You are on page 1of 2

Меѓународен Младински Шаховски Фестивал

Езерска Кралица 2023

“LAKE QUEEN SCHOOL CUP 2023”

Шаховскиот Клуб „Младинска Шаховска Школа“ Струга организирa


Регионален рапид турнир во шах за млади
“LAKE QUEEN SCHOOL CUP 2023”

1.Турнирот ќе се одржи на 06.05.2023 год(сабота) во ПУ Јахја Кемал во Струга

2.Покровители на турнирот се Општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца

3.Право на играње имаат сите млади шахисти од основните училишта од Општините


Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца родени 2009 и помлади групирани во 4 возрасни
категории:

- Играчи со возраст до 14 години( родени 2009 и помлади)


- Играчи со возраст до 12 години( родени 2011 и помлади)
- Играчи со возраст до 10 години( родени 2013 и помлади)
- Играчи со возраст до 8 години( родени 2015 и помлади)

Организаторот го задржува правото да покани играчи надвор од критериумите во


расписот.
Организаторот го задржува правото да спои некои од турнирите, што ќе биде договорено
и објавено на отварањето на турнирот.

4.Подржувачи на турнирот се Шаховскиот клуб “ЛАСКЕР” од Охрид и ПУ Јахја Кемал од


Струга.

5.Важат Правилата на ФИДЕ за забрзан шах, турнирот не се рејтингува. Резултатите од


турнирот ќе бидат објавени на сајтот http://chess-results.com.

6.Се игра по Швајцарски систем од 7 кола. Темпото на игра е 10 мин по играч со додаток
од 05 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.
7.Турнирот ќе се игра по следниот распоред:
09:30-09:50 пријавување на учесниците , 10:00 отворање на турнирот
10:00 I –IV 13:00 V – VII
Затварање на турнирот 15 минути по завршување на VII коло

8.Пријавување најдоцна до 05 Мај 2023 на e-mail: kgjoko@yahoo.com и


laskerohrid@yahoo.com, пријавените учесници ќе го потврдат своето учество на турнирот
со своето присуство во ПУ Јахја Кемал Струга, ќе се пароваат само учесниците кои
најдоцна до 09:50 часот на 06 Мај 2023 год го потврдиле учеството на турнирот со своето
присуство и платиле котизација.

9.Уписнината на турнирот изнесува 300 денари.

10.Сите учесници ќе добијат дипломи за учество.За најдобрите следуваат медајли, пехари


и стокови награди.За сите учесници на турнирот ќе бидат обезбедени освежителни
пијалоци и сендвичи.

11. При ист број на поени одлучува


- Директна средба
- Бухолц - 1 (без најлошиот противник)
- Бухолц
- Прогрес

12.Судии на турнирот се NА Ѓоко Котески и NA Борис Лушески.

Март 2023 година ,Струга

Организатор

ШК Младинска Шаховска Школа СТРУГА

You might also like