You are on page 1of 26

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА СЕВЕРОИСТОЧЕН

ПЛАНСКИ РЕГИОН - КУМАНОВО


„Илинденска“б.б.1300 Куманово, п.фах-182, Тел/Факс: 031/424-878,
www.northeastregion.gov.mk e-mail: info@northeastregion.gov.mk

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ЗА ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА БЕЗ Е-АУКЦИЈА

Предмет на набавка:
Изведување на градежни активности заради реализација на Проект :
„ Подобрување на инфраструктурата во Североисточниот регион за подобар
пристап до туристичките локалитети “
и тоа за :

Реконструкција на локален пат во село Коинце, општина Старо


Нагоричане (Активност бр.3)

Критериум за доделување на договор: економски најповолна понуда


(Економски најповолната понуда ќе се утврдува врз основа на цената)

март, 2023
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА

Почитувани,

Заради реализација на Проектот: „ Подобрување на инфраструктурата во


Североисточниот регион за подобар пристап до туристичките локалитети “ Договорниот
орган - Центар за развој на Североисточен плански регион, кој го сочинуваат општините:
Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, со седиште
на адреса: „Илинденска“ б.б. 1300 Куманово, п.фах. 182, електронска адреса e-mail:
info@northeastregion.gov.mk, има потреба од изведба на работи за:

Реконструкција на локален пат во село Коинце, општина Старо


Нагоричане (Активност бр.3)
За таа цел, Договорниот орган спроведува поедноставена отворена постапка за
делива јавна набавка на работи, во согласност со чл. 49 од Законот за јавните набавки
(„Службен весник на РМ“ бр. 24/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 78/21), за што објави
оглас на ЕСЈН и во Службен весник на РСМ.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на
договорот за јавна набавка најдоцна до 23.03.2023 година до 10:00 часот (по локално
време) исклучиво преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk), притоа следејќи ги
упатствата дадени во „Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса
во делот „Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите
информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација
се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички
спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка,
изјава за сериозност на понудата и образец на понудата.

Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна


на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат. Во хартиена форма
може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред
крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и
прикачување на ЕСЈН.

Отворањето на понудите ќе биде јавно, по електронски пат преку ЕСЈН на


23.03.2023 година до 10:00 часот во административните простории на Центарот за
развој на Североисточен плански регион.

Однапред благодариме на соработката.

Во Куманово Претседател на комисијата за јавни набавки


08.03.2023 година Владимир Павловски
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

1.1 Дефиниции

1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат


следново значење:
- „Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе
економски оператори и еден или повеќе договорни органи чиј предмет е снабдување
стоки, обезбедување услуги или изведување градежни работи;

- „Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе


договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки, услуги или
работи;

- „Договор за јавна набавка на работи“ е договор за јавна набавка чиј предмет е:


а) изведување или проектирање и изведување работи поврзани со една или
повеќе градежни активности;
б) изведување градба или проектирање и изведување градба и
в) реализација на градба со какви било средства, според барањата на
договорниот орган, кој има одлучувачко влијание на видот или дизајнот на
градбата;

- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица,
вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни
набавки нудат стоки, услуги или работи;

-„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;

- „Кандидат“ е економски оператор кој бара да учествува или е поканет да учествува во


ограничена постапка, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со
објавување оглас, постапка со преговарање без објавување оглас, конкурентен дијалог
или во партнерство за иновации;

-„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот


орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки,
обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на
договорот или рамковната спогодба;

- „Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот


орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат
елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка,
претходното информативно известување или периодичното индикативно известување
кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната
документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат
кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета
дополнителна документација;

- „Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите


за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во
техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која
нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата
обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
-„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на
договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
-„Централизирани набавни активности“ се активности што се извршуваат
континуирано во еден од следниве облици:
а) набавка на стоки и услуги наменети за повеќе договорни органи или
б) доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки,
услуги или работи наменети за повеќе договорни органи;

-„Помошни набавни активности“ се активности за поддршка на договорниот орган при


вршење на неговите набавки, особено во следниве форми:
а) техничка инфраструктура која на договорниот орган му овозможува
доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги
или работи и/или
б) советување во врска со осмислувањето или спроведувањето на постапките
за јавни набавки;

- „Централно тело за набавки“ е договорен орган кој врши централизирани набавни


активности и помошни набавни активности;

-„Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава


Централниот регистар на Република Македонија и што содржи податоци со кои се
докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;

-„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки
што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации
што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на
содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;

- „Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци


(вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку
кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;

- „Животен век“ се сите последователни и/или меѓусебно поврзани фази, вклучувајќи ги


потребните истражување и развој, производство, трговија согласно со условите, превоз,
користење и одржување во текот на постоењето на производот или градбата или
обезбедувањето на услугата, од стекнување на суровината или генерирање на ресурсите
до расходување, уништување или завршување на услугата или употребата;

- „Ознака“ е секој документ, уверение или потврда што потврдува дека стоките, услугите,
градежните работи, процесите или постапките ги исполнуваат утврдените барања;

-„Услови за добивање ознака“ се услови кои стоките, услугите, градежните работи,


процесите или постапките мора да ги исполнуваат за да добијат одредена ознака;

- „Класичен јавен сектор“ е јавниот сектор кој не е опфатен со секторските дејности;

- „Секторски дејности“ се дејности од областа на водоснабдувањето, енергетиката,


транспортот и поштенските услуги, кои се опфатени во членовите 11, 12, 13, 14, 15, 16 и
17 од Законот за јавните набавки;

- „Технички спецификации“ се:


а) во случај на јавна набавка на работи, збир на технички прописи содржани во
тендерската документација со кои се дефинирани потребните карактеристики
на материјалите, производите или стоките за да одговараат на употребата што
му е потребна на договорниот орган; тие карактеристики вклучуваат влијание
врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи
и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба,
безбедност или димензии, вклучувајќи ги и постапките за обезбедување
квалитет, терминологијата, симболите, методите на тестирање, пакувањето,
означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење,
производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на
градбата; тие карактеристики, исто така, вклучуваат правила од проектот и
правила за процена на трошоците, услови за тестирање, за инспекција и за
прием на изведените работи, градежните методи или техники, како и сите други
технички услови што договорниот орган има право да ги пропише во согласност
со општите и посебните прописи во врска со градбата и вклучените материјали
или деловите и
б) во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се
дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво
на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на
сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на
сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или
димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на
називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и
методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и
инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од
животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на
сообразноста;

-„Стандард“ е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признаено тело


со кој, заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и
карактеристики за определени активности или резултати од тие активности, чија цел е
постигнување најповолен степен на уредност во определено подрачје, и тоа:
а) „меѓународен стандард“ е стандард усвоен од меѓународна организација за
стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста,
б) „европски стандард“ е стандард усвоен од европска организација за
стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста и
в) „национален стандард“ е стандард усвоен од национално тело за
стандардизација и е достапен на јавноста;

-„Техничка референца“ е секој документ кој не е европски или национален стандард, а


е издаден од национално или европско тело за стандардизација, кој е во согласност со
постапки прилагодени на потребите на пазарот;

- „Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен


информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи
поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;

-„Електронски пазар на набавки од мала вредност“ е електронска платформа во вид


на електронски каталог со која управува Бирото за јавни набавки и која се користи за
набавки од мала вредност согласно со условите од овој закон;

-„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички
карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;

- „Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на


набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се
начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за
обезбедување и слично;

- „Заеднички поимник за јавни набавки CPV (во натамошниот текст: ЗПЈН)“ е


единствен класификациски систем на номенклатури на стоки, услуги и работи што се
применува во постапките за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со останатите
постојни номенклатури за стоки, услуги и работи;

- „Одговорно лице кај договорниот орган“ е функционер кој раководи со државен


орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно
лице;

- „Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган врз основа
на закон, подзаконски пропис или акт на управата, со кое се ограничува вршењето
секторски дејности на еден или повеќе субјекти и кое значително влијае врз можноста
други субјекти да вршат такви дејности;

-„Државни органи“ се органите на државната управа и органите на законодавната и


судска власт;

- „Тело за оценка на сообразност“ е тело кое извршува дејности за утврдување


сообразност, вклучително и калибрирање, тестирање, сертифицирање и инспекција,
акредитирано согласно со материјалните прописи и

- „Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги


задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги
предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички
карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.

1.2 Договорен орган


1.2.1 Договорен орган е Центар за развој на Североисточен плански регион, со
седиште на адреса: „Илинденска“ б.б. 1300 Куманово, п.фах. 182, e-mail:
info@northeastregion.gov.mk.

1.2.2 Лице за контакт во врска со спроведувањето на постапката за јавната


набавка и техничката спецификација е:

Владимир Павловски – Координатор во ЦРСИПР, моб.тел.071/260-022. e-mail:


ilindenska@gmail.com

1.3 Предмет на договорот за јавна набавка


1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е:
Изведување на градежни активности заради реализација на Проект „
Подобрување на инфраструктурата во Североисточниот регион за подобар пристап до
туристичките локалитети “ и тоа за :

Реконструкција на локален пат во село Коинце, општина Старо


Нагоричане (Активност бр.3)

1.3.2 Предметот на договорот не е поделен на делови. Понудувачот во својата


понуда треба да ги вклучи сите составни делови на делот. Во спротивно понудата ќе се
смета за неприфатлива.
1.3.3. Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во
техничката спецификација – предмер пресметка, која е составен дел на тендерската
документација.
1.4 Вид на постапка за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена
отворена постапка.
1.4.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку
Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на
следнава интернет адреса https://www.e-nabavki.gov.mk и Правилникот за начинот на
користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република
Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.4.3 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка,
односно нема да се користат посебните начини за доделување на договорот рамковна
спогодба, динамичен систем за набавки, електронски каталог или електронска аукција.
1.4.4 Договорот за јавна набавка ќе се додели без користење електронска
аукција.

1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата

1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на


договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на
корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.5.2 Кај договорниот орган - Центар за развој на Североисточен плански регион
лицето Јелена Мишиќ, електронска адреса jelena@northeastregion.gov.mk, е овластено за
прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на
укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки.

1.6 Применливи прописи


1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки,
објавен во („Службен весник на РМ“, број 24/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 78/21) и
донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид
важечките прописи од областа на градежништвото, даноците и другите јавни давачки,
работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се
најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија.
Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области,
понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и
Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за
труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при
работа), Министерство за транспорт и врски (за одредбите од областа на градење).

При спроведувањето на јавните набавки договорниот орган е должен да ги почитува


обврските за заштита на животната средина, социјалната политика и за заштита на
трудот кои произлегуваат од прописите во Република Северна Македонија, колективните
договори и од меѓународните договори и конвенции ратификувани согласно со Уставот
на Република Македонија

1.7 Извор на средства


1.7.1 Средствата за реализација на договорите за јавна набавка, кој е предмет на
оваа постапка се обезбедени од Буџетот на РСМ.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, како и
групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна
референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско
правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана
со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Во постапките за јавни набавки може да учествуваат и групи економски
оператори, вклучувајќи ги и привремените здружувања, согласно со прописите за заштита
на конкуренцијата. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се
здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.3 Составен дел на групна понуда е договор за поднесување групна понуда со
кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се
обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка, а кој особено ги содржи
следниве податоци:
- членот на групата што ќе биде носител на групата, односно што ќе ја поднесе
понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише
договорот за јавна набавка,
- членот на групата што ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат
плаќањата и
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски
оператори за извршување на договорот

1.8.5 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и


солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата. Договорниот
орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата
треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат:


понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и
потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат,
потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде
своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.

1.8.6 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата


економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:

 е носител на групата економски оператори,


 групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на
критериумите за утврдување способност што се барале во постапката без тој
член или
 останатите членови од групата солидарно не ги преземаат обврските на
членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.

1.8.7 Повлекувањето член од групата економски оператори спротивно на точка


1.8.6 се смета за повлекување на групната понуда.
1.8.8 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на
договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат
отфрлени ако економскиот оператор:

 учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
 учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна
понуда.
1.8.9 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од
една понуда.
1.8.10 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на
подизведувач.

1.8.11 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го


отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да ги наведе сите
подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на
подизведувачи, да достави контакт податоци за законските застапници на
предложените подизведувачи, да достави документација за утврдување способност
на предложените подизведувачи и барање од подизведувачот за директно плаќање,
доколку подизведувачот го бара тоа.

1.9. Заштита на интегритетот на постапката


1.9.1 Лицата кои учествуваат во изработка на тендерската документација не смеат
да бидат понудувачи или членови во група понудувачи во постапката за јавна набавка.
1.9.2 Учеството во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на
тендерската документација во смисла на точка 1.9.1 од оваа тендерска документација.

1.10 Трошоци за поднесување на понуда


1.10.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со
доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без
оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна
набавка.

1.11 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка


1.11.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе го
користи економски најповолната понуда врз основа на цената.
1.11.2 За најповолна понуда, ќе биде избрана понудата која има најниска понудена
цена на денот на јавното отворање.

1.12 Спречување на судир на интереси


1.12.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на
договори за јавни набавки, соодветно се применуваат одредбите од Законот за
спречување судир на интереси.
1.12.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна
набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во
постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во
тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот,
заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на Комисијата за
јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на
интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.12.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик,
членовите и нивните заменици во Комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од
работа на Комисијата и се заменуваат со други лица.
1.12.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно
решение овластува друго лице од редот на функционерите или раководните службеници
кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот, за што
го известува органот на управување или органот кој е надлежен за контрола на неговото
работење.

1.13 Начин на комуникација


1.13.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката
се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk). Секој
документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.13.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма
преку ЕСЈН.
1.13.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите
за понудувачите.

1.14 Заштита на податоци


1.14.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор
ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права
од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот
орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на
жалбена постапка, поведување на управен спор и слично).
За таа цел, економскиот оператор во модулот на поднесување понуда на ЕСЈН има
посебно поле каде што ги прикачува документите кои му се означени како деловна тајна.
Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана
информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите
на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со
критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни
регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се
објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани
информации.

1.14.2 Доколку економскиот оператор не прикачи документ/и во полето „Деловна


тајна“ на ЕСЈН заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната
понуда не содржи информации од доверлив карактер.

Напомена: Доколку се прикачи некој од горенаведените документи/информации


во полето „ Деловна тајна“ на ЕСЈН, понудата ќе се смета за неприфатлива.

2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

2.1 Услови за утврдување способност


Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои,
договорниот орган преку придружната документација утврдува:
2.1.1 дека не постојат причини за исклучување од постапката,
2.1.2 дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:

а) способност за вршење професионална дејност;

2.1.1 Причини за исклучување од постапката


(1) Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор
доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или
на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување
или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена
правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве
кривични дела утврдени во Кривичниот законик:

 учество во злосторничко здружување,


 корупција,
 затајување даноци и придонеси,
 тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
 перење пари и финансирање тероризам и
 злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.

(2) Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор:

а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е
одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во
согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен
повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење
на одделна дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија,
дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
ѓ) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара
договорниот орган.
(3) Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка
доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на
листата на издадени негативни референци .

2.1.2 Услови за квалитативен избор на економските оператори

а) способност за вршење професионална дејност;

а) Способност за вршење професионална дејност

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна


набавка од аспект на неговата професионална дејност, економскиот оператор:

- треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на соодветна


дејност поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на
соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е
регистриран и
- треба да исполнува определени услови, односно да е способен да врши
изведување на градби од прва категорија, согласно Законот за градење.

2.2 Докажување на способноста

Економските оператори во прилог на понудата доставуваат изјава за докажување на


способноста или документи за утврдување способност, односно доставуваат
единствен документ за докажување на способноста и/или потврди, изјави и други
документи наведени во тендерската документација, како доказ дека:

Економските оператори во прилог на понудата доставуваат изјава за докажување на


способноста или документи за утврдување способност, односно доставуваат
единствен документ за докажување на способноста и/или потврди, изјави и други
документи наведени во тендерската документација, како доказ дека:

 2.2.1 не постојат причини за исклучување утврдени во точка 2.1.1 од оваа


тендерска документација ,

 2.2.2 се исполнети условите за квалитативен избор во согласност со точка


2.1.2 од оваа тендерска документација

2.2.1 Како документи дека не постојат причини за исклучување од точка 2.1.1 од


оваа тендерска документација, договорниот орган ги прифаќа следниве документи:

а) во врска со точка 2.1.1. (1), изјава на економскиот оператор или единствен


документ за докажување на способноста;

б) во врска со точка 2.1.1. (2), од оваа тендерска документација, потврда издадена


од надлежен орган во Република Македонија или од друга земја во која е регистриран
економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;

в) во врска со точка 2.1.1. (3), од оваа тендерска документација од овој закон,


извод од листата на негативни референци која договорниот орган ја обезбедува од ЕСЈН.

- Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава горенаведените


документи , или ако тие не ги опфаќаат сите случаи од причините за исклучување од
постапката, договорниот орган прифаќа изјава што економскиот оператор ја заверува кај
надлежен орган.

- Документите од подточките а и б од точка 2.2.1 на оваа тендерска документација не


смеат да бидат постари од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди или
пријави за учество.

- Изјавата од точка а ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја


потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен
орган.
- Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган
од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Северна Македонија
надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
- Потврдите од точка 2.1.1. (2) потточки б,в,г и д , ги издаваат надлежни органи во земјата
каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за
издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Централниот регистар на Република Северна Македонија издава „Единствен
документ за докажување на способноста“ кој содржи податоци со кои се докажуваат
овие елементи од способноста на економскиот оператор.
- Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка
доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други
економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на
конкуренцијата.

2.2.2 Како документи дека се исполнети условите за квалитативен избор во


согласност со точка 2.1.2 од оваа тендерска документација, договорниот орган ги
прифаќа следниве документи:

а. за утврдување на способноста за вршење на професионалната дејност

 Потврда за регистрирана дејност, за чие издавање надлежен орган во


РСМ е Централен регистар и
 Важечка лиценца за изведување на градби од втора категорија
(најмалку лиценца Б за изведувач) издадена од Министерството за
транспорт и врски, согласно Законот за градење

2.2.2.1 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ги


докажуваат причините за исклучување од постапката и способноста за вршење
професионална дејност;
2.2.2.2 Сите изјави кои ги приложува и ги изготвува економскиот оператор за докажување
на техничката способност, електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие
не мора да бидат заверени од надлежен орган.
2.2.2.3 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да
биде користена од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор
и тој субјект освен во делот на референтната листа и претходно склучените
договори.
Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност
повикувајќи се на користење на способноста на друг субјект тој е должен да ја докаже
поддршката со валиден доказ - Договор за деловнотехничка соработка дека тој субјект
ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и
професионални ресурси.
2.2.2.4 Договорниот орган проверува дали субјектот чија способност ја користи
економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и
дали постојат причини за негово исклучување.
2.2.2.5 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори,
техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите
на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка
или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и
професионалната способност се утврдува согласно наведеното во оваа точка.

2.2.2.6 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот


оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите
за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.

2.2.2.7 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност кои се


издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.

2.2.2.8 Договорниот орган го задржува правото, дополнително да ја провери


веродостојноста на доставените документи

2.2.2.9 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување


на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата
преку ЕСЈН може да побара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите
за утврдување способност доколку не станува збор за значителни отстапувања од
бараната документација. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден
економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања.

2.2.2.10 Економскиот оператор преку ЕСЈН, го прикачува документот со појаснување или


дополнување во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој
го определила комисијата.

2.2.2.11 Никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на


аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се дозволат од страна на
комисијата или од понудувачот.

2.3. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација


2.3.1 Појаснување на тендерската документација
Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерскатадокументација
од договорниот орган,исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на
модулот "Прашања и одговори", најдоцна шест дена пред крајниот рок за поднесување
на понудите.
Појаснувањето договорниот орган без надоместок и во најкус можен рок но не
подоцна од четири дена од крајниот рок за поднесување на понудите ќе го достави во
модулот „Прашања и одговори“, преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што
презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека
е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат
појаснувањето,без притоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал
појаснување.

2.3.2. Измена и дополнување на тендерската документација


Договорниот орган го задржува правото најдоцна четири дена пред истекот на
крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на
поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја
измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести
сите економски оператори што неа ја подигнале.
Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го
продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот
оператор (ако постојат оправдани причини).
Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и
продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати
известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска
документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.

4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ


4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска
документација и се состои од следниве елементи:
 пополнет образец на понуда (општ и финансиски дел)
 изјава за исполнување на условите за способност или документација со која се
докажуваат условите за способност (точка 2.2 од оваа ТД) :
 дека не постојат причини за исклучување од постапката од точка 2.2.1.
од тендерската документација;
 за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност
наведени во точка 2.2.2. од тендерската документација;

 изјава за сериозност на понудата


 документи што се означени како деловна тајна (доколку постојат)
 Договор за групна понуда (само за група на економски оператори)

4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на


образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација
економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може
да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец
да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска
документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи
согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на
подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на
договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера
да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените
подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените
подизведувачи, и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку
подизведувачот го бара тоа.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна
набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

4.2 Јазик на понудата


4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата
се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот
на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го
задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да
изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

4.3 Цена на понудата


4.3.1 Економскиот оператор во Предмер пресметката ја внесува цената без ДДВ –
единечна за секоја ставка и позиција, и вкупна цена на понудата без ДДВ.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на
економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува
посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а
истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде
вкупната понудена цена со вклучени увозни царини, без ДДВ.

4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН


преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“,
во полето за внесување на цената. Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
(Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се
пишува и со букви на англиски јазик.)

4.3.4 Договорниот орган бара од економскиот оператор, во примерен рок не


пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку
смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките, услугите или
работите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде
извршен.

Договорниот орган, во секој случај бара објаснување на цената доколку вредноста


на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и
е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено
најмалку три прифатливи понуди.

4.4 Валута на понудата


4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се
користи како валута за евалуација на понудите.

4.5 Период на важност на понудата


4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 (шеесет) дена, сметано
од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е
обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен,
периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои
содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската
документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно, може да побара од
понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

4.6 Изјава за докажување на способноста


Во прилог на понудата се доставува изјава за докажување на способноста, при
што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската
документација или документи за утврдување способност.
Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот
оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за
утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност кои се
издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.

4.7 Изјава за сериозност на понудата


Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност
на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на
тендерската документација.

4.7.1 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:


- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската
документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот,
ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација

Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, договорниот орган го исклучува


од натамошната постапка и во ЕСЈН објавува негативна референца што резултира со
исклучување на предметниот понудувач од сите идни постапки за јавни набавки во
период од шест месеци од денот на објавувањето. Периодот на исклучување од овој став
се зголемува за дополнителни три месеци при секоја наредна негативна референца, но
не повеќе од една година.

Негативната референца, договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена


од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

Забраната за учество во постапките за доделување договори за јавни набавки се


однесува и на групата економски оператори во која членува економски оператор кој има
негативна референца.

4.8 Форма и потпишување на понудата


4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да
биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното
лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја
потпишува лице овластено од одговорното лице (вработено кај понудувачот), во
прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од
одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се
содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за
економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот
„Документи".
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати:
Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден
од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република
Македонија. Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на
јавното отворање.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со
употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач
на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со
седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет
еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со
Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис (Службен весник
на Република Македонија бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во
Европската унија; или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го
издал самиот; или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор
склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна
организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева
во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара
дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на
сертификатот. За да се избегнат технички пропусти при утврдување на валидноста на
сертификатот, препорачливо е економскиот оператор во понудата да наведе со кој
софтверски пакет (Microsoft Office 2003, 2007, 2010, 2013 или 2016, OpenOffice итн.) се
потпишани документите.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се
составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјава), задолжително треба да
биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од
овластениот потписник (вработено кај понудувачот).
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот;
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво
овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални
недостатоци.
4.8.3 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не
ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално
направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до
тие економски оператори.
4.8.4 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во
скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја
поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за
поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на
ЕСЈН.

4.9 Посета на локација: Не се предвидува.

4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите


4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 23.03.2023 година до 10:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса:
https://www.e-nabavki.gov.mk.
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на
понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што
и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се
прикаже при јавното отворање на понудите.

4.11 Алтернативни понуди


4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се
дозволени алтернативни понуди.

4.12 Измена, замена и повлекување на понудата


4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по
поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се
добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во
точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку
ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе
поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот
рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за
поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе
резултира со прекршување на изјавата за сериозност на понудата и издавање на
негативна референца.

5. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ


5.1 Јавно отворање на понудите
5.1.1 Отворањето на понудите ќе биде јавно, по електронски пат преку ЕСЈН на
23.03.2023 година до 10:00 часот во административните простории на Центарот за
развој на Североисточен плански регион.
На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано
лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во
постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот
од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање
мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор.
Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање,
треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи во административните простории на Центарот
за развој на Североисточен плански регион.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа:
една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали
понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се
електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот
редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните
набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање
на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на
понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се
разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена
на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите
доколку е пристигната и само една понуда.
Откако комисијата ќе го започне јавното отворање на понудите на ЕСЈН на понудувачите
ќе им биде овозможен пристап до следните податоци:
- бројот на огласот за кој е поднесена секоја понуда,
- името на понудувачот и
- цената на понудата и валутата во која е искажана понудата.

5.1.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е
пристигната и само една понуда.
5.1.4 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворање на понуди кој
им се испраќа автоматски преку ЕСЈН на економските оператори кои поднеле понуда.
5.1.5 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на
понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено
овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно
отворање.

5.2 Евалуација на понудите


5.2.1 Пред да пристапи кон евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки
ја проверува комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на
способноста на понудувачот при што може да побара понудувачите да ги појаснат или
дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната
документација. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски
оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања.
Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рокот кој го определила
комисијата.
5.2.2 Никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на
аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се дозволат од страна на
комисијата или од понудувачот.
5.2.3 Комисијата може да бара директно од понудувачот, а со цел за објаснување
на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за
кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик
и за истото да одреди примерен рок.
5.2.4 Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите
наведени во тендерската документација, а неприфатливите понуди комисијата нема да
ги евалуира
5.2.5 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на
понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда, содржан во извештај од
спроведената постапака.

5.3 Исправка на аритметички грешки


5.3.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се
врши на следниот начин:
1) кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви,
преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со
аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната
цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај
преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои
очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во
таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или
одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ
ќе се коригира и
4) во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни
набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената
внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот
систем за јавни набавки

5.4 Поништување на постапката

5.4. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што


носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за
јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна
набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или
поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин,
или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на
договорниот орган.

5.4.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка


преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со
престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на
понудите и за причините за поништување на постапката.

6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА


6.1 Доделување на договорот за јавна набавка

6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на


постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот
определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои
договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот
чија понуда е избрана за најповолна, за секој дел посебно, врз основа на техничката и
на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор,
но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до
раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот
орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока
од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка

6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со


утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на
рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето
се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната
одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за
поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските
оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната
документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество,
освен оние документи што се означени како деловна тајна.

6.3 Склучување на договорот

6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена


форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена
од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно
со условите утврдени во тендерската документација и понудата.

6.4. Извршување на договорот

6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со


условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за
јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од
Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги
уредува облигационите односи и Законот за градење и подзаконските акти од областа на
градежништвото.

6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност

Во текот на реализацијата може да дојде до негово менување, само и доколку измените


се во согласност со член 119 од Законот за јавните набавки

7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА

7.1 Право на жалба

7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот
за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета
од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита
против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на
договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се
доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од
денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или
тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос
на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган
соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување
или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос
на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за
поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка
7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за
истиот правен основ.

7.2 Завршување на постапката за јавна набавка

7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор


или за поништување на постапката.

9. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА


9.1 Начин и рок на плаќање
Се предвидува следниов начин и рок на плаќање:
Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши согласно со фазите
на реализација на инвестициијата, по доставување на ситуација/и (времена/и и завршна)
заедно со градежна книга и градежен дневник како составен дел на ситуацијата, за
стварно изведени работи, што ја доставува Изведувачот, со дефинирани и изведени
позиции.
Времената ситуација Изведувачот ја доставува до Нарачателот во примерен рок по
истекот на периодот за кој се однесува, потпишана и заверена од страна на овластен
Надзорен орган, назначен од општина Старо Нагоричане која се јавува како краен
корисник (или од ЦРСИПР). Истата ќе биде исплатена во висина на процентуалното
учество на ситуираната вредност, во рок од 15 (петнаесет) дена по добивање на писмена
Согласност од страна на Бирото за регионален развој .
Завршната ситуација, Изведувачот ја составува и поднесува на исплата до Нарачателот,
врз основа на стварно изведени и завршени работи, потпишана и заверена од страна на
овластен Надзорен орган, назначен од општина Старо Нагоричане која се јавува како
краен корисник (или од ЦРСИПР). Истата ќе биде исплатена во висина на процентуалното
учество на ситуираната вредност, во рок од 15 (петнаесет) дена по добивање на писмена
Согласност од страна на Бирото за регионален развој.

Напомена: Начинот и рокот на плаќање се задолжителни за избраниот носител на набавката. Секоја понуда која
содржи начин и рок на плаќање поинакви од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе
биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
9.2 Начин и рок за изведување на работите
9.2.1 Изведувачот е должен работите од предметот на договорот за јавната
набавка да ги изведе во следниот рок:

- во рок од 6 (шест) месеци, сметано од денот на склучување на Договорот за


јавна набавка

Рокот за изведување на работите претставува рок во кој се вбројуваат сите денови, а не


само работни денови. Во рокот за изведување на работите нема да се пресметуваат
деновите во кои изведбата ќе биде запрена поради непредвидени климатски услови кои
би го попречиле нормалното изведување на работите предмет на овој договор.

Нарачателот ќе го воведе Изведувачот во работа во рок од 7 (седум) работни дена,


сметано од денот на склучување на овој договор.

Ако Изведувачот не ги започне работите веднаш по воведувањето во работата,


Нарачателот ќе му остави дополнителен примерен рок од 3 (три) работни дена за
започнување на работите.

Ако Изведувачот ниту во овој дополнителен рок не започне со изведување на работите,


Нарачателот може да го раскине договорот и да бара од Изведувачот наплата на
гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.

За денот на воведувањето во работа, надзорниот инженер, е должен писмено да го


извести Изведувачот.
Напомена: Сите понуди кои содржат подолг рок и поинаков начин за изведување на работите, од предвидениот, ќe
се отфрлат како неприфатливи. Понудувачот може да понуди и пократок рок на изведба, но истиот нема да биде
елемент на критериумот за бодирање.

9.3 Разлики во цена (корекција на цени)


9.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата
на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна
набавка.

9.4 Авансно плаќање


9.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно
плаќање.

9.5 Доверливост и заштита на лични податоци


9.5.1 Двете договорни страни се должни со податоците и документите до кои
дошле при реализација на договорот, да постапуваат во согласност со одредбите од
Законот за заштита на личните податоци.

9.5.2 Со поднесување на понудата, понудувачот е СОГЛАСЕН, доколку неговата


понуда биде избрана за најповолна, договорниот орган да врши обработка на неговите
лични податоци, за потребите на објавувањето на договорите за јавни набавки на
Електронскиот систем за јавни набавки.
9.6 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
9.6.1 Услов за склучување ње на договорот со избраниот најповолен понудувач е
обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно
извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредност на договорот за
јавната набавка со вклучен ДДВ.
Гаранцијата од точка 9.6.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма.
Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.

Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното


реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен
понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на
која гласи договорот.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја
доставува по добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на
договорот во рок определен од договорниот орган со известувањето. Гаранцијата за
квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта
или лично на лицето за контакт од точка 1.2.3 од тендерската документација. Гаранцијата
за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на
набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на
стасаноста, за што договорниот орган писмено ќе го извести носителот на набавката.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното,
банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја
враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на
договорот.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на
носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или
лично во седиштето на договорниот орган.

9.7 Гарантен рок на изведени работи


Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во
согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат маани што ја
оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна
употреба, односно, за употребата определена со договорот.
Нарачателот е должен за забележаните недостатоци да го извести изведувачот без
одлагање.
Гарантниот рок изнесува 2(две) години, а започнува да тече од примопредавањето на
изведените работи или на дел од истите, а ако користењето на изведените работи или на
дел од истите започнало пред примопредавањето - од почетокот на користењето.
За квалитетот и гаранцијата на материјалите што се вградуваат, во поглед на содржината
и рокот, важи гаранцијата од производителот, со тоа што изведувачот е должен сета
документација за квалитетот и гаранциите на производителот на материјалите, заедно со
упатствата за употреба да ги прибави и да му ги предаде на нарачателот.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

- Проектна документација
Сите заинтересирани економски оператори имаат можност, во било кој работен ден (по
претходна најава во ЦРСИПР кај лицето: Владимир Павловски – координатор во
ЦРСИПР, е-mail: ilindenska@gmail.com, тел. 071/260-022) до денот утврден за јавно
отворање на понудите, во просториите на Центар за развој на Свероисточен плански
регион, да извршат увид во:

- Основен проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект -


локален пат во село Коинце, општина Старо Нагоричане, изработен од
„Астрекс“ ДООЕЛ Скопје, тех.бр.663/2019

- Предмер-пресметка, преземена од основниот проект, составен дел на


образецот на понуда

You might also like