You are on page 1of 9

Нервен систем

Нервниот систем се состои од:

1. анимален нервен систем се дели на:


- ЦНС (главен мозок и рбетен мозок)
- Периферен нервен систем
2. вегетативен нервен систем

Главен мозок

Главниот мозок (cerebrum) е сместен во черепот. Се состои од:

- мозочни хемисфери
- среден мозок
- меѓу мозок
- заден мозок
 продолжен мозок (medula oblongata)
 мал мозок (cerebellum)
 варолиевиот мост (pons)

Mозочно стебло (truncus cerebri): среден мозок, продолжен мозок и мост

Мозични хемисфери имаат горма на 2 полутопки кои меѓусебно се сврзуваат во силна


врска – corpus callosum. Составени се од:

- мозочна кора
- субкортикални ганглии
- бела супстанција

Мозочната кора (cortex cerebri) е составена од сива супстанција и ја зазема површината


на двете хемисфери. Нивната површина е изразена со бројни бразди (сулкуси), над кои се
наоѓаат издигнувања познати како гируси. Површината на секоја хемисфера се дели на 4
лобуса:

1. фронтални (челни)
2. темпорални (слепоочни)
3. париетални (темени)
4. окципитални (тилни)

Субкортикални ганглии претставуваат собирања на сивата маса. Овој дел на мозокот е


познат како екстрапирамидален систем. Во него влегуваат:

- corpus striatum (pallidum, putamen, nucleus candatus, nucleus leutiformis)


- јадра: nucleus subthalamicum luisi, nucleus ruber, substantia nigra)

1
Бела супстанција се наоѓа во длабочината под кората на мозокот. Субкортикалните
ганглии претставуваат бројни патишта кои одат од периферијата кон кората и обратно. Се
состои од аферентни и еферентни патишта. Тука се сместени capsula interna преку која
минува пирамидалниот пат, а во задниот дел минуваат аферентни (сензитивни)
патишта. Тука се наоѓа тело (corpus callosum) кое го поврзува хемисфетите со
асоцијативни врски, Radiatio optica која ги пренесува оптичките дразби до центарот за вид
во оптичкиот лобус.

Среден мозок (mesencephalon) сместен над бариолиевиот мост. Ги опфаќа деловите на


мозочните краци (crura cerebri) и 4те возвишувања (lamina quadrigemina). Се наоѓаат
јадра на nucleus ruber и substantia nigra. Позади и пред 4 возвишувања се наоѓаат јадра
на n.oculomotorius и n.trochlearis. А, меѓу нив се наоѓа канал aqueductus sylvii кој ги
поврзува 3тата и 4тата комора.

Меѓу мозок (diencephalon) се состои од 2 дела:

- очно возвишување (thalamus opticus)


- hypothalamus

Таламусот зазема централно место на мозокот и претставува значајна станица за


сензитивните патишта (за вид, слух,тектилен осет, болка). Меѓу двата таламуса се наоѓа
третиот вентрикул (третата мозочна кора) кој изгледа како триаголник и назад се
стеснува и преминуува во силвиевиот аквадукт, напред се стеснува и на двете страни се
откриваат двата отвора монроеви отвори кои го поврзуваат со латералните вентрикули.

Hypothalamus е составен од сиватаа супстанција, поместен на педункулите зад хијамата и


го гормира покривот на третиот вентрикул. Во составот влегуваат јадра: tuber cinereum
(сиво возвишување) и corpora mamillaria (цицковидни тела). Tuber cinereum преминува
во хипофизата (најважна жлезда со внатрешен секрет). Хипоталамусот како центар на
вегетативниот нервен систем влијае во регулацијата на крвните садови, срцето,
внатрешните органи.

Продолжен мозок (medulla oblongata) е сместен меѓу варолиевиот мост и рбетниот мозок.
Низ него поминуваат важни центрифугални и центрипетални патишта кои ја сочинуваат
белата супстанција и кои ја поврзуваат мозочната кора и др. делови на мозокот со рбетниот
мозок, како и обратно. Тука се наоѓаат и јадра на важни кранијани нерви од каудална група
(nn.glossopharyngeus, vagus, accessories и hypoglossus). се наоѓат и јадра на
n.vestibularis, а исто така поминува и едно јадренце на 5тиот кранијален нерв (nucleus
tractus spinalis, n.trigemini).

1
Мал мозок (cerebellum) се наоѓа над вариолиевиот мост и продолжениот мозок. Малиот
мозок е составен од среден непарен делкој е познат како vermis (црв) и две маломозочни
хемисфери. На пресек се гледа дека е составен од сива супстанција, која се наоѓа во
кората и во внатрешноста на малиот мозок како јадренца и од бела супстанција која е
составена од церебрални влакна. На сагитален пресек хемисферите изгледаат како
разгрането дрво и е означено како дрво на животот (arbor vitae). Малиот мозок се
поврзува со 3 симетрични крака со мозочното стебло во продолжениот мозок, мостот и
среднит мозок и на тој начин го сврзуваат со гомлемиот и рбетниот мозок.

Варолиевиот мост (pons) се наоѓа над продолжениот мозок, од страна се поврзува со


малиот мозок, а напред преку крура церебри со средниот мозок. Меѓу мостот и
продолжениот мозок и малиот мозок се наоѓа 4тата мозочна комора. Дното го сочинува
најголемиот дел на мостот и има изглед на ромб поради тоа се нарекува fossa rhomboides
(ромбовидна јамка). Најголемиот дел од мостот го сочинува белата супстанција, а во
длабочините се наоѓаат јадра на повеќе нерви: nn.trigeminus, abducens,
intermediofacialis, vestibularis.

Рбетен мозок

Рбетниот мозок е сместен во каналот на рбетниот столб (canalis spinalis). Опкружен е со


цереброспинална течност. На горниот крај преминува во продолжениот мозок граница меѓу
овие 2 дела е вркстувањето на пирамидните патишта (decussatio pyramidum). Долниот
дел достигнува до 1 и 2 лумбален прешлен и има изглед на конус (conus medularis). На
двете стани излегуваат дорзалните и вентролатерално нервни влакна кои се обединуваат
во задни и предни корени (radices dorsales et ventrales) и се приклучуваат во спинални
нерви. Во задните корени се вклучуваат и спинални ганглии. Кај човекот постојат 31 пар
спинални нерви и секој од нив инервира посебен сегмент. Од conus medularis потекнуваат
спинални корени кои образуваат коњска опашка (cauda equine).

Рбетниот мозок се состои од следниве делови:

- вратни (цервикални) постои вратно проширување


(intumescentia cervicalis)
- градни (торакални)
- појасни (лумбални) постои појасно проширување
(intumescentia lumbalis)
- крсни (сакрални)
- кокцигеални

На напрешен пресек се забележува дека рбетниот мозок е составен од сива и бела


супстанција. Белата е сместена на периферијата, а сивата ги зазема централните делови.
Последниот дел наликува на пепреутка и на него разликуваме по еден заден рог (cornu
posterius) и еден преден рог (cornu anterius) од двете страни и формираат преден и

1
заден столб (columna anterior, columna posterior). Меѓу нив е substantia intermedia
centralis, а во нејзината внатрешност се наоѓа облитериран централен канал.

Сивата супстанцијаа е образувана од голем број нервни клетки.

Белата супстанција е составена од патишта кои носат дразби од периферијата кон ЦНС и
обратно. Во основата на патиштата се наоѓаат аксони кои се покриени со миелинска
обвивка.
По должина од предните и задни рогови на рбетниот мозок излегуваат влакна кои
образуваат предни и задни корени на на тој начин образуваат 31 пар корени:

- 8 вратни
- 12 градни
- 5 појасни
- 5 крсни
- 1 кокцигеален

Рбетниот мозок и големиот мозок се сместени во черепот, рбетниот канал, но тие се


зафтитени со:

- мозочна обвивка (dura mater)


- мрежеста обвивка (arachnoidea)
- нежна обвивка (pia mater)

Pia mater е срасната со мозокот, но меѓу неа и арахноидејата постои субарахноидален


простор кој е исполент со церебрална течност – ликвор цереброспиналис.

Dura mater го покрива внатрешниот дел на черепот и го оформува периостот. Меѓу двете
хемисфери се наоѓа дупликатура од неа позната како falx cerebri. Тенториум церебри го
дели големиот од малиот мозок формирајќи задна черепна јама (fossa crania posterioris)
во која е сместен малиот мозок.

Мозокот е орган кој добро е снабден со крв, а не ја добива преку 2 система:

- arteriae carotis interna составена од 2 артерии (лева и


десна)
- arteriae vestibulares составена од 2 артерии (лева и
десна)

Циркувацијата се одвива така што двата системи се поврзани на базата на мозокот во


вилизиев круг (cireulus arteriosus wilisii. Истекувањето на крвта се обезбедува со бројни
венозни синуси и систем на југуларни вени.

1
Рбетниот мозок се снабдува со крв од aa.vertebrales и од сегментални aa.intercostales и
aa.lumbales. Од aa.vertebrales се образуваат две тенки артерии aa.spinales posteriors кои
формираат плексус на мали артерии на задната страна на рбетниот мозок, а на предната
страна се образува a.spinalis anterior. Крвта циркулира преку 2 аа.spinales posteriors и 1
v.spinalis anterior.

Периферен нервен систем

Периферниот нервен систем го сочинуваат долгите аксони кои потекнуваат од моторните


клетки кои се сместени во предните рогови на рбетниот мозок. Отука започнуваат
периферните (спинални) нерви, тие содржат:

- преден моторен корен


- заден сензитивен корен
- сензитивни ганглии

Сензитивните нерви претставуваат дендртити на сензитивните клетки кои се сместени во


сензитивните ганглии.

Периферниот нервен систем ги има следниве анатомски формации:

- нервни корени
- периферни нерви
- нервни сплетови (plexus)

Фунцијата на периферните нерви е да ги спроведува дразбите кои доаѓаат од околната


средина до ЦНС. Исто така, од ЦНС се пренесуваат импулси кои преку периферните нерви
доаѓаат до напречнопругастата мускулатура. Па според тоа најголем број се мешани нерви
односно содржат и сензитивни и моторни влакна. Само мал дел се исклучителн моторни.

Вегетативен нервен систем

Вегетативниот или автономниот нервен систем се грижи за внатрешните органи,


односно за органи кои не подлешат на наша волја. Главна задача на ВНС е да ја одржи
константно внатрешната средина на организамот и да ја регулира функцијта на органите.
Оваа регулација се постигнува со дејство на 2 дела:

- симпатикус
- парасимпатикус

Симпатикус ги регулира внатрешните процеси во однос на надворешните активности. На


симпатикусот му припаѓаат неврони кои ги заземаат страничниот рог на торакалниот и
горниот лумбален дел на рбетот.

1
Парасимпатикусот има функција на заштита и обновување на организамот. Во средниот,
продолжениот и во сакралниот дел на рбениот мозок се наоѓаат вегетативни центри на
парасимпатикусот.

Разликуваме централен и периферен вегетативен систем.

Влакната на централниот дел на парасимпатикусот одат кон разни мозочни нерви до


парасимпатични ганглии (преганглионарни влакна). Оттука почнуваат постганглионарни
влакна кои завршуваат во ссодветен орган.

Како најглавен нерв на парасимпатикусот е n.vagus, кој учествува во скоро сите


инервации на внатрешните органи во тораксот и абдоменот.

Од латералниот рог на рбетниот мозок влакната на симпатикусот достигнуваат до


ганглиите и формираат преганглионарни влакна. Овие влакна формираат синџир наречен
truncus sympathicus. Овие влакна се обвиени со миелинска обвивка и изгледаат како бели.
Од ганглиите водат постганглионарни влакна кои се немиелински и се сиво обоени и
влегуваат во составот на предните корени.

Главоболка и типови главоболка

Главоболката е многу чест невролошки симптом, обично се смета за болка проектирана на


површината на главата од длабоките стуктури. Некои главоболки се последица на болни
стимули во внатрешноста на черепот, а некои главоболи се последица од процеси кои
произлегуваат надвор од черепот. Главоболките можат да бидат: примарни и секундарни.

Етиологијата на примарните главоболки не е доволно јасна. Тие се класифицираат според


клиничката слика и тоа:

- мигрена
- кластер главоболка
- тензиска главоболка

Мигрена тоа е хронична епизодна главоболка. Симптомите обично траат 4-72h, болката
често е однострана, не секогаш е пулсирачка и се влошува со физичка активност. Кај некои
пациенти пред да се појави нападот на мигрена имаат аура (аларм) или визуелни
симптоми, како двојна слика или т.н. цик цак линии во видното поле или блага главоболка.
Овие симптоми траат околу 15-30min и уште се познати како аура. Кај некои пациенти пред
да се појави аурта може да се појават напади на зголемена глад, напнатост и нервоза и
зголемен замор. При самиот мигренозен напад болниот чувствува силна болка на едната
половина на главата, се јавува бледило на лицето, општа телесна слабост, гадење,
повраќање, дијареа, прекумерно потење. После главоболката пациентот е многу
малаксан, изморен и има потреба од сон. Како иницијални фактори кои може да ја

1
предизвикаат мигрената се: стресот, промената во нивото на хормоните (кај жените во
овулација и пред менструација), некои медицински состојби (депресија, хипертензија,
фебрилни состојби), наследни фалктори. Терапија: dihydroergotamine (migrenal), пред
овој препарат се препорачува да се даде metoclopramide, поради контрола на мачнините и
гадењето sumatriptan.

Кластер главоболка најсилна еднострана главоболка која се јавува во епизоди, трае кратко
време, секој денсе јавува во исто време и е придружена со црвенило, солзење, потење и
течење на нос. Нема наследен карактер. Главоболката секогаш е на една страна околу
окото. Се јавува без предупредувачки знаци, обично ноќе, може да трае 1min до 1h. Многу
силна, болката ја опишуваат како притисок или бодење во окото, може да се шири кон
слепоочницата, максилата. Пропратни знаци: солзење на окото и истото е закрвавено.
Лицето на страната на болката е испотено, а крвните садови видно набрекнати, во
кулминација на нападот болниот е вознемирен, постојано во движење, ја притиска
главата за да ја смири болката. Може да се појави гадење и повраќање. После нападот
пациентот е малаксан, истоштен и сонлив. Ефект за смирување на болката може да дадат
само ергутамински препарати, др. лекови се без ефект.

Тензиска главоболка е главоболка која најчесто се среќава во клиничката пракса. Почесто


се јавува, може да се јави во темпоралниот, окципиталниот и фронталниот дел. Болката
е со чувство на напнатост, притисок, стегање. Може да трае неколку дена со засилување
и смирување. Се лекува со аналгетици, нестероидни протеолитици, диазепам,
лексилиум, миорелаксанти, мазажа.

Методи за испитување

За да се диагностицираат голем број на невролошки заболувања потребно е преглед на


мозочната течност – liquor cerebrospinalis (LCS). Мозочната течност се добива со:

- лумбална пункција
- субкоципитална пункција.

Лумбална пункција – пациентот е во седечка или лежечка положба и со пункциона игла се


боцка 3 и 4 или 4 и 5 лумбален прешлен. Пациентот по пункцијата треба да лежи 24h.

Субокципитална пункција – за оваа пункција се препорачува пациентот да биде во


седечка положба и да ја свитка главата напред за да настане погоден простор меѓу долниот
дел на окципиталната коска и епистрофеусот каде со пункциона игла се врши убод и се
продира во Cisterna cerebello medullaris и ликворот се вади со шприц, бидејќи во
цистерната постои намален притисок. Пациентот нема потреба од лежење.

Ризик потои само ако се повредат субапахноидалните крвни садови или убод во
медула облонгата, што може да предизвика непријатни чувстава на екстримитетите.

1
При покачен интракранијален притисок двата метода можат да предизвикаат ненадејно
негов пад и вклештување на церебралните тонзили и медула облонгата во foramen
occipital magnum, при што може да има фатални последици. Затоа пред овие пункции се
препорачува преглед на очното дно.

Нормалниот ликвор е бистар и безбоен. Крвав при субарахноидално крварење. Заматен


или гноен при зголемен број леукоците. Жолт припропаѓање на црвените крвни зрнца. Во
ликворор се испитуваат белковини и клетки. Белковини (албумини и глобулини) се
испитуваат со pandy -ева реакција. Клетките се испитуваат со fuchs-rosenthal –ова
камера. При микроскопски преглед нормално се откриваат од 1-6 лимфоцити на 1mm3.
При воспалителни процеси на менингитите достигнува и до 1000 на 1mm3. Нормална
количина на белковини во ликворот е 20-30mg %. Шеќер (гликоза) 60-70mg %. При
туберкулозен менингит се намалува, а при акутни енаефалити се покачува.

Пневмоенцефалографија се изведува со лумбална или субокципитална пункција како


контрастно сретство се внесува воздух во субрахнпиданлиот простор. Воздухот се
дистрибуриа до мозочните комори и субарахноидалниот простор. И се користи за
диагностицирање на сраснатини, атрофии, тумори на мозок. И потребно е неколку дена
лежење.

Вентрикулографија кога постои контраиндикација за пневмоенцефалографија, пример


постење на интрацеребрална хипертензија воздухот се внесува преку трепанационен
отвор на черепот дирекно во ликворните комор.

Церебрална ангиографија се изведува со внесување на контрастно сретство во a.carotis


interna и a.vertebrales и се врши снимање на мозочните крвни садови. Може да се прикаже:

- оштетување на сѕидовите на к. садови на мозокот (ендартерит)


- опструкција (облитерација) поради тромбоза или емболија
- присуство на мозочни аномалии (аневризми, артериовенозни малформации)
- тумори на мозокот
- епидурални и субдурални хематоми

Миелографија неврорадиолошки метод со кој се диагностицираат процеси во рбетниот


мозок. Контрастот се вбризгува преку субокципитална пункција (десцедентна
миелогарфија) или преку лумбална пункција (асуедентна миелографија).

Електроенцефалографија (EEG) со помош на електроди кои се поставуваат на


површината на черепот се регистрира биоелектричната активност на мозокот во вид на
одредени графоелементи.

Алфа ритам е лоциран во задните регии на главата. Тој главна карактеристика на


нормалниот EEG запис кај возрасно лице кој се дефинира како ритам од 8-12c/s (цикла во

1
секунда). Се јавува во будна состојба кога очите се затворени, а личето е потполно психички
и физички релаксирано. Најчеста фрекфенција му е околу 11c/s.

Бета ритам е нормален физиолошки ритам кој се регистрира во предните регии на


главата со фрекфенција 13-30c/s.

Тета ритам – кај 10% од случаите кај лица до 25 год. се смета за физиолошки ритам, а по
навршени 25 год. се смета за психолошки ритам. Фрекфенција 4-7c/s.

Делта ритам – патолошки ритам со фрекфенција 4c/s.

Ултразвук во неврологијата

Доплер сонографија специјална неинванзивна ултразвучна техника која го проценува


протокот на крв низ крвните садови, односно служи за откирвање на наруњувања на крвните
садови.

Евоцирани потенцијали служат за оценка на функцијата на сензорниот и сензитивниот


систем на ЦНС. Може да бидат:

- Визуелни евоцирани потенцијали тоа е метод за испитување на функцијата на


видниот пат, односно од окото до центарот за вид. Најчесто се користи како стимул шара од
типот на шахова табла. Индикации се: офтамолошки заболувања и интракранијални
заболувања.
- Акустични евоцирани потенцијали тест за испитување на функцијата на периферен
и централен дел на слушниот пат. Се користи звучна дразба со интензитет од 70 децибели
над прагот на слухот.
- Соматосензатни евоцирани потенцијали служи за испитување на состојбата на
соматосензитивеен систем со помош на електрична стимулација или механичка дразба.
Најчесто на n.medianus, а одговор да се добие на ниво на 7ми цервикален прешлен.

You might also like