You are on page 1of 6

Вежби

1.Поим на преговарање
Поимот на преговарање
наједноставно може да се опише како
процес на надминување на пречките
и да се постигне согласност меѓу двете
страни во бизнис комуницирањето.
Преговарањето е активност која
најчесто се објавува во секојдневното
живеење како и работењето на
луѓето. Претставува една од
најважните вештини за
комуницирање на луѓето, значајна
како за бизнисот така и за животот.
Преговарањето се остварува како
процес кој поминува низ четири фази:
1. анализа ( со неа се поставува
дијагноза на состојбата, се
разгледуваат потенцијаните
проблеми во комуницирањето, се
предвидуваат можни решенија и се
утврдуваат интересите на
преговарачките страни);
2. подготовка ( со планирањето се
предвидуваат идните постапки и
идеи за разрешување на
проблемот за кој се преговара);
3. преговарање (за време на
преговорите преговарачите ги
согледуваат своите интереси и се
обидуваат да најдат некое
заедничко решение);
4. заклучување на преговорите ( по
изнаоѓање на решение доаѓа до
заклучок да се изнајде заедничко
решение за проблемот кој бил
предмет на преговарање.
Преговорите се заклучуваат и во
случај кога нема да дојде до
заедничко решение).

2.Предмет на
преговарање Како предмет на
преговарање може да бидат повеќе
прашања и тоа:
--продажба на производи и услуги;
--цената на производите и услугите;
--остварување на деловна соработка;
--заеднички вложувања;
--заеднички настап на пазарот;
--заедничка промоција;
--поврзување и спојување на одделни
организациони делови.
3.Подготовка за водење
преговори
За да може успешно да се преговара
потребно е да се спроведат соодветни
подготовки. А за да се направи тоа
неопходно е да се спроведе определено
истражување со кое ќе се обезбедат
податоци и информации за темата која е
предмет на преговарањето. Кога се
преговара лицата што учествуваат мора: да
знаат што сакаат да постигнат со
преговарањето, да имаат подготвено план
за преговарањето, да знаат за што во
преговорите ќе се инсистира, а од што се
подготвени да се откажат. Покрај основниот
план треба да се има и резервен план кој ќе
се користи како алтернатива доколку во
преговарањето не се остварат зацртаните
цели. Преговарачот мора да има одговор на
прашањата како што се: 1.Што ако не се
прифати мојот план? 2. Ако бидам одбиен?
3. Ако се понудат поинакви услови од тие
што се нудат?

4.Методи на преговарање
Постојат неколку правила со кои можат
да се разрешат определени недоразбирања
и да доведат до успешно преговарање. Тие
се: -- Преговарачите да се однесуваат како
да се во право (во преговорите да се
расправа за проблемот и да де бранат
своите позиции, а не да се напаѓа
преговарачот);
--Во преговарањето секогаш да се гледа
напред ( да се има јасна претстава што се
сака да се постигне);
--Насоченоста на преговарачите да биде
на целата на преговорите ( да не се
покажуваат емоции, лутење, нервоза);
--Да се обрне внимание на тонот со кој се
зборува ( да се обрне внимание на висината
на тонот со кој се зборува, местото на кое
седи спротивната страна на преговарањето,
начинот на кој е облечена и гестикулирањата
за време на преговарањето. Кога се водат
преговори треба да се носи бизнис
облека,да се воспостави контакт со очите, да
се биде добар слушател и спротивната
страна треба внимателно да се слуша).

You might also like