You are on page 1of 2

Описно оценување по предметот македонски јазик за VI одделение :

Оценка 2 (четврто ниво) –ЈАЗИК: Покажува интерес за историјата на


македонскиот јазик; Ги именува  старословенските азбуки; Знае за дејноста на
браќата Кирил и Методиј. ФОНЕТИКА: Работи со помош на наставникот;
Набројува согласки и самогласки; Разликува слоготворно и неслоготворно Р;
Препознава точно акцентирани зборови; Групира видови зборови во реченица;
Знае за зборовните групи. ЛИТЕРАТУРА: Ги препознава литературните
родови; Знае да ги наброи елементите на расказот. ИЗРАЗУВАЊЕ И
ТВОРЕЊЕ: Усно тешко се изразува; Прераскажува со помош на наставникот;
Воочува главен и спореден лик; Пишува состав за лични доживувања во кој
нема логична поврзаност на настаните, деловите се лабаво поврзани, стилот на
изразување е конфузен, нема богати реченици воопшто, па дури и се тешко
разбирливи.
Оценка 3 (трето ниво) ЈАЗИК: Ги определува јазиците во трите
словенски групи. Разбира за ширењето на словенската писменост; Ги знае за
чуваните ракописи на старословенски јазик. ФОНЕТИКА: Поврзува звучни и
безвучни парници; Образува двојки од зборови; Ги разбира правилата за
акцентирање на зборовите и дава точни примери; Бележи примери со
слоготворно Р и за двете ситуации; Ги разбира видовите зборови и ги открива
во дадена реченица определувајќи им ја зборовната група.
ЛИТЕРАТУРА: Дискутира за белезите на трите литературни рода; Знае за
потеклото на зборовите лирика, епика и драма; Дискутира за елементите на
расказот. ИЗРАЗУВАЊЕ И ТВОРЕЊЕ: Усно се изразува со сиромашен
речник; Прераскажува по хронолошки редослед; Ги објаснува постапките на
главниот  и споредните ликови; Одговара со кратки одговори на поставени
прашања; Пишува состав за лични доживувања во кој мислите неследат една по
друга, тешко се следи логичноста во раскажаното, стилот е сиромашен,
односно нема постојаност во збогатувањето на речениците.
Оценка 4 (второ ниво ) ЈАЗИК: Со помош на наставникот ги објаснува
разликите во буквите од двете старословенски азбуки преку фотоснимките
дадени во учебникот. ФОНЕТИКА: Објаснува за значењето на фонемата;
Образува двојки од зборови со различни фонеми; Ги применува правилата за
акцентирање на зборовите; Објаснува за белезите на акцентот во македонскиот
јазик (определеноста и динамичноста); Образува реченици богати со видови
зборови кои ги определува.  ЛИТЕРАТУРА:  Демонстрира примери на текстови
од трите литературни рода; Го објаснува значењето и потеклото на зборовите
лирика, епика и драма; Самостојно прави анализа на текст со извлекување на
идејата. ИЗРАЗУВАЊЕ И ТВОРЕЊЕ:  Трансформира дијалози од
раскажувачки во драмски; Усно се изразува без тешкотии, пришто се служи со
задоволителен фонд на зборови и има правилна интонација; Пишува состав за
лични доживувања во кој мислите следат една по друга, има  добри премини
меѓу деловите, стилот на изразување на моменти е добар, но не е постојано
таков.
Оценка 5 (прво ниво) 5 - ЈАЗИК:  Изработува повеќе проекти за
историјата на македонскиот јазик; Ги споредува и објаснува разликите во
буквите од двете старословенски азбуки преку фотоснимките дадени во
учебникот; Носи примери од зачувани ракописи извадени од интернет;
размислува за развојот на старословенските азбуки и прави разлика во етапите
од развојот. ФОНЕТИКА: Објаснува за значењето на фонемата и образува
повеќе зборови со различни фонеми; Ги применува правилата за акцентирање
на зборовите, особено повеќесложните зборови кои самостојно ги конструира;
Објаснува за белезите на акцентот во македонскиот јазик (определеноста и
динамичноста); Ги споредува видовите зборови и зборовните групи, ги
објаснува поединечно видовите зборови со примери; Образува реченици богати
со видови зборови кои ги определува.  ЛИТЕРАТУРА: Демонстрира примери
на текстови од трите литературни рода; Умее да твори во трите литературни
рода; Го објаснува значењето и потеклото на зборовите лирика, епика и драма;
Самостојно прави анализа на текст со извлекување на идејата; Ги објаснува
постапките на ликовите во расказот; Укажува на грешките кај негативните
ликови и ги оправдува постапките на ликовите јунаци. ИЗРАЗУВАЊЕ И
ТВОРЕЊЕ: Трансформира дијалози од раскажувачки во драмски и  обратно;
Усно се изразува течно, пришто се служи со богат фонд на зборови и има
правилна интонација и акцент; Пишува состав за лични доживувања во
кој мислите логично следат една по друга, со складно претставување на
содржината, стилот на изразување е богат, со стилски средени реченици.

ред Име и презиме


. тримесечје
бр.
1 Христијана Белевска 5
2 Доротеја Богоевска 5
3 Никола Божиновски 2
4 Давид Бозајковски 4
5 Матеј Бошевски 5
6 Ана Бучуковска 5
7 Новица Велковски 4
8 Михаела Ѓоргиовска 2
9 Илијана Камбовска 3
10 Михаил Костевски 3
11 Андреј Крушкоски 5
12 Филип Лавуровски 1
13 Ивана Лисолајска 5
14 Андреа Матеска 5
15 Бојана Мешеска 5
16 Ана Мијалчева 5
17 Мариа Николовска 5
18 Филипа Николовска 4
19 Димитриј Пејчиновски 5
20 Викторија Петковска 2
21 Огнен Писаниковски 5
22 Софија Ристеска 5
23 Вилијам Станковиќ 3
24 Никола Угарчев 4

Наставник: Наташа Лозановска

You might also like