You are on page 1of 2

Задачи од планиметрија за VII одделение

1. Дадена е плоштината на правоаголникот ABCD и една негова страна.


Одреди ја другата страна на правоаголникот, ако:
a) P=1400 m2 , a = 35 m,
б) P=53,3 dm2 , b=6,5 dm.

2. Пресметај ја страната на правоаголникот со плоштина 24cm2 ако другата


страна е долга:
а) 4 cm, б) 5 cm, в) 6 cm, г) 8 cm.
3. Како ќе се промени плоштината на даден правоаголник, ако:
а) основата се зголеми 2 пати, а висината остане иста,
б) основата се зголеми 3 пати, а висината се зголеми 2 пати?

3. Пресметај го периметарот на квадрат, што е еднаквоплошен со даден


правоаголник чии димензии се a = 6 cm и b = 24 cm.

4. Квадрат со страна 7,5cm и правоаголник со една страна 5cm имаат еднакви


периметри Која од тие две фигури има поголема плоштина?

5. Паралелограм co основа a=8cm има плоштина P=32cm2. Одреди ja висината


на паралелограмот.

6. Едната страна на ромбоидот е долга 15cm, а соодветната висина е долга 8cm.


Ако другата страна на ромбоидот изнесува 12cm колкава е висината што ѝ
одговара?

7. Паралелограм има страни 4cm и 5cm и поголемата негова висина е 3cm.


Пресметај ја плоштината на паралелограмот.

8. Плоштината на паралелограмот е еднаква на 36cm2, а неговите висини се


долги 4cm и 6cm. Одреди го неговиот периметар.

9. Плоштината на ромбот е 36cm2 , а периметарот му е 36cm. Одреди ја висината


на тој ромб.

10. Како ќе се промени плоштината на триаголникот, ако:


а) основата ја зголемиме 3 пати, а висината остане непроменета,
б) основата остане иста, а висината ја зголемиме 2 пати,
в) основата се намали 6 пати, а висината се зголеми 2 пати?

11. Плоштината на еден правоаголен триаголник изнесува 40,32cm2, а едната


негова катета е 5,6cm. Одреди ја другата катета.

12. Основата на еден триаголник е 9cm, а соодветната висина 6cm. Тој е


претворен во друг триаголник со основа 12cm. Одреди ја соодветната висина на
вториот триаголник.

ЈАсминка
13. Пресметај ја плоштината на триаголник, ако се дадени неговите страни
а) а = 8cm, b =15cm, с =17cm; б) а =7cm, b = 8 cm, с = 9cm.

14. Долната основа на трапезот е еднаква на 13cm, висината му е 5cm, а


плоштината е еднаква на 50cm2. Одреди ја горната основа на тој трапез.

15.Една нива, која имала форма на трапез со основи 142m и 86m и висина 42m,
била посеана со памук. Од 1 декар било набрано просечно 95kg памук. Колку
било набрано од целата нива?

16.Плоштината на еден правоаголен трапез изнесува 87cm2. Одреди ја


должината на нормалниот крак, ако основите на трапезот се долги 18cm и 12cm.

17. Пресметај ја плоштината на рамнокрак трапез, ако се познати неговите


основи a =11cm, b =5cm и остриот агол при основата =45°.

18. Одреди ја плоштината на ромб со дијагонали d1=12сm и d2=12сm.

19. Одреди ја плоштината на делтоид, ако се познати неговите дијагонали


d1 =6,3cm и d2=4,8cm.

20. Плоштината на делтоидот изнесува 90cm2. Ако едната негова дијагонала е


7,5cm, најди ја другата дијагоналa.

21. Колкава плоштина има квадрат, чија дијагонала е 7,9cm?

22.Најди ја плоштината на рамнокрак трапез со нормални дијагонали, ако


дијагоналата му е долга 7,6cm.

23. Најди ја висината на ромб, чии дијагонали се долги d1 =l8cm и d2=13cm.

24. Страната на ромбот е долга 15,5cm, а едната дијагонала e 25,4cm. Пресметај


ја плоштината на ромбот.

ЈАсминка

You might also like