You are on page 1of 3

Централен нервен систен (ЦНС) и периферен нервен систем (ПНС)

Централниот нервен систем на човекот го сочинуваат два органи: мозокот и `рбетниот


мозок.
Периферниот нервен систем го сочинуваат сите нерви кои тргнуваат од мозокот и `рбетниот
мозок и се шират по нашето тело.
Мозокот како дел од нервниот систем претставува најсложен граден орган на нешето тело.
Мозокот се наоѓа во черепната празнина и поради заштита од различни повреди тој е обвиен со
три мембрани:
- тврда мембрана која се наоѓа во черепот
- пајажина
- мека
Меѓу овие мембрани се движи течност која се вика ликвор и која овозможува додатна заштита
на мозокот.
Мозокот е поделен на неколку делови, а тоа се:
- продолжен мозок - Се наоѓа во долниот окципитален дел на черепот и ги поврзува 'рбетниот
мозок и другите делови на мозокот. Има важна улога во извршувањето на основните животни
функции: дишење, работа на срцето, голтање, кивање, лачење на плунка и сл. На одредени
работи, како што е работата на срцето, ние не можеме да делуваме по своја воља.
- среден мозок - Се наоѓа над продолжниот мозок и над задебелувањето кое се нарекува
мозочен мост. Тој претставува примарен центар за нашиот вид и слух.
- мал мозок - Се наоѓа во окципиталниот дел од черепот. Поделен е на 2 хемисфери помеѓу
кои се наоѓа специфичен дел кој го нарекуваме црв. Има голема улога во одржување на
рамнотежа на телото, контрола и координирање на движењата.
- меѓумозок - составен е од 2 дела: хипоталамус и таламус. Поврзан е со многу мала и важна
жлезда - хипофиза, која е многу значајна жлезда со внатрешно лачење во нашето тело.
Хипоталамусот е дел меѓумозокот во кој се наоѓаат нервни центри за терморегулација за сон,
глад, жед, емоции и сексуално однесување.
Таламусот претставува дел кој функционално ги поврзува сите делови од мозокот со големиот
мозок.
- голем мозок - зафаќа најголем дел од черепната празнина поделен е на 2 хемисфери
кои во долниот дел се поврзани со мозочна греда. Изграден е од 2 маси: сива и бела маса.
Сивата маса се наоѓа од надворешната страна, а белата маса ја исполнува внатрешноста на
големиот мозок. Има многубројни намотки (вијуги) и бразди што значително ја зголемува
неговата површина. Тој е центар на сите наши доброволни акции. Од него тргнуваат 12 пара
нерви према нашите сетилни органи што овозможува поврзаност со надворешната средина.
Големиот мозок е поделен е на 4 дела:
- окципитален дел- обработуваат информации од окото
- слепоочен дел - го обработува звукот и има важна улога во развојот на говорот,
управува со говорот
- темени (скалп) дел - регистрира допир, вкус, болка, топлина и студ
- фронтален (челен) дел - овозможува доброволни движења и некои мисловни процеси
како што се учење и памтење.
`Рбетниот мозок се наоѓа во `рбетниот канал, а рбетниот канал го формираат големи отвори
во `рбетните пршлени. Долг е 45 см. Обвиен е со 3 мембрани, како и мозокот. За разлика од
големиот мозок има спротивен распоред на сивата и белата маса. Сивата маса е во
внатрешноста и има облик на пеперутка, а белата маса ја обвиткува белата маса и се наоѓа од
надворешната страна. Од `рбетниот мозок тргнуваат 31 нерв на `рбетниот мозок. Во него се
наоѓаат сите центри на нашите автоматски брзи центри на рефлексни дејства.
Да се потсетиме, нервниот систем е поделен на централен и периферен нервен систем.
Мозокот и `рбетниот мозок го сочинуваат централниот нервен систем, а периферниот нервен
систем е изграден од голем број нерви кои патуваат низ нашето тело.
ПНС е изграден од 2 типа нерви. Постојат 12 парови мождани -главени- нерава (кранијални
нерви) три типа: емотивни, движечки и мешовити.
Нервите кои потекнуваат, т.е. поврзани се со `рбетниот мозок ги има 31 пар. Тие се мешовити
нерви, имаат особини и на емотивни и движечки нерви.
Автономен нервен систем- дел од ПНС кој влијае и ја контролира работата на внатрешните
органи. Влијае без наша воља. Центрите за контрола и регулирање на работата на
внатрешните органи се наоѓаат како во мозокот,така и во `рбетниот мозок. Врската меѓу тие
центри и внатрешните органи е овозможена со периферните нерви.
Автономниот нервен систем (АНС) кој влијае на работата на внатрешните органи поделен е
на 2 дела: симпатикус и парасимпатикус.
Сипматикус е АНС кој се вклучува секогаш кога сме вознемирени, лути или тажни.
Парасимпатикус се вклучува кога добро ќе се најадеме и потоа ќе задремеме и заспиеме.
Тие влијаат на нашите органи на 2 спротивни начини.
Пр: Симпатикус ги шири дишните патишта, а парасимпатикус ги собира дишните патишта.
Симпатикус ја забрзува работата на нашето срце, а парасимпатикусот ја успорува работата на
срцето.
Симпатикусот ја шири зеницата, а парасимпатикусот ја собира зеницата на окото.
Нервен систем

периферен централен

автономен соматски мозок `рбетен мозок

симпатичен парасимпатичен

среден мозок мал мозок меѓумозок голем мозок

мозочно стебло

меѓумозок продолжен мозок мозочен мост среден мозок

ромб мозок (ромбасти мозак)

продолжен мозок мозочен мост мал мозок

You might also like