You are on page 1of 14

ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО


ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС БР. 21/2012 КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО
ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА

Критериум за доделување на договорот : најниска цена

За набавка на: Резервни делови и акумулатори за дизел агрегати

Дел I Инструкции за понудувачите

Дел II Технички карактеристики на стоките (спецификации)

Дел III Прилози

Прилог бр. 1 – Модел на Договор – Елементи на договорот


Прилог бр. 2 – Образец на понуда
Прилог бр. 3 – Образец на Изјава за исполнување на критериуми за
утврдување на способност

Скопје, Април 2012 година

1
Дел I Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган

Договорен орган е Оператор на електропреносниот систем на Македонија – Акционерско


друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем на
Македонија во државна соспственост Скопје (во натамошниот текст АД МЕПСО),
со адреса на ул. Орце Николов бб 1000 Скопје Р. Македонија,
Лице за контакт кај договорниот орган за комерцијалниот дел е Ѓорѓи Јанакиевски, телефон
++389 (2) 3 149 693, факс ++389 (2)3149 619, е-маил goko@mepso.com.mk
Лице за контакт кај договорниот орган за техничкиот дел е Стефко Јаневски ,тел ++ 389 (2) 3
149680 , е-маил stefkoj@mepso.com.mk

2. Предмет на договорот за јавна набавка

Предмет на договорот е : Резервни делови и акумулатори за дизел агрегати


2.1. Предметот на набавката е деллив на делови како што е дефинирано во техничките
спецификации и се состои од 2 поединечни дела, и тоа:
Дел 1. Резервни делови за дизел агрегати
Дел 2. Акумулатори за дизел агрегати
2.2. Понудувачот може да даде понуда за еден или за двата делови од предметот на
спогодбата за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на
поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на спогодбата ќе се спроведе
посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-
nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци
и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на спогодбата за јавна набавка.
2.3 Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог
на оваа тендерската документација

3. Рок и начин на испорака

3.1 Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача во рок од 30


(триесет) дена од денот на потпишување на договорот од двете страни на паритет ДДП
( инкотермс 2010 ) во АД МЕПСО Магацин: Трафостаница Скопје 1/5, ул. Крали Марко бб.
(с. Бутел) Скопје.
3.2 Со испораката на стоките од страна на овластеното лице на Договорниот орган ќе се
изврши квалитативен и квантитативен прием на стоките.
3.3 Испораката на стоките ќе се смета за извршена по потпишување на Записник за
примопредавање од овластените лица на двете страни, од кој датум започнува да тече и
гарантниот рок за испорачаната стока.
3.4 Носителот на набавката е должен со испораката на стоките ( за Дел 2 ) да му достави на
Договорниот орган Гарантен лист – гаранција .
3.5 Рокот и начинот на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и начин на
испорака, поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква
ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.6 Овластено и задолжено лице за реализација на Договорот на страната на Договорниот
орган е : Стефко Јаневски

4. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на


најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна
набавка

5. Начин на плаќање
5.1 Начинот на плаќање на предметот на договорот ќе биде вирмански или со дознака (важи
за странски понудувач) по испорака на стоката во рок 15 (петнаесет) дена од денот на
приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган придружена со Записник за
примопредавање .
2
5.2 Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се
смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни
набавки.
6. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договорот, понудувачите мора да ги


исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

6.1. Лична состојба

- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за


учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен
повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за
вршење на одделна дејност;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на
професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара
договорниот орган.

6.2. Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста
поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно
професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

6.3.Техничка или професионална способност

Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот


се:
- Понудувачот треба да достави каталог од производниот програм на производителот,
- Понудувачот треба да достави документ за потекло на стоката
- Понудувачот треба да обезбеди гаранција за понудените стоки во траење од најмалку 1
(една) година, (за Дел 2 )

6.4 Стандарди за систем за квалитет

- Воспоставен систем за управување со квалитет, на производителот на стоките, согласно


стандардите ISO 9001

7. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот треба да ги поседува следниве документи за докажување на својата способност,


во зависност од критериумите предвидени во точка 7 од оваа тендерска документација, и тоа:

7.1. За докажување на личната состојба:

- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна


пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата
каде економскиот оператор е регистриран,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на
договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
3
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е
изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за
вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење
одделна дејност.
Документите од точка 7.1 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци, а се доставуваат во
оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во
документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да
побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за
утврдување на личната состојба.
Согласно со член 102, став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата
понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот како доказ за
исполнување на критериумите за утврдување на способност. Наместо тоа, понудувачот
доставува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на способност,
која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Договорниот орган ќе побара само
од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да ги достави потребните документи за
утврдување на неговата способност.

7.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност

За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба


да има на располагање документ за регистрирана дејност – Образец ДРД за домашни лица,
како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана
со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно
професионално здружение, за странски лица, согласно со прописите на земјата каде што е
регистриран.

7.3.За докажување на техничката или професионалната способност

- Каталог од производниот програм на производителот,


- Изјава за потекло на стоката,
- Изјава за должина на гарантниот период, ( за Дел 2 )

7.4 За исполнување на стандардите за систем за квалитет

- Сертификат за воспоставен систем за управување со квалитет, на производителот на


стоките, според ISO 9001

8. Изготвување и поднесување на понудите

8.1. Начин на изготвување на понудата


Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација,
со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден
оригинален примерок. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува
одговорното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата
печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу
редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од
лицето кое ја потпишува понудата.

8.2. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:


- Согласност на елементите на моделот на договор (Прилог 1),
- Образец на понуда (Прилог 2),
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на
способност (Прилог 3).
- Документите од точка 7.2 ; 7.3 и 7.4 од тендерската документација
- Пополнета Табела со потврден број на делот за Дел 1 ( Прилог 4 )

4
8.3. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се


разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото
кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата
може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски
јазик.

8.4. Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот на јавното отворање за чие


времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои
содржат покус период на важност ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

8.5. Запечатување на понудата

Понуда може да поднесе само понудувач кој ја има набавено тендерската документација од
договорниот орган.

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го


содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај”
Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не
презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.

8.6. Принцип на една понуда

Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја
доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во
кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

9. Краен рок и место за поднесување на понудите:

9.1. Краен рок за поднесување на понудите е : 02.05.2012 година во 12,00 часот.


9.2. Понудите се поднесуваат во Архивата на АД МЕПСО – Скопје, на следнава адреса: АД
МЕПСО – Скопје, ул Орце Николов бб 1000 Скопје Р. Македонија.

10. Јавно отворање на понудите

10.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен
рок за поднесување на понудите на следнава локација: Дирекција на АД МЕПСО – Скопје, ул.
Орце Николов бб Скопје, 4 кат, Соба бр.418.
10.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите,
при што овластениот претставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од
понудувачот.

11. Критериуми за доделување на договорот

Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена. За носител на


набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на
електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која
завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите,туку
само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

5
12. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

12.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за


прибирање понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како
последна фаза во постапката.
12.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку
Електронски систем за јавни набавки(ЕСЈН), освен во делот на електронска аукција која
задолжително се спроведува преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk)
12.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да
учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН.
Регистрацијата во ЕСЈН е бесплатна. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со
пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН
автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја
доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе
информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот
за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од
почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.
12.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи
електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди.
Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без
ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди
поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават
во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите
економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во прата фаза од постапката и кои се
регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на
лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до секој економски оператор дали е
квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена
на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на
започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува
негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

13. Доделување на договорот за јавна набавка

13.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во


постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот
оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.
13.2. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката,
односно ако не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот
орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор
кој поднел прифатлива понуда.
13.3. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, односно намалување на
почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на
економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
13.4. По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач,
доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на
секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде
еднакво на процентот на намалувањето на цената на првичната понуда на избраниот
најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по
завршувањето на аукцијата).

6
14. Известување на понудувачите

14.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се


објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот
оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од
информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската
аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
14.2. Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од
донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски
оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена. Во исто
време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот,
одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната
понуда.

15. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој
претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој
закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за
преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на
договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за
јавните набавки.

16. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на


одлуката за избор или за поништување на постапката.

7
Дел II Технички спецификации

Предмет на набавка : Резервни делови и акумулатори за дизел агрегати

- Испорака и прием на стоката


Стоката треба да се испорача во АД “МЕПСО “ – Централен магацин Бутел ул.
“ Крали Марко “ бб каде ќе се изврши квалитативен и квантитативен прием.

Тип на ДЕА – DEA : VOLVO PENTA


MODEL: TWD 710G
SPEC No : 868470
kW/hp : 181/246
speed: 1500 rpm.

ДЕЛ.1

Табела 1 - Технички карактеристики на делови за дизел агрегати

Ред.
број НАЗИВ И КАРАКТЕРИСТИКИ Број на делот Потврдено
1 2 3 4
1. Филтер за масло 466634-3
2. Филтер за течност за ладење 366822-5
3. Филтер за воздух 3825778-8
4. Филтер за гориво 3825133-6
5. Ремен 9.5x1250La 330050209
6. Ремен 12,5x1175La 330050208
7. Mаностат 330050152
8. Термостат 330050123
9. Пластични прстени 330050181
10. Црево за гориво Dn = 15mm , Dv = 10 mm /
11. Реле 12 V , 70 A WEHRLE 07/98 22 200 111
12. Реле 12 V, 20/30 A WEHRLE 20 201 103
13. Електромагнет за гориво 14 V DC /
14. Греач за блок 700 W /

ДЕЛ. 2

Табела 2 - Акумулатори

Единица Количина
Назив мерка

Акумулатори 12 V 180 Ah Парче 8


Дел III Прилог 1 - Модел на договор – Елементи на договорот

Општи информации за понудувачите:

- Врз основа на конечноста на Одлуката за доделување на договорот за јавна набавка,


Договорниот орган ќе склучи Договор за реализација на предметот на набавката со
понудувачот чија понуда е избрана за најповолна и која понуда ги исполнува пропишаните
критериуми за утврдување на способност од оваа тендерска документација.
- Договорниот орган ќе склучи Договор за реализација на предметот на набавката со еден
економски оператор.
- Времетраењето на Договорот за реализација на предметот на набавката ќе биде од
денот на неговото потпишување од двете договорни страни, па се до исполнувањето на
предметот на набавката, но не подолго од 30 дена од крајниот рок за испорака на стоката.
- Составен дел на договорот ќе биде Понудата на добавувачот по оваа постапка за
доделување на Договор за јавна набавка.

Договорот се предвидува да ги содржи следните елементи:

- Договорни страни,
- Предмет на договорот,
- Вредност на договорот,
- Права и обврски на договорните страни
- Начин и рок на испорака,
- Начин и рок на плаќање,
- Услови за квалитативна и квантитативна контрола,
- Гарантен рок ( гаранција ),
- Виша сила,
- Раскинување и санкции за прекршување на договорот,
- Закон во сила и спорови,
- Времетраење на договорот,
- Завршни одредби

Одговорното лице на понудувачот е должен да даде согласност на предложените


елементи за изготвување на договорот.

Потпис на Одговорно лице


и печат на понудувачот

Согласност на понудувачот

-----------------------------

9
Прилог 2 – Образец на понуда
Врз основа на огласот бр. 21/2012 за доделување на договор за јавна набавка на :
Резервни делови и акумулатори за дизел агрегати , во постапка со барање за прибирање
на понуди, со електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки
(https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерската документација која ја подигнавме од
договорниот орган, ја поднесуваме следнава:

ПОНУДА

Дел I – Информации за понудувачот

I.1. Име на понудувачот: ____________________________________________________

I.2. Контакт информации

− Адреса: ____________________________________________________________

− Телефон: __________________________________________________________

− Факс: _______________________________________________________________

− Е-пошта: ____________________________________________________________

− Лице за контакт: ______________________________________________________

I.3. Одговорно лице: _____________________________________________________

I.4. Даночен број: _______________________________________________________

Дел II – Техничка понуда

II.1.Согласни сме да ги понудиме предметните стоки за Дел ______________ од предметот


на договорот, согласно барањата од техничките спецификации дадени во тендерската
документација

II.2. Согласни сме да ги понудиме предметните стоки, согласно техничката спецификацијата


дадена во Тендерската документација.

II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.

Дел III – Финансиска понуда

III. 1 ЛИСТА НА ЦЕНИ со количини по одделни делови

10
III.2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:

Дел 1

1 2 3 4 5 6
Единица Количина Единечна Вкупна цена ДДВ
Назив мерка цена без без ДДВ
ДДВ (3*4)
Филтер за масло Парче 4
Филтер за течност за ладење Парче 4

Филтер за воздух Парче 2

Филтер за гориво Парче 4

Ремен 9.5x1250La Парче 3

Ремен 12,5x1175La Парче 3

Mаностат Парче 1

Термостат Парче 1

Пластични прстени Парче 2

Црево за гориво Dn = 15mm , Dv = Метри 4


10 mm

Реле 12 V , 70 A WEHRLE 07/98 Парче 2

Реле 12 V, 20/30 A WEHRLE Парче 2

Електромагнет за гориво 14 V DC Парче 1

Греач за блок 700 W Парче 4

ВКУПНО Дел 1 Без ДДВ

_____ % ДДВ

Вкупна цена без ДДВ (со букви) Дел 1:

......................................................................................................................................................

11
Дел 2

1 2 3 4 5 6
Единица Количина Единечна Вкупна цена ДДВ
Назив мерка цена без без ДДВ
ДДВ (3*4)
Акумулатори 12 V 180 Ah Парче 8

ВКУПНО Дел 2 Без ДДВ

_____ % ДДВ

Вкупна цена без ДДВ (со букви) Дел 2:

......................................................................................................................................................

III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се


согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.

III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во


тендерската документација и приложените елементи на моделот на договор.

Место и датум Одговорно лице

___________________________ ___________________________
(потпис и печат)

12
Прилог 3 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги
исполнува критериумите за утврдување на способност

И З Ј А В А

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот


________________________________________________________________________
(се наведува назив на понудувачот)
во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способноста на понудувачите
утврдени во тендерската документација по огласот бр. 21/2012 за доделување на
договор за јавна набавка на: Резервни делови и акумулатори за дизел агрегати,
објавен од страна на АД МЕПСО – Скопје со барање за прибирање на понуди и дека
понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во подточка 7.1 од
тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои
ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за
најповолна.

Место и датум Одговорно лице

___________________________ ___________________________
(потпис и печат)

13
Прилог 4

Табела 1 - Технички карактеристики на делови за дизел агрегати

VOLVO PENTA - MODEL : TWD 710G

Ред.
број НАЗИВ И КАРАКТЕРИСТИКИ Број на делот Пополнува
понудувачот
1. Филтер за масло 466634-3
2. Филтер за течност за ладење 366822-5
3. Филтер за воздух 3825778-8
4. Филтер за гориво 3825133-6
5. Ремен 9.5x1250La 330050209
6. Ремен 12,5x1175La 330050208
7. Mаностат 330050152
8. Термостат 330050123
9. Пластични прстени 330050181
10. Црево за гориво Dn = 15mm , Dv = 10 mm /
11. Реле 12 V , 70 A WEHRLE 07/98 22 200 111
12. Реле 12 V, 20/30 A WEHRLE 20 201 103
13. Електромагнет за гориво 14 V DC /
14. Греач за блок 700 W /

14

You might also like