You are on page 1of 7

ПРЕДЛАГАЧ: Владата на Република Северна Македонија

ПРЕТСТАВНИЦИ: Mr. Admirim Aliti, Министер за информатичко општество и


администрација
Александар Бајдевски, Заменик на министерот за информатичко општество и
администрација

ПОВЕРЕНИЦИ: Елвин Хасан, Државен секретар во министерството за информатичко


општество и администрација
Гордана Гапиќ Димитровска, Државен советник за администрација

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка

Скопје, март 2022 година

ВОВЕД

I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ПРЕДЛОГ


ИЗМЕНИТЕ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со Законот за административни службеници („Службен весник на Република


Македонија“ број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20 и 215/21), е воспоставен целосен и
синхронизиран систем на администрација базиран на знаење, односно воведување на целосно
нов модерен пристап кон управувањето со човечките ресурси, со елементи на корпоративно
управување, согласно со најдобрите светски практики за управување базирано на компетенции
преку уредување на статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното
усовршување и оспособување, мерењето на ефектот и други прашања во врска со работниот
однос на административните службеници.
Со Законот за административните службеници се регулирани категориите и нивоата на
административни службеници, како и нивните плати и надоместоци на плати.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во
Република Северна Македонија, („Службен весник на Република Северна Македонија“ број
41/22), се утврди зголемување на минималната плата. Овие измени ги опфаќаат околу 80.000
граѓани од приватниот сектор, кои со исплатата на мартовската плата од април ќе добијат
Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
1 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut
покачување на платата од 15.200 денари на 18.000 денари. Со Законот се менуваат
критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на
просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот
завод за статистика. Со цел системско решавање на прашањето на минималната плата, со
законот се утврдува, висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57% од
просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година. Преку
мерката за субвенционирање на социјалните придонеси со цел понатамошен раст на платите и
зголемување на законски минималната нето плата на ниво од 18.000 денари во приватниот
сектор, неминовно го наметнува прашањето за третманот на еднаквост со цел постигнување на
иста минималната плата во јавниот и приватниот сектор.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ

Предлогот на закон се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст на


Законот за административни службеници.
Основната цел на предлог на законот е постигнување на еднаквост на вработените во
приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на
законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на
административните службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на
промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално
ниво, како долгорочна цел.
Посакувана цел:
- вреднување на трудот, намалување на нееднаквоста во распределбата на доходот,
намалување на сиромаштијата, а пред сѐ овозможува подобар животен стандард на
административните службеници и на нивните семејства во момент на голема инфлација на
цените, мотивирање на вработените, како и задржување на изградените и обучени
административните службеници бидејќи тие ги извршуваат функциите на државата и се во
служба на граѓаните и бизнисите.

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ВРЗ


БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Спроведувањето на овој закон предизвикува финансиски последици врз Буџетот на


Република Северна Македонија и другите јавни финансиски средства.

IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА


ЗАКОНОТ И НАЧИН НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА
ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ
ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на овој закон потребни се дополнителни финансиски средства од


Буџетот на Република Северна Македонија.
Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
2 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut
V. СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, бидејќи не


се работи за сложен и обемен закон, предлагаме Предлогот на закон за изменување на Законот
за административни службеници да се донесе по скратена постапка.

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 1

Во Законот за административни службеници („Службен весник на Република


Македонија“ број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на
Република Северна Македонија“ број 275/19, 14/20 и 215/21), членот 87 се менува и гласи:

„(1) Основната компонента на плата ја сочинуваат:


- минимална плата,
- дел на плата за степен на образование,
- дел на плата за ниво и
- дел на плата за стаж.
(2) Минималната плата е онаа која министерот за труд и социјална политика, ја објавува во
„Службен весник на Република Северна Македонија“ согласно закон.
(3) Делот на плата за степенот на образование кој е законски минимум за соодветното ниво на
работно место се вреднува на следниот начин:

БОДОВ
НИВО НА КВАЛИФИКАЦИИ/ОБРАЗОВАНИЕ
И

Ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен 63

Ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС 37

Ниво на квалификации V А, 60 до 120 кредити според ЕКТС или вишо образование 16

Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или
1
четиригодишно средно образование

(4) Делот на плата за нивото на кое е распореден административниот службеник се вреднува


на следниов начин:
Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
3 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut
НИВО БОДОВИ

А1 - секретар од прво ниво 685

А2 - секретар од второ ниво 542

А3 - секретар од трето ниво 496

А4 - секретар од четврто ниво 430

А5 - секретар од петто ниво 337

Б1 - раководен административен службеник од прво ниво 348

Б2 - раководен административен службеник од второ ниво 327

Б3 - раководен административен службеник од трето ниво 235

Б4 - раководен административен службеник од четврто ниво 173

В1 - стручен административен службеник од прво ниво 107

В2 - стручен административен службеник од второ ниво 71

В3 - стручен административен службеник од трето ниво 56

В4 - стручен административен службеник од четврто ниво 25

Г1 - помошно - стручен административен службеник од прво ниво 15

Г2 – помошно - стручен административен службеник од второ ниво 10

Г3 - помошно - стручен административен службеник од трето ниво 5


Г4 - помошно - стручен административен службеник од четврто ниво
1

(5) Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ


од 0,5% од збирот на минималната плата, делот на плата за степен на образование и делот на
плата за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.“

Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
4 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut
Член 2

Одредбите од членот 1 од овој закон со кој се менува членот 87 ќе отпочнат да се


применуваат со исплата на мартовската плата во месец април 2022 година.

Член 3

Бодовите на плата во делот на образованието за државниот службеник со ниво на


квалификациите VI Б, односно стекнати 180 кредити според ЕКТС, кој засновал работен однос
во институцијата заклучно со денот на започнувањето со примената на Законот за
административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14), ќе се
вреднуваат со 63 бода.

Член 4

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на


Република Северна Македонија“.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ


ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Предлог на законот за изменување на Законот за административни службеници содржи 4


члена.
Со членот 1 се менува членот 87 со кој се утврдува нова основна компонента на плата и
нов систем на пресметка на плати.
Со членот 2 се уредува примената на законот.
Со членот 3 се уредува вреднувањето на бодовите за образование до започнување со
примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 27/14).
Со членот 4 се уредува влегувањето во сила на законот.

II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО


ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Решенијата содржани во предложените одредби се меѓусебно поврзани.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со предложените решенија ќе се обезбеди усогласување со Законот за минимална плата


Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
5 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut
во Република Северна Македонија.

ИЗВОД НА ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ КОИ


СЕ ИЗМЕНУВААТ

Основна компонента на плата

Член 87

(1) Основната компонента на плата ја сочинуваат: 


- дел на плата за степен на образование, 
- дел на плата за ниво и 
- дел на плата за стаж.

(2) Делот на плата за степенот на образование кој е законски минимум за соодветното ниво на
работно место се вреднува на следниот начин:

БОД
НИВО НА
ОВ
КВАЛИФИКАЦИИ/ОБРАЗОВАН
И
ИЕ
Ниво на квалификации VI А, 240
кредити според ЕКТС или завршен 200
VII/1 степен
Ниво на квалификации VI Б или
175
180 кредити според ЕКТС
Ниво на квалификации V А, 60 до
120 кредити според ЕКТС или 150
вишо образование
Ниво на квалификации IV, 240
кредити според ЕЦВЕТ или
100“
МКСОО или четиригодишно
средно образование

(3) Делот на плата за нивото на кое е распореден административниот службеник се вреднува


на следниов начин:

БОДОВИ
НИВО
А1 - секретар од прво ниво 845
Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
6 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut
А2 - секретар од второ ниво 706
А3 - секретар од трето ниво 661
А4 - секретар од четврто ниво 596
А5 - секретар од петто ниво 506
Б1 - раководен административен службеник од прво ниво 516
Б2 - раководен административен службеник од второ ниво 496
Б3 - раководен административен службеник од трето ниво 406
Б4 - раководен административен службеник од четврто ниво 346
В1 - стручен административен службеник од прво ниво 281
В2 - стручен административен службеник од второ ниво 246
В3 - стручен административен службеник од трето ниво 231
В4 - стручен административен службеник од четврто ниво 201
Г1 - помошно-стручен административен службеник од прво ниво
196
Г2 - помошно-стручен административен службеник од второ ниво
181
Г3 - помошно-стручен административен службеник од трето ниво
166
Г4 - помошно-стручен административен службеник од четврто ниво
159.

(4) Делот на плата за работниот стаж на


административниот службеник се вреднува во износ од 0,5% од деловите на
платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен
стаж, а најмногу до 20%.

Ул. „св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје +389 2 320 0874
7 Министерство за информатичко општество и
администрација на
Република Северна Македонија www.mioa.gov.mk
Rr. „Shën. Кirili  dhe  Мetodi“ nr. 54, Shkup
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisë së Veriut
Мinistria e Shoqërisë Informatike 
dhe Administratës
Republika e Maqedonisë së Veriut

You might also like