You are on page 1of 2

Шаховска федерација на Македонија

Бр. 32-23/ април , 2023 година


ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА 2023
Скопје, 04 мај - 11 мај 2023
1. Отвореното првенство на Република Северна Македонија ќе се одржи во Хотел „Континентал“ во
Скопје, од 04 мај до -11 мај 2023 година,во организација на Шаховската федерација на Македонија.
2. Турнирот е од отворен карактер за сите играчи со FIDE ID код кои се наоѓаат на македонската рејтинг
листа. Се игра по Швајцарски систем од девет (09) кола и се рејтингува во ФИДЕ.
Важат Правилата на FIDE. Пријавување најдоцна до 03 мај 2022 година на е-маил: slakinski@yahoo.com
3. Партиите се играат по следниот распоред
04 мај (четврток) 16:00 – 17:00 потврдување присуство во сала за игра
17:30 коло I
05 мај(петок) 17:30 коло II
06 мај (сабота) 09:30 коло III
06 мај (сабота) 17:30 коло IV
07 мај (недела) 17:30 коло V
08 мај (понеделник) 17:30 коло VI
09 мај (вторник) 17:30 коло VII
10 мај (среда) 17:30 коло VII
11 мај (четврток) 17:30 коло IX
4. Темпо на игра е 90 минути за целата партија, со бонификација од 30 секунди за секој потег, почнувајќи
од првиот .

5. Партиципација
Шахисти со меѓународни титули(ФМ,ИМ и ВМ), поранешни шампиони на Македонија и шахисти
со рејтинг над 2300 поени се ослободени од плаќање партиципација.За останатите таа зависи од
регистрацијата на играчите во ШФМ :

шахисти регистрирани во ШФМ шахисти нерегистрирани во ШФМ


1.000 денари 1.500 денари

6. Цени на услуги во Хотел Континентал Скопје

Хотел Зафатеност на соба Нето цена по лице од ноќ


Спиење + доручек
„Континентал„ двокреветна 1.850 денари
Скопје
еднокреветна 2.450 денари

Пансионот започнува на 04 мај со вечера, а завршува со ручек на 11 мај 2023година. Корисникот на


услугата се обврзува плаќањето да го изврши пред почетокот на натпреварите, на лице место во готово
или на фактура.
Хотел Континетал -Скопје
Жиро сметка: 300-0000003200-39
Депонент: Комерцијалана Банка
7. Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.
8. Играч,кој нема да се појави на шаховската табла 15 минути по почетокот на колото, ќе ја загуби
партијата(толеранција на доцнење 15 минути).
9. Дисциплина
Забрането е носење мобилни телефони или други електронски уреди во салата за игра.
Казна е губење на партијата.
Снимање е дозволено во првите 15 минути.
Според ФИДЕ Правилата, сите играчи кои ги завршиле своите партии треба да го напуштат просторот
за игра.
10. Наградниот фонд е 240.000 денари, поделен на 10 редовни и 5 специјални награди.
Регуларни награди (220.000) денари:
I. место 60.000
II. место 42.000
III. место 32.000
IV. место 24.000
V. место 16.000
VI. место 12.000
VII. место 10.000
VIII. место 9.000
IX. место 8.000
X. место 7.000
Првите 5(пет) награди се делат по Хортов систем, а наградите од 6-10 место не се делат.
Специјални награди (20.000) денари:
I. најдобар млад играч до 18 години (родени 2005 и помлади)
1) место 5.000
2) место 3.000

II. најдобар ветеран преку 65 години (родени 1958 и постари)


4.000
III. најдобар играч со рејтинг до 2100
4.000
IV. најдобар играч со рејтинг до 1800
4.000
Овие награди не се делат.
Играч може да освои само една награда- поголемата.

При еднаков број на поени одлучува:


1. бухолц -1 (без најлошиот противник)
2. бухолц (целосен)
3. поголем број победи
4. прогрес
5. скратен прогрес
11. Победникот на турнирот е првак на Република Северна Македонија за 2023 година.

Скопје,10.04. 2023 Шаховска федерација на Македонија


Марјан Митков, Секретар

You might also like