стициски фондови поради именување на извршните
Член 2
членови на Одборот на директори на Друштвото за
Националниот совет за заштита на природата го со-
управување со фондови без согласност од Комисијата
чинуваат претседател и осум члена.
за хартии од вредност.
2. Се задолжува Друштвото за управување со фон-
Член 3
дови „Мој фонд“ АД Скопје, во рок од 30 дена од де-
Претседател на Национален совет за заштита на
нот на приемот на ова решение да ја отстрани утврде-
природата е министерот за животна средина и
ната неправилност во точка 1 од истото и до Комисија-
просторно планирање.
та за хартии од вредност да поднесе барање за добива-
Член 4 ње согласност за именување на извршните членови на
Како членови на Национален совет за заштита на Одборот на директори на Друштвото за управување со
природата се именуваат следните лица: фондови.
1. Виолета Дракуловска – претставник од здруже- 3. Жалбата не го одлага извршувањето на решение-
ние на општини. то.
2. акад. Ѓорѓи Филиповски – претставник од Маке- 4. Ова решение влегува во сила со денот на донесу-
донската академија на науките и уметностите. вањето и истото ќе се објави во „Службен весник на
3. акад. Владо Матевски - претставник од Македон- Република Македонија“.
ската академија на науките и уметностите.
4. проф. д-р Аслан Селмани – Универзитет Свети Бр. 08-1509/6 Комисија за хартии од вредност
„Кирил и Методиј“ Природно-математички факултет, 26 август 2009 година Претседател,
Институт за географија. Скопје Марина Наќева - Кавракова, с.р.
Стр. 14 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

2156. НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА


Врз основа на член 88 став 1, точка б) и став 2 и МАКЕДОНИЈА
член 184, точка л) од Законот за хартии од вредност 2158.
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. Врз основа на член 64 став 1 точка 15 од Законот за
95/2005, 25/2007 и 7/2008), Комисијата за хартии од Народната банка на Република Македонија („Службен
вредност, на седницата одржана на 26.08.2009 година, весник на Република Македонија“ бр. 3/02, 51/03,
донесе 85/03, 40/04, 61/05 и 129/06) и член 162 од Законот за
јавните набавки („Службен весник на Република Маке-
РЕШЕНИЕ донија“ бр. 136/07 и 130/08), а согласно Извештајот на
Комисијата за јавни набавки, Советот на Народната
банка на Република Македонија, донесе
1. Се дава согласност на Одлуката за измени и до-
полнувања на Правилата за котација на Македонска
ОДЛУКА
берза АД Скопје број 02-1361/1 од 8.05.2009 година, со
ЗА ИЗБОР НА ОВЛАСТЕНО ДРУШТВО
исклучок на член 2 од Одлуката. ЗА РЕВИЗИЈА
2. Се задолжува Македонска берза АД Скопје во
рок од 7 дена од денот на приемот на ова решение да 1. По спроведена постапка за јавна набавка на услу-
изврши промена на називот на пазарниот сегмент „Па- ги - извршување на надворешна ревизија за годишните
зар на јавно поседувани друштва“ во „Пазар на акцио- сметки и финансиските извештаи на Народната банка
нерски друштва со посебни обврски за известување“ и на Република Македонија за 2009, 2010 и 2011 година,
да го укине членот 2 од Одлуката за измени и дополну- се избира следниот понудувач:
вања на Правилата за котација на Македонска берза - ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО,
АД Скопје број 02-1361/1 од 8.05.2009 година. ул. „Маршал Тито“ бр. 12, Палата Македонија 4-ти кат,
3. Се задолжува Македонска берза АД Скопје, во Скопје.
рок од 15 дена од денот на приемот на ова решение, да 2. Се задолжува Дирекцијата за административно -
изготви пречистен текст на Правилата за котација и технички работи да ја спроведе оваа одлука.
истиот да го достави до Комисијата за хартии од вред-
ност. Образложение
4. Ова решение влегува во сила со денот на негово-
то донесување и истото ќе се објави во „Службен вес- Врз основа на донесената одлука број 3326/2 од
ник на Република Македонија“. 11.05.2009 година, Народната банка на Република Ма-
кедонија спроведе постапка за јавна набавка на услуги
- извршување на надворешна ревизија за годишните
Бр. 08-1640/3 Комисија за хартии од вредност
сметки и финансиските извештаи на Народна банка на
26 август 2009 година Претседател,
Република Македонија за 2009, 2010 и 2011 година.
Скопје Марина Наќева - Кавракова, с.р. Согласно член 64 ства 1 од Законот за јавните набавки,
__________ избрана е постапка за јавна набавка со отворена по-
2157. стапка.
Врз основа на член 184, а во врска со член 161 од Согласно горенаведеното, Народната банка на Ре-
Законот за хартии од вредност („Службен весник на публика Македонија објави оглас бр. 50/06-2009 во
РМ“ бр. 95/2005, 25/2007 и 7/2008) и член 134 од За- „Службен весник на Република Македонија“ бр.
конот за општа управна постапка („Службен весник 69/2009 и на веб - страницата на Бирото за јавни наба-
на РМ“ број 38/05 и 110/08), Комисија за хартии од вки. По огласот, во рокот предвиден за поднесување на
вредност, на седницата одржана на 26.08.2009 година, понуди, понуди поднеле 3 (три) економски оператори.
донесе На 7.07.2009 година, Комисијата за јавни набавки
пристапила кон јавно отворање на понудите и изготви-
ЗАКЛУЧОК ла записник бр. 3326/4.
По целосно спроведена постапка, Комисијата за јав-
1. Постапката поведена пред Комисијата за хартии ни набавки според утврдените критериуми кои се содр-
од вредност по Барањето на Лотарија на Македонија жани во отворената постапка за јавна набавка, изготви-
АД Скопје бр. 03-1843 од 7.05.2009 година за ослобо- ла извештај за спроведена постапка бр. 3326/8 од
дување од обврската за обелоденување на податоци 14.08.2009 година, со кој предложила понудата на горе-
цитираниот економски оператор да биде избрана како
согласно член 161 од Законот за хартии од вредност, на
најповолна.
барање на акционерското друштво се запира.
Имајќи го во предвид наведеното, се одлучи како
2. Овој заклучок влегува во сила со денот на него-
во диспозитивот на оваа одлука.
вото донесување и ќе се објави во „Службен весник на
Република Македонија“. О. бр. 02-15/2/2009 Претседател
24 август 2009 година на Советот на Народна банка
Бр. 07-1385/5 Комисија за хартии од вредност Скопје на Република Македонија
26 август 2009 година Претседател, Гувернер,
Скопје Марина Наќева - Кавракова, с.р. м- р Петар Гошев, с.р.
11 септември 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 15

ГЛАВЕН ДРЖАВЕН РЕВИЗОР Член 5


2159. Во член 10 став 1 „запирката“ се менува со точка, а
Врз основа на член 26 став 6 од Законот за држав- зборовите: „а по одлука на Комисијата и усмено“ се
ната ревизија („Службен весник на Република Македо- бришат.
нија“ бр. 65/97, 70/01, 31/03, 19/04, 70/06 и 133/07), Во став 4 зборовите: „писмениот дел од “ се бри-
главниот државен ревизор донесе шат.
Во став 5 зборовите: „писмениот дел на“ се бришат.
ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРА- Член 6
ВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА Во член 11 став 1 зборовите: „писмениот дел од“ се
ИСПИТОТ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА УВЕ- бришат.
РЕНИЕТО И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА
ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТОТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ Член 7
НА ЗВАЊЕТО ОВЛАСТЕН ДРЖАВЕН РЕВИЗОР Членовите 12, 13 и 14 се бришат.

Член 1 Член 8
Во Правилникот за начинот на полагање на испи- Во член 15 по ставот 1 се додава нови ставови 2, 3,
тот, формата и содржината на уверението и висината 4 и 5 кои гласат:
на трошоците за полагањето на испитот за стекнување „Максималниот број на поени кој кандидатот може
на звањето овластен државен ревизор („Службен вес- да го освои изнесува 90 поени.
ник на Република Македонија“ бр.29/01), член 2 се ме- Секоја област која се полага носи максимум по 15
нува и гласи: поени, од кои што секое прашање носи максимум по 5
„Испитот се полага според Програма што ги опфаќа поени.
предметите од следниов наставен план: За успешно положен испит неопходно е да се осво-
1. Методологија на ревизијата; јат најмалку 10 поени од секоја поединечна област.
2. Сметководство и известување; Се смета дека кандидатот успешно го положил ис-
3. Сметководство на државни и непрофитни орга- питот ако освоил најмалку 60 поени.“
низации;
4. Регулатива (прописи и меѓународни стандарди); Член 9
5. Основи на информациони системи и технологија; Во член 16 ставот 2 и 3 се бришат.
6. Кодекс на етика на државните ревизори.“
Член 10
Член 2 Во член 19 став 1 зборовите: „единствен матичен
Член 3 се менува и гласи: број на граѓанинот“ се бришат.
„Испитот за стекнување на звање овластен државен
ревизор се полага пред Комисија, формирана од глав- Член 11
ниот државен ревизор, која е составена од претседател, Во член 23 зборовите: „Кодекс за етика на професи-
двајца членови и нивни заменици. онални сметководители на Меѓународната федерација
Административно техничките работи на Комисија- на сметководители (IFAC)“ се заменуваат со зборови-
та ги врши секретар“. те: „Кодексот на етика на ИНТОСАИ за ревизорите во
јавниот сектор“.
Член 3
Во член 4 зборовите: „Законска и професионална Член 12
регулатива“ се заменуваат со зборовите: „Регулатива По членот 23 се додава нов член 23-а кој гласи:
(прописи и меѓународни стандарди)“.
„Член 23-а
Образецот на уверението за овластен државен реви-
Член 4
зор (ОДР) се заменува со нов Образец кој е даден во
Во член 7, став 2 точката 4 се брише.
прилог на овој правилник“.
Ставот 3 се менува и гласи:
„Со пријавата кандидатот ги доставува следните
Член 13
документи:
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од
1. Диплома за завршен Економски или Правен фа-
денот на неговото објавување во „Службен весник на
култет;
Република Македонија“.
2. Потврда за работно искуство и
3. Уверение за државјанство. Бр. 0101-636/1
Во ставот 4 „запирката“ и бројот „4“ се бришат , а 9 септември 2009 година Главен државен ревизор,
пред бројот „3“се додава сврзникот „и“. Скопје Тања Таневска, с.р.
Стр. 16 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11 септември 2009

Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје


бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51.
Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов.
Телефон: +389-2-55 12 400.
Телефакс: +389-2-55 12 401.
Претплатата за 2009 година изнесува 9.200,00 денари.
„Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба.
Рок за рекламации 15 дена.
www.slvesnik.com.mk Жиро-сметка: 300000000188798.
contact@slvesnik.com.mk Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје.
Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.

You might also like