You are on page 1of 2

Десет Божји заповеди

1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освен Мене!

2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на

земјата и што е во водата и под земјата. Не им се поклонувај и не им служи!

3. Не го изговарај напразно името на Господа, твојот Бог!

4. Спомнувај си за денот на одморот, за да го празнуваш. Шест дена работи и

сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети Го на Господа, твојот Бог!

5. Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и да

пoживееш долго на земјата!

6. Не убивај!

7. Не прави прељуба!

8. Не кради!

9. Не сведочи лажно против својот ближен!

10. Не пожелувај ништо што е туѓо!


Петта Божја заповед

Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и да


пoживееш долго на земјата!
Со петтата заповед Господ Бог ни заповеда да ги почитуваме нашите родители и
за тоа ветува добар и долг живот.

Да ги почитуваш родителите значи: да ги сакаш, да ги почитуваш, да не ги


навредуваш ниту со зборови ниту со дела, да ги слушаш, да им помагаш во
секојдневните работи и да се грижиш за нив кога имаат потреба, а особено за
време на нивната болест и старост.

Гревот на непочитување на родителите е голем грев. Во Стариот завет, секој што


зборувал лоши зборови на татко или мајка бил казнет со смрт.
Заедно со нашите родители, мора да ги почитуваме оние кои на некој начин ги
заменуваат нашите родители. Овие личности вклучуваат: учители, епископи и
свештеници кои се грижат за нашето спасение; граѓански власти, полицијата и
воопшто сите оние кои имаат должност да одржуваат ред и нормален живот во
земјата. Затоа, неопходно е да им се оддаде почит на учителите кои не учат нови
работи и на сите постари од нас, кои имаат искуство во животот и можат да ни
дадат добар совет.

You might also like