You are on page 1of 73

А. ОПШТ ДЕЛ ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК - стр.

5
1. Кривична одговорност; кривично дело; дело од мало значење
2. Нужна одбрана; крајна нужда
3. Пресметливост
4.Умисла; небрежност; одговорност за потешка последица
5. Стварна и правна заблуда
6. Подготвување и обид на кривично дело; доброволно откажување
7. Соизвршителство; поттикнување; помагање
8. Посебни одредби за кривична одговорност за кривични дела сторени
преку средствата за јавно информирање
9. Кривична одговорност на правно лице
10. Начин, време и место на извршување на кривичното дело
11. Цел на казнувањето, видови казни и услови за нивно изрекување
12. Затвор
13. Условен отпуст и отповикување на условниот отпуст
14. Парична казна и наплаќање на парична казна
15. Општи правила за одмерување на казна
16. Ублажување и граници на ублажувањето на казна
17. Ослободување и посебни основи за ослободување од казна
18. Стек на кривично дело
19. Продолжено кривично дело
20. Одмерување казна на осудено лице
21. Засметување на притворот и на поранешната казна
22. Алтернативни мерки
23. Условна осуда и услови за нејзино изрекување
24. Отповикување на условната осуда поради ново кривично дело и поради
порано сторено кривично дело и рокови за отповикување на условната
осуда.
25. Условна осуда со заштитен надзор
26. Општо корисна работа
27. Судска опомена
28. Куќен затвор
29. Изрекување на мерки за безбедност
30. Задложително психијатриско лекување и чување во здравствена
установа
31. Целосно прекинување на кривичната постапка
32. Задолжително психијатриско лекување од слобода
33. Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани
34.Примена на алтернативните мерки
35. Казнување на правно лице
36. Конфискација на имот и имотна корист; заштита на оштетен
37. Одземање на предмети
38. Рехабилитација; законска и судска рехабилитација 10
39. Казнена евиденција
40. Застареност на кривично гонење; тек и прекин на застарувањето на
кривичното гонење
41. Застарување на извршување на казна; тек и прекин на застарувањето
на извршување на казна
42. Амнестија и помилување и нивно дејство врз правата на трети лица
43.Важење на кривичното законодавство според местото на извршувањето
на кривичното дело
44. Посебни услови за гонење
45. Значење на изразите во КЗ
46. Конфискација на посредна имотна корист и проширена конфискација

1
Б. ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК - стр. 22
1. Убиство
2. Убиство на миг; убиство од небрежност и убиство на дете при пораѓање
3.Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство
4.Против правно прекинување на бременост
5. Телесна повреда; тешка телесна повреда
6. Повреда на рамноправност на граѓаните; повреда на правото на употреба
на јазик и писмо
7.Противправно лишување од слобода; грабнување
8. Нарушување на неповредливост на домот; противзаконско вршење на
претрес
9. Повреда на тајноста на писмата или други пратки
10. Неовластено прислушкување и тонско снимање; неовластено снимање
11.Злоупотреба на лични податоци
12. Повреда на авторски и сродни права
13.Спречување на избори и гласање; повреда на избирачко право
14. Повреда на слободата на определување на избирачите; злоупотреба на
избирачко право
15. Поткуп при избори и гласање; повреда на тајноста на гласањето
16. Уништување на изборни исправи; изборна измама
17.Повреда на правото од работен однос; повреда на правото одсоцијално
осигурување
18. Клевета; навреда и неказнување за кривичните дела од членовите 171
до 175.
19. Силување
20. Обљуба врз немоќно лице
21. Полов напад врз дете
22. Обљуба со злоупотреба на положбата
23. Посредување во вршење проституција
24. Одземање на малолетник
25. Пренесување на заразна болест
26. Недопуштено пресадување на делови од човечко тело
27.Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,
психотропни супстанции и прекурсори 11
28. Овозможување на употреба на наркотични дроги
29. Загадување на животната средина и природата
30. Кражба; тешка кражба
31. Разбојништво; разбојничка кражба
32. Измама; измамување на купувачи
33.Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем
34. Компјутерска измама
35. Лажен стечај; предизвикување на стечај со несовесно работење
36. изнуда, уцена и лихварство
37. Прикривање
38. Фалсификување на пари
39. Перење на пари и други приноси од казниво дело
40. Криумчарење
41. Царинска измама
42. Даночно затајување
43. Неовластена употреба на туѓа фирма; неовластена употреба на туѓ
пронајдок или софтвер
44. Загрозување на безбедноста во сообраќајот
45.Загрозување на територијалната целина; загрозување нанезависноста
46. Шпионажа
47. Оддавање на државна тајна

2
48. Здружување заради непријателска дејност
49. Злоупотреба на службената положба и овластување
50. Повреда на чување на државната граница
51. Примање поткуп
52. Давање поткуп
53. Непријавување на подготвување на кривично дело
54. Помагање на сторител по извршено кривично дело
55. Лажно пријавување на кривично дело
56. Давање на лажен исказ
57.Неизвршување на судска одлука
58.Присилба спрема правосуден работник; неизвршување на судска одлука
59. Компјутерски фалсификат
60. Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие
61. Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
62. Злосторничко здружување
63. Изработување и набавување на оружје и средства наменети за
извршување на кривично дело
64. Трговија со луѓе
65. Меѓународен тероризам
66. Земање на заложници
67. Геноцид
68. Воени злосторства против цивилно население
69. Употреба на недозволени средства за борба
70.Одговорност на командантите и другите претпоставени
71. Кримчарење на мигранти
72. Производство и дистрибуција на детска порнографија 12
73. Измама на штета на средства на Европската заедница
74. Изработка и употреба на лажна платежна картичка
75. Повреда на правата од хартии од вредност
76. Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна
набавка или јавноFприватно партнерство
77. Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба
на туѓа фирма
78.Противправно стекнување и прикривање имот

В. ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА - стр. 48


1. Основни начела на кривичната постапка
2. Стварна надлежност и состав на судот
3. Месна надлежност
4. Изземање
5. Јавен обвинител
6. Оштетен и приватен тужител
7. Бранител
8. Рокови
9. Донесување и соопштување на одлуките
10. Доставување на писмена
11. Извршување на одлуките
12. Кривична пријава
13. Посебни истражни мерки
14. Истрага
15. Мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот и за успешно
водење на кривичната постапка
16. Други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот
17. Гаранција
18. Куќен притвор

3
19. Притвор и траење на притворот
20. Претрес на дом и лице
21. Привремено обезбедување и одземање на предмети или имот
22. Испитување на обвинетиот
23. Сослушување на сведоци
24. Увид и вештачење
25. Обвинителен акт
26. Приговор против обвинителен акт
27. Заштита на сведоците, на соработниците на правдата и на жртвите
28. Подготовка на главниот претрес
29. Јавност на главниот претрес
30. Раководење со главниот претрес
31. Претпоставки за одржување на главниот претрес
32. Одлагање и прекинување на главниот претрес
33. Записник за главен претрес
34. Доказна постапка
35. Измена и проширување на обвинението
36. Завршни зборови
37. Изрекување на пресуда; видови на пресуда; објавување на пресуда
38. Писмена изработка и доставување на пресуда
39. Жалба на пресуда на првостепениот суд
40. Содржина на жалба
41. Основи поради кои може да се побива пресудата
42. Постапка по жалба
43. Граници на испитување на првостепена пресуда
44. Одлуки на второстепениот суд по жалба
45. Жалба на пресуда на второстепен суд
46. Повторување на кривична постапка
47. Вонредно ублажување на казна
48. Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
49. Барање за заштита на законитоста
50. Главен претрес во скратена постапка
51. Донесување на пресуда без главен претрес
52. Конфискација на имот и имотна корист
53. Постапка за екстрадиција на обвинети и осудени лица
54. Постапка за издавање на потерница и објава

Г. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ


И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ – стр. 71
1. Агенција за управување со одземен имот
2. Постапување со одземен имот
3. Постапување со ствари надвор од промет

4
A. ОПШТ ДЕЛ ОД КРИВИЧЕН ЗАКОНИК

а1. Кривичното дело, кривичната одговорност


Кривично дело е противправно дело што со закон е определено како кривично дело и
чии обележја се определени со закон. Не е кривично дело она дело што, иако содржи
обележја на кривично дело, претставува дело од мало значење поради отсуството или
незначителноста на штетните последици и нискиот степен на кривична одговорност на
сторителот и може да се примени на кривично дело за кое е пропишана парична казна
или казна затвор до три години (пр.кражба на јаболко, но не и секојдневно
поткраднување). Кривично е одговорен сторителот кој е пресметлив и што кривичното
дело го сторил со умисла или од небрежност и притоа бил свесен или бил должен и
можел да биде свесен за забранетоста на делото. За кривично дело сторено од
небрежност, сторителот е кривично одговорен само кога тоа го определува законот.

а2.Нужна одбрана, Крајна нужда


Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана. Нужна е онаа одбрана
што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг, истовремен
противправен напад. Одбраната е неопходно потребна ако се употреби најблагото
средство, начин, доволно за одбивање на нападот. Нужната одбрана има 2
ограничувања: да постои противправен напад и да има пропорционалност меѓу
интензитетот на нападот и одбраната. Законски услов за постоење на нужната одбрана
е истовременоста на противправниот напад со одбраната. Сторителот кој ги пречекорил
границите на нужната одбрана може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето го
сторил поради силна раздразнетост или уплав предизвикан со нападот, може и да се
ослободи од казна. Пречекорување има кога сторителот го одбива нападот
употребувајќи средство што не било неопходно потребно. Ако одбраната се преземе
пред или по неговото завршување, нема пречекорување. Не е кривично дело она дело
што е сторено во крајна нужда. Крајна нужда постои кога делото е сторено со цел
сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на
друг начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од злото
што се заканувало (пр. При патолошка бременост лекарот го жртвувал плодот за да ја
спаси мајката). Сторителот кој сам предизвикал опасност од небрежност или ги
пречекорил границите на крајната нужда, може да се казни поблаго, а ако
пречекорувањето е сторено под особено олеснувачки околности - може и да се
ослободи од казна. Пречекорување има кога сторителот можел да избира помеѓу повеќе
начини за отстранување на опасноста, а не го изврал најмалку штетниот. Нема крајна
нужда ако сторителот бил должен да се изложи на опасност.

а3.Пресметливост
Не е пресметлив сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело не
можел да го сфати значењето на своето дело или не можел да управува со своите
постапки поради трајна или привремена душевна болест, привремена душевна
растроеност или заостанат душевен развој, или други особено тешки душевни пречки
(непресметливост). Сторителот на кривично дело чија способност да го сфати
значењето на своето дело или способноста да управува со своите постапки била битно
намалена поради некоја состојба може да се казни поблаго (битно намалена
пресметливост). Кривично е одговорен сторителот на кривично дело кој со употреба на
алкохол, дроги или на друг начин ќе се доведе во состојба во која не можел да го сфати
значењето на своето дело или да управува со своите постапки, ако пред да се доведе во
таа состојба, делото било опфатено со неговата умисла или во однос на кривичното
дело кај него постоела небрежност, а законот за такво дело предвидува кривична
одговорност и за небрежност. Пресметливост е способност за сфаќање на значењето на
делото и управување со своите постапки.

5
а4. Умисла, Небрежност, Одговорност за потешка последица
Кривичното дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го
сакал неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или
несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното
настапување. Разлика меѓу директната и евентуалната умисла е во степенот на волјата,
т.е. кај директната, сторителот со преземањето на дејствието сака и настојува да ја
предизвика последицата, вложувајѓи напор за остварување на таа цел, а кај
евентуалната не постои интензитет на волјата во тој степен, т.е. ја сака последицата, но
не вложува волев напор таа да се оствари. Разлика меѓу умисла и небрежност е во
волјата, т.е. нејзиното постоење, односно непостоење.Кривично дело е сторено од
небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или
несторување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може
да ја спречи или дека таа нема да настапи или кога не бил свесен за можноста од
настапување на штетна последица, иако според околностите и според своите лични
својства бил должен и можел да биде свесен за таа можност. Постои свесна (сторителот
вози со поголема брзина низ населено место, свесен дека некој може да претрча) и
несвесна небрежност. Кога од кривичното дело произлегла потешка последица за која
законот пропишува потешка казна, таа казна може да се изрече ако сторителот во однос
на последицата постапувал од небрежност.

а5. Стварна заблуда, Правна заблуда


Не е кривично одговорен сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело
не бил свесен за некое негово обележје определено со закон или ако погрешно сметал
дека постојат околности според кои, доколку тие навистииа постоеле, тоа дело би бидо
дозволено. Ако сторителот бил во заблуда поради небрежност, кривично е одговорен за
кривичното дело сторено од небрежност кога законот определува кривична
одговорност и за такво дело. Сторителот има погрешна претстава за определени
околности, а со тоа и за самото дело како реален настан (пр.ловецот наместо животно
погодува човек скриен за грмушка) . Не е кривично одговорен сторителот на кривично
дело кој од оправдани причини не знаел и не можел да знае дека тоа дело е забрането
(пр. Странец незнае дека половото општење со дете е недозволено затоа што доаѓа од
земја каде старосната граница е пониска). Ако сторителот на кривичното дело можел
да знае дека делото е забрането, може да се казни поблаго.

а6. Подготвување, обид и Доброволно откажување на кривично дело


Тој што со умисла подготвува извршување на кривично дело, ќе се казни само кога тоа
законот изречно го определува. Подготвувањето на кривично дело може со закон да се
определи како посебно кривично дело или со закон може да се пропише казнување за
подготвување на определено кривично дело. Кога законот пропишува казнување за
подготвување на определено кривично дело подготвувањето може да се состои во
набавување или во приспособување на средства за извршување на кривично дело, во
отстранување на пречките за извршување на кривично дело, во договорање, планирање
или организирање со други извршители на кривично дело, како и во други дејствија со
кои се создаваат услови за непосредно извршување на кривичното дело, а кои не
претставуваат дејствие на извршување. Тој што со умисла ќе започне извршување на
кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое
според закон може да се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на
друго кривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид.
Сторителот ќе се казни за обид во границите на казната пропишана за кривичното дело,
а може да се казни и поблаго. Обид има кога сторителот промашил или бил физички
спречен да го доврши делото (пр.сакал друг телесно да го повреди но бил совладан).
Сторителот кој ќе се обиде да изврши кривично дело со неподобно средство (пр.
Пукање со празна или неисправна пушка) или спрема неподобен предмет (пр.
Пометнување на жена што не е бремена), може да се ослободи од казна. Сторител кој
подготвувал или се обидел да изврши кривично дело, но доброволно се откажал од

6
неговото извршување, може да се ослободи од казна. Сторителот се откажал од
подготвувањето на делото кога престанал со натамошното подготвување или го
спречил или сериозно настојувал да го спречи започнувањето на извршувањето на
кривичното дело. Во случај на доброволно откажување, сторителот ќе се казни за оние
дејствија што претставуваат некое друго самостојно кривично дело.

а7. Соучесништво, Поттикнување, Помагање


Ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен
придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив
ќе се казни со казната пропишана да тоа дело. Тој што друг со умисла ќе го поттикне да
стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот (пр. тој што ќе ја отстрани
колебливоста кај извршителот со храбрење). Тој што друг со умисла го поттикнува на
извршување кривично дело за кое според законот може да се изречат пет години затвор
или потешка казна, а нема да се направи ни обид за дело, ќе се казни како за обид на
кривично дело. Тој што на друг со умисла ќе му помогне во извршување на кривично
дело ќе се казни како да го сторил самиот, а може да се казни и поблаго. Како помагање
во извршувањето на кривично дело ќе се смета особено: давање совети или упатства
како да се изврши кривичното дело, ставање средства за располагање на сторителот за
извршување на кривичното дело, отстранување на пречките за извршување на
кривичното дело, како и однапред ветено прикривање на кривичното дело на
сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на
кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.

а8. Посебни одредби за кривичната одговорност за кривични дела сторени преку


средствата за јавно информирање
За кривични дела сторени преку весник или друга периодична печатена публикација,
преку радиото, телевизијата или преку филмски весници, кривично е одговорен
одговорниот уредник, односно лицето кое го заменувало во време на објавувањето на
информацијата ако: 1) авторот останал непознат, 2) информацијата е објавена без
согласност на авторот. Кривично се одговорни: 1) издавачот - за кривично дело сторено
преку непериодична печатена публикација и 2) производителот - за кривично дело
сторено преку грамофонска плоча, магнетофонска лента, филм за јавно и приватно
прикажување, дијапозитив, фонограми, видеосредства, аудитивни средства или слични
средства за комуницирање, наменети за поширок круг лица. Ако кривичното дело е
сторено во средство за јавно информирање што се издава, печати, произведува или
емитува во странство, кривично е одговорен увозникот или дистрибутерот на тоа
средство.

а9. Кривична одговорност на правно лице


Правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното
лице, во име, за сметка или во корист на правното лице. Правното лице е одговорно и
за кривично дело сторено од негов вработен или застапник на правното лице со кое е
остварена значителна имотна корист или на друг му е нанесена значителна штета, ако:
1) извршувањето на заклучок, наредба или друга одлука или одобрение на орган на
управување, орган на раководење или надзорен орган претставува сторување на
кривично дело; 2) до сторување на делото дошло поради пропуштање на должниот
надзор на органот на управување, органот на раководење или надзорниот орган; 3)
органот на управување, органот на раководење или надзорниот орган не го спречил
кривичното дело или го прикрил или не го пријавил пред покренувањето на кривична
постапка против сторителот. Кривично се одговорни сите правни лица со исклучок на
државата. Единиците на локалната самоуправа се одговорни само за делата извршени
надвор од нивните јавни овластувања. Странско правно лице е кривично одговорно ако
делото е сторено на територијата на Република Македонија, без оглед дали има свое
претставништво или подружница која врши дејност на нејзина територија.
Одговорноста на правното лице не ја исклучува кривичната одговорност на физичкото

7
лице како сторител на делото. Правното лице што е во стечај е одговорно за
кривичното дело сторено до донесување на решение за отворање на стечајна постапка,
ако со делото е стекната за него значителна имотна корист или на друг му е нанесена
значителна штета.

а10. Начин, време и место на извршување кривично дело


Кривичното дело може да се изврши со сторување или со несторување. Кривичното
дело може да биде извршено со несторување само кога сторителот го пропуштил
сторувањето што бил правно должен да го изврши, а пропуштањето има еднакво
значење како предизвикувањето на последицата на делото со сторување. Кривичното
дело е сторено во време кога сторителот работел или бил должен да работи, без оглед
кога настапила последицата. Кривичното дело е извршено како во местото каде што
сторителот работел или бил должен да работи, така и во местото каде што настапила
лоследицата. Подготвувањето и обидот на кривично дело се сметаат за извршени како
во местото каде што сторителот работел, така и во местото каде што според неговата
умисла последицата требало да настапи или можела да настапи. Дејствието на
соучесникот е извршено како во местото на преземање на дејствието на извршителот
или соизвршителот, така и во местото каде што соучесникот работел или бил должен да
работи.

а11. Цел на казнувањето, видови казни и услови за нивно изрекување


Покрај остварување на правдата, цел на казнувањето е: 1) спречување на сторителот да
врши кривични дела и негово превоспитување и 2) воспитно да се влијае врз другите да
не вршат кривични дела. За кривични дела на кривично одговорните сторители може да
им се изречат следниве казни: 1) казна затвор; 2) парична казна; 3) забрана на вршење
професија, дејност или должност; 4) забрана на управување со моторно возило и 5)
протерување странец од земјата. Казната затвор може да се изрече само како главна
казна. Паричната казна може да се изрече како главна и како споредна казна заедно со
казната затвор или со условната осуда со која е утврдена казна затвор. Ако за едно
кривично дело се пропишани казната затвор или паричната казна, како главна казна
може да се изрече само едната од нив. Заедно со главната казна може да се изрече една
или повеќе споредни казни, под условите за нивното изрекување предвидени во
законот. Со закон може да се пропише и задолжително изрекување на споредна казна.
Казната забрана на вршење професија, дејност или должност може да се изрече само
како споредна казна заедно со казната затвор или со условна осуда со која е утврдена
казна затвор. Казните забрана на управување со моторно возило и протерување странец
од земјата можат да се изречат ако на сторителот му е изречена казна затвор или
парична казна, условна осуда или судска опомена. Казната забрана на управување со
моторно возило може да се изрече и како единствена казна на сторителот на небрежно
дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до една година, ако делото го
сторил под особено олеснувачки околности.

а12. Затвор
Затворот не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 15 години. За
кривичните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, може да се изрече казна
затвор од 20 години. Ако за кривично дело сторено со умисла е пропишан затвор во
траење од 15 години, за тешки форми на тоа дело може да се пропише и казна
доживотен затвор. Казната доживотен затвор не може да се пропише како единствена
главна казна. Казната доживотен затвор не може да се изрече на сторител кој во време
на извршување на кривичното дело не навршил 21 година од животот. Затворот се
изрекува на полни години и месеци, а до шест месеци и на полни денови. Кога за
кривичните дела е пропишана казна затвор без назначување на најмалата мера, а
најголемата мера не е поголема од три години, покрај таа казна задолжително се
пропишува и парична казна. Затворот се издржува во установи за издржување на казна
определени со закон.

8
а13. Условен отпуст и отповикување на условниот отпуст
Осудениот може да се отпушти од издржување на казна затвор под услов до истекот на
времето за кое е изречена казна да не стори ново кривично дело, ако се поправил така
што основано може да се очекува дека на слобода добро ќе се однесува, а особено дека
нема да врши кривични дела. При оцената дали осудениот условно ќе се отпушти ќе се
земе предвид неговото поведение за време на издржувањето на казната, извршувањето
на работните обврски со оглед на неговата работна способност и други околности што
покажуваат дека е постигната целта на казнувањето. Условно може да се отпушти
осудениот кој издржал половина од казната затвор. По исклучок, условно може да се
отпушти и осуден кој издржал само една третина од казната затвор. Осудениот на казна
доживотен затвор условно не може да се отпушти пред да издржи најмалку 15 години
казна затвор. Малолетник условно може да се отпушти од издржување на казната
малолетнички затвор ако издржал една третина од казната, но не пред да помине една
година од издржувањето на казната. Судот ќе го отповика условниот отпуст ако
осудениот додека е на условен отпуст стори едно или повеќе кривични дела за кои е
изречена казна затвор или малолетнички затвор над две години или ако по две писмени
опомени од страна на надлежниот орган не ги исполнува обврските од заштитниот
надзор. Судот може да го отповика условниот отпуст ако условно отпуштениот стори
едно или повеќе кривични дела за кои е изречена казна затвор или малолетнички затвор
до две години. Делот од казната што осудениот ја издржал според поранешната осуда
се засметува во новата казна, а времето поминато на условен отпуст не се засметува.

а14. Парична казна и наплаќање на паричната казна


Паричната казна се изрекува во дневни глоби, при што бројот на дневните глоби не
може да биде помал од пет, ниту поголем од 360 дневни глоби. Судот го одмерува
бројот на дневните глоби според општите правила за одмерување на казната. Висината
на дневната глоба судот ја одредува имајќи ги предвид имотните и личните прилики на
сторителот, тргнувајќи по правило од чистиот дневен приход што сторителот го
остварува или може да го остварува, како и од семејните и други обврски на сторителот
и неговата имотна состојба во времето на донесувањето на судската одлука. Најмалата
вредност на дневната глоба е едно евро во денарска противвредност, а најголемата
5.000 евра во денарска противвредност. Судската одлука го содржи износот на
паричната казна што се добива со множење на бројот на дневните глоби со утврдената
вредност на дневната глоба. Паричната казна како споредна казна не може да биде
помала од 20 евра во денарска противвредност, ниту поголема од 5.000 евра во
денарска противвредност. Во пресудата се определува рокот за плаќање на паричната
казна, кој не може да биде пократок од 15 дена ниту подолг од три месеца, но во
оправдани случаи судот може да дозволи осудениот даја исплати паричната казна и во
отплати, со тоа што рокот на исплатата да не може да биде подолг од две години. Ако
осудениот не ја плати паричната казна во определениот рок, судот може да нареди
нејзино присилно извршување. Ако присилното извршување остане без успех, судот ќе
ја изврши така што за секоја дневна глоба ќе определи еден ден затвор. По смртта на
осудениот паричната казна нема да се изврши.

а15. Општи правила за одмерување на казната


Судот ќе му одмери казна на сторителот на кривично дело во границите што се
пропишани со закон за тоа дело, имајќи ги предвид кривичната одговорност на
сторителот, тежината на делото и целите на казнувањето. Судот ќе ги има предвид сите
околности што влијаат казната да биде помала или поголема (олеснувачки и
отежнувачки околности), а особено: степенот на кривичната одговорност, побудите од
кои е сторено делото, јачината на загрозувањето или повредата на заштитното добро,
околностите под кои е сторено делото, придонесот на жртвата во извршувањето на
делото, поранешниот живот на сторителот, неговите лични припики и неговото
однесување по стореното кривично дело, како и други околности што се однесуваат на

9
личноста на сторителот. При одмерувањето на казната судот посебно ќе води сметка за
вкупното дејствие на казната и нејзините последици врз личноста на сторителот и
потребите на неговата ресоцијализација. При одмерување на казната судот посебно ќе
има предвид дали кривичното дело е сторено против лице или група на лица или имот,
непосредно или посредно, поради неговото или нивното национално и социјално
потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествената положба,
полот, расата или бојата на кожата. При одмерувањето на паричната казна, судот ќе ја
има предвид и имотната состојба на сторителот, водејќи притоа сметка за неговите
други приходи, за неговиот имот и за неговите семејни обврски.

а16. Ублажување на казната и граници на ублажувањето на казната


Судот може на сторителот да му одмери казна под границата пропишана со закон или
да примени поблаг вид казна кога: 1) законот предвидува дека сторителот може да се
казни поблаго или 2) ќе утврди дека постојат особено олеснувачки околности кои
укажуваат дека и со ублажената казна може да се постигне целта на казнувањето. Кога
постојат услови за ублажување на казната од член 40 , судот ќе ја ублажи казната во
овие граници ако: 1) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор
во траење од десет или повеќе години, казната може да се ублажи до пет години затвор,
2) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од осум
или повеќе години, казната може да се ублажи до четири години затвор, 3) за
кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од пет или
повеќе години, казната може да се ублажи до три години затвор, 4) за кривичното дело
како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од четири или повеќе години,
казната може да се ублажи до две години затвор, 5) за кривичното дело како најмала
мера на казна е пропишан затвор во траење од три години или повеќе, казната може да
се ублажи до една година затвор, 6) за кривичното дело како најмала мера на казна е
пропишан затвор во траење од една година или повеќе, казната може да се ублажи др
три месеци затвор, 7) за кривичното дело е пропишана најмала мера на казна затвор под
една година, казната може да се ублажи до 30 дена затвор, 8) за кривичното дело е
пропишана казна затвор до три години со назначување на најмалата мера, наместо
казна затвор може да се изрече парична казна и 9) за кривичното дело е пропишана
парична казна со назначување на најмалата мера, казната може да се ублажи до
општиот законски минимум.

а17. Ослободување од казна и посебна основа за ослободување од казна


Судот може да го ослободи од казна сторителот на кривичното дело само кога тоа
законот изречно го предвидува. Кога судот е овластен сторителот на кривичното дело
да го ослободи од казна, може да му ја ублажи казната без ограничувањата пропишани
за ублажување на казната или да му изрече споредна казна забрана на управување со
моторно возило или протерување на странец од земјата. Судот може да го ослободи од
казна сторителот на кривично дело сторено од небрежност кога последиците на делото
сторителот го погодуваат така тешко што изрекувањето на казна во таков случај не би
одговарало на целта на казнувањето. За кривичното дело за кое е пропишана парична
казна или казна затвор до три години извршено под особено олеснувачки околности,
ако за тоа постои согласност и на оштетениот, судот може да го ослободи од казна
сторителот кој до завршувањето на кривичната постапка ќеја врати одземената корист
на оштетениот, ќе ја надомести штетата, или на друг начин ќе ги надомести или
поправи штетните последици на кривичното дело.

а18. Стек на кривични дела


Ако сторителот со едно дејствие или со повеќе дејствија сторил повеќе кривични дела
за кои истовремено му се суди, судот претходно ќе ги утврди казните за секое од тие
дела, па за сите дела ќе изрече единствена казна. Единствена казна судот ќе изрече
според следниве правила ако: 1) за некое кривично дело во стек утврди казна
доживотен затвор, ќе ја изрече само таа казна, 2) за кривични дела во стек утврдил

10
казна затвор, единствената казна мора да биде поголема од секоја одделна утврдена
казна, но не смее да го достигне збирот на утврдените казни ниту да премине 15 години
затвор, 3) за сите кривични дела во стек се пропишани казни затвор до три години,
единствената казна не може да биде поголема од осум години затвор, 4) за кривични
дела во стек утврдил само парични казни, ќе ја зголеми највисоката утврдена казна, но
таа не смее да го премине збирот на утврдените казни ниту 600 дневни глоби, кога
паричните казни се утврдени како главни, односно 10.000 евра во денарска
противвредност кога се утврдени како споредни казни, 5) за некои кривични дела во
стек утврдил казни затвор, а за други дела парични казни, ќе изрече една казна затвор и
една парична казна, 6) споредна казна судот ќе изрече ако е утврдена макар и за едно
кривично дело во стек, а ако утврдил повеќе парични казни, ќе изрече една парична
казна и 7) судот за кривични дела во стек утврдил казни затвор и малолетнички затвор,
ќе изрече затвор како единствена казна. (пр. Кога сторителот со експлозија убил едно
лице, повредил друго и оштетил предмети на трет. Пр. Силување и пренесување на
заразна болест.

а19. Продолжено кривично дело


На сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија
што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен
однос, исти прилики или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна
во границите на казната пропишана за тоа дело. На сторителот кој ќе изврши две или
повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни
дела, судот ќе му изрече казна во границите на казната пропишана за најтешкото дело.
Ако со дејствијата сторителот како вкупна последица ја оствари последицата на некое
потешко кривично дело, ќе се казни со казната пропишана за тоа дело. Продолжено
кривично дело е сериско извршување на ист вид на дело (пр. Чистачката со месеци
поткраднува од станот во кој работи).

а20. Одмерување казна на осудено лице


Ако на осудено лице му се суди за кривично дело сторено пред да започнало
издржувањето на казната по поранешната осуда или за кривично дело сторено за време
на издржување на затвор или малолетнички затвор, судот ќе изрече единствена казна за
сите кривични дела со примена на одредбите на член 44 земајќи ја порано изречената
казна како веќе утврдена. Казната или дел од казната што осудениот ја издржал, ќе му
се засмета во изречената казна затвор. За кривично дело сторено во текот на
издржувањето на казната затвор или малолетнички затвор, судот на сторителот ќе му
изрече казна независно од порано изречената казна. Осудениот кој за време на
издржувањсто на казната затвор или малолетнички затвор, ќе стори кривично дело за
кое законот пропишува парична казна или затвор до една година, ќе се казни
дисциллински.

а21. Засметување на притворот и на поранешната казна


Времето поминато во притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично
дело, се засметуваат во изречената казна затвор, малолетнички затвор и парична казна.
Затвор или парична казна што осудениот ја издржал, односно ја платил за прекршок, се
засметува во казната изречена за кривично дело чии обележја ги опфаќа и обележјата
на прекршокот. При секое засметување се изедначува ден на притвор, ден на лишување
од слобода, ден на малолетнички затвор, ден на затвор и една дневна глоба или 20 евра
во денарска противвредност.

а22. Алтернативни мерки


Целта на алтернативните мерки е спрема кривично одговорниот сторител да не се
примени казна за полесни дела кога тоа не е нужно заради кривично-правна заштита и
кога може да се очекува дека целта на казнувањето може да се оствари со
предупредување со закана на казна (условна осуда), само предупредување (судска

11
опомена) или со мерки на помош и надзор на однесувањето на сторителот на слобода
На сторителите на кривичните дела може да им се изречат овие алтернативни мерки: 1)
условна осуда; 2) условна осуда со заштитен надзор; 3) условно прекинување на
кривичната постапка; 4) општокорисна работа; 5) судска опомена и 6) куќен затвор.

а23. Условна осуда и услови за нејзино изрекување


Со условна осуда на сторителот на кривично дело судот му ја утврдува казната и
истовремено определува дека таа нема да се изврши ако осудениот за времето што ќе го
определил судот, а кое не може да биде пократко од една ниту подолго од пет години
(време за проверување) не стори ново кривично дело. Судот може во условната осуда
да определи дека казната ќе се изврши и ако осудениот во определениот рок не ја врати
имотната корист прибавена со извршувањето на кривичното дело, не ја надомести
штетата што ја предизвикал со кривичното дело или не ги исполни другите обврски
предвидени во кривично-прав-ните одредби. Условна осуда може да се изрече кога на
сторителот му е утврдена казна затвор во траење до две години или парична казна. При
одлучувањето дали ќе изрече условна осуда, водејќи сметка за целта на условната
осуда, судот посебно ќе ги земе предвид личноста на сторителот, неговиот поранешен
живот, неговото однесување по извршеното кривично дело, степенот на кривичната
одговорност и другите околности под кои е сторено делото. Ако на сторителот му е
утврдена и казна затвор и парична казна, условна осуда може да се изрече за обете
казни или само за казната затвор.

а24. Отповикување на условната осуда поради ново кривично дело и поради


порано сторено кривично дело и рокови за отповикување на условната осуда
Судот ќе ја отповика условната осуда ако осудениот во времето на проверување стори
едно или повеќе кривични дела за кои е изречена казна затвор од две години или во
подолго траење. Ако во времето за проверување осудениот стори едно или повеќе
кривични дела за кои е изречена казна затвор помала од две години или парична казна
судот, откако ќе ги оцени сите околности што се однесуваат на сторените кривични
дела и на сторителот, а посебно сродноста на сторените кривични дела, нивното
значење и побудите од кои се сторени, ќе одлучи дали ќе ја отповика условната осуда.
Притоа судот е врзан со забраната на изрекување условна осуда, ако на сторителот за
кривичните дела утврдени во условната осуда и за новите кривични дела треба да му
изрече казна над две години затвор. Ако ја отповика условната осуда, судот ќе изрече
единствена казна и за порано стореното и за новото кривично дело, земајќи ја казната
од отповиканата условна осуда како утврдена. Ако не ја отповика условната осуда,
судот може за новото сторено кривично дело да изрече условна осуда или казна. На
осудениот кому што за ново кривично дело ќе му биде изречен затвор, времето
поминато на издржување на оваа казна не му се смета во времето за проверување
утврдено со условната осуда за поранешното дело. Судот ќе ја отповика условната
осуда ако по нејзиното изрекување утврди дека осудениот извршил кривично дело пред
да биде условно осуден и ако оцени дека не би имало основа за изрекување на условна
осуда да се знаело за тоа дело. Условната осуда може да се отповика во текот на
времето за проверување. Ако осудениот во тоа време стори кривично дело што
повлекува отповикување на условната осуда, а тоа со пресудата е утврдено дури по
истекот на времето за проверување, условната осуда може да се отповика најдоцна во
рок од една година од денот кога изминало времето за проверување.

а25. Условна осуда со заштитен надзор


Заштитен надзор судот ќе одреди кога ќе најде дека условната осуда нема доволно да
влијае врз сторителот повеќе да не врши кривични дела, а околностите сврзани со
личноста на сторителот или средината во која живее го прават оправдано очекувањето
дека целта на условната осуда ќе се постигне ако се определат и мерки на помош,
грижа, надзор или заштита. При изрекувањето на заштитниот надзор судот може на
осудениот да му одреди една или повеќе од следниве обврски: 1) оспособување,

12
остручување и преквалификување за да може осудениот да го задржи работното место
што го зазема или да бидат создадени претпоставки за вработување, 2) прифаќање на
вработување што одговара на способностите и склоноста на осудениот, 3) посетување
на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вршење на семејно
насилство; 4) извршување на обврските за издржување на семејството, подигање на
децата и други семејни обврски, 5) овозможување увид и совети во врска со
распоредувањето и трошењето на средствата од платата и другите приходи што ги
остварува, 6) непосетување определени видови локали или други места каде што се
точи алкохолен пијалак или се игра на среќа, 7) забрана на употреба на алкохолни
пијалаци, дроги и други психотропни супстанции, 8) користење на слободното време
според оцена на социјалниот орган, 9) одбегнување и недружење со лица кои негативно
влијаат врз осудениот и 10) подложување на лекување или социјална рехабилитација во
соодветни специјализирани установи. Помош и грижа, надзор и заштита во
исполнувањето на обврската од страна на осудениот врши социјалниот орган и
соодветното советувалиште. Ако условно осудениот не ги исполнува одредените
обврски, судот може да го опомене на исполнување на одредената обврска или неа да ја
замени со друга.

а26. Општокорисна работа


За кривични дела за кои е пропишана парична казна или казна затвор до три години
судот може, со согласност на сторителот, да му изрече мерка на општокорисна работа
на слобода, ако делото е сторено под олеснувачки околности, а сторителот порано не
бил осудуван. Мерката се изрекува во траење од 40 до 240 часа, што осудениот е
обврзан да ги одработи без надоместок во државен орган, јавно претпријатие, јавна
установа илн хуманитарна организација, за време на државни празници, саботни и
неделни денови и не пократко од пет часа неделно, во период најмногу до 12 месеца.
Кога судот ќе изрече парична казна до 90 дневни глоби или 1.800 евра во денарска
противвредност или казна затвор до три месеца, може истовремено да одлучи, по
барање на осудениот, за замена на казната со општокорисна работа, при што еден ден
затвор, дневна глоба или 20 евра во денарска противвредност се заменуваат со три часа
општокорисна работа со тоа што вкупниот збир на часови не може да надмине 240
часа. Надзор над исполнувањето на обврските на осудениот врши судот. Ако осудениот
не ги исполнува или неуредно ги исполнува своите работни обврски, судот писмено го
опоменува, а ако тој продолжи со таквото однесување судот може да одлучи да го
зголеми бројот на часовите или да го продолжи извршувањето на мерката за најмногу
три месеца, ако за тоа постојат оправдани причини или да го замени неизвршениот дел
од мерката со парична казна или казна затвор, така што за секои три часа општокорисна
работа се засметува една дневна глоба или еден ден затвор.

а27. Судска опомена


Судска опомена може да се изрече за кривични дела за кои е пропишан затвор до една
година или парична казна, а се сторени под такви олеснувачки околности кои ги прават
особено лесни. За определени кривични дела, судска опомена може да се изрече и кога
е пропишан затвор до три години. Судот може да изрече судска опомена за повеќе
кривични дела сторени во стек, ако за секое од тие дела е пропишан затвор до една
година или парична казна. При одлучувањето дали ќе изрече судска опомена судот,
водејќи сметка за целта на судската опомена, посебно ќе ги земе предвид личноста на
сторителот, неговиот поранешен живот, неговото однесување по извршеното кривично
дело, степенот на кривичната одговорност и другите околности под кои е сторено
делото.

а28. Куќен затвор


Ако сторителот на кривичното дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор
до една година е стар и изнемоштен, тешко болен или е бремена жена, судот може да
му изрече казна затвор и истовремено да одлучи, со негова согласност казната даја

13
издржува во куќен затвор. Судот може даја замени казната затвор со куќен затвор ако
постојат услови со современи електронски или телекомуникациски средства да се
контролира извршувањето на куќниот затвор што се состои во забрана за напуштање на
домот од страна на осудениот. Надзор над извршувањето на куќниот затвор врши
судот, кој може да одреди преземање на определени мерки на надзор и од полицијата
во местото во кое се наоѓа домот на осудениот со обврска за редовно известување за
нивното вршење. Ако осудениот ја прекрши забраната за напуштање на домот, судот
може да одреди заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за
извршување на казната затвор.

а29. Изрекување мерки на безбедност


На сторителите на кривични дела може да им се изречат овие мерки на безбедност: 1)
задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, 2)
задолжително психијатриско лекување на слобода, 3) задолжително лекување на
алкохоличари и наркомани. На сторителот на кривично дело судот може да му изрече
една или повеќе мерки на безбедност, кога постојат услови за нивно изрекување.
Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа и
задолжително психијатриско лекување на слобода, му се изрекуваат на непресметлив
сторител на кривично дело самостојно. Со одлуката за изрекување на мерките, судот
може да одреди привремена забрана на вршење професија, дејност или должност, или
забрана на управување со моторно возило, кои траат додека трае примената на мерките.
Одлуката на судот се доставува до надлежниот орган или правното лице во кое
сторителот е вработен, до регистерскиот суд или до органот кој е надлежен за вршење
на надзор над спроведувањето на забраната на управување со моторно возило.
Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа и
задолжителното психијатриско лекување на слобода му се изрекуваат на сторител чија
пресметливост е битно намалена ако му е изречена казна. Задолжително лекување на
алкохоличари и наркомани, може да се изрече ако на сторителот му е изречена казна,
условна осуда, условна осуда со заштитен надзор, судска опомена или ослободување од
казна.

а30. Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена уставова


На сторител кој сторил кривично дело во состојба на непресметливост или битно
намалена пресметливост, судот ќе му изрече задолжително психијатриско лекување и
чување во здравствена установа, ако утврди дека поради таа состојба повторно може да
стори кривично дело и дека за отстранување на оваа опасност е потребно негово
лекување и чување во таква установа. Мерката судот ќе ја запре кога ќе утврди дека
престанала потребата од лекување и чување на сторителот во здравствена установа. На
сторител кој извршил кривично дело во состојба на битно намалена пресметливост и
кој е осуден на затвор, времето поминато во здравствена установа му се засметува во
времето на траењето на изречената казна. Ако тоа време е покусо од траењето на
изречената казна, судот може да определи осудениот да се упати на издржување на
остатокот на казната или да се пушти на условен отпуст независно од условите
пропишани во член 36. При одлучувањето за пуштање на условен отпуст, судот
особено ќе ги земе предвид успехот на лекувањето на осудениот, неговата здравствена
состојба, времето поминато во здравствената установа и остатокот на казната што
осудениот не ја издржал. Судот ја преиспитува потребата од лекување и чување на
сторителот во здравствена установа секоја година.

а32. Задолжително психијатриско лекување на слобода


На сторител кој сторил кривично дело во состојба на непресметливост или битно
намалена пресметливост, судот ќе му изрече задолжително психијатриско лекување на
слобода ако утврди дека поради таквата состојба повторно може да стори кривично
дело, а за отстранување на оваа опасност е доволно негово лекување на слобода.
Мерката може да му се изрече на непресметлив сторител или сторител чија

14
пресметливост е битно намалена спрема кој е определено задолжително психијатриско
лекување и чување во здравствена установа, крга судот врз основа на резултатите од
лекувањето ќе утврди дека веќе не е потребно негово чување и лекување во здравствена
установа, туку само на слобода. Судот може да му изрече задолжително психијатриско
лекување на слобода и на сторител чија пресметливост е битно намалена и кој е пуштен
на условен отпуст. Задолжителното психијатриско лекување на слобода кога се
изрекува на сторител чија пресметливост е битно намалена не може да трае подолго од
две години. На сторител чија пресметливост е битно намалена и кој е осуден на казна
затвор, времето поминато на задолжително психијатриско лекување на слобода не му
се засметува во казната.

а33. Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани


На сторител на кривично дело поради зависност од постојана употреба на алкохолни
пијалаци, дроги и други психотропни супстанции кога постои опасност поради оваа
зависност и натаму да врши кривични дела, судот може да му изрече задолжително
лекување. Мерката се извршува во установа за извршување на казна или во здравствена
или друга специјализирана установа. Времето поминато во таква установа се засметува
во казната. При изрекувањето иа условна осуда судот може на сторителот да му наложи
лекување на слобода, доколку сторителот е согласен да се подложи на такво лекување.
Ако сторителот без оправдана причина не се подложи на лекување на слобода или
лекувањето го напушти самоволно, судот може да определи да се от-повика условната
осуда или мерката на задолжително лекување на алкохоличари и наркомани присилно
да се изврши во здравствена или во друга специјализирана установа. Ако оваа мерка е
изречена со условната осуда, казна, освен казната затвор, или со условна осуда, условна
осуда со заштитен надзор, судска опомена или ослободување од казна, може да трае
најдолго две години.

а35. Казнување на правно лице


За кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна.
Паричната казна се изрекува во износ кој не може да биде помал од 100.000 денари,
ниту поголем од 30 милиони денари. Под услови определени со овој законик судот,
кога ќе оцени дека правното лице ја злоупотребило својата дејност и дека постои
опасност во иднина да го повтори делото, може да изрече една или повеќе од следниве
споредни казни: 1) забрана за добивање дозвола, лиценца, концесија, овластување или
друго право утврдено со посебен закон; 2) забрана за учество во постапки за јавен
повик, доделување на договори за јавнa набавкa и договори за јавно - приватно
партнерство; 3) забрана за основање на нови правни лица; 4) забрана за користење
субвенции и други поволни кредити; 5) одземање на дозвола, лиценца, концесија,
овластување или друго право утврдено со посебен закон; 6) привремена забрана за
вршење на одделна дејност; 7) трајна забрана за вршење на одделна дејност и 8)
престанок на правното лице. Ако оцени дека изрекувањето на една или повеќе од
споредните казни одговара на тежината на стореното дело и дека со тоа правното лице
ќе се спречи во иднина да врши такви дела, судот може да изрече споредни казни.
Судот го определува траењето на казните кое не може да биде пократко од една, ниту
подолго од пет години. Главната и споредните казни се впишуваат електронски во
Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица кој се води во
Централниот регистар на Република Македонија. При одмерување на казната судот ќе
го земе предвид билансот на состојбите и билансот на успехот на правното лице, видот
на дејноста, природата и тежината на извршеното дело. Ако осуденото правно лице не
ја плати паричната казна во рок определен од судот, кој не може да биде пократок од 15
дена ниту подолг од 30 дена од денот на правосилноста на пресудата, таа присилно ќе
се изврши.

а36. Конфискација на имот и имотна корист и Заштита на оштетениот

15
Никој не може да ја задржи непосредната и посредната корист прибавена со кривично
дело. Имотната корист ќе се конфискува со судската одлука со која е утврдено
извршувањето на кривичното дело под условите предвидени со овој законик. Покрај
непосредната имотна корист од сторителот ќе се конфискува и посредната имотна
корист што се состои во: 1) имотот во кој е трансформирана или претворена користа
прибавена од кривично дело; 2) имотот стекнат од законски извори, доколку користа
прибавена од кривично дело е помешана, во целост или делумно, со таквиот имот, до
проценетата вредност од помешаната корист прибавена од кривично дело и 3) приходот
или друга корист што произлегува од користа прибавена од кривично дело, од имот во
кој користа прибавена од кривично дело е трансформирана или претворена или од имот
во кој е помешана користа прибавена од кривично дело, до проценетата вредност на
помешаната корист прибавена од кривично дело. Од сторителот ќе се конфискува
непосредната и посредната имотна корист прибавена со кривичното дело што се состои
во пари, движни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост,
имот или актива, материјални или нематеријални права, а ако нивната конфискација не
е можна од сторителот ќе се конфискува друг имот што одговара на вредноста на
прибавената корист. Оштетениот кој во кривичната постапка во однос на своето
имотно-правно барање е упатен на спор може да бара да се намири од износот на
конфискуваната вредност, ако поведе спор во рок од шест месеци од денот на
правосилноста на одлуката со која е упатен на спор и ако во рок од три месеци од денот
на правосилноста на одлуката со која е утврдено неговото барање побара намирување
на пленетата вредност.

а37. Одземање предмети


Никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на
кривичното дело. Од сторителот на кривичното дело ќе се одземат и предметите што
биле наменети или се употребени за извршување на кривичното дело без оглед дали се
негова сопственост или сопственост на трето лице ако тоа го бараат интересите на
општата безбедност, здравјето на луѓето или причините на моралот. Предметите што се
употребени или биле наменети за извршување на кривичното дело може да се одземат
ако постои опасност повторно да бидат употребени за извршување на кривично дело.
Нема да се одземат предмети што се во сопственост на трето лице, освен ако тоа знаело
или можело и било должно да знае дека се употребени или биле наменети за
извршување на кривичното дело. Судот ќе донесе одлука за одземање на предмети во
постапка определена со закон и кога од фактички или правни пречки не е можно
водење на кривична постапка спрема сторителот на кривичното дело. Со примена на
оваа мерка не се засега во правото на трети лица за надоместок на штетата од
сторителот на кривичното дело.

а38. Рехабилитација, законска и судска рехабилитација


Рехабилитацијата на осудено лице може да настапи по сила на закон (законска
рехабилитација) или врз основа на судска одлука (судска рехабилитација).
Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните што се состојат во забрани и
на казната протерување странец од земјата и правните последици од осудата и
бришење на осудата од казнената евиденција. Осудата за изречената алтернативна
мерка освен условна осуда и осудата со која сторителот на кривичното дело е
ослободен од казна се бришат од казнената евиденција ако осудениот во рок од една
година од денот на правосилноста на судската одлука не стори ново кривично дело.
Условната осуда се брише од казнената евиденција по една година откако ќе помине
времето за проверка ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело. Осудата
на парична казна и казната забрана на управување со моторно возило, изречена како
единствена казна, се брише од казнената евидеиција кога ќе поминат три години од
денот на извршената, застарената или простената казна ако за тоа време осудениот не
стори ново кривично дело. Осудите на затвор до три години се бришат од казнената
евиденција кога ќе поминат пет години од денот на издржаната, застарената или

16
простената казна ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело. По протекот
на три години од денот на издржаната, застарената или простената казна судот може да
определи да престанат правните последици од осудата што се однесуваат на забрана на
стекнување на определени права. Судот може, на молба на осудениот да определи да се
брише од казнена евиденција осудата на затвор: над три години до пет години во рок од
пет години; над пет години до десет години во рок од десет годнни; над десет години
до 15 години во рок од 15 години, од 20 години во рок од 20 години, од денот на
издржаната, застарената или простената казна, ако во тоа време осудениот не изврши
ново кривично дело. При одлучувањето за бришењето на осудата, судот ќе води сметка
за поведението на осудениот по издржаната казна, за природата на кривичното дело и
за другите околности што можат да бидат од значење за оцената за оправданоста на
бришењето на осудата.

а39. Казнена евиденција


Казнената евиденција ја води првостепениот суд надлежен според местото на раѓање на
осудениот. За лицата родени во странство, или за оние чие место на раѓање е непознато
како и за правните лица, казнената евиденција ја води судот определен со закон освен
ако со овој законик не е определен друг орган за водење на казнена евиденција
Податоците од казнената евиденција може да му се дадат на судот и на јавното
обвинителство во врска со кривичната постапка што се води против порано осудениот
и на надлежните органи што учествуваат во постапката за давање амнестија и
помилување. Податоци од казнената евиденција можат на образложено барање да им се
дадат и на државни органи, правни или физички лица ако уште траат определени
правни последици од осудата или казни што се состојат во забрани или ако за тоа
постои оправдан интерес заснован врз закон. Никој нема право да бара од граѓаните да
поднесуваат докази за својата осудуваност или неосудуваност. На граѓаните по нивно
барање, може да им се дадат податоци за нивната осудуваност или неосудуваност само
ако овие податоци им се потребни заради остварување на нивните права во странство.

а40. Застареност на кривичното гонење и тек и прекин на застарувањето на


кривичното гонење
Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се
преземе кога ќе поминат: 1) 30 години од извршувањето на кривично дело за кое
според законот може да се изрече казна доживотен затвор, 2) 20 години од
извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над
десет години, 3) десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот
може да се изрече затвор над пет години, 4) пет години од извршувањето на кривично
дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години, 5) три години од
извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над
една година и 6) две години од извршувањето на кривично дело за кое според законот
може да се изрече затвор до една година или парична казна. Ако за кривичното дсло се
пропишани повеќе казни, рокот на застареноста се определува според најтешката
пропишана казна. Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е
сторено кривичното дело. Застарувањето не тече за времето за кое според законот
гонењето не може да започне или да продолжи. Застарувањето се прекинува со секое
процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот поради стореното
кривично дело и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареност ќе стори,
исто така, тешко или потешко кривично дело. За секој прекин застарувањето почнува
повторно да тече. Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе
помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на
кривичното гонење.

а41. Застареност на извршувањето на казната и тек и прекин на застарувањето на


извршувањето на казната

17
Ако со овој законик не е поинаку определено изречената казна не може да се изврши
кога ќе поминат: 1) 30 години од осуда на доживотен затвор, 2) 20 години од осуда на
затвор над десет години, 3) десет години од осуда на затвор над пет години, 4) пет
години од осуда на затвор над три години, 5) три години од осуда на затвор над една
година и 6) две години од осуда на затвор до една година или на парична казна.
Застареност на извршувањето на парична казна како споредна казна настапува кога ќе
поминат две години од денот на правосилноста на пресудата со која е изречена таа
казна. Застарувањето на извршувањето на казната почнува од денот кога пресудата
станала правосилна, а ако условната осуда е отповикана од денот кога одлуката за
отповикување станала правосилна. Застарувањето не тече за времето за кое според
законот извршувањето на казната не може да се преземе. Застарувањето се прекинува
со секое дејствие на надлежниот орган што се презема заради извршување на казната.
Со секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. Застареност на
извршувањето на казната настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку
време колку што според законот се бара за застареност на извршувањето на казната.

а42. Амнестија и помилување и нивно дејство врз правата на трети лица


На лицата кои се опфатени со акт за амнестија им се дава ослободување од гонење или
потполно или делумно ослободување од извршување на казната, им се заменува
изречената казна со поблага казна, им се определува бришење на осудата или им се
укинува определена правна последица од осудата. Со помилувањето на поименично
определено лице му се дава ослободување од гонење или потполно или делумно
ослободување од извршување на казната, му се заменува изречената казна со поблага
казна или со алтернативни мерки или му се определува бршцење на осудата или му се
укинува, односно му се определува пократко траење на определена правна последица
од осудата или на казната. Со помилувањето може да се определи укинување или
пократко траење на овие казни, забрана на вршење на професија, дејност или должност,
забрана на управување со моторно возило на сторителите кои се возачи по занимање и
протерување на странец од земјата. Со давањето амнестија или помилување не се
засега во правата на трети лица засновани врз осудата.

а43. Важење на кривичното законодавство според местото на извршување на


кривичното дело
Кривичното законодавство важи за секој кој на територијата на Република Македонија
ќе стори кривично дело. Кривичното законодавство важи и за секој кој ќе стори
кривично дело на домашен брод, без оглед каде се наоѓа бродот во времето на
извршувањето на делото. Кривичното законодавство важи и за секој кој ќе стори
кривично дело во домашен цивилен водзухоплов додека е во лет или во домашен воен
воздухоплов без оглед каде се наоѓал воздухопловот во време на извршувањето на
делото. Кривичното законодавство важи за државјанин на Република Македонија и
кога во странство ќе стори некое кривично дело, ако се затече на територијата на
Република Македонија или биде екстрадиран. Кривичното законодавство важи и за
странец кој надвор од територијата на Република Македонија ќе стори спрема неа или
спрема нејзин државјанин кривично дело, ако се затече на територијата на Република
Македонија или биде екстрадиран.

а44. Посебни услови за гонење


Ако е поведена или довршена кривичната постапка во странска држава, гонење во
Република Македонија ќе се преземе само по одобрение на јавниот обвинител на
Република Македонија. Нема да се преземе гонење ако: 1) сторителот потполно ја
издржал казната на која е осуден во странство, 2) спрема сторителот во странство е
применета соодветна мерка на безбедност, што се состои во лишување од слобода, 3)
сторителот во странство е ослободен со правосилна пресуда или казната му е застарена
или простена и 4) за кривично дело според странски закон се гони по барање од
оштетениот, а такво барање не е поднесено. Само по одобрение од јавниот обвинител

18
на Република Македонија може во Република Македонија да се преземе гонење без
оглед на законот на земјата во која е сторено кривичното дело, ако е во прашање дело
што во времето кога е извршено е сметано за кривично дело според општите правни
начела признати од страна на меѓународната заедница.

а45. Значење на изразите на овој законик


1. Под кривично законодавство на Република Македонија се подразбираат одредбите на
овој кривичен законик и одредбите содржани во другите закони.
2. Под територија на Република Македонија се подразбираат сувоземната територија,
водните површини внатре во нејзините граници, како и воздушниот простор над нив.
3. Под поимот воено лице се сметаат: воени старешини-офицери и подофицери,
професионални војници, војници на служење на воениот рок, питомци на Воената
академија, лица на стручно оспособување и усовршување за офицери и подофицери,
воени обврзници во резервниот состав на Армијата на Република Македонија додека се
повикани да извршуваат права и должности од областа на одбраната во врска со
извршување на воената обврска и цивилни лица на служба во Армијата на Република
Македонија.
4. Како службено лице, кога тоа е означено како сторител на кривично дело се смета:
а) претседателот на Република Македонија, поставените амбасадори и други
претставници на Република Македонија во странство и именувани лица од
претседателот на Република Македонија, избран или именуван функционер во и од
Собранието на Република Македонија, во Владата на Република Македонија, во
органите на државната управа, во судовите, Јавното обвинителство, Судскиот совет на
Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и
други органи и организации што вршат определени стручни, управни и други работи во
рамките на правата и должностите на Републиката, во единиците на локалната
самоуправа, како и лица кои постојано или повремено вршат службена должност во
овие органи и организаци;
б) државен службеник кој врши стручни, нормативно-правни, изврцгни, управно-
надзорни работи и управни работи во согласност со Уставот и со закон,
в) овластено лице во правно лице на кое со закон или со друг пропис донесен врз
основа на закон му е доверено вршење на јавни овластувања, кога должноста ја врши
во рамките на тие овластувања,
г) лице кое врши определени службени должности врз основа на овластување дадено со
закон или со други прописи донесени врз основа на закон,
д) воено лице кога се во прашање кривични дела кај кои како извршител е означено
службено дице и
ѓ) претставник на странска држава или на меѓународна организација во Република
Македонија.
5. Како странско службено лице кога тоа е означено како сторител на кривично дело, се
смета лице кое во странска држава, меѓународна организација или јавна институција
врши некоја од функциите или должностите определени во ставот (4) точки а) до д) од
овој член.
6. Под правно лице се подразбираат: Република Македонија, единиците на локалната
самоуправа, политички партии, јавни претпријатија, трговски друштва, установи и
други здруженија, фондови, финансиски организации и други со закон одредени
организации регистрирани како правни лица и други заедници и организации на кои им
е признато својството на правно лице. Под странско правно лице се подразбира јавно
претпријатие, установа, фонд, банка, трговско друштво или друг облик на
организираност според заќоните на странска држава во вршење на стопански,
финансиски, банкарски, трговски, услужни или други дејности, кој има седиште во
друга држава, или претставништво во Република Македонија, или е основано како
меѓународно друштво, фонд, банка или установа.
7. Како рдговорно лице во правно лице се смета лице во правно лице на кое со оглед на
неговата функција или врз посебно овластување во правното лице му е доверен

19
определен круг на работи што се однесуваат на извршување на законските прописи илц
на прописите донесени врз основа на закон или општ акт на правното лице во
управувањето, користењето и располагањето со имот, раководењето со производниот
или деловен потфат, некој друг стопански процес или надзорот над нив. Како
одговорно лице се смета и службено лице кога се во прашање дела кај кои како,
сторител е означено одговорно лице, а не се предвидени во главата за кривични дела
против службената должност, односно како кривични дела на службено лице
предвидени во некоја друга глава на овој законик. Кога е тоа посебно предвидено со
овој законик, како одговорно лице се смета и лицето кое врши посебна функција или
овластување или на кое му е доверено самостојно вршење на определени работи во
странско правно лице, како и лицето кое е претставник на странско правно лице во
Република Македонија.
8. Кога како извршител на кривично дело е означено службено или одговорно лице,
сите лица наведени во ставовите 4, 5 и 7 можат да бидат сторители на тие дела доколку
од законските обележја на одделно дело не произлегува дека сторител може да биде
само некое од тие лица.
9. Како лице кое врши работи од јавен интерес се смета лицето кое врши функции,
должности или работи одјавен, односно општ интерес, како што се наставник,
воспитувач, лекар, социјален работник, новинар, нотар, адвокат или друго лице, кое тие
работи ги врши самостојно или во правно лице кое врши дејност од јавен, односно
општ интерес определен со закон.
10. Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во
Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на
Република Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум.
11. Исправа е секој предмет што е подобен или одреден да служи како доказ на некој
факт што има вредност за правните односи. Јавна исправа е исправа издадена од
надлежен орган, организација или лице кое врши работи од јавен интерес врз основа на
закон или друг пропис заснован врз закон.
12. Пари се средства за плаќање во готово во апоени или електронски пари кои врз
основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава.
13. Под знаци за вредност се подразбираат и странски знаци за вредност.
14. Како хартија од вредност се сметаат: акција, обврзница или друга хартија од
вредност што се наоѓа во промет врз рснова на закон во Република Македонија или во
странска држава
15. Под платежни картички се подразбира секаков вид средства за плаќање издадени од
банкарски или други финансиски инситутции кои содржат електронски податоци за
лица и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на каков било вид
на финансиски трансакции.
16. Принос од казниво дело е секој имот или корист прибавена посредно или
непосредно со извршување на казниво дело, како и принос од казниво дело сторено во
странство, под услов во времето кога било сторено да било предвидено како казниво
дело и според законите на државата во која е сторено и според законите на Република
Македонија.
17. Како подвижен предмет се смета и секоја произведена или собрана енергија за
давање светлина, топлина или движење, како и телефонските импулси и други средства
за пренос на глас, слика или текст на далечина или кампјутерски услуги.
18. Како сила се смета и примената на хипноза и замајни средства со цел некој да се
доведе против своја волја во несвесна состојба или да се онеспособи за отпор.
19. Под социјален орган се сметаат центрите за социјална работа и другите установи
што вршат социјална дејност.
20. Како моторно возило се смета секое сообраќајно средство на моторен погон во
сувоземниот, водниот и воздушниот сообраќај.
21. Под семејно насилство се подазбира малтретирање, грубо навредување, загрозување
на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко
насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв,

20
спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или
вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен
другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.
22. Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета,
вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба
или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како
последица на сторено кривично дело. Под дете како жртва на кривично дело се
подразбира малолетно лице до 18 години.
23. Под повеќе лица се подразбираат најмалку три или повеќе лица кои се здружиле за
вршење на кривични дела.
24. Под детска порнографија се подразбира порнографски материјал кој визуелно
прикажува очигледни полови дејствија со малолетник, или очигледни полови дејствија
со лице кое изгледа како малолетник, или реални слики кои прикажуваат очигледни
полови дејствија со малолетник.
25. Под семејство се подразбира брачниот другар, вонбрачниот другар, децата,
родителите, браќата и сестрите и други роднини со кои лицето живее во семејна
заедница.
26. Под компјутерски систем се подразбира каков бил уред или група на меѓусебно
поврзани уреди од кои, еден или повеќе од нив, врши автоматска обработка на
податоци според одредена програма.
27. Под компјутерски податоци се подразбира презентирање на факти, информации или
концепти во облик погоден за обработување преку компјутерски систем, вклучувајќи и
програма подобна компјутерскиот систем да го стави во функција.
28. Под група, банда или друго злосторничко здружение или организација се
подразбираат најмалку три лица кои се здружиле за вршење кривични дела, во кој број
влегува и организаторот на здружението.
29. Под суд, судија и судска постапка се подразбира и меѓународен суд чија
надлежност ја признава Република Македонија, судија и постапка пред тој суд.
30. Под пијанство се подразбира состојба на алкохол во крвта над 1,5 грам-промил.
31. Под ескплозивна или друга смртоносна направа се подразбира секакво оружје или
експлозивна или запалива направа, што може да предизвика смрт, телесна повреда или
поголема имотна штета преку физичка повреда, емисија или ширење на штетни
хемиски материи, биолошки агенси, токсични или слични супстанции или зрачење на
радиоактивни материи, како и секое оружје или направа создадена за таква намена.
32. Под јавно место се подразбираат згради, делови од згради, дворови, објекти за
вршење трговска, културна, службена, образовна, религиозна, рекреативна или друга
дејност, јавни патишта, отворени простори, водни површини и други места отворени и
достапни за неограничен круг лица.
33. Под помала имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или
штета што одговара на износот на службено објавена една половина просечна месечна
плата во Републиката во времето на извршувањето на делото.
34. Под поголема имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност
или штета што одговара на износот на пет просечни месечни плати во Републиката во
времето на извршувањето на делото.
35. Под значителна имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност
или штета што одговара на износот на 50 просечни месечни плати во Републиката во
времето на извршувањето наделото.
36. Под корист, вредност или штета од големи размери, се подразбира корист, вредност
или штета што одговара на износот на 250 просечни месечни плати во Републиката во
времето на извршувањето на делото.
37. Под чист дневен приход се подразбира нето надомест на име плата или други
надоместоци од работен однос на име плата, како и други нето приходи од вршење
дејности или имот и имотни права. Чист дневен приход се добива по одбивањето на
даноците или другите законски обврски. Ако судот и на тој начин не може да го утврди
чистиот дневен приход или неговото утврдување би предизвикало значително

21
оддолговлекување на постапката, како основа за негово утврдување, се зема
еднодневната заработувачка според просечната плата во Републиката во последните
три месеца во времето на пресудувањето.
38. Под имот се подразбира пари или други инструменти за плаќање, хартии од
вредност, депозити, друга сопственост од секаков вид и тоа материјална или
нематеријална, движна или недвижна, други права врз предметите, побарувања, како и
јавни исправи и легални документи за сопственост и актива во пишан или во
електронски облик или инструменти со кои се докажува правото на сопственост или
интерес во таквиот имот.
39. Под предмети се подразбираат движни и недвижни предмети кои се целосно или
делумно искористени или требало да бидат искористени или настанале со извршување
на кривично дело.

а46. Конфискација на посредна имотна корист и проширена конфискација


Покрај непосредната имотна корист од сторителот ќе се конфискува и посредната
имотна корист што се состои во: 1) имотот во кој е трансформирана или претворена
користа прибавена од кривично дело; 2) имотот стекнат од законски извори, доколку
користа прибавена од кривично дело е помешана, во целост или делумно, со таквиот
имот, до проценетата вредност од помешаната корист прибавена од кривично дело и 3)
приходот или друга корист што произлегува од користа прибавена од кривично дело,
од имот во кој користа прибавена од кривично дело е трансформирана или претворена
или од имот во кој е помешана користа прибавена од кривично дело, до проценетата
вредност на помешаната корист прибавена од кривично дело. Од сторителот ќе се
конфискува непосредната и посредната имотна корист прибавена со кривичното дело
што се состои во пари, движни или недвижни предмети од вредност, како и секоја
друга сопственост, имот или актива, материјални или нематеријални права, а ако
нивната конфискација не е можна од сторителот ќе се конфискува друг имот што
одговара на вредноста на прибавената корист. Непосредната и посредната имотна
корист се конфискува и од трети лица за кои е остварена со извршување на кривичното
дело. Од сторителот на кривично дело сторено во рамките на злосторничко здружение
со кое се остварува имотна корист и за кое е пропишана казна затвор од најмалку
четири години, како и кривично дело во врска со тероризмот за кое е пропишана казна
затвор од пет години или потешка казна или е поврзано со кривичното дело перење
пари за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, ќе се конфискува
имотот стекнат во временски период пред осудата што судот го определува според
околностите на случајот, но не подолг од пет години пред сторувањето на делото, кога
врз основа на сите околности судот основано е уверен дека имотот ги надминува
законските приходи на сторителот и потекнува од такво дело.

Б. ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД КЗ

б1. Убиство
Објект на заштита е животот. Тој што друг ке лиши од живот ќе се казни со затвор
најмалку пет години. Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се
казни тој што: 1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин, 2) друг ќе
лиши од живот при вршење на семејно насилство, 3) друг ќе лиши од живот и притоа
со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште некое лице, 4) друг ќе лиши од
живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело,
од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди, 5) друг ќе лиши од живот по
порачка, 6) ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно
лице и 7) ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на
неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на
работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред,
фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода. Со

22
затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла
ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако
не се работи за кривични дела сторени со пречекорување на нужна одбрана, крајна
нужда или небрежност.

б2. Убиство на миг, Убиство од небрежност и Убиство на дете при пораѓање


Објект на заштита е животот. Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја
вина (не дал повод за напад или навреда) во состојба на силна раздразнетост со напад
или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на
убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години. Основот за поблага казна е
силната раздразнетост (афектната состојба) која е предизвикана од страна на жртвата,
т.е. поводот за убиството потекнува од неа. Привилегирано убиство кое се врши во миг
веднаш по преземениот напад или навреда и е резултат на брзо реагирање. Делото е
умислено, се носи брза и ненадајна одлука за извршување. Тој што друг ќе лиши од
живот од небрежност, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Сторителот
бил свесен дека поади неговото сторување или несторување може да настапи штетната
последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да
настапи или кога не бил свесен за можноста од настапување на штетната последица, а
бил должен или можел да биде свесен за таа можност. Објективно битие на делото
покрај предизвикувањето на последицата вклучува и повреда на правилото за должно
внимание. Мајка што ќе го лиши од живот своето дете за време на пораѓањето или
непосредно по пораѓањето во состојба на растројство предизвикано со пораѓањето ќе се
казни со затвор од три месеци до три години. Обидот е казнив. Ова е привилигирано
убиство поради посебната состојба на мајката при пораѓањето. Објект на заштита е
животот на детето.

б3. Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство


Објект на заштита е животот. Тој што друг ќе наведе на самоубиство или ќе му помогне
во извршувањето на самоубиството и тоа ќе биде извршено, ќе се казни со затвор од
три месеци до три години. Ако делото е сторено спрема малолетник што наполнил 14
години или спрема лице кое се наоѓа во состојба на битно намалена пресметливост,
сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако делото е сторено спрема
малолетник кој не наполнил 14 години или спрема непресметливо лице, сторителот ќе
се казни за убиство. Тој што сурово или нечовечно постапува со лице кое спрема него
се наоѓа во однос на некоја подреденост или зависност, па тоа поради таквото
постапување ќе изврши самоубиство кое може да се пропише на небрежност на
сторителот, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако поради делата
самоубиството е само во обид, судот може сторителот да го казни поблаго.

б4. Противправно прекинување на бременост


Објект на заштита е животот. Тој што спротивно на прописите за прекинување на
бременост, на бремена жена со нејзина согласност ќе изврши, ќе започне да врши или
ќе помогне да изврши прекинување на бременоста, ќе се казни со затвор од три месеци
до три години. Тој што се занимава со вршење на делото, ќе се казни со затвор од една
до пет години. Тој што на бремена жена без нејзина согласност ќе изврши или ќе
започне да врши прекинување на бременоста, ќе се казни со затвор од една до пет
години. Ако поради делото ќе настапи тешко нарушување на здравјето или смрт на
бремена жена, сторителот ќе се казни за делото со затвор од шест месеци до пет
години. Делото е умислено. Објект на заштита е плодот од неговото зачнување до
пораѓањето. Делото опфаќа уништување на незрел плод и уништување на созреан плод
(предвремено насилно пораѓање).

б5. Телесна повреда, Тешка телесна повреда


Објект на заштита е телото. Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши
здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Тој што ќе го

23
стори делото при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од шест месеци до
три години. Судот може на сторителот да му изрече судска опомена ако бил
предизвикан со особено навредливо или грубо однесување на оштетениот. Гонењето се
презема по приватна тужба, т.е. по предлог. Делото е умислено. Телесна повреда е
секоја повреда што бара макар и минимално лекување или нега, односно телесно или
психичко заболување кое бара краткотрајно или долготрајно лекување. Треба да има
видлива манифестација (модрица, расекотина). Пр. Тупаница која остава подлив. Не е
телесна повреда шамар, плукање, влечење за коса и др постапка која не остава трага.
Тој што друг тешко телесно ќе го повреди (прелом на коска, кршење ребро, повреда на
белите дробови) или здравјето тешко ќе му го наруши, ќе се казни со затвор од шест
месеци до пет години. Тој што ќе го стори делото при вршење семејно насилство, ќе се
казни со затвор од една до пет години. Тој што друг тешко телесно ќе го поврди или
здравјето тешко ќе му го наруши и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на
повредениот или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој
важен дел од телото (органи за дишење, варење, слух) или некој важен орган или ќе
биде предизвикана трајна неспособност за работа (отсекување прст на дактилограф)
воопшто или за работата за која е оспособен или трајно и тешко ќе му биде нарушено
неговото здравје или ќе биде нагрден (трајно и видливо менување на естетиката и
изразните црти), ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако поради тешката
телесна повреда повредениот ќе умре, сторителот ќе се казни со затвор најмалку една
година. Дејствие на извршување е лично физичко и психичко насилство.

б6. Повреда на рамноправноста на граѓаните, Повреда на правото на употреба на


јазикот и писмото
Кривично дело против слободите и правата на човекот и граѓанинот, т.е. против
еднаквоста на слободите и правата. Тој што врз основа на разлика на подот, расата,
бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското
уверување, имотната и општествената положба, јазикот или друго лично својство или
околност, ќе му одземе или ограничи права на човекот и граѓанинот, утврдени со
Уставот, закон или со ратификуван меѓународен договор или кој врз основа на овие
разлики им дава на граѓаните повластици спротивни на Уставот, закон или
ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
Ако делото го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од
шест месеци до пет години. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна. Дејствие на извршување е одземање, ограничување на оределени права или
давање повластици. Иако извршител може да биде секој, по природа извршител може
да биде само лице што е во позиција да одлучува за правата на друг. Тој што ќе им го
одземе или ограничи на граѓаните со Уставот, закон или ратификуван меѓународен
договор загарантираното право на употреба на јазикот и писмото, ќе се казни со затвор
од три месеци до три години. Ако делото го стори службено лице во вршење на
службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако делото го стори
правно лице, ќе се казни со парична казна. Одземањето или ограничувањето не се врши
врз осова на пол, раса, национално или социјално потекло. Иако делото е извршено
заради дискриминација на овие основи, станува збор за повреда на рамноправноста на
граѓаните и извршител може да биде било кој.

б7. Противправно лишување од слобода, Грабнување


Дело против слободите на граѓаните. Тој што друг противправно ќе затвори, ќе го држи
затворен или на друг начин ќе му ја одземе или ограничи слободата на движење, ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото е сторено при вршење
семејно насилство, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
Обидот се казнува. Ако противправното лишување од слобода го стори службено лице
со злоупотреба на службената положба или овластување (без да постои одлука или
законски основ), ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако
противправното лишување од слобода траело подолго од 30 дена или е вршено на

24
свиреп начин или ако на лицето противправно лишено од слобода поради тоа тешко му
е нарушено здравјето или настапиле други тешки последици, сторителот ќе се казни со
затвор од една до пет годнни. Ако лицето противправно лишено од слобода поради тоа
го загубило животот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Дејствие на извршување е секое дејствие со кое се ограничува или одзема слободата на
движење, слободата на одлучување за сопственото движење и фактичката можност за
движење (пр. Одземање протеза или помагало). Тој што ќе изврши грабнување на некое
лице со намера него или некој друг да го присили да стори, да не стори или да трпи
нешто, ќе се казни со затвор од една до десет години. Тој што делото го стори спрема
малолетно лице или тој што заради остварување на целта на грабнувањето се заканува
дека ќе го лиши оц живот грабнатото лице или дека тешко телесно ќе го повреди, ќе се
казни со затвор најмалку четири години. Сторителот кој доброволно ќе го пушти на
слобода грабнатото лице пред исполнување на барањето поради кое го извршил
грабнувањето, може да се ослободи од казна. Делото е насочено против слободата на
движење и слободата на одлучување. Дејствие на извршување е засновање на
фактичката власт врз едно лице. Делото ги надминува рамките на упад во основните
слободи и прераснува во облик на загрозување на животот и телесниот интегритет.

б8.Нарушување на неповредливоста на домот, Противзаконито вршење претрес


Дела против личните права. Тој што неовластено ќе влезе во туѓ дом, затворен или
заграден простор што му припаѓа на тој дом или приватен деловен простор означен
како таков или по барање од овластеното лице оттаму не се оддалечи, ќе се казни со
парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори службено лице во
вршење на службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Обидот е
казнив. Гонењето се презема по приватна тужба. Објект на заштита не е само домот,
туку и личната слобода на поединецот и правото на спокојство во просторот во кој
живее. Битие на делото е неовластеното влегување, со совладување на препрека, отпор.
Тој што противзаконито ќе врши претрес на лице, дом затворен или заграден простор
што му припаѓа на домот или на приватен деловен простор, ќе се казни со парична
казна или со затвор до една година. Службено лице кое во вршење на службата
противзаконито изврши претрес, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
Обидот е казнив. Гонењето по приватна тужба. Објект на заштита е неповредливоста на
домот, како и неповредливоста на човечкото достоинство. Делото е умислено, т.е. се
бара свест кај сторителот дека врши противзаконите претресување, не е потребно да
постои друга, дополнителна намера (пр. Одземање на предмети).

б9. Повреда на тајноста на писма или други пратки


Објект на заштита се личните права, т.е. слободата на комуницирање, неповредливоста
на тајноста на општењето меѓу луѓето што се одвива по пат на писма или др пратки. Се
заштитува не само приватниот живот, туку и слободата на службено, деловно и друг
вид на комуницирање. Тој што без судска одлука или согласност на лице на кое му се
упатени ќе отвори туѓо писмо, телеграма, некое друго затворено писмено или пратка
или обезбедена електронска пошта или на друг начин ќе ја повреди нивната тајност или
ќе задржи, прикрие, уништи или на друг ќе му предаде туѓо писмо, телеграма,
затворено писмено или пратка или обезбедена електронска пошта, ќе се казни со
парична казна или со затвор до шест месеци. Тој што со намера за себе или за друг да
прибави некоја корист или на друг да му нанесе некоја штета, ќе му ја соопшти на друг
тајната што ја сознал со повреда на тајноста на туѓо писмо, телеграма или некое друго
затворено писмено или пратка или обезбедена електронска пошта или ќе се послужи со
оваа тајна, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го
стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до
три години. Гонењето се презема по приватна тужба.

б10. Неовластено прислушкување и тонско снимање, Неовластено снимање

25
Објект на заштита е приватната сфера на поединецот од упади овозможени со
користење на посебни тхнички средства заради регистрирање определени факти од
личниот и семејниот живот. Тој што со употреба на посебни уреди неовластено
прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета или тој што
ке му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е
прислушкувана или тонски снимана или тој што тонски ќе сними изјава што му е
наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе
врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица, ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори службено
лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
Гонењето се презема по приватна тужба. Тој што неовластено ќе направи
фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични
простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што
таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг
начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор
до една година. Ако делото противзаконито го стори службено лице во вршење на
службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Гонењето се презема по
приватна тужба. Дејствие на извршување е неовластено правење фотографски и
филмски снимки, како и непосредно пренесување на таквите снимки на трети лица, т.е.
покажување.

б11. Злоупотреба на лични податоци


Делот против личните права. Објект на заштита е сигурноста и тајноста на личните
податоци. Тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на
граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци или тој што ќе
навлезе во компјутерски информатички систем на лични податоци со намера
користејќи ги за себе или за друг да оствари некаква корист или на друг да му нанесе
некаква штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото
го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до
три годиии. Обидот е казнив. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна.

б12. Повреда на авторско право и сродни права


Дело против личните права на човекот и граѓанинот. Тој што во свое име или во име на
друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира, дистрибуира, изведе, емитува или
на друг начин неовластено ќе посегне по туѓо авторско право иди сродно
право,односно авторско дело, изведба или предмет на сродно право, ќе се казни со
парична казна или со затвор од шест месеци до три години. Тој што делото го стори
преку компјутерски систем, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. Тој
што со делото прибавил поголема имотна корист, ќе се казни со затвор од шест месеци
до пет години. Тој што со делото прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со
затвор од една до пет години. Обидот е казнив. Примероците на авторските дела и
предметите на сродните права, како и средствата за репродуцирање се одземаат. Ако
делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Гонењето за повреда на
морално право се презема по предлог.

б13. Спречување на избори и гласање, Повреда на избирачкото право


Дело против изборниот систем. Објект на заштита е изборната постапка, нејзиното
слободно и непречено одвивање. Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на
друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го
оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од
гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку 3 години. Тој што ќе го стори делото со
употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, со примена на насилство
спрема две или повеќе лица или во организирана група, или на подрачјето на две или
повеќе избирачки места, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години. Делото е

26
умислено, но не е нужно да дојде до настанување на определена последица. Член на
избирен орган или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со
изборите или гласањето, со намера да му оневозможи на друг вршење на избирачко
право, противзаконито не ќе го запише во избирачки список или во листа на кандидати
или ќе го избрише од избирачки список или од листа на кандидати или на друг начин
ќе го лиши избирачот од правото да избира или член на избирачки одбор, изборна
комисија или одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во
вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, на противзаконит начин ќе
му овозможи на друг да користи избирачко право, иако знае дека тоа лице нема такво
право, да биде избран или да гласа, ќе се казни со затвор најмалку 3 години. Објект на
заштита е активното и пасивното избирачко право, т.е. изборната постапка (избирачот
се лишува од правото да избира, биде избран или да гласа).

б14. Повреда на слободата на определување на избирачите, Злоупотреба на


избирачкото право
Дело против избирачкото право. Објект на заштита е слободата на определување на
избирачите, да се кандидираат или не, да гласаат или не, како и тоа за кого ќе гласаат.
Делото е умислено, но не се бара намера или мотив кај сторителот. Тој што со употреба
на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да
го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор
најмалку 3 години. Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено
лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со
затвор од најмалку пет години. Тој што на избори или гласање ќе гласа наместо друг
или ќе гласа повеќе од еднашили тој што ќе земе учество на изборите или гласањето,
иако знае дека нема избирачко право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години. Дело
против изборниот систем. Објект на заштита е изборниот систем кој функционира
според принципот еден избирач, еден глас, а за одговорност се бара умисла.

б15. Поткуп при избори и гласање, Повреда на тајноста на гласањето


Дело против изборниот систем. Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или
ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши
или како да го врши избирачкото право (активно поткупување) или лице со избирачко
право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга
корист, за да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право (пасивно
поткупување), ќе се казни со затвор најмалку пет години. Ако користа е од помала
вредност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Тој
што при избори или при гласање ќе ја повреди тајноста, ќе се казни со затвор најмалку
три години. Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено лице во
вршењето на службата во врска со изборите или гласањето или го стори лице со
употреба на сила, сериозна закана, искористување на службена, работна или економска
зависност и на друг начин, ќе издејствува од друг да каже дали гласал или како гласал,
ќе се казни со затвор најмалку пет години. Објект на заштита е изборниот систем.
Дејствие на извршување е секое дејствие со кое се повредува тајноста, било при самото
гласање или на неговите резултати.

б16. Уништување на изборен материјал, Изборна измама


Делот против изборниот систем. Објект на заштита е сигурноста и веродостојноста на
исправата. Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори
да биде неупотреблива исправа, книга или спис што служи за изборите или гласањето,
ќе се казни со затвор најмалку три години. Ако делото го стори член на изборен орган
или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или
гласањето, ќе се казни со затвор најмалку пет години. Ако делото е сторено од група, со
употреба на оружје или насилство, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет
години. Член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во
врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот

27
на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повсќе гласачки ливчиња
или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на
резултатиге од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе
гласови, ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Објект на заштита е изборниот
систем, т.е. неговата објективност. Последица на оваа повреда може да биде лажна
изборна победа или лажен резултат.

б17. Повреда на правата од работен однос, Повреда на правото од социјално


осигурување
Делата се вршат со повреда на закон, друг пропис или колективен договор. Објект на
заштита се определени права во работниот однос. Тој што свесно не се придржува кон
закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот
однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството,
заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или
ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му
припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го
стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Тој што свесно не се придржува кон
закон, друг пропис или колективен договор, за здравствено, пензиско и инвалидско
осигурување и други видови социјално осигурување и со тоа повреди, одземе или
ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со
затвор до една година. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Објект на заштита се други права врз основа на трудот, т.е. правата од социјалното
осигурување. Пасивен субјект покрај работникот може да биде и друг корисник на
правата од социјално осигурување (пр. Корисник на право на семејна пензија).

б18. Клевета, Навреда и Неказнување за кривичните дела


Кривични дела против честа и угледот. Тој што за друг изнесува или пронесува нешто
невистинито што е штетно за неговата чест и углед, ќе се казни со парична казна. Ако
она што невистинито се изнесува или се пронесува е од такво значење што довело до
тешки последици по животот и здравјето на оштетениот или нему блиско лице,
сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Нема да се казни за
клевета обвинетиот ако ја докаже вистинитоста на своето тврдење или ако докаже дека
имал основана причина да поверува во вистинитоста на она што го изнесувал или
пронесувал. Тој што за друг лажно изнесува или пронесува дека сторил кривично дело
за кое се гони по службена должност ќе се казни за клевата иако имал основана
причина да поверува во вистинитоста на она што го изнесувал или го пронесувал.
Вистинитоста на фактот дека некој сторил кривично дело за кое се гони по службена
должност можс да се докажува само со правосилна пресуда. Објект на дејствие е нешто
невистинито, тврдење што не содржи никакви факти. Тој што ќе навреди друг, ќе се
казни со парична казна. Тој што друг јавно ќе изложи на подбив по пат на компјутерски
систем поради бојата на кожата, национална припадност или етничко потекло, ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година. За разлика од клевета, навреда
може да се состои во изнесување факти. Навреда е надворешна манифестација на
вредносно негативен суд за друг. Може да биде вербална (извици, свиркање),
симболичка (покажување рогови) и реална (туркање, кубење коса). Нема да се казни тој
што навредливо ќе се изрази за друг во научно, книжевно или уметничко дело, во
сериозна критика, во вршење на службена должност, новинарска професија, политичка
или друга општествена дејност, во одбрана на слободата на јавно изразување на
мислата или на други права или при заштита најавен интерес или други оправдани
интереси, ако од начинот на изразувањето или од другите околности на делото
произлегува дека тоа нема значење на навреда или не предизвикало значителна повреда
на честа и угледот на личноста. Нема да се казни за клевета тој што известува за нешто
што е јавно соопштено од друг, како и тој на кого му е оневозможено остварувањето на
правото на пристап до информации од јавен карактер спротивно на прописите за
слободен пристап до информациите, на кое се повикува во својата одбрана.

28
б19. Силување
Објект на заштита е слободата при стапувањето во полови односи. Дејствие на
извршување е присилување со сила или закана. Силување претставува непостоење
согласност на другото лице, спротивставување на актот на обљуба или полово дејствие.
Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот
живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на
обљуба, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако поради делото настапила
тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од
страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се
казни со затвор најмалку четири години. Тој што друг ќе присили на обљуба со
сериозна закана дска за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му
наштетило на неговата чест и углед или дека ќе предизвика друго тешко зло, ќе се
казни со затвор од шест месеци до пет години. Тој што ќе изврши само друго полово
дејствие, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Пасивен субјект е било
кое лице над 14 години.

б20. Обљуба врз немоќно лице


Објект на заштита е слободата при стапувањето во полови односи. Тој што врз друг ќе
изврши обљуба, злоупотребувајќи го душевното заболување, душевната растроеност,
немоќта, заостанатиот душевен развој или друга состојба поради која тоа лице е
неспособно за отпор, ќе се казни со затвор најмалку осум години. Ако поради делото
настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица или делото е
сторено од страна на повеќе лица, на особено суров или понижувачки начин,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
Основен елемент на дејствието на извршување не е употребата на сила, туку е
неспособноста на пасивниот субјект за отпор.

б21. Полов напад врз дете (малолетник кој не наполнил 14 години)


Објект на заштита е слободата при стапувањето во полови односи и половиот морал.
Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие (допирање на гениталиите) врз
малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години.
Ако делото го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра
наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друто лице со
злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со
затвор најмалку десет години. Со иста казна ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го
стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно
заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба
поради која е неспособен за отпор. Ако поради делата настапила тешка телесна
повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе
лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор
најмалку десет години.

б22. Обљуба со злоупотреба на положбата


Објект на заштита е слободата при стапувањето во полови односи и половиот морал.
Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе (со создавање волја, без примена
на сила или закана) на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа
во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува
или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и
човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку пет години. Малолетното лице
треба да се согласува со актот на обљуба. Наставник, воспитувач, посвоител, старател,
очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе извриш обљуба
или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено
заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет
години. Ирелевантна е согласноста на малолетното лице.

29
б23. Посредување во вршење проституција
Тој што врбува, наведува, поттикнува или намамува лице на проституција или тој што
на кој и да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење
проституција, ќе се казни со затвор од пет до десет години. Делото постои и во случај
на неуспешно поттикнување, т.е. услов за инкриминација не е лицето навистина да
почнало да се занимава со проституција. Тој што заради заработувачка му овозможува
на друг користење на сексуални услуги, ќе се казни со затвор од три до пет години. Тој
што заради заработувачка со сила или со сериозна закана за употреба на сила ќе
присили или со измама ќе наведе друго лице на давање сексуални услуги, односно тој
што постапува како макро, ќе се казни со затвор најмалку осум години. Тој што
организира вршење на делото или делото ќе ги стори при вршење на семејно насилство,
ќе се казни со затвор најмалку 10 години. Недвижностите искористени и предметите
употребени за извршување на делото, се одземаат.

б24. Одземање малолетник


Објект на заштита семејството, односно семејниот статус на малолетникот. Тој што
противправно ќе одземе малолетно лице од родител, посвоител, старател, од установа
или од лице на кое му е доверено или спречува тоа да биде кај лице кое има право на
тоа или оневозможува извршување на извршна одлука за доделување на малолетно
лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото е сторено
од користољубие или други ниски побуди или со примена на сила, закана или измама
или ако поради тоа потешко е загрозено здравјето, воспитувањето, издржувањето или
школувањето на малолетното лице, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до
три години. При изрекувањето условна осуда, судот може да му наложи на сторителот
да го врати малолетното лице или да овозможи извршување на извршната одлука за
доделување на малолетното лице. Извршител може да биде било кој, а може да биде и
лице кое има право на грижа, но тоа право му е ограничено со правосилна одлука.

б25. Пренесување заразна болест


Дело на загрозување на здравјето на луќето со заразни болести. Објект на заштита е
здравјето на луќето, а последицата се изразува како пренесување заразна болест, без
оглед на тежината на болеста. Тој што со кршење на прописи или наредби со кои
надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои
други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со
вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово
дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест или тој што не
постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или
спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и
со тоа предизвикува пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или
со затвор до три година. Ако како последица е пренесена неизлечива заразна болест,
сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Обидот за пренесување на
неизлечлива заразна болест е казнив. Тој што делото ќе го стори од небрежност, ќе се
казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

б26. Недопуштено пресадување делови од човечкото тело


Лекарско казненно дело против здравјето на луѓето. Тој што ќе земе дел од телото на
друг заради пресадување или на друг ќе му пресади дел од телото иако земањето или
пресадувањето е спротивно на медицинската струка или наука или тој што со намера за
пресадување ќе земе дел од човечкото тело пред да е утврдена смртта, според
пропишан начин, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години. Тој што ќе земе
дел од телото на друг или на друг му пресади дел од телото без согласност на давателот
или примателот или на нивниот законски застапник, ако давателот или примателот не
бил во состојба да даде согласност или тој кој што спротивно на законот за награда
продава или посредува при давање делови од телото на живи или умрени лица заради

30
пресадување, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Извршител е
лекар, само него го обврзуваат правилата на медицинската струка и етика. Пресадување
на дел од телото е дозволено само со недвосмислена согласност и да е извршено од
страна на стручно лице со почитување на сите медицински правила.

б27. Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,


психотропни супстанции и прекурсори
Дело против здравјето на луѓето. Инкриминацијата опфаќа дејствија со кои се шири
наркоманијата (неовластено производство и неовластена трговија). Тој што
неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради
продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на
друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и
прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако делото е сторено со
наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество,
сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години. Ако делото го
извршиле повеќе лица или сторителот на ова дело организирал мрежа на препродавачи
или посредници, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Тој што
неовластено прави, набавува, посредува или дава на употреба опрема, материјал или
супстанции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги,
психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како и подвижните
или недвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање,
ќе се одземат.

б28. Овозможување на употреба наркотични дроги


Дело против здравјето на луѓето. Тој што наведува (поттикнува, наговара) друг на
уживање наркотични дроги и прекурзори или му дава наркотични дроги и психотропни
супстанции да ги ужива тој или друго лице или ќе стави на располагање простории
заради уживање наркотични дроги, психотропни супстанции или на друг начин му
овозможува (давање пари) на друг да ужива наркотични дроги, психотропни
супстанции, ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено спрема
малолетник или спрема повеќе лица или предизвикало особено тешки последици,
сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако делото го стори правно
лице, ќе се казни со парична казна. Наркотичните дроги, како и подвижните или
недвижните предмети употребени за нивно пренесување или растурање, или посебно
наменети или ставени за употреба, ќе се одземат. Делото е умислено, а пасивен субјект
е наркоманот. Не е кривично дело уживањето во наркотични дроги.

б29. Загадување на животната средина и природата


Објект на заштита е животната средина и природата. Тој што со непридржување кон
прописите за заштита и унапредување на животната средина ќе загади воздух, почва,
вода, водна површина или водотек во поголем обем или на пошироко подрачје и со тоа
ќе предизвика опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на
животинскиот или растителниот свет во поголеми размери, ќе се казни со затвор од
четири до десет години(дејствие на извршување е загадувањето кое треба да биде во
поголем обем, а последицата е конкретна опасност за животот, здравјето или
растителниот свет). Службено или одговорно лице во правно лице кое со
непридржување кон прописите за заштита на животната средина ќе пропушти да
постави уреди за пречистување или ќе дозволи изградба, пуштање во дејство или
користење на погон кој ја загадува животната средина или на друг начин ќе пропушти
преземање мерки за спречување или оневозможување на загадување на воздух, почва,
вода, водна површина или водотек кое ја надминува дозволената граница или за
спречување бучава што значително ја надминува дозволената граница и со тоа ќе
предизвика опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на
животинскиот и растителниот свет во поголеми размери, ќе се казни со казна затвор

31
најмалку пет години (делото се состои во повреда на посебната положба што ја има
службеното лице). Ако делото е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со
парична казна или со затвор до три години. При изрекувањето условна осуда, судот
може на сторителот на делото да му наложи услов во определен рок да ги преземе
пропишаните мерки за заштита и унапредување на животната средина. Ако делото го
стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

б30. Кражба, Тешка кражба


Дела против имотот. Деликт на присвојување. Тој што од друг ќе одземе (прекине
фактичката власт) туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои, ќе се
казни со парична казна или со затвор до три години. Ако вредноста на украдениот
предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, ќе
се казни со парична казна или со затвор до една година (Гонењето се презема по
приватна тужба). Со иста казна ќе се казни и сторителот што ќе одземе од туѓа шума
дрвја чие количество е поголемо од еден кубен метар со намера за противправно
присвојување. Обидот е казнив. Кражба е дело против сопственоста и владението врз
подвижни предмети. Објект на заштита е имотот, т.е. сопственоста како правна
категорија, а не правото на сопственост. Објект на дејствие е туѓ подвижен предмет
(произведена ел. и топлотна енергија). Ако кражбата е сторена: 1) со кршење или
провалување во затворени простории, со совладување препреки или на друг начин
совладување поголеми пречки (префрлање, прерипување); 2) од страна на повеќе лица
здружени заради вршење кражба (треба да се договориле да извршат најмалку 2
кражби); 3) на дрзок начин (пр. Грабнување пари од каса при наплата); 4) од страна на
лице кое кај себе имало некакво оружје или опасно орудие заради напад или одбрана
(оружјето не мора да биде употребено, но намера мора да постои); 5) за време на пожар,
поплава или слична несреќа (со искористување отсуство на внимание) и 6) за
искористување на немоќта или несреќата на друг, ако предметите се од поголема
вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години, а ако предметите се
од значителна вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. За
кражба на предмети со вредност од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од
една до десет години. Ако украдениот предмет е добро под привремена заштита,
културно наследство, природна реткост или уред или друг предмет од посебно значење
за сигурноста на луѓето и имотот и сигурноста на јавниот сообраќај или објект на јавни
инсталации, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Ако вредноста
на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква
вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

б31. Разбојништво, Разбојничка кражба


Дела против имотот составено од присилба и кражба. Тој што со употреба на сила или
закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ
подвижен предмет со намера противправно да го присвои, ќе се казни со затвор
најмалку пет години. Ако вредноста на одземениот предмет е од големи размери,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години. Ако вредноста на одземениот
предмет е помала, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако при
извршувањето на делото на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда
или ако делото е сторено во состав на група, банда или ако е употребено огнено оружје
или опасно орудие, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години. Ако при
извршувањето на делото некое лице со умисла е лишено од живот, сторителот ќе се
казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор. Делото е сложено и е
составено од присилба и кражба. Присилбата се врши пред или во текот на одземањето
на предметот. Силата или заканата треба да бидат подобни да спречат отпор при
одземањето. Тој што, затечен во кражба, ќе употреби сила или закана дека непосредно
ќе нападне врз животот или телото на друг со намера украдениот предмет да го задржи,
ќе се казни со затвор најмалку пет години. Ако вредноста на украдените предмети е од
големи размери, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години. Ако вредноста

32
на одземениот предмет е помала, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет
години. Ако при извршивувањето на делото на некое лице со умисла му е нанесена
тешка телесна повреда или ако разбојничка кражба е сторена во состав на група или
банда или ако е употребено огнено оружје или опасно орудие, сторителот ќе се казни со
затвор најмалку десет години. Ако при извршувањето на делото некое лице со умисла е
лишено од живот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со
доживотен затвор. Основен елемент на законското битие е постоењето кражба во која
сторителот е затечен, а употребата на сила или закана се врши по кражбата со намера
предметот да го задржи и се врши против лицето, а не предметот. Дело против имотот
и слободата на одлучување.

б32.Измама, Измамување на купувачи


Дела против имотот. Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна
имотна корист ќе доведе некого во заблуда (погрешна претстава за определени факти)
со лажно прикажување (презентирање на факт што не постои) или со прикривање
факти (попречување на жртвата за сознавање за постоење на определени факти пр. Ја
брише годината на производство) или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да
стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична
казна или со затвор до три години. Ако сторената штета е од помала вредност, а
сторителот одел кон тоа да прибави таква вредност, ќс се казни со парична казна или со
затвор до една година. Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се
казни со затвор од три месеци до пет години. Ако сторената штета надминува
значителна врсдност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Тој што
делото го сторил само со намера да оштети друг, ќе се казни со парична казна или со
затвор до една година. Обидот за делото е казнив. Ако делото го стори правно лице, ќе
се казни со парична казна. Објект на заштита е имотот, сигурноста во правниот промет
и меѓусебната доверба. Субјективен елемент на противправноста е прибавување на
противправна имотна корист. Тој што со намера да ги измами купувачите ќе пушти во
промет производи со ознака во која се внесени податоци што не одговараат на
содржината, видот, потеклото или квалитетот на производот или ќе пушти во промет
производи што според својата тежина или квалитет не одговараат на она што редовно
се претпоставува кај таквите производи или производи без ознака за содржината, видот,
потеклото или квалитетот на производот кога ваквата ознака е пропишана, ќе се казни
со парична казна или со затвор до три години. Ако делото го стори правно лице, ќе се
казни со парична казна. Делото е насочено кон доведување во заблуда на однапред
неопределен број купувачи. Не треба да настапиконкретна последица, делото е
извршено со самото изложување на таквите стоки.

б33. Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем


Дело против имотот. Тој што неовластено ќе избрише, измени, оштети, прикрие или на
друг начин ќе направи неупотреблив компјутерски податок или програма или уред за
одржување на информатичкиот систем или ќе го оневозможи или отежне користењето
на компјутерски систем, податокот или програмата или на компјутерска комуникација,
ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Со иста казна ќе се казни и
тој што неовластено ќе навлезе во туѓ компјутер или систем со намера за
искористување на неговите податоци или програми заради прибавување противправна
имотна или друга корист за себе или за друг или предизвикување имотна или друга
штета или заради пренесување на компјутерските податоци што не му се наменети и до
кои неовластено дошол на неповикано лице. Со иста казна ќе се казни тој што
неовластено ќе пресретне, со употреба на технички средства, пренос на компјутерски
податоци кој нема јавен карактер до, од и внатре во одреден компјутерски систем,
вклучувајќи и електромагнетни емисии од компјутерски систем кој поддржува такви
компјутерски податоци. Тој што делата ќе ги стори спрема компјутерски систем,
податоци или програми што се заштитени со посебни мерки на заштита или се користат
во работењето на државни органи, јавни претпријатија или јавни установи или во

33
меѓународни комуникации, или како член на група создадена за вршење такви дела, ќе
се казни со затвор од една до пет години. Ако со делото е прибавена поголема имотна
корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од шест
месеци до пет години. Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или
прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерска лозинка, код за
пристап и сличен податок со кој целината или дел од компјутерскиот систем се
оспособува за пристап, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети
или погодни за извршување на делата, ќе се казни со парична казна или со затвор до
една година. Обидот за делото е казнив. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни
со парична казна. Посебните направи, средства. компјутерски програми или податоци
наменети за извршување на делото ќе се одземат. Субјективен елемент на
противправноста е намерата за прибавување на имотна или друга корист или за
оштетување на друг.

б34. Компјутерска измама


Дело против имотот. Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна
имотна корист со внесување во компјутер или информатички систем невистинити
податоци, со невнесување на вистинити податоци со менување, бришење или
прикривање на компјутерски податоци, со фалсификување на електронски потпис или
на друг начин ќе предизвика невистинит резултат при електронската обработка и
преносот на податоците, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако
сторителот прибавил поголема имотна корист, ќе се казни со затвор од три месеци до
пет години. Ако сторителот прибавил значителна имотна корист, ќе се казни со затвор
од една до десет години. Тој што делото го стори само со намера да оштети друг, ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година, а ако е предизвикана поголема
штета, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Тој што
неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни
направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети за
извршување на делото, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Обидот за делото е казнив. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна. Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци наменети за
извршување на делото ќе се одземат.

б35. Лажен стечај, Предизвикување стечај со несовесно работење


Дела против имотот. Тој што со намера да избегне обврска за плаќање ќе предизвика
стечај со привидно продавање на имотот или негов дел, со префрлање на средства на
други сметки или отстапување без надоместок или отуѓување со несразмерно ниска
вредност, со склучување лажни спогодби за долг или признавање невистинити
побарувања или со прикривање, уншитување, преправање или водење деловни книги
така што да не може да се утврди неговата вистинска имотна состојба, ќе се казни со
затвор од една до пет години и со парична казна. Ако делото го стори правно лице, ќе
се казни со парична казна. Тој што знае дека самиот или некој друг како должник е
неспособен за плаќање со неразумно трошење и отуѓување предмети и права за
несразмерно ниска цена, со прекумерно задолжување, со преземање несразмерни
обврски, склучување или обновување договори со лица неспособни за плаќање, со
пропуштање да се оствари побарување или на друг начин ги повредува своите
должности при управувањето со имотот или при водењето на работата и со тоа ќе
предизвика стечај, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Инкриминирани
се постапките на должникот што водат кон стечај.

б36. Изнуда, Уцена, Лихварство


Дела против имотот. Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна
имотна корист со сила или со сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори
нешто на штета на свој или на туѓ имот, ќе се казни со затвор најмалку една година. Тој
што делото ќе го стори во состав на група, банда или друго здружение или со употреба

34
на огнено оружје илн опасно орудие, на особено насилен начин или ако притоа е
прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета или на
некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда или делото го стори за
награда ќе се казни со затвор најмалку четири години. Ако при извршувањето на
делото некое лице со умисла е лишено од живот, сторителот ќе се казни со затвор
најмалку десет години или со доживотен затвор. Изнудата е специјален облик на
присилба.Објект на заштита е имотот и слободата на располагање со имотот, а дејствие
на извршување е примена на сила или сериозна закана. Тој што со намера за себе или за
друг да прибави противправна имотна корист ќе му се закани на друг дека за него или
за нему блиско лице ќе открие нешто што би можело да и наштети на неговата или
нивната чест или на неговиот или нивниот углед и со тоа го присили да стори или да не
стори нешто на штета на својот или на туѓ имот, ќе се казни со затвор од три месеци до
пет години. Тој што делото ќе го стори како член иа група, банда иди друго здружение
или е прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета, ќе
се казни со затвор од една до десет години. Уцена е специјален облик на изнуда, но
тука нема елементи на примена на сила, туку закана што се однесува на точно
специфицирано зло (наштетување на честа и угледот). Тој што за услугата што му ја
прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист
искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики,
нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста или тој што неовластено се занимава
(повеќекратно вршење дејствија) со давање пари или други потрошни предмети на заем
со договор и притоа договара несразмерна имотна корист, ќе се казни со парична казна
или со затвор до три години. Лихварство е дело на загрозување на кредитните односи и
е унилатерално, т.е. се казнува само едната страна (давателот на заемот). Субјективен
елемент е искористувањето, како и несразмерната имотна корист.

б37. Прикривање
Дело против имотот. Тој што ќе купи, ќе прими во залог или иа друг начин ќе прибави,
прикрие или протури предмет или имот за кој знае дека е прибавен со кривично дело
или она што е добиено за него со продажба или со замена, ќе се казни со парична казна
или со затвор до три години. Тој што ќе го стори делото, а можел да знае дека
предметот или имотот е прибавен со кривично дело, ќе се казни со парична казна или
со затвор до една година. Ако вредноста на предметот е значителна или предметот или
имотот е добро под привремена заштита или културно наследство, или уред или друг
предмет или имот од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот и сигурноста
на јавниот сообраќај или објект на јавни инсталации, сторителот ќе се казни со затвор
од три до осум години. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Предметите се одземаат.

б38. Фалсификување пари


Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и сторанството. Тој што ќе
направи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински или тој што ќе
преиначи вистински пари (бришење, додавање бројки) со намера да ги пушти во оптек
или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек или тој што прибавува лажни пари со
намера да ги пушти во оптек како вистински, ќе се казни со затвор од една до десет
години. Ако поради делата дошло до растројство во стопанството на земјата,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Тој што лажни пари што ги
примил како вистински ќе ги пушти во оптек или тој што знаел дека се направени
лажни пари или дека лажни пари се пуштени во оптек, па тоа нема да го пријави, ќе се
казни со парична казиа или со затвор до три години. Лажните пари ќе се одземат.
Објект на заштита е државниот монопол во емисијата на пари.

б39. Перење пари и други приноси од казниво дело


Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и сторанството. Тој што ќе
пушти во оптек или промет, прими, преземе, замени или раситни пари или друг имот

35
што го прибавил со казниво дело или за кој знае дека е прибавен со казниво дело, или
со претворање, промена, пренос или на друг начин ќе прикрие дека потекнува од таков
извор (со издавање лажна потврда за потеклото) или ќе ја прикрие неговата локација,
движење или сопственост, ќе се казни со затвор од една до десет години. Со иста казна
ќе се казни и тој што поседува или употребува имот или предмети за кои знае дека се
прибавени со извршување на казниво дело или со фалсификување на исправи,
непријавување на факти или на друг начин ќе прикрие дека потекнуваат од таков извор,
или ќе ја прикрие нивната локација, движење и сопственост. Ако делото е сторено во
банкарско, финансиско или друго стопанско работење или ако со разделување на
трансакцијата ја избегнува должноста за пријавување во случаите определени со закон,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години. Тој што ќе го стори делото, а бил
должен и можел да знае дека парите, имотот и други приноси од казниво дело се
прибавени со казниво дело, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
Тој што делото ќе го стори како член на група или друго здружение што се занимава со
перење пари, противправно прибавување на имот или други приноси од казниво дело,
или со помош на странски банки, финансиски установи или лица, ќе се казни со затвор
најмалку пет години. Службено лице, одговорно лице во банка, осигурително друштво,
друштво што се занимава со приредување игри на среќа, менувачница, берза или друга
финансиска институција, адвокат, освен кога постапува како бранител, нотар или друго
лице кое врши јавни овластувања или работи од јавен интерес, што ќе овозможи или ќе
дозволи трансакција или деловен однос, спротивно на неговата законска должност или
ке изврши трансакција спротивно на забраната изречена од надлежен орган или
привремена мерка одредена од суд или нема да го пријави перењето пари, имот или
имотна корист, за кое дознало во вршењето на својата функција или должност, ќе се
казни со затвор најмалку пет години. Службено, одговорно лице во банка или друга
финансиска институција, или лице кое врши работи од јавен интерес, кое според закон
е овластен субјект за примена на мерки и дејствија за спречување на перење пари и
други приноси од казниво дело, кое неовластено ќе открие на клиент или на
неповикано лице податоци што се однесуваат на постапката на испитување на
сомнителни трансакции или на примена на други мерки и дејствија за спречување на
перење пари, ќе се казни со затвор од три месеца до пет години. Ако делото е сторено
од користољубие или заради користење на податоци во странство, сторителот ќе се
казни со затвор најмалку една година. Ако постојат фактички или правни пречки за
утврдување на претходното казниво дело и гонење на неговиот сторител, постоењето
на такво дело се утврдува врз основа на фактичките околности на случајот и
постоењето на основано сомнение дека имотот е прибавен со такво дело. Знаењето на
сторителот може да биде утврденои врз основа на објективните фактички околности на
случајот. Приносот од казнивото дело се одзема, а ако одземањето не е можно од
сторителот ќе се одземе друг имот што одговара на неговата вредност.

б40. Криумчарење
Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и сторанството. Тој што се
занимава со пренесување непријавени стоки или стоки различни од декларираните или
пријавените преку царинска линија, избегнувајќи ја царинската контрола, или тој што
избегнувајќи ја царинската контрола ќе пренесе непријавена или стока различна од
декларираната или пријавената од поголема вредност, ќе се казни со парична казна или
со затвор до четири години. Ако стоката е од значителна вредност, сторителот ќе се
казни со парична казна или со затвор од шест месеци до пет години. Ако стоката е од
големи размери, сторителот ќе се казни со парична казна и со затвор најмалку четири
години. Тој што организира банда, група или друго злосторничко здружение заради
вршење на делото од став 1 или за растурање на нецаринети стоки или делото го
изврши вооружен со огнено оружје или со употреба на сила или закана, ќе се казни со
затвор од една до пет години. Службеното лице кое го помага, овозможува или
прикрива или не ќе го спречи вршењето на делата, ќе се казни со затвор од една до
десет години. Обидот е казнив. Стоките што се предмет на делото и средствата за

36
нивното пренесување и растурање, ќе се одземат, а ако нивното одземање не е можно
од сторителот, ќе се одземе друг имот што одговара на нивната вредност во времето на
извршување на делото. Средствата за пренесување и растурање на стоката, се одземаат
и кога се во сопственост на трето лице, кое знаело или било должно и можело да знае
дека ќе бидат употребени за пренесување или растурање. Средствата ќе се одземат
секогаш ако се специјално конструирани, адаптирани, изменети или прилагодени на кој
било начин, со цел криење на стоки. Објект на заштита е царинскиот систем.
Криумчарењето може да биде и надвор од легалните гранични премини (со отварање
диви премини).

б41. Царинска измама


Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и сторанството. Тој што со
намера самиот или некој друг да избегне целосно или делумно плаќање на давачки и
даноци кои се плаќаат при увоз или извоз на кој е обврзан со закон, на царинскиот
орган му даде лажни податоци за стоки и други факти од влијание за пресметката за
наплата или враќање на давачките и даноците, или не исполни обврска според закон
што е од влијание на пресметката на давачките и даноците кои се плаќаат при увоз или
извоз или на друг начин го доведе во заблуда царинскиот орган, а износот на давачките
и даноците кои се плаќаат при увоз или извоз е од поголема вредност, ќе се казни со
затвор од шест месеци до три години и со парична казна. Ако износот на давачките и
даноците кои се плаќаат при увоз или извоз е од значителна вредност сторителот ќе се
казни со затвор од една до десет години. Ако износот на давачките и даноците кои се
плаќаат при увоз или извоз е од големи размери, ќе се казни со затвор од една до пет
години и со парична казна. Ако износот на давачкит и даноците е од големи размери,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна. Обидот е
казнив. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

б42. Даночно затајување


Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и сторанството. Тој што со
намера самиот или некој друг да одбегне целосно или делумно плаќање данок,
придонес или некоја друга давачка на која е обврзан со закон, дава лажни податоци за
своите приходи или за приходите на правното лице, предметите или другите факти од
влијание за утврдувањс на износот на ваквите обврски или тој што со иста намера во
случај на задолжителна пријава не пријави приход, односно предмет или друг факт од
влијание за утврдување на ваквите обврски, а износот на обврската е од поголема
вредност, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години и со парична казна. Ако
износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири
години и со парична казна. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна. Објект на заштита е системот на даноци, акцизи и други придонеси. Објективен
услов за инкриминација е износот на обврската да е од поголема вредност во текот на
една година. Ако сторителот одбегнува плаќање повеќе години може да постои
продолжено кривично дело, ако одбегнатата обврска секоја година надминува поголема
вредност.

б43. Неовластена употреба на туѓа фирма и неовластена употреба на туѓ пронајдок


или софтвер
Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и сторанството и облик на
нелојлна конкуренција. Тој што спротивно на прописите за индустриска сопственост со
намера да измами купувачи или корисници на услуги ќе повреди туѓа заштитена
трговска марка, туѓ заштитен индустриски дизајн, туѓа заштитена ознака на потеклото
на производот и географска ознака, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години.
Со иста казна ќе се казни тој што со намера да измами купувачи неовластено ќе
произведе, пушти во промет, увезе, извезе, понуди на продажба или складишти
производи што се предмет на заштита на правата. Тој што неовластено ќе употреби
туѓа фирма или неовластено ќе внесе во својата фирма обележја од правата, ќе се казни

37
со парична казна или со затвор до три години. Ако делото е сторено од организирана
група или со делото е предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето,
сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Предметите што се направени
или употребени за извршување на кривичното дело ќе се одземат. Тој што со намера да
оштети друг или да прибави противправна имотна корист неовластено ќе поднесе
пријава на патент или во пријавата нема да го наведе или лажно ќе го наведе
пронаоѓачот или ќе ја направи достапна на јавноста суштината на пронајдокот пред тој
да биде објавен на начин утврден со закон, ќе се казни со парична казна или со затвор
до три години. Со иста казна ќе се казни и тој што со намера да оштети друг или да
прибави противправна имотна корист неовластено ќе произведе, пушти во промет,
увезе, извезе, понуди на продажба, складишти или користи производ или постапка која
е предмет на заштита со патент или неовластено ќе употреби, репродуцира, увезе,
извезе или дистрибуира заштитена топографија на интегрално коло или софтвер. Ако
делото е сторено од организирана група или со делото е предизвикана опасност за
животот и здравјето на луѓето, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор
од најмалку три години. Предметите кои се направени или употребени за извршување
на кривичното дело ќе се одземат.

б44. Загрозување на безбедноста на сообраќајот


Кривично дело против безбедоста на јавниот сообраќај. Учесник во сообраќај на
јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа го загрози јавниот
сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од
значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи
значителна имотна штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Тој
што не се придржува кон прописите за безбедноста во автобуски, железнички,
воздушен и бродски сообраќај, сообраќај на жичари или сообраќај со други средства за
масовен јавен превоз и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето
или за имотот од значителен обем, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
Тој што делото ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор
до една година.

б45. Загрозување на територијалната целина, Загрозување на независноста


Кривично дело против државата. Тој што со употреба на сила или сериозна закана со
употреба на сила ќе се обиде да запоседне, да отцепи дел од територијата на Република
Македонија или дел од таа територија да припои кон друга држава, ќе сс казни со
затвор најмалку пет години. Тој што со употреба на сила или сериозна закана со
употреба на сила ќе се обиде да ги измени границите на Република Македонија, ќе сс
казни со затвор најмалку четири години. Објект на заштита е територијалниот
интегритет. Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија
во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со
затвор најмалку пет години. Потчинетоста е највисок степен на губење на
независноста. Зависноста е фактичка состојба на стесната слобода на државата да
одлучува во внатрешните и меѓународните односи.

б46.Шпионажа
Кривично дело против државата. Тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или
ќе ја стори достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се
казни со затвор најмалку четири години. Тој што за странска држава или организација
ќе создаде разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководи со неа, ќе се
казни со затвор најмалку пет години. Тој што ќе стапи во странска разузнавачка
служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе
се казни со затвор од една до десет години. Тој што прибавува тајни податоци или
документи со намера да ги соопшти или предаде на странска држава, организација или
на лице кое им служи, ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако делото е
сторено за време на војна или непосредна воена опасност или предизвикало тешки

38
последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Како државна тајна се сметаат
податоците или документите што со закон или со друг пропис или со одлука на
надлежниот орган донесени врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие
откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските
или воените интереси на Република Македонија.

б47. Оддавње државна тајна


Кривично дело против државата. Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе
соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со
затвор од една до десет години. Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му
соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се
државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до
пет години. Ако делото е извршено за време на војна или непосредна воена опасност
или довело до загрозување на безбедноста на економската или воената моќ на
Република Македонија сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Неповикано лице е поединец што што не влегува во кругот на лица што по својата
службена, воена, општествена и друга природа се овластени да располагаат со тие
информации. Извршител е било кое лице кое располага со тие податоци или писмена
или поради својата положба е во можност да допре до таквите податоци.

б48.Здружување заради непријателска дејност


Кривично дело против државата. Тој што создава заговор, банда, група или друго
здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела
велепредавство, тероризам, диверзија, саботажа, признавање окупација и други дела
против државата, ќе се казни со затвор најмалку четири години. Тој што ќе стане
припадник на здружението, ќе се казни со затвор од една до пет години. Сторителот на
делото кој со откривање на здружението или на друг начин, ќе го спречи извршувањето
на кривичните дела, ќе се казни со затвор од три месеци до три години, а може и да се
ослободи од казната. Припадник на здружение кој ќе го открие здружението пред да
стори во негов состав или за него некое кривично дело предвидено во тој став, ќе се
ослободи од казната. Предметите и средствата наменети за подготвување на делата,
како и средствата за финансирање на здружението се одземаат.

б49.Злоуотреба на службената положба и овластување


Кривично дело против службената должност. Службено лице кое со искористување на
својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето
службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави
за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор
од шест месеци до три години. Ако сторителот на делото прибави поголема имотна
корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата
на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако сторителот на делото
прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се
казни со затвор најмалку три години. Со иста казна ќе се казни и одговорно лице,
одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во
Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е
сторено во вршење на неговото овластување или должност. Ако делото е сторено при
вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република
Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се
казни со затвор најмалку пет години. Делото е довршено со прибавување некаква
имотна корист или со нанесување штета.

б50. Повреда на чување на државната граница


Кривично дело против службената должност. Службено лице кое вршејќи ја службата
на границата ќе постапи спротивно на прописите за чување на државната граница, па

39
поради тоа ќе настапат потешки штетни последици за службата или службата е
потешко загрозена, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Ако поради
делото настапила тешка телесна повреда или имотна штета од големи размери или
настапиле други тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до
пет години. Ако поради делото настапила смрт на некое лице, сторителот ќе се казни со
затвор од една до десет години. Ако делото е сторено од небрежност, сторителот ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година. Објективен услов за
инкриминација е настанување на потешки последици за службата или службата да е
потешко загрозена.

б51.Примање поткуп
Кривично дело корупција и е дело против службената должност. Службено лице кое
директно или индиректно ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе
прими ветување за подарок или друга корист за себе или за друг за да изврши во
рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го
изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши, ќе се казни
со затвор од четири до десет години. Службено лице кое директно или индиректно ќе
побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или
друга корист за себе или за друг, за да изврши во рамките на своето службено
овластување службено дејствие што би морало да го изврши, или да не изврши
службено дејствие што не би смеело да го изврши, ќе се казни со затвор од една до пет
години. Службено лице кое по извршувањето или неизвршувањето на службеното
дејствие во врска со него ќе побара или ќе прими подарок или друга корист, ќе се казни
со затвор од три месеци до три години. Ако со делото е прибавена поголема имотна
корист, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Ако со делото е
прибавена значителна имотна корист, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет
години. Со иста казна ќе се казни и одговорно лице кое врши работи од јавен интерес,
одговорно лице во странско правно лице, како и странско службено лице ако делото е
извршено со повреда на неговите овластувања, во врска со стекнување, остварување
или одземање права утврдени со закон или заради стекнување корист или нанесување
штета на друг. Примениот подарок или имотната корист ќе се одземат.

б52. Давање поткуп


Кривично дело на активно корумпирање и е доло против службената должност. Тој што
директно или индиректно на службено лице ќе му даде, вети или ќе му понуди подарок
или друга корист за него или за друг за да изврши во рамките на своето службено
овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши
службено дејствие што би морало да го изврши или тој што посредува при ова, ќе се
казни со затвор од една до пет години. Тој што директно или индиректно на службено
лице ќе му даде, вети или ќе му понуди подарок или друга корист за него или за друг за
да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што би
морало да го изврши или да не изврши службено дејствие што не би смеело да го
изврши или тој што посредува при ова, ќе се казни со парична казна или со затвор до
три години. За делото нема да се казни тој кој дал или ветил поткуп по барање од
службено лице и тоа го пријави пред да дознае дека делото е откриено. Дадениот
подарок или имотна корист ќе се одземат. Делото е идентично со примање поткуп, но
извршител на ова дело може да биде било кој.

б53. Непријавување подготвување на кривично дело


Кривично дело против правосудството. Тој што знае дека се подготвува извршување на
кривично дело за кое според законот може да се изрече казна затвор од пет години или
потешка казна, па во времето кога се уште било можно да се спречи неговото
извршување не го пријавил тоа, а делото било во обид или извршено, ќе се казни со
парична казра или со затвор до една година. Ако не е пријавено подготвување на
кривично дело за кое според законот може да се изрече казна доживотен затвор,

40
сторителот ќе се казни со казна затвор од една до пет години. Нема да се казни за
непријавување на подготвување кривично дело, лице на кое сторителот му е брачен
другар, крвен сродник во права линија, брат или сестра, посвоител или посвоеник или
лице кое со сторителот живее во трајна вонбрачна заедница. Сторител е било кое лице
кое не учествува во подготвувањето или извршувањето на делото.

б54. Помагање на сторител по извршено кривично дело


Кривично дело против правосудството. Тој што ќе скрие сторител на кривично дело за
кое гонењето се презема по службена должност или со прикривање на орудијата,
трагите, предметите или на друг начин ќе му помогне да не биде откриен или тој што
крие осудено лице или презема други дејствија со кои се оди кон тоа да не се изврши
казната, изречените мерки на безбедност или да не се применат воспитните мерки
упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом, ќе се казни со парична
казна или со затвор до една година. Тој што ќе му помогне на сторител на кривично
дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка, ќе се казни со затвор
од три месеци до пет години. Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за
кое е пропишана казна доживотен затвор, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Казната за делото не може да биде потешка според видот ниту според висината од
казната пропишана за кривичното дело извршено од сторителот на делото. Нема да се
казни за делото лице на кое сторителот му е брачен другар, крвен сродник во права
линија, брат или сестра, посвоител или посвоеник или лице кое со сторителот живее во
трајна вонбрачна заедница. Делото се состои во попречување на правосудните органи
во откривањето на сторителите и во примена на изречените казни.

б55. Лажно пријавување на кривично дело


Кривично дело против правосудството. Тој што ќе пријави друг дека сторил кривично
дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител, ќе се
казни со затвор од три месеци до три години. Тој што со подметнување траги или
предмети на кривично дело или на друг начин ќе предизвика поведување на кривична
постапка за кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност против
лице за кое знае дека не е сторител ќе се казни со затвор од една до три години. Тој што
ќе пријави дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена
должнот, иако не го сторил ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.
Објект на заштита е правилното функционирање на правосудството и личните добра на
поединците.

б56.Давање лажен исказ


Кривично дело против правосудството. Сведок, вештак, преведувач или толкувач кој
пред суд или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка ќе даде лажен исказ,
ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци. Со иста казна ќе се казни
странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во
управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена
во таа постапка (посебен услов за инкриминација е врз тој исказ да е заснована
одлуката). Ако лажниот исказ е даден во кривична постапка, сторителот ќе се казни со
затвор од три месеци до пет години. Ако сторителот доброволно го отповика својот
лажен исказ пред да се донесе правосилна одлука, може да се ослободи од казна.
Исказот е лажен кога е во спротивност со објективната реалност. Покрај лажноста на
исказот, кај сторителот потребно е да постои умисла во однос на лажноста на исказот.

б57. Неизвршување на судска одлука


Службено или одговорно лице кое нема да постапи по правосилна одлука на суд со која
е одлучено за враќање на работник на работа, ќе се казни со парична казна или со
затвор до една година. Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе
одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се
казни со парична казна или со затвор до три години. Ќе се казни со затвор од една до

41
пет години службено или одговорно лице кое ќе одбие да изврши одлука на Уставниот
суд на Република Македонија што е должно да ја изврши. Ако со делото се
предизвикало потешка повреда на правата на друг или значителна имотна штета,
сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Службено или одговорно
лице или лице задолжено за тоа со судската одлука кое нема да постапи по правосилна
судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, ќе се
казни со затвор од една до пет години.

б58. Присилба спрема правосуден работник


Кривично дело против правосудството. Тој што судија, судија-поротник, јавен
обвинител, јавен правобранител или нивен заменик со сила или со сериозна закана ќе
го присили нешто да стори, да не стори или да трпи, ќе се казни со парична казна или
со затвор до три години. Ако во вршењето на делото им е нанесена телесна повреда на
лицата од став 1 или на нив блиски лица, сторителот ќе се казни со затвор од една до
три години. Ако во вршењето на делото им е нанесена тешка телесна повреда на тие
лица или на нив блиски лица, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
Обидот за делата е казнив.

б59. Компјутерски фалсификат


Претставува материјален фалсификат и е дело против правниот сообраќај. Тој што со
намера да ги употреби како вистински неовластено ќе изработи, внесе, измени,
избрише или направи неупотребливи компјутерски податоци или програми што се
одредени или подобни да служат како доказ за факти што имаат вредност за правните
односи или тој што таквите податоци или програми ќе ги употреби како вистински, ќе
се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако делото е сторено во однос
на компјутерски податоци или програми што се користат во работењето на државни
органи, јавни установи, претпријатија или други правни и физички лица кои вршат
работи од јавен интерес или во правниот сообраќај со странство или ако со нивната
употреба е предизвикана значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до
пет години. Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави
достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски
податоци наменети или погодни за извршување на делото, ќе се казни со парнична
казна или со затвор до три години. Обидот за делото е казнив. Посебните направи,
средства, компјутерски програми или податоци за извршување на делото, ќе се одземат.

б60. Спречување службено лице во вршење службено дејствие


Кривично дело против јавниот ред, т.е. дејноста на службените лица. Тој што со сила
или сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото ќе спречи
службено лице во вршење службено дејствие или ќе го присили на вршење службено
дејствие, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако при
извршувањето на делото сторетелот го навредил или малтретирал службеното лице или
му задал телесни повреди или му се заканува со употреба на оружје, ќе се казни со
затвор од три месеци до три години. Тој што делото ќе го стори спрема службено лице
или лице кое помага при вршењето работи на јавната безбедност или на заштита на
уставниот поредок на Република Македонија што се однесуваат на спречување или
откривање кривично дело, фаќање на сторител на кривично дело,чување на јавниот ред
и мир или чување на лице лишено од слобода, ќе се казни со затвор од шест месеци до
пет години. За обид на делото се казнува. Ако сторителот на делото бил предизвикан со
незаконито или грубо постапување на службеното лице или лицето кое помага, може да
се ослободи од казна. Не се смета за незаконито она дејствие што излегува надвор од
овластувањата.

б61. Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста


Кривично дело против јавниот ред, т.е. непречено вршење работи од безбедноста. Тој
што ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне службено лице или лице кое

42
помага при вршење работи на јавната безбедност или заштита на уставниот поредок на
Република Македонија што се однесуваат на спречување или откривање кривично дело,
фаќање на сторител на кривично дело, чување на јавниот ред и мир или чување на лице
лишено од слобода, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако при
извршувањето на делото од став 1 сторителот со употреба на оружје или друго опасно
орудие го малтретира или го навредува службеното лице или лицето кое помага или
телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако при
извршувањето на делото на службеното лице или на лицето кое помага му е нанесена
тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако
сторителот на делото бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на
службеното лице или лицето кое помага, може да се ослободи од казна. Услов за
инкриминација е да постои напад или закана за напад.

б62. Злосторничко здружување


Кривично дело против јавниот ред. Тој што ќе создаде група или банда што има за цел
вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или
потешка казна, ќе се казни со затвор од една до пет години. Припадникот на групата
или бандата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Припадникот на
групата или бандата кој ќе ја открие групата, односно бандата, пред да стори некое
кривично дело во нејзин состав или за неа, ќе се ослободи од казна. Делото се состои во
самото организирање и членување, без оглед дали е извршено некое кривично дело.
Банда е поцврсто организирана група со ватрешни правила за меѓусебните односи на
членовите што има за цел вршење на повеќе неоределени кривични дела. Група е
здружение од најмалку 3 лица, со било каков степен на организираност.

б63. Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на


кривично дело
Кривично дело против јавниот ред. Тој што изработува, набавува, крие или на друг му
овозможува да дојде до оружје, муниција, експлозивни или распрскувачки материи или
средства потребни за нивно правење, отрови и други предмети за кои знаел дека се
наменети за извршување кривично дело, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Ако предмет на делото е огнено оружје, оружје чија употреба е забранета, или
експлозивни или други материи од поголемо количество, сторителот ќе се казни со
затвор од три до осум години. Тој што ќе направи или на друг ќе му отстапи лажен
клуч или некое друго средство за провалување иако знаел дека е наменето за
извршување на кривично дело, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Ако
делото го стори правно лице ќе се казни со парична казна. Предметите и средствата за
нивно правење, пренесување и растурање ќе се одземат.

б64.Трговија со луѓе
Кривично дело против човечноста и меѓународното право. Тој што со сила, сериозна
закана доведува во заблуди или други форми на присилба, грабнување, измама, со
злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, немоќ или физичка или
ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист
заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин
врбува, превезува, пре. несува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради
експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација,
порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна
фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен однос или недопуштено
пресадување делови од човековото тело, ќе се казни со казна затвор најмалку четири
години. Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа
идентификазѓциона исправа заради вршење на делото ќе се казни со затвор од најмалку
четири години. Тој што користи или овозможува на друг користење сексуални услуги
или друг вид експлоатација од лица за кои знаел или бил должен да знае дека е жртва
на трговија со луѓе ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ако делото го

43
стори службено лице во вршењето на службата, ќе се казни со затвор најмалку осум
години. Согласноста на жртвата на трговија со луѓе заради намера за експлоатација, не
се од значење за постоењето на кривичното дело. Недвижностите искористени и
превозните средства употребени за извршување на делото, се одземаат.

б65. Меѓународен тероризам


Кривично дело против човечноста и меѓународното право. Тој што со намера да
наштети на странска држава или на меѓународна организација ќе изврши грабнување на
некое лице или некое друго насилство, ќе предизвика експлозија или пожар или со
некое општоопасно дејствие или со општоопасни средства ќе предизвика опасност за
животот на луѓето и за имотот од значителна вредност, ќе се казни со затвор најмалку
три години. Ако поради делата настапила смрт на едно или на повеќе лица или е
предизвикана штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет
години. Ако при извршувањето на делата сторителот со умисла лишил од живот друг,
ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

б66. Земање заложници


Тој што ќе изврши грабнување на некое лице и се заканува дека ќе го убие, ќе го
повреди или ќе го задржи како заложник со намера да ја присили некоја држава или
меѓународна организација нешто да стори или да не стори, како изричен или молкумен
услов за ослободување на заложникот, ќе се казни со затвор најмалку една година. Ако
поради делото настапила смрт на грабнатото лице, сторителот ќе се казни со затвор
најмалку пет години. Ако при извршувањето на делото сторителот со умисла го лишил
од живот грабнатото лице, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со
доживотен затвор.

б67. Геноцид
Кривично дело против човечноста и меѓународното право. Тој што со намера наполно
или делумно да уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, ќе нареди
да се вршат убиства или тешки повреди на телото или тешко нарушување на физичкото
или душевното здравје на членовите на групата или присилно раселување на
населението или групата да се стави во такви животни услови што доведуваат до
наполно или делумно истребување на групата или да се применат мерки со кои се
спречува раѓање меѓу припадниците на групата или да се врши присилно преселување
на деца во друга група или тој што со иста намера ќе изврши некое од наведените дела,
ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

б68. Воено злосторство против цивилно население


Кривично дело против човечноста и меѓународното право.Тој што за време на војна,
вооружен судир или окупација повредувајќи ги правилата на меѓународното право ќе
нареди да се изврши напад на цивилното население, на населба, на одделни цивилни
лица или на лица онеспособени за борба, што имало за последица смрт, тешка телесна
повреда или тешко нарушување на здравјето на луѓето; вршење спрема цивилното
население убиства, мачења, нечовечки постапувања, биолошки, медицински или други
научни експерименти, земање на ткива или органи заради трансплантација, нанесување
на големи страдања или повреди на телесниот интегритет или на здравјето; раселување
или преселување или присилно однародување или преведување во друга вера;
присилување на проституција или силување, сексуално ропство или предизвикување на
присилна бременост, насилна стерилизација или друг вид сексуално насилство
применување на мерки на застрашување и терор, земање на заложници, колективно
казнување, противзаконито одведување во концентрациони логори и други
противзаконити затворања, или тој што ќе изврши некое од наведените дела, ќе се
казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор. Со иста казна ќе се
казни тој што за време ва војна, вооружен судир или окупација повредуваќи ги
правилата на меѓународното право ќе нареди: да се изврши напад на културно добро

44
што е под засилена заштита или други објекти со посебна заштита објекти посебно
заштитени со меѓународното право, згради, превозни средства, материјали и
медицински единици кои користат препознатливи ознаки определени со меѓународното
право и други цивилни објекти што се под посебна заштита на меѓународното право,
забранети места и демилитаризирани зони, градови, села, населби или згради кои не се
бранети и не претставуваат воени цели долготрајно и во големи размери да се оштетува
природната околина што може да му штети на здравјето или на опстанокот на
населението или на културното добро што е под засилена заштита или негова
непосредна околина да се употребат како поткрепа на некоја воена акција, уништување
или присвојување од поголем размер на културно добро, заштитено со меѓународно
право.

б69. Употреба на недозволени средства на борба


Кривично дело против човечноста и меѓународното право. Тој што за време на војна
или вооружен судир ќе нареди да се употребат отрови или отровно оружје, отровни
гасови, гасови за загушување или друг вид на гасови или слични течности, материи или
направи, нагазни противпешадиски мини, куршуми што лесно се шират во човечкото
тело, како куршуми со тврда чаура која не го покрива целото зрно или е продупчена,
оружје, проектили, материјали или друг начин на војување, кои според својата природа
нанесуваат непотребни повреди или непотребни страдања или кои имаат особини,
спротивни на меѓународното воено право, да не разликуваат воени од цивилни цели
или други борбени средства или начин на борба што се забранети со правилата на
меѓународното право или сам ќе ги употреби, ќе се казни со затвор најмалку една
година. Ако поради делото загинале повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор
најмалку десет години или со доживотен затвор.

б70. Одговорност на командантите и другите претпоставени


Кривично дело против човечноста и меѓународното право. Воениот командант или
лицето кое дејствува во такво својство е кривично одговорен за сите кривични дела од
членовите 403 до 416-а, извршени за време на војна или каков било вооружен судир,
меѓународен или внатрешен, од припадници на регуларни или парамилитарни
вооружени формации под негова директна команда и контрола, ако знаел или врз
основа на сите околности бил должен и можел да знае дека подготвуваат или вршат
такви дела, или пропуштил да ги преземе сите неопходни и разумни мерки за да го
спречи нивното извршување, или спречил или пропуштил покренување на кривично
гонење на сторителите на кривичните дела. Претпоставениот е кривично одговорен за
сите кривични дела извршени за време на вооружен судир или за време на мир од
неговите потчинети во вршењето на службена или друга должност или работна
обврска, ако знаел или врз основа на сите околности бил должен и можел да знае дека
подготвуваат или вршат такви дела.

б71. Криумчарење на мигранти


Кривично дело против човечноста и меѓународното право. Тој што со сила или со
сериозна закана дека ќе нападне врз животот или телото, со грабнување, измама, од
користољубие, со злоупотреба на својата службена положба или со искористување на
немоќта на друг илегално пренесува мигранти преку државната граница, како и тој што
прави, набавува или поседува лажна патна исправи со таква цел, ќе се казни со затвор
најмалку четири години. Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава,
засолнува или прифаќа мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако при
вршењето на делата е загрозен животот или здравјето на мигрант, или со мигрантот се
постапува особено понижувачки или сурово, или се спречува тој да ги користи правата
што му припаѓаат според меѓународното право, сторителот ќе се казни со затвор
најмалку осум години. Ако делото е сторено со малолетно лице, сторителот ќе се казни
со затвор најмалку осум години. Ако делото го стори службено лице во вршењето на

45
службата, ќе се казни со затвор најмалку десет години. Предметите и превозните
средства употребени за извршување на делото се одземаат.

б72. Производство и дистрибуција на детска порнографија


Тој што произведува детска порнографија со цел за нејзина дистрибуција или ја
пренесува или ја нуди или на друг начин ја прави достапна детската порнографија, ќе
се казни со затвор од најмалку пет години. Тој што набавува детска порнографија за
себе или за друг или поседува детска порнографија, ќе се казни со затвор од пет до
осум години. Ако делото е сторено преку компјутерски систем или друго средство за
масовна комуникација, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години. Ако
делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

б73. Измама на штета на средства на Европската заедница


Кривично дело против имотот. Тој што со употреба или прикажување на лажни,
неточни и непотполни изјави или исправи или пропуштање на давање податоци
противправно присвои, задржи или предизвика штета на средствата на Европската
заедница, средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име,
ќе се казни со затвор од шест месеца до пет години. Ќе се казни тој што средствата ги
искористил спротивно на одобрената намена, како и тој што со употреба или
прикажување на лажни, неточни и непотполни изјави или исправи или пропуштање на
давање податоци, противправно ќе ги намали средствата на Европската заедница,
средствата со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име. Ако
делото го стори правно лице ќе се казни со парична казна.

б74. Изработка и употреба на лажна платежна картичка


Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Тој што ќе
направи лажна платежна картичка со намера да ја употреби како вистинска, или
прибавува лажна картичка со таква намера, или ќе му ја даде на друг на употреба или
тој што лажната картичка ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со затвор од шест
месеца до пет години и со парична казна. Ќе се казни и тој што прибавува банкарски
податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни
картички со намера да ги искористи за изработка и употреба на лажна платежна
картичка или вака прибавените податоци ги дава на друг со таква намера. Ако
сторителот стекне поголема имотна корист, ќе се казни со затвор од една до осум
години. Ако делото е сторено од член на група, банда или друго злосторничко
здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Ако делото го
стори правно лице ќе се казни со парична казна.

б75. Повреда на правата од хартии од вредност


Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Одговорно
лице во правно лице, друг вработен во правното лице, акционер или содружник или
лице овластено од одговорното лице кое попречува сопственик на хартии од вредност
во остварувањето на правата од хартии од вредност или врши повреда на правата од
хартии од вредност, ќе се казни со парична казна и затвор до три години. Ако делото од
е сторено спрема две или повеќе лица, сторителот ќе се казни со парична казна и затвор
од една до пет години.

б76. Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa


набавкa или јавно-приватно партнерство
Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Тој што
свесно ќе ги повреди прописите за постапката за јавен повик, доделување на договор за
јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство со поднесување невистинита
документација, со договарање со други можни учесници заради изигрување на
постапката за доделување на договори за јавнa набавкa, со неизвршување на обврските
од договорот со намера истиот да се изигра или на друг начин намерно ќе ги повреди

46
правилата на таа постапка и со тоа за себе или за друг ќе оствари поголема имотна
корист, или ќе предизвика поголема штета, ако не се исполнети обележјата на друго
потешко дело, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако
сторителот со извршување на делото остварил за себе или за друг значителна имотна
корист или предизвикал значителна штета, ќе се казни со затвор од најмалку четири
години. Ако сторителот со извршување на делото остварил за себе или за друг имотна
корист од поголеми размери или предизвикал штета од поголеми размери, ќе се казни
со затвор од најмалку пет години. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со
парична казна. Обидот на делото е казнив. Судот ќе му изрече на сторителот и забрана
за вршење на професија, дејност или должност. Со паричната казна, судот ќе му изрече
на правното лице и забрана за учество во постапки за доделување на договори за јавнa
набавкa.

б77. Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа


фирма
Кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Тој што
спротивно на прописите за индустриска сопственост со намера да измами купувачи или
корисници на услуги ќе повреди туѓа заштитена трговска марка, туѓ заштитен
индустриски дизајн, туѓа заштитена ознака на потеклото на производот и географска
ознака, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години. Ќе се казни тој што со
намера да измами купувачи неовластено ќе произведе, пушти во промет, увезе, извезе,
понуди на продажба или складишти производи што се предмет на заштита. Тој што
неовластено ќе употреби туѓа фирма или неовластено ќе внесе во својата фирма
обележја од правата, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Тој што
со делото прибавил значителна имотна корист или предизвикал значителна имотна
штета, ќе се казни со затвор од една до пет години и парична казна. Ако делото е
сторено од организирана група или со делото е предизвикана опасност за животот и
здравјето на луѓето, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Ако
делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Предметите што се
направени или употребени за извршување на кривичното дело ќе се одземат.

б78. Противправно стекнување и прикривање имот


Кривично дело против службената должност. Службено лице или одговорно лице во
јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен
капитал, кое спротивно на законската должност за пријавување на имотната состојба
или нејзина промена ќе даде лажни или непотполни податоци за својот имот или
имотот на членовите на неговото семејство, кој во значителна вредност ги надминува
неговите законски приходи, ќе се казни со затвор од шест месеца до пет години и со
парична казна. Ќе се казни службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие,
јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал кое, кога во
законски уредена постапка ќе се утврди дека за време на вршењето на функцијата или
должноста тоа или член на неговото семејство стекнал имот што во значителна
вредност ги надминува неговите законски приходи, дава лажни податоци или ги
прикрива неговите вистински извори. Ако делото е сторено во однос на имот кој во
големи размери ги надминува неговите законски приходи, сторителот ќе се казни со
затвор од една до осум години и со парична казна. За делата сторителот нема да се
казни ако во постапката пред судот даде прифатливо објаснување за потеклото на
имотот. Имотот кој ги надминува приходите што сторителот законски ги остварува и за
кои дал лажни или непотполни податоци или не дава податоци или ги прикрива
неговите вистински извори се конфискува, а ако неговото конфискување не е можно од
сторителот се конфискува негов друг имот што одговара на неговата вредност. Имотот
се конфискува и од членовите на семејството на сторителот за кои е остварен или врз
кои е пренесен ако е очигледно дека не дале противнадоместок што одговара на
неговата вредност, како и од трети лица ако не докажат дека за предметот или имотот
дале противнадоместок што одговара на нивната вредност.

47
В. ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

в1. Основни начела


Лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино сe додека неговата вина не
биде утврдена со правосилна судска пресуда. Лицето повикано, приведено или лишено
од слобода мора веднаш да биде известено, на јазик што го разбира, за причините за
повикувањето, приведувањето или лишувањето од слобода, да се поучи за правото да
молчи; правото да се советува со адвокат и да има бранител по негов избор за време на
испитувањето, како и за правото за приведувањето или лишувањето од слобода да се
извести член на неговото семејство или нему блиско лице. Лицето лишено од слобода
мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода, да
биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од
слобода. Лицето обвинето за кривично дело има право на правично и јавно судење, во
разумен рок, пред надлежен, независен и непристрасен суд, основан со закон. Секој
обвинет ги има следните минимални права: да биде информиран веднаш, на јазик што
го разбира и детално за делата за кои се товари и доказите против него; да има доволно
време и можности за подготвување на својата одбрана и да комуницира со бранител по
сопствен избор; да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош
на бранител по сопствен избор, а доколку нема средства да плати бранител истиот да го
добие бесплатно кога тоа го бараат интересите на правдата; да не биде присилен да
даде исказ против себе или своите блиски или да признае вина; да биде присутен при
испитувањето на сведоците и да може да им поставува прашања. Никој не може
повторно да биде суден или казнет за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена
правосилна судска одлука. Во кривичната постапка службен јазик е македонскиот јазик
и неговото кирилско писмо. Во кривичната постапка друг службен јазик што го
зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и неговото писмо, се користи во согласност со
овој закон. Забрането е и казниво од обвинетиот или од друго лице што учествува во
постапката да се изнудува признание, односно некаква друга изјава.

в2. Стварна надлежност и состав на судот


Судовите во кривичните предмети судат во границите на својата стварна надлежност
определена со закон. Во прв степен судовите судат во совети составени од двајца судии
и тројца судиипоротници за кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во
траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совети составени од еден судија
и двајца судиипоротници - за кривични дела за кои со закон е пропишана поблага
казна. За кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна
затвор до три години, во прв степен суди судија поединец. Во втор степен судовите
судат во совети составени од петмина судии за кривични дела за кои со закон е
пропишана казна затвор во траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во
совети составени од тројца судии - за кривични дела за кои е пропишана поблага казна.
Кога суди во втор степен на претрес, советот е составен од двајца судии и тројца судии
поротници. Во трет степен судовите судат во совети составени од петмина судии.
Дејствијата во истрагата ги врши судија на првостепениот суд (истражен судија).
Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат за жалби против
решенија на истражен судија и против други решенија кога тоа е определено со овој
закон, донесуваат одлуки во прв степен надвор од главниот претрес спроведуваат
постапка. По барање за вонредно ублажување на казната и барање за вонредно
преиспитување на правосилна пресуда, судот одлучува во совет составен од петмина
судии ако станува збор за кривично дело за кое во законот е пропишана казна затвор во
траење од 15 години или казна доживотен затвор, а во совет составен од тројца судии -
ако станува збор за кривично дело за кое е пропишана поблага казна. По БЗЗ судот

48
одлучува во совет составен од петмина судии, а доколку барањето е поднесено против
одлука на Врховниот суд на Република Македонија, за барањето Врховниот суд на
Република Македонија одлучува на општа седница.

в3. Месна надлежност


Месно надлежен по правило е судот на чие подрачје е извршено или обидено
кривичното дело. Приватна тужба може да се поднесе и до судот на чие подрачје
обвинетиот има живеалиште или престојувалиште. Ако кривичното дело е извршено
или обидено на подрачја на различни судови или на границата на тие подрачја или е
неизвесно на кое подрачје е извршено или обидено, надлежен е оној од тие судови што
по барање од овластениот тужител прв ја започнал постапката, а ако постапката се
уште не е започната - судот до кој прво е поднесено барањето за поведување на
постапката. Ако кривичното дело е сторено преку печат, надлежен е судот на чие
подрачје списот е печатен. Ако тоа место не е познато или списот е печатен во
странство, надлежен е судот на чие подрачје се растура печатениот спис. Ако не е
познато местото на извршувањето на кривичното дело или ако тоа место е надвор од
територијата на Република Македонија, надлежен е судот на чие подрачје обвинетиот
има живеалиште или престојувалиште. Ако судот на чие подрачје обвинетиот има
живеалиште или престојувалиште веќе ја започнал постапката, останува надлежен иако
се узнало за местото на извршувањето на кривичното дело. Ако не е познато местото на
извршувањето на кривичното дело, ниту живеалиштето или престојувалиштето на
обвинетиот или обата се надвор од територијата на Република Македонија, надлежен е
судот на чие подрачје обвинетиот ќе се фати или самиот ќе се пријави.

в4. Изземање
Судија или судија - поротник не смее да врши судска должност ако: 1) е оштетен со
кривичното дело; 2) обвинетиот, неговиот бранител, тужителот, оштетениот, нивниот
законски застапник или полномошник, му е брачен односно вонбрачен другар или
роднина по крв во права линија до кој и да е степен, во странична линија до четвртиот
степен, а по сватовство до вториот степен; 3) со обвинетиот, неговиот бранител,
тужителот или со оштетениот е во однос на старател, лице под старателство, посвоител,
посвоеник, хранител или храненик; 4) во истиот кривичен предмет вршел истражни
дејствија или учествувал во испитувањето на обвинението пред главниот претрес, или
учествувал во постапката како тужител, бранител, законски застапник или
полномошник на оштетениот односно на тужителот, или е сослушан како сведок или
како вештак; 5) во истиот предмет учествува во донесувањето на одлуката на
понискиот суд или ако во истиот суд учествувал во донесувањето на одлуката која се
побива со жалбата и Судија или судија поротник може да биде изземен од вршење на
судска должност ако се поднесат докази кои предизвикуваат сомнение во неговата
непристрасност. Судијата или судија - поротник, штом ќе узнае дека постои некоја од
причините за изземање, должен е да ја прекине секоја работа врз тој предмет и за тоа да
го извести претседателот на судот, кој ќе му определи замена. Изземање можат да
бараат и странките. За барањето одлучува претседателот на судот. Ако се бара
изземање само на претседателот на судот, одлуката за изземање ја донесува
претседателот на непосредно повисокиот суд. Решение по барањето за изземање
донесува претседателот на судот веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на
поднесувањето на барањето. Против решението со кое се одбива барањето може да се
побива со посебна жалба во рок од три дена од донесувањето на решението. За
изземање на записничари, толкувачи, на стручното лице и на вештаци одлучува
советот, претседателот на советот или судијата.

в5. Јавен обвинител


Основно право и основна должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на
кривични дела. За кривични дела за кои се гони по службена должност јавниот
обвинител е надлежен: 1) да презема потребни мерки во врска со откривањето на

49
кривичните дела и со пронаоѓањето на сторителите и заради насочување на
предистражната постапка; 2) во предистражна постапка да издава наредби за примена
на посебните истражни мерки под услови и на начин утврдени со овој закон; 3) да бара
спроведување на истрага; 4) да го подига и застапува обвинителниот акт, односно
обвинителниот предлог пред надлежниот суд; 5) да изјавува жалби против
неправосилните судски одлуки и да поднесува вонредни правни лекови против
правосилните судски одлуки. Јавниот обвинител врши и други дејствија определени со
овој закон. Јавниот обвинител ги презема сите дејствија во постапката за кои е овластен
според законот сам или преку лицата кои врз основа на законот за јавното
обвинителство се овластени да го застапуваат во кривичната постапка. Јавниот
обвинител може да се откаже од барањето за гонење до завршувањето на главниот
претрес пред првостепениот суд, а пред повисокиот суд - во случаите предвидени со
овој закон.

в6. Оштетен и приватен тужител


За кривичните дела за кои се гони по предлог или по приватна тужба, предлогот или
тужбата се поднесуваат во рок од три месеци од денот кога лицето овластено за
поднесување на предлогот или приватна тужба узнало за кривичното дело и за
сторителот. Предлог за гонење се поднесува до надлежниот обвинител, а приватна
тужба до надлежниот суд. Кога оштетениот поднел кривична пријава или предлог за
гонење, а во текот на постапката ќе се утврди дека станува збор за кривично дело за кое
се гони по приватна тужба, пријавата односно предлогот ќе се смета како навремена
приватна тужба ако е поднесена во рокот предвиден за приватна тужба. Навремено
поднесената приватна тужба ќе се смета како навремено поднесен предлог на
оштетениот, ако во текот на постапката се утврди дека се работи за кривично дело за
кое се гони по предлог. Ако со кривичното дело се оштетени повеќе лица, гонењето ќе
се преземе односно ќе се продолжи по предлог или приватна тужба од секој оштетен.
Оштетениот и приватниот тужител можат со своја изјава до судот пред кој се води
постапката да се откажат од предлогот, односно приватната тужба до завршувањето на
главниот претрес. Во тој случај тие го губат правото повторно да поднесат предлог
односно приватна тужба. Ако приватниот тужител не дојде на главниот претрес иако е
уредно повикан, или поканата не можела да му се врачи поради непријавување до судот
на промената на адресата или престојувалиштето ќе се смета дека се откажал од
тужбата. Кога јавниот обвинител ќе најде дека нема основа да го преземе гонењето за
кривично дело за кое се гони по службена должност, или кога ќе најде дека нема основа
да го преземе гонењето против некој од пријавените соучесници, должен е во рок од
осум дена за тоа да го извести оштетениот и да го упати дека може самиот да го
преземе гонењето. Оштетениот има право да го преземе односно да го продолжи
гонењето во рок од осум дена од кога го примил известувањето. Ако оштетениот во
законскиот рок не го поведе или не го продолжи гонењето, ќе се смета дека се откажал
од гонењето. Оштетениот како тужител ги има истите права што ги има јавниот
обвинител, освен оние што му припаѓаат на јавниот обвинител како на државен орган.
Приватниот тужител, оштетениот и оштетениот како тужител, како и нивните законски
застапници можат своите права во постапката да ги вршат и преку полномошник.

в7. Бранител
Секое лице има право на бранител во предкривичната и во судската постапка.
Осомничениот во предкривичната постапка односно обвинетиот пред првото
испитување мора да се поучи дека има право на бранител по свој избор и дека
бранителот може да присуствува на неговото испитување. Бранител на обвинетиот
можат да му обезбедат и неговиот законски застапник, брачниот односно вонбрачниот
другар, роднина по крв во права линија, посвоител, посвоеник, брат, сестра и хранител.
Бранител може да биде само адвокат. Бранителот е должен да поднесе полномоштие до
органот пред кој се води постапката. Повеќе обвинети можат да имаат заеднички
бранител и еден обвинет може да има повеќе бранители. Бранител не може да биде

50
оштетениот, брачниот односно вонбрачниот другар на оштетениот или на тужителот,
ни лице што е повикано како сведок во постапката. Обвинетиот мора да има бранител
ако против него е определен притвор за време додека трае притворот. Обвинетиот на
кој му се суди во отсуство мора да има бранител штом ќе се донесе решение за судење
во отсуство. Ако обвинетиот во случаите на задолжителна одбрана сам не земе
бранител, претседателот на судот ќе му постави бранител по службена должност.
Бранителот е овластен да ги презема во корист на обвинетиот, сите дејствија што може
да ги преземе обвинетиот.

в8. Рокови
Роковите предвидени со овој закон не можат да се продолжат, освен кога законот
изрично го дозволува тоа. Кога изјавата е врзана за рок се смета дека е дадена во рокот
ако пред да истече рокот му е предадена на оној што е овластен да ја прими или дента
кога е упатена по пошта со препорачана пратка, по електронска пошта или по
телеграфски пат. Роковите се сметаат на часови, денови, месеци и години. За почеток
на рокот се зема првиот нареден час, односно ден. Во еден ден се сметаат 24 часа, а
месецот се смета по календарското време. Роковите определени по месеци односно по
години се завршуваат со истекот на оној ден на последниот месец, односно на годината
што по својот број му одговара на денот кога почнал рокот. Ако го нема тој ден во
последниот месец, рокот се завршува последниот ден на тој месец. На обвинетиот кој
од оправдани причини ќе го пропушти рокот за изјавување жалба на пресуда или на
решение за примена на мерки на безбедност или на воспитна мерка или за одземање на
имотна корист, судот ќе му дозволи враќање во поранешната состојба заради
изјавување жалба ако во рок од осум дена по престанувањето на причината поради која
го пропуштил рокот поднесе молба за враќање во поранешната состојба и ако
истовремено со молбата предаде и жалба. По истекот на три месеци од денот на
пропуштањето не може да се бара враќање во поранешната состојба. За враќање во
поранешната состојба одлучува претседателот на советот кој ја донел пресудата или
решението кое се побива со жалбата.

в9. Донесување и соопштување на одлуки


Во кривичната постапка одлуките се донесуваат во форма на пресуда, решение и
наредба. Пресуда донесува само судот, а решенија и наредби донесуваат и други органи
што учествуваат во кривичната постапка. Одлуките на советот се донесуваат по усното
советување и гласање. Претседателот на советот раководи со советувањето и гласањето
и гласа последен. Тој е должен да се грижи за тоа сите прашања да се разгледаат
сестрано и наполно. При одлучувањето прво се гледа дали судот е надлежен, дали е
потребно да се дополни постапката, како и други претходни прашања. Кога ќе се
донесе одлука за претходните прашања, се преминува на решавање за главната работа.
При одлучувањето за главната работа прво ќе се гласа дали обвинетиот сторил
кривично дело и дали е кривично одговорен, а потоа ќе се гласа за казната, за другите
кривични санкции, за трошоците на кривичната постапка, за имотно-правните барања и
за другите прашања за кои треба да се донесе одлука. Советувањето и гласањето се
врши во тајно заседание. Одлуките им се соопштуваат на заинтересираните лица со
усно објавување ако се присутни, а со доставување заверен препис ако се отсутни.
Преписите на одлуките против кои е дозволена жалба се доставуваат со упатство за
правото на жалба.

в10. Доставување писмена


Писмената се доставуваат по пошта, преку службено лице на судот што ја донел
одлуката или непосредно во судот, или преку правно лице со посебни овластувања
утврдени со закон. Поканата за главниот претрес или другите покани судот може и
усно да му ги соопшти на лицето кое се наоѓа пред судот, со поука за последиците од
недоаѓањето. Повикувањето извршено на овој начин ќе се забележи во записникот што
повиканото лице ќе го потпише. Се смета дека со тоа е извршено полноважно

51
доставување. Писменото кое треба лично да се достави му се предава непосредно на
лицето на кое му е испратено. Ако лицето на кое писменото мора лично да му се
достави не се затече таму каде што треба да се изврши доставувањето, доставувачот ќе
му остави кај едно од неговите возрасни членови на домаќинството писмено
известување да дојде во определен ден и час во судот заради примање на писменото.
Ако лицето не дојде да го прими писменото, а доаѓањето не го оправда во рок од три
дена сметано од денот кога тоа е повикано во судот да го прими, писменото ќе се
испрати препорачано по пошта, со што ќе се смета дека доставата е извршена. На
обвинетиот и на неговиот бранител ако го има лично ќе му се достави обвинителниот
акт, обвинителниот предлог или приватната тужба, пресудата, поканата за првото
испитување во истрагата и поканата за главниот претрес и другите одлуки од чие
доставување тече рокот за жалба. Ако на обвинетиот не може да му се достави
одлуката, таа ќе се истакне на огласната табла на судот и по истекот на осум дена од
денот на истакнувањето се смета дека е извршено полноважно доставување. Потврдата
за извршеното доставување (доставницата) ја потпишуваат примателот и доставувачот.
Примателот ќе го назначи сам на доставницата денот на приемот. На јавниот обвинител
одлуките и другите писмена му се доставуваат со предавање на писарницата на јавното
обвинителство.

в11. Извршување на одлуките


Пресудата станува правосилна кога не може повеќе да се побива со жалба или кога не е
дозволена жалба. Ако не е изјавена жалба или странките се одрекле или се откажале од
жалбата, пресудата е извршна со истекот на рокот на жалба, односно од денот на
одрекувањето или откажувањето од изјавената жалба. Извршувањето на пресудата во
поглед на трошоците на кривичната постапка, на одземањето на имотната корист и на
имотно-правните барања го врши надлежниот суд според одредбите што важат за
извршната постапка. Присилната наплата на трошоците на кривичната постапка, во
корист на буџетот на Република Македонија се врши по службена должност. Ако во
пресудата е изречена посебна мерка одземање на предмети, судот што ја изрекол
пресудата во прв степен ќе одлучи како таквите предмети ќе се продаваат, а добиените
парите се внесуваат во буџетот на Република Македонија. Решенијата се извршуваат
кога ќе станат правосилни. Наредбите се извршуваат веднаш ако органот што ја издал
наредбата не нареди поинаку. Правосилноста на решението настапува кога не може тоа
да се побива со жалба или кога не е дозволена посебна жалба.

в12. Кривична пријава


Државните органи, институциите што вршат јавни овластувања и други правни лица се
должни да пријават кривични дела за кои се гони по службена должност, за кои се
известени или за кои ќе узнаат на некој друг начин. Пријавителите ќе ги наведат
доказите што им се познати и ќе преземат мерки за да се сочуваат трагите од
кривичното дело, предметите врз кои или со помош на кои е сторено кривичното дело и
другите докази. Кривичната пријава му се поднесува на надлежниот јавен обвинител
писмено или усно. Ако постојат основи за сомневање дека е извршено кривично дело за
кое се гони по службена должност, Министерството за внатрешни работи е должно да
ги преземе потребните мерки да се пронајде сторителот на кривичното дело и тоа: 1) да
бара потребни известувања од граѓани; 2) да сопре, да легитимира и да изврши
потребен преглед или претрес на лица, превозни средства и багаж ако постојат основи
на сомневање дека кај нив ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети што
можат да послужат како докази; 3) со наредба да пренасочи, насочи или ограничи
движење на лица и превозни средства на определен простор за нужно потребно време;
4) да преземе потребни мерки во врска со утврдувањето на идентитетот на лицата и на
предметите; 5) да спроведе потрага, распише потерница по лицето и објава по имотот и
имотната корист или по предметите по кои се трага; 6) во присуство на службено или
одговорно лице да изврши преглед или претрес на определени објекти и простории на
државни органи, институции што вршат јавни овластувања и други правни лица и да

52
оствари увид во определена нивна документација и 7) да преземе други пртребни мерки
и дејствија предвидени со закон. За фактите и околностите што се утврдени при
преземањето на одделни дејствија, а можат да бидат од интерес за кривичната
постапка, како и за предметите што се пронајдени или се одземени ќе се состави
записник.

в13. Посебни истражни мерки


Судот може да нареди преземање на посебните истражни мерки кога постојат основи
на сомневање дека се подготвува, во тек е извршување или е сторено кривично дело за
кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и за кривични и дела за
кои постојат основи на сомневање дека се подготвуваат, во тек е извршување или е
сторено кривично дело од страна на организирана група, банди или друго злосторничко
здружение, заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на
кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се обезбедат или нивното
обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии: 1) следење на комуникации и
влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавање на услови за
следење на комуникации, под услови и постапка утврдени со закон; 2) увид и
пребарување во компјутерски систем, одземање на компјутерски систем или дел од
него или базата за складирање на компјутерски податоци; 3) тајно набљудување,
следење и визуелно-тонско снимање на лица и предмети со технички средства; 4)
привиден (симулиран) откуп на предмети, како и привидно (симулирано) давање
поткуп и привидно (симулирано) примање поткуп; 5) контролирана испорака и превоз
на лица и предмети; 6) користење на лица со прикриен идентитет за следење и
собирање на информации или податоци; 7) отворање привидна (симулираиа) банкарска
сметка на која може да се вложуваат средства што потекнуваат од сторено кривично
дело и 8) регистрирање на привидни (симулирани) правни лица или користење на
постојни правни лица заради собирање на податоци, и тоа за кривични дела изнуда,
уцена, примање, давање поткуп, измама, проневера во службата итн. Податоците,
известувањата, документите и предметите прибавени со примена на посебните
истражни мерки, може да се употребат како доказ во кривичната постапка. Во
предистражна постапка, посебните истражни мерки се определуваат со наредба од
јавниот обвинител или истражниот судија, а во истрага, само со наредба од истражен
судија. Наредбата содржи: податоци за лицето против кое се применуваат посебните
истражни мерки кога сторителот е познат, основите за сомневање за стореното
кривично дело, фактите од кои произлегува примената на посебните истражни мерки,
како и начинот, обемот и времетраењето на тие мерки. Спроведувањето на посебните
истражни мерки може да трае најмногу четири месеца, но може да се продолжи
најмногу уште за три месеца.

в14. Истрага
Истрага се поведува против определено лице кога постои основано сомневање дека
сторило кривично дело. Во истрагата ќе се соберат докази и податоци што се потребни
за да може да се одлучи дали ќе се подигне обвинителен акт или ќе се запре постапката,
докази за кои постои опасност дека не ќе можат да се повторат на главниот претрес или
дека нивното изведување би било сврзано со тешкотии, како и други докази што можат
да бидат од полза за постапката за чие изведување, со оглед на околностите на случајот,
се покажува како целесообразно. Истрагата се спроведува по барање од јавниот
обвинител и се поднесува до истражниот судија на надлежниот суд. Во барањето
мораат да се назначат: лицето против кое се бара спроведување истрага, опис на делото
од кое произлегуваат законските обележја на кривичното дело, законскиот назив на
кривичното дело, околностите од кои произлегува основаноста на сомневањето и
постојните докази. Кога истражниот судија ќе прими барање за спроведување истрага,
ќе ги разгледа списите и ако се согласи со барањето, ќе донесе решение за
спроведување истрага. Против решението на истражниот судија за спроведување
истрага странките имаат право на жалба. Советот е должен да донесе одлука во рок од

53
48 часа. Истрагата се води само во поглед на она кривично дело и против оној обвинет
на кој се однесува решението за спроведување истрага. Истрагата ќе ја запре со
решение советот кога одлучува за кое и да било прашање во текот на истрагата во
следните случаи: 1) ако делото што му се става на товар на обвинетиот не е кривично
дело за кое се гони по службена должност; 2) ако постојат околности што ја
исклучуваат кривичната одговорност; 3) ако настапила застареност на кривичното
гонење или делото е опфатено со амнестија или помилување, или ако постојат други
околности што го исклучуваат гонењето и 4) ако нема докази дека обвинетиот сторил
кривично дело. Решението за запирање на истрагата се доставува до јавниот обвинител,
до оштетениот и до обвинетиот. Истражниот судија ја завршува истрагата кога ќе најде
дека состојбата на работите во истрагата е доволно разјаснета. По завршената истрага
истражниот судија ги доставува списите до јавниот обвинител кој е должен во рок од
петнаесет дена да стави предлог да се дополни истрагата или да подигне обвинителен
акт или да даде изјава дека се откажува од гонењето. Овој рок може советот да го
продолжи на предлог од јавниот обвинител. Ако истрагата не се заврши во рок од 90
дена, истражниот судија е должен да го извести претседателот на судот за причините
поради кои истрагата не е завршена.

в15. Мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за успешно водење на


кривичната постапка
Мерките што можат да се преземат спрема обвинетиот за обезбедување за негово
присуство и за успешно водење на кривичната постапка се покана, приведување,
ветување на обвинетиот дека нема да го напушти престојувалиштето, односно
живеалиштето и други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на
обвинетиот, гаранција, куќен притвор и притвор. При одлучувањето која од наведените
мерки ќе ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за
примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако може
истата цел да се постигне со поблага мерка. Судот може спрема обвинетиот
истовремено да определи повеќе мерки. 1. Покана: Присуството на обвинетиот при
извршувањето на дејствијата во кривичната постапка се обезбедува со негово
повикување. Покана до обвинетиот упатува судот и содржи: назив на судот што
повикува, име и презиме на обвинетиот, назив на кривичното дело што му се става на
товар, место каде што обвинетиот треба да дојде, ден и час кога треба да дојде. 2.
Приведување: Наредба да се приведе обвинетиот може да издаде судот ако постојат
причини за притвор, ако е веќе донесено решение за притвор или ако уредно повикан
обвинетиот не дојде, а својот изостанок не го оправда или ако не можело да се изврши
уредно доставување на поканата, а од околностите очигледно произлегува дека
обвинетиот го одбегнува приемот на поканата. Наредбата ја извршува МВР. 3.
Ветување на обвинетиот дека нема да го напушти живеалиштето, односно
престојувалиштето: Ако постои стравување дека обвинетиот во текот на постапката би
можел да се скрие или да отиде во непознато место или во странство, судот може да
бара од обвинетиот ветување што се состои во обврска дека нема да се крие односно
дека без одобрение на судот нема да го напушти своето живеалиште, односно
престојувалиште. Даденото ветување се внесува во записник.

в16. Други превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот


1) забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, судот ќе го
одреди местото во кое обвинетиот мора да престојува додека трае мерката, како и
границите вон кои не смее да се оддалечува; 2) обврска на обвинетиот да се јавува
повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, судот ќе
одреди службено лице на кое обвинетиот мора да му се јавува, рокот во кој треба да се
јавува и начинот на водење на евиденцијата за јавување; 3) привремено одземање на
патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за
нејзино издавање, во решението се наведуваат податоците за патната исправа и 4)
привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање, судот

54
ќе ги наведе податоците за дозволата. Превентивните мерки можат да траат додека
постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата. Против решението со кое се
определуваат или укинуваат превентивните мерки, странките имаат право на жалба во
рок од три дена.

в17. Гаранција
Обвинетиот кој треба да се стави или е веќе ставен во притвор само поради страв дека
ќе побегне може да се остави на слобода односно може да се пушти на слобода, ако тој
лично или некој друг даде за него гаранција дека до крајот на кривичната постапка
нема да побегне. Обвинетиот ќе се пушти на слобода по правосилноста на решението за
гаранција и нејзино положување. Гаранцијата секогаш гласи на паричен износ што се
определува со оглед на тежината на кривичното дело, на личните и семејните прилики
на обвинетиот и имотната состојба на лицето кое дава гаранција. Гаранцијата се состои
во полагање готови пари, хартии од вредност, скапоцености или други подвижни
предмети или во ставање хипотека.Обвинетиот ќе се стави во притвор и покрај
дадената гаранција ако не дојде на уредна покана а не го оправда изостанокот. Решение
за гаранција донесува во текот на истрагата истражниот судија. По подигнатиот
обвинителен акт решение за гаранцијата донесува советот.

в18. Куќен притвор


Ако постои основано сомнение дека определено лице сторило кривично дело и има
услови за определување притвор, судот може да определи мерка куќен притвор и да му
нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време. На лицето против кое
е определен куќен притвор судот може по исклучок да му определи да се оддалечи за
одредено време од станот или од друг простор, ако: 1) тоа е потребно за лекување и 2)
тоа го бараат посебни околности поради кои може да настапат штетни последици по
животот, здравјето или имотот на неговите блиски. Судот може да определи и забрана
за комуникација со лица или забраната за употреба на средствата за комуникација. Ако
лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или од друг
простор спротивно на забраната на судот, или не се придржува ва забраната за
комуникација со лицата или забраната за употреба на средствата за комуникација
против тоа лице ќе се одреди притвор. Судот врши надзор над куќниот притвор, а
надзорот може да го довери на МВР.

в19. Притвор и траење на притворот


Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко нужно време. Во текот на
целата постапка притворот ќе се укине штом ќе престанат причините врз основа на кои
бил определен. Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило
кривично дело, притвор против тоа лице може да се определи ако: 1) се крие, ако не
може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што
укажуваат на опасност од бегство; 2) постои основан страв дека ќе ги уништи трагите
на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува
истрагата со влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите и 3) особени
околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го
доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.
Притвор определува истражен судија на предлог на овластен тужител. Против
решението со кое се одбива предлогот за определување притвор, дозволена е жалба во
рок од 48 часа до советот. Ако обвинетиот не определил бранител, заедно со решението
ќе му се определи бранител по службена должност. Решението за притвор му се
предава на лицето на кое се однесува во моментот на лишувањето од слобода, а
најдоцна во рок од 24 часа од часот на лишувањето од слобода. Против решението за
притвор притвореното лице може да се жали до советот во рок од 24 часа од часот на
предавањето на решението. Советот што одлучува за жалбата е должен да донесе
одлука во рок од 48 часа. Истражниот судија може по предлог на јавниот обвинител со
писмено и образложено решение да му определи на лицето лишено од слобода

55
краткотраен притвор до 48 часа во случај кога ќе најде дека постојат основи на
сомнение дека лицето е сторител на кривично дело кое му се става на товар и дека
постојат основи за одредување на мерката притвор, ако јавниот обвинител против
лицето се уште не поднел барање за спроведување на истрага или непосредно
обвинение. Овластените службени лица на МВР можат без одлука на суд да лишат од
слобода и лице за кое постојат основи на сомнение дека сторило кривично дело за кое
се гони по службена должност. Задржувањето може да трае најдолго 24 часа, сметано
од моментот кога лицето е лишено од слобода. Определен притвор со решение на
истражниот судија или притворот кој прв пат е определен за време на истрагата со
решение на советот, може да трае најдолго 30 дена од денот на лишувањето од слобода,
а советот може притворот во текот на истрагата да го продолжи најмногу за уште 60
дена. Ако истрагата се води за кривично дело за кое според закон може да се изрече
казна затвор во траење од најмалку пет години, на образложен предлог на истражниот
судија, советот на непосредно повисокиот суд може по истек на тој рок, притворот да
го продолжи уште најмногу за 90 дена. Против решението на советот за продолжување
на притворот дозволена е жалба во рок од 48 часа, до непосредно повисокиот суд која
не го одлага извршувањето. По подигнување на обвинението притворот може да трае
најмногу: 1) до една година за кривичните дела за кои може да се изрече казна затвор
до 15 години и 2) до две години за кривичните дела за кои може да се изрече казна
затвор доживотен затвор.

в20. Претрес на дом и лице


Е истражно дејствие кое може да се преземе ако е веројатно дека со претресот ќе се
фати обвинетиот или ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за
кривичната постапка. Претресувањето го наредува судот со писмено образложена
наредба, во која посебно се назначува местото и лицето што се претресува, како и
предметите или лицето што се бараат односно одземаат. Претресувањето се врши дење.
Држателот на домот и на други простории ќе се повика да присуствува при
претресувањето. При претресувањето на дом или лице присуствуваат двајца
полнолетни граѓани како сведоци. При вршењето на претресувањето ќе се одземат
привремено само оние предмети и исправи што се во врска со целта на претресувањето
во дадениот случај. За секое претресување на дом или лице ќе се состави записник.
Записникот го потпишуваат службеното лице кое го врши претресувањето, лицето кај
кое или врз кое се врши претресување и лицата чие присуство е задолжително. Во
записникот ќе се внесат и точно ќе се назначат предметите и исправите што се
одземаат. За одземените предмети или исправи на лицето му се издава потврда.

в21. Привремено обезбедување и одземање на предмети или имот


Предметите што според Кривичниот законик треба да се одземат или што можат да
послужат како доказ во кривичната постапка привремено ќе се одземат и ќе му се
предадат на чување на судот или на друг начин ќе се обезбеди нивно чување. Тој што
држи вакви предмети е должен да ги предаде по барање на судот. При одземањето на
предметите ќе се назначи каде се пронајдени и ќе се опишат, а по потреба и на друг
начин ќе се обезбеди утврдување на нивната идентичност. За одземените предмети ќе
се издаде потврда. Истражниот судија или советот со решение може да определи
привремено обезбедување на имот или средства што се во врска со кривичното дело.
Имотот или средствата што се предмет на обезбедување се ставаат под надзор на судот.
Обезбедувањето на недвижниот имот се врши со ставање на хипотека. Со решението не
можат да се одземат: - списи или други исправи на државните органи со чие објавување
би се повредило чувањето на службената, државната или воената тајна, се додека
надлежниот орган поинаку не одлучи, - писмени обраќања на обвинетиот спрема
бранителот, - технички снимки, записи, изводи од регистарот и слични исправи кои се
наоѓаат кај лицата ослободени од сведочење, и - записи за факти кои ги направиле
новинари и нивни уредници во средствата за јавно информирање од изворот за
известување и податоците за кои дознале во вршењето на своето занимање и кои се

56
употребени во текот на уредувањето на средствата за јавно информирање, кои се
наоѓаат во нивно владение или во редакцијата во која се вработени. По престанокот на
причината за запленување, задржување или замрзнување, истражниот судија донесува
решение за нивно ослободување и враќање.

в22. Испитување на обвинетиот


Кога се испитува обвинетиот прв пат ќе се праша за име и презиме, за прекарот ако го
има, за името и презимето на родителите, за моминското семејно име на мајката, каде е
роден, каде живее, дата на раѓањето, од која националност е, и чиј државјанин е, со што
се занимава, какви му се семејните прилики, вид на образование, дали служел војска,
кога и каде, дали се води во воена евиденција, дали е одликуван, каква му е имотната
состојба, дали, и кога ја издржал изречената казна, дали против него се води постапка
за некое друго кривично дело, а ако е малолетен кој му е законски застапник. Потоа на
обвинетиот ќе му се соопшти зошто се обвинува и ќе му се соопштат основите на
сомневањето што стојат против него, па ќе се праша што има да наведе во својата
одбрана, а ќе му се соопшти дека не е должен да ја изнесе својата одбрана ниту да
одговара на поставените прашања. Обвинетиот се испитува усно. Кога обвинетиот ќе го
заврши својот исказ, ќе му се постават прашања доколку е потребно да се пополнат
празнините и да се отстранат противречностите или нејаснотиите во неговото излагање.
Обвинетиот може да биде испитан во отсуство на бранител само ако изрично се
одрекол од тоа право, а одбраната не е задолжителна. Обвинетиот може да биде соочен
со сведок или со друг обвинет, ако нивните искази не се согласуваат во поглед на
важните факти. Предметите што се во врска со кривичното дело или што служат како
доказ ќе му се покажат на обвинетиот заради препознавање, откако претходно ќе ги
опише. Исказот на обвинетиот се внесува во записникот во форма на раскажување.

в23. Сослушување на сведоци


Како сведоци се повикуваат лица за кои е веројатно дека ќе можат да дадат
известување за кривичното дело и сторителот и за други важни околности.
Оштетениот, оштетениот како тужител и приватниот тужител можат да се сослушаат
како сведоци. Не може да се сослуша како сведок: 1) лице кое со својот исказ би ја
повредило должноста на чување службена или воена тајна, додека надлежниот орган не
го ослободи од таа должност и 2) бранител на обвинетиот за она што му го доверил
обвинетиот како на свој бранител, освен ако самиот обвинет го бара тоа. Ослободени се
од должност да сведочат: 1) брачниот и вонбрачниот другар на обвинетиот; 2)
роднините на обвинетиот по крв во права линија, роднините во странична линија до
третиот степен заклучно, како и роднините по сватовство до вториот степен заклучно;
3) посвоеник и посвоител на обвинетиот; 4) верски исповедник за она што му го
исповедил обвинетиот или друго лице; 5) адвокатот, лекарот, социјалниот работник,
психологот или некое друго лице за фактите за кои што дознале при вршењето на
својата работа во однос на кои се однесува обврската да го сочуваат како тајна тоа што
го дознале при вршењето на својата професија. Сведокот не е должен да одговара на
одделни прашања ако е веројатно дека со тоа би се изложил себеси или својот близок
роднина на тешка срамота, значителна материјална штета или кривично гонење.
Сведоците се сослушуваат одделно и без присуство на други сведоци. Сведокот е
должен одговорите да ги дава усно. По општите прашања сведокот се повикува да
изнесе се што му е познато за предметот, а потоа ќе му се поставуваат прашања заради
проверување, дополнение и разјаснување. Од сведокот може да се бара да положи
заклетва. Не смеат да се заколнуваат лица: 1) кои не се полнолетни во моментот на
сослушувањето и 2) за кои е докажано или за кои постои основано сомневање дека го
извршиле или учествувале во кривичното дело поради кое се сослушуваат.

в24. Увид и вештачење


Увид се презема кога за утврдување или разјаснување на некаков важен факт во
постапката е потребно непосредно забележување. Заради проверување на изведените

57
докази или утврдување на фактите судот може да определи реконструкција на
настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите
под кои според изведените докази се одиграл настанот. Ако во исказите на одделни
сведоци или обвинети дејствијата или ситуациите се различно прикажани,
реконструкцијата на настанот, по правило, посебно ќе се изврши со секој од нив. На
увидот и на реконструкцијата може да се повика вештак ако неговото присуство би
било од полза за давање наод и мислење. Вештачење се определува кога за утврдување
или за оцена на некој важен факт треба да се прибави наод и мислење од лице што
располага со потребно стручно знаење. Вештакот се определува од постојаната листа
на вештаци од страна на судот врз основа на стручноста, искуството од соодветна
област, техничка опременост, угледот во професијата и други околности кои се од
значење за давање на објективен стручен наод и мислење. Вештачењето го определува
со писмена наредба органот што ја води постапката. Лицето кое се повикува како
вештак е должно да се јави на поканата и да даде свој наод и мислење. Во записникот
за вештачењето или во писмениот наод и мислењето ќе се назначи кој го извршил
вештачењето, како и занимањето, стручната подготовка и специјалноста на вештакот.
Преглед а по потреба и обдукција на леш ќе се преземе кога постои сомневање или е
очигледно дека смртта е предизвикана со кривично дело или е во врска со извршување
на кривично дело. Ако лешот веќе е закопан, ќе се определи ексхумација заради негов
преглед и обдукција. Вештачењето на телесни повреди се врши по правило со преглед
на повредениот, а ако тоа не е можно или не е потребно врз основа на медицинската
документација или на други податоци во списите. Ако се јави сомневање дека е
исклучена или е намалена пресметливоста на обвинетиот поради трајна или
привремена душевна болест, привремена душевна растроеност или заостанат душевен
развој, ќе се определи вештачење со психијатриски преглед на обвинетиот.

в25. Обвинителен акт


Откако е завршена истрагата, како и кога според овој закон може да се подигне
обвинение без спроведување на истрага, постапката пред судот може да се води само
врз основа на обвинителен акт на јавниот обвинител односно на оштетениот како
тужител. Обвинителниот акт содржи: 1) име и презиме на обвинетиот со лични
податоци и со податоците за тоа дали и од кога се наоѓа во притвор или се наоѓа на
слобода, а ако е пуштен на слобода пред да се подигне обвинителниот акт, тогаш колку
поминал во притвор; 2) опис на делото од кое произлегуваат законските обележја на
кривичното дело, време и место на извршувањето на кривичното дело, предметот на кој
е и средството со кое е извршено кривичното дело, како и други околности потребни да
се определи што поточно кривичното дело; 3) законски назив на кривичното дело, со
наведување на одредбите на Кривичниот законик што треба да се применат по предлог
од тужителот; 4) означување на судот пред кој ќе се одржи главниот претрес; 5)
предлог за доказите што треба да се изведат на главниот претрес, со назначување на
имињата на сведоците и вештаците, списите што треба да се прочитаат и предметите
што служат за доказ; 6) образложение во кое според резултатот на истрагата ќе се
опише состојбата на работите, ќе се наведат доказите со кои се утврдуваат решителните
факти, ќе се изнесе одбраната на обвинетиот и становиштето на тужителот за наводите
на одбраната. Ако обвинетиот се наоѓа на слобода, во обвинителниот акт може да се
предложи притворот да се продолжи или обвинетиот да се определи притвор, а ако се
наоѓа во притвор може да се предложи да се пушти на слобода. Ако во обвинителниот
акт е ставен предлог да се определи против обвинетиот притвор, или притворот да се
продолжи или да се пушти на слобода, за тоа одлучува советот, веднаш а најдоцна во
рок од 48 часа. Обвинителниот акт се доставува до обвинетиот кој е на слобода без
одлагање, а ако се наоѓа во притвор - во рок од 24 часа по приемот.

в26. Приговор против обвинителен акт


Обвинетиот и неговиот бранител имаат право да поднесат приговор против
обвинителниот акт во рок од осум дена од денот на доставувањето. При врачувањето на

58
обвинителниот акт, судот ќе го поучи обвинетиот за ова негово право. Ненавремениот
приговор и приговорот изјавен од неовластено лице ќе го отфрли со решение
претседателот на советот пред кој ќе се одржи главниот претрес. Ако претседателот на
советот не го отфрли приговорот, ќе го достави со списите до советот кој за приговорот
решава во седница. Ако советот најде дека постојат грешки или недостатоци во
обвинителниот акт или во самата постапка, обвинителниот акт ќе го врати за да се
отстранат забележаните недостатоци. Тужителот е должен во рок од три дена од денот
кога му е соопштена одлуката на советот да го поднесе исправениот обвинителен акт.
Решавајќи по приговорот против обвинителниот акт советот со решение ќе одлучи дека
нема место за обвинение и дека се запира кривичната постапка, ако установи дека: 1)
делото што е предмет на обвинението не е кривично дело; 2) постојат околности што ја
исклучуваат кривичната одговорност, а не доаѓа предвид примена на мерки на
безбедност; 3) нема барање на овластен тужител, предлог на оштетениот или одобрение
од надлежен државен орган, ако тоа е потребно според законот, или дека постојат
околности што го исклучуваат гонењето; 4) нема доволно докази обвинетиот основано
да е сомнителен за делото што е предмет на обвинението. Ако не донесе некое од
наведените решенија, советот ќе го одбие приговорот како неоснован. Обвинителниот
акт влегува во правна сила кога приговорот е одбиен, а ако приговорот не е поднесен
или е отфрлен - со денот кога советот се согласил со обвинителниот акт.

в27. Заштита на сведоците, на соработниците на правдата и на жртвите


За мерките на процесна заштита на загрозениот сведок одлучува судот на предлог на
јавниот обвинител. Ако загрозениот сведок го ускратил изнесувањето на податоците,
истражниот судија или претседателот на советот без одлагање го известува јавниот
обвинител и му доставува записник со барање тој во рок од три дена да достави
писмено образложен предлог за примена на посебниот начин на сослушување и учество
на постапката. Во предлогот јавниот обвинител ќе ги образложи и посебниот начин на
сослушување и учество на загрозениот сведок што ги предлага и причините за тоа. По
предлогот на јавниот обвинител истражниот судија, односно претседателот на советот
одлучува со решение. Посебниот начин на сослушување може да се состои од
прикривање на идентитетот и изгледот на загрозениот сведок. Прикривањето и на
изгледот на загрозениот сведок кој се сослушува под псевдоним се остварува со
примена на посебни технички уреди за пренос на слика и тон, при што ликот на
загрозениот сведок и неговиот глас се изменети. Притоа, загрозениот сведок се наоѓа во
посебна просторија која физички е одвоена од судницата во која се наоѓаат истражниот
судија, односно претседателот на советот и другите лица присутни на сослушувањето.
По завршеното сослушување загрозениот сведок го потпишува записникот под
псевдоним во присуство само на истражниот судија или претседателот на советот и
записничарот.

в28. Подготовки за главниот претрес


Претседателот на советот со наредба го определува денот, часот и местото на главниот
претрес. Претседателот на советот ќе го закаже главниот претрес најдоцна во рок од 30
дена од денот на приемот на обвинителниот акт во судот. Главниот претрес се одржува
во седиштето на судот и во судската зграда. На главниот претрес ќе се повикаат
обвинетиот и неговиот бранител, тужителот и оштетениот и нивните законски
застапници и полномошници, како и толкувач, сведоците и вештаците кои се
предложени од тужителот во обвинителниот акт и обвинетиот во приговорот против
обвинителниот акт. Поканата до обвинетиот мора да се достави така што меѓу
доставувањето на поканата и денот на главниот претрес да остане доволно време за
подготвување на одбраната, а најмалку осум дена. Странките и оштетениот можат и по
закажувањето на главниот претрес да бараат на главниот претрес да се повикаат нови
сведоци или вештаци или да се прибават други нови докази. Главниот претрес може да
се одложи по службена должност поради здравствени или други оправдани причини.

59
Ако тужителот се откаже од обвинителниот акт пред да започне главниот претрес,
претседателот на советот ќе ја запре со решение кривичната постапка.

в29. Јавност на главниот претрес


Главниот претрес е јавен и можат да присуствуваат полнолетни лица. Советот може во
секое време по службена должност или по предлог на странките или оштетениот, да ја
исклучи јавноста од целиот главен претрес или еден негов дел, ако тоа е потребно
заради чување на тајната, чување на јавниот ред, заштита на моралот, заштита на
личниот и интимниот живот на обвинетиот, сведокот или оштетениот, заштита на
загрозениот сведок и заштита на интересите на малолетникот. Исклучувањето на
јавноста не се однесува на странките, на оштетениот, на нивните застапници и на
бранителот, освен во случаи определени со закон. Одлука за исклучување на јавноста
донесува советот со решение кое мора да биде образложено и јавно објавено.
Решението за исклучување на јавноста може да се побива само во жалбата на
пресудата.

в30. Раководење со главниот претрес


Претседателот, членовите на советот и записничарот, како и судиите и судиите
поротници, мораат непрекинато да присуствуваат на главниот претрес. Претседателот
на советот раководи со главниот претрес, го испитува обвинетиот, ги сослушува
сведоците и вештаците и им дава збор на членовите на советот, на странките, на
оштетениот, на законските застапници, на полномошниците, на бранителот и на
вештаците. Должност на претседателот на советот е да се грижи за сестрано
претресување на предметот, за пронаоѓање на вистината и за отстранување на се она
што ја одолжува постапката а не служи за разјаснување на работите. Претседателот на
советот одлучува за предлозите на странките ако за нив не одлучува советот. Должност
на претседателот на советот е да се грижи за одржувањето на редот во судницата и за
достоинството на судот. Тој може веднаш по отворањето на заседанието да ги
предупреди лицата кои присуствуваат на главниот претрес да се однесуваат пристојно
и да не ја нарушуваат работата на судот. Претседателот на советот може да определи
претресување на лицата кои присуствуваат на главниот претрес. Ако обвинетиот,
бранителот, оштетениот, законскиот застапник, полномошникот, сведокот, вештакот,
толкувачот или друго лице кое присуствува на главниот претрес го нарушува редот или
не се покорува на наредбите од претседателот на советот за одржување на редот,
претседателот на советот ќе го опомене. Ако опомената биде безуспешна, советот може
да нареди обвинетиот да се отстрани од судницата, а другите лица може не само да ги
отстрани туку и да ги казни со паричната казна.

в31. Претпоставки за одржување на главниот претрес


Претседателот на советот го отвора заседанието и го објавува предметот на главниот
претрес и составот на советот. Потоа, утврдува дали дошле сите повикани лица, па ако
не дошле, проверува дали им се предадени покани и дали го оправдале својот
изостанок. Ако на главниот претрес, што е закажан врз основа на обвинителен акт од
јавниот обвинител, не дојде јавниот обвинител или лицето кое го заменува, главниот
претрес ќе се одложи. Ако на главниот претрес не дојде оштетениот како тужител или
приватниот тужител, иако се уредно повикани, ниту нивниот полномошник, советот ќе
ја запре постапката со решение. Ако обвинетиот е уредно повикан а не дојде на
главниот претрес ниту го оправда својот изостанок, советот ќе нареди да се доведе
присилно. На обвинетиот може да му се суди во отсуство само ако е во бегство или
инаку не им е достапен на државните органи, а постојат особено важни причини да му
се суди иако е отсутен. Ако на главниот претрес не дојде бранителот кој е уредно
повикан или ако бранителот без одобрение го напушти главниот претрес, а не постои
можност веднаш да се земе друг бранител без штета за одбраната, главниот претрес ќе
се одложи. Главниот претрес може да почне и без присуство на повикан сведок или

60
вештак и во тој случај советот ќе одлучи во текот на главниот претрес дали поради
отсуство на сведокот или вештакот главниот претрес треба да се прекине или одложи.

в32. Одлагање и прекинување на главниот претрес


Главниот претрес ќе се одложи со решение на советот ако треба да се прибават нови
докази, или ако во текот на главниот претрес се утврди дека кај обвинетиот по
стореното кривично дело настапило привремено душевно заболување или привремена
душевна растроеност или ако постојат други пречки главниот претрес да се спроведе
успешно. Во решението со кое се одлага главниот претрес ќе се определи, кога е тоа
можно, денот и часот кога ќе се продолжи главниот претрес. Со истото решение
советот може да определи да се соберат докази што би можеле со време да се загубат.
Главниот претрес што е одложен мора одновно да почне ако се изменил составот на
советот. Ако главниот претрес што бил одложен се одржува пред истиот совет, тој ќе
продолжи, а претседателот на советот накратко ќе го изнесе текот на поранешниот
главен претрес. Ако одлагањето траело подолго од 60 дена или ако главниот претрес се
одржува пред друг претседател на советот, главниот претрес мора одновно да почне и
сите докази да се изведат повторно. Претседателот на советот може да го прекине
главниот претрес заради одмор, или заради тоа во кратко време да се прибават
определени докази, или заради подготвување на обвинението или на одбраната.

в33. Записник за главниот претрес


За работата на главниот претрес се води записник во кој мора да се внесе суштествено
целиот тек на главниот претрес. Претседателот на советот може по предлог од
странката или по службена должност, да нареди да се запишат во записникот дословно
изјавите што ги смета како особено важни. Записникот мора да биде завршен со
заклучувањето на заседанието. Записникот го потпишуваат претседателот на советот и
записничарот. Странките задолжително добиваат примерок од записникот и можат да
ставаат забелешки во поглед на содржината и да бараат исправки. Во уводот на
записникот мора да се назначи судот пред кој се одржува главниот претрес, местото и
времето на заседанието, името и презимето на претседателот на советот, на членовите
на советот и на записничарот, на тужителот, обвинетиот, бранителот, на оштетениот и
на неговиот законски застапник или полномошник, на толкувачот, кривичното дело
што е предмет на претресувањето, како и дали главниот претрес е јавен или е
исклучена јавноста. Записникот мора особено да содржи податоци за тоа кој
обвинителен акт е прочитан, какви предлози поднеле странките и какви одлуки
донесувал претседателот на советот или советот, кои докази се изведени, дали се
прочитани некакви записници и други писмена, дали се репродуцирани звучни или
други снимки. Исказите на обвинетиот, на сведоците и вештаците се внесуваат во
записникот така што да се прикаже нивната суштествена содржина. По барање од
странката во записникот ќе се внесе и прашањето односно одговорот што советот го
одбил како недозволен. Во записникот на главниот претрес се внесува целосната изрека
на пресудата со назначување дали пресудата е објавена јавно.

в34. Доказна постапка


Откако обвинетиот е испитан постапката продолжува со изведување на докази.
Докажувањето ги опфаќа сите факти за кои судот смета дека се важни за правилното
пресудување. Ако оштетениот кој е присутен треба да се сослуша како сведок, неговото
сослушување ќе се изврши веднаш по испитувањето на обвинетиот.Странките и
оштетениот можат до завршувањето на главниот претрес да предлагаат да се изведат
нови факти и да се прибават нови докази а можат да ги повторат и оние предлози што
порано ги одбил претседателот на советот или советот. Пред сослушувањето на
сведокот или вештакот, претседателот на советот ќе го предупреди дека лажното
сведочење претставува кривично дело. Кога претседателот на советот ќе го заврши
сослушувањето на одделен сведок или вештак, членовите на советот, тужителот,
обвинетиот, бранителот, оштетениот можат да му поставуваат прашања на сведокот

61
односно вештакот непосредно. Записниците за увидот надвор од главниот претрес, за
претресување на дом или на лице и за одземањето на предмети, како и исправите,
книгите, списите и други писмена што служат како доказ, ќе се прочитаат на главниот
претрес заради утврдување на нивната содржина, а по оцена на советот нивната
содржина може накратко да се изнесе усно. Писмената што имаат значење на доказ по
можност се поднесуваат во оригинал. По завршената доказна постапка претседателот
на советот ќе ги праша странките и оштетениот дали имаат и некакви предлози за
дополнение на доказната постапка. Ако никој не стави предлог за дополнение на
доказната постапка, или ако предлогот биде одбиен, а советот ќе најде дека состојбата
на работата е извидена, претседателот ќе објави дека доказната постапка е завршена.

в35. Измена и проширување на обвинението


Ако тужителот во текот на главниот претрес најде дека изведените докази укажуваат
дека се изменила фактичката состојба изнесена во обвинителниот акт, тој може на
главниот претрес усно да го измени обвинителниот акт, а може да предложи главниот
претрес да се прекине заради подготвување на нов обвинителен акт. Заради
подготвување на одбраната судот може во таков случај да го прекине главниот претрес.
Ако обвинетиот во текот на главниот претрес во заседанието стори кривично дело или
ако во текот на главниот претрес се открие некое порано сторено кривично дело на
обвинетиот, советот по правило, по обвинение на овластениот тужител, кое може да
биде и усно изнесено, ќе го прошири главниот претрес и на тоа дело. Против тоа
обвинение не е дозволен приговор.

в36. Завршни зборови на странките


По завршената доказна постапка претседателот на советот им дава збор на странките,
на оштетениот и на бранителот. Прво зборува тужителот, потоа оштетениот,
бранителот па обвинетиот. Тужителот во својата реч ќе ја изнесе својата оцена на
доказите изведени на главниот претрес, потоа ќе ги изложи своите заклучоци за
фактите важни за одлуката и ќе го стави и образложи својот предлог за кривичната
одговорност на обвинетиот, за одредбите на Кривичниот законик, што би требало да се
применат како и за олеснувачките и отежнувачките околности што би требало да се
земат предвид при одмерувањето на казната. Оштетениот или неговиот полномошник
може во својот збор да го образложи имотно-правното барање. Бранителот или самиот
обвинет во својот збор ќе ја изложи одбраната и може да се осврне на наводите од
тужителот и оштетениот. По бранителот, обвинетиот има право самиот да зборува, да
се изјасни дали ја усвојува одбраната на бранителот и да ја дополни. Последниот збор
секогаш му припаѓа на обвинетиот. Потоа советот ќе се повлече на советување и
гласање заради донесување пресуда.

в37. Изрекување на пресудата, видови на пресуди и објавување на пресуда


Пресудата се изрекува и јавно објавува во името на граѓаните на Република
Македонија. Судот ја заснова пресудата само врз фактите и доказите што се изнесени
на главниот претрес. Со пресудата обвинението се одбива или обвинетиот се
ослободува од обвинението или се огласува за виновен. Пресуда со која се одбива
обвинението судот ќе изрече, ако: 1) за пресудување судот не е стварно надлежен; 2)
постапката е водена без барање на овластен тужител; 3) тужителот од започнувањето па
до завршувањето на главниот претрес се откажал од обвинението; 4) немало потребен
предлог, одобрение или ако надлежниот државен орган се откажал од предлогот
односно одобрението или ако оштетениот се откажал од предлогот; 5) обвинетиот за
истото дело е веќе правосилно осуден, ослободен од обвинението или постапката
против него е правосилно запрена со решение и 6) обвинетиот со акт на амнестија или
помилување е ослободен од гонењето или кривичното гонење не може да се преземе
поради застареност, или ако постојат други околности што го исклучуваат кривичното
гонење. Пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението судот ќе изрече, ако:
1) делото за кое се обвинува не е кривично дело според законот; 2) има околности што

62
ја исклучуваат кривичната одговорност и 3) не е докажано дека обвинетиот го сторил
делото за кое се обвинува. Во пресудата во која обвинетиот се огласува за виновен
судот ќе изрече: 1) за кое дело се огласува за виновен, со назначување на фактите и
околностите што претставуваат обележје на кривичното дело, како и на оние од кои
зависи примената на определена одредба од Кривичниот законик; 2) законски назив на
кривичното дело и кои одредби од кривичниот законик се применети; 3) на каква казна
се осудува обвинетиот или се ослободува од казна според одредбите од Кривичниот
законик; 4) одлука за условната осуда; 5) одлука за мерките на безбедноста и за
одземање на имотната корист; 6) одлука за засметување на лишувањето од слобода на
притворот или на веќе издржаната казна и 7) одлука за трошоците на кривичната
постапка, за имотно-правното барање. Откако судот ја изрекол пресудата,
претседателот на советот веднаш ќе ја објави или ќе го одложи објавувањето на
пресудата најмногу за три дена. Претседателот на советот во присуство на странките,
нивните законски застапници, полномошници и бранител, јавно ќе ја прочита изреката
и накратко ќе ги соопшти причините на пресудата.

в38. Писмена изработка и доставување на пресудата


Пресудата која е објавена мора писмено да се изготви во рок од 15 дена по
објавувањето, а во сложени предмети по исклучок во рок од 60 дена кои рокови не
можат да бидат пречекорени. Пресудата ја потпишуваат претседателот на советот и
записничарот. До обвинетиот, до приватниот тужител и до оштетениот како тужител ќе
се достави и упатство за правото на жалба. Пресудата мора да има увод, изрека и
образложение. Уводот на пресудата содржи: назначување дека пресудата се изрекува во
името на граѓаните на Република Македонија, назив на судот, име и презиме на
претседателот и на членовите на советот и на записничарот, име и презиме на
обвинетиот, кривично дело за кое е обвинет и дали бил присутен на главниот претрес,
ден на главниот претрес и дали главниот претрес бил јавен, име и презиме на
тужителот, бранителот, законскиот застапник и на полномошникот кои биле присутни
на главниот претрес и ден на објавувањето на изречената пресуда. Изреката на
пресудата ги содржи личните податоци на обвинетиот и одлуката со која обвинетиот се
огласува за виновен за делото за кое е обвинет или со која се ослободува од
обвинението за тоа дело или со која се одбива обвинението. Во образложението на
пресудата судот ќе ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите
што ги цени како докажани или недокажани, од кои докази ги утврдил тие факти, од
кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел
при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето
на казната.

в39. Жалба на пресудата на првостепениот суд


Против пресудата донесена во прв степен овластените лица можат да изјават жалба во
рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата. Навремено
изјавената жалба од овластеното лице го одлага извршувањето на пресудата. Жалба
можат да изјават странките, бранителот, законскиот застапник на обвинетиот и
оштетениот. Во корист на обвинетиот жалба можат да изјават и неговиот брачен
односно вонбрачен другар, роднина по крв во права линија, посвоител, посвоеник, брат,
сестра и хранител. Јавниот обвинител може да изјави жалба како на штета така и во
корист на обвинетиот. Оштетениот може да ја побива пресудата само поради одлуката
на судот за трошоците на кривичната постапка. Обвинетиот може да се одрече од
правото на жалба само откако му е доставена пресудата. Тужителот и оштетениот
можат да се одречат од правото на жалба од моментот на објавувањето на пресудата па
до истекот на рокот за изјава на жалба, а можат до донесувањето на одлуката на
второстепениот суд да се откажат и од веќе изјавената жалба. Одрекувањето и
откажувањето од жалбата не може да се отповика.

в40. Содржина на жалбата

63
Жалбата треба да содржи: 1) означување на пресудата против која се изјавува жалбата;
2) основа за побивање на пресудата; 3) образложение на жалбата; 4) предлог
побиваната пресуда наполно или делумно да се укине или преиначи и 5) на крајот,
потпис на лицето кое изјавува жалба. Ако жалбата изјавил обвинетиот кој нема
бранител, или ако жалба изјавил оштетениот, оштетениот како тужител или приватниот
тужител кој нема полномошник, а жалбата не е составена во согласност со одредбите,
првостепениот суд ќе го повика жалителот да ја дополни жалбата во определен рок со
писмен поднесок или на записник кај тој суд. Во жалбата можат да се изнесуваат нови
факти и нови докази, но жалителот е должен да ги наведе причините зошто не ги изнел
порано. Повикувајќи се на нови факти, жалителот е должен да ги наведе доказите со
кои ќе се докажат тие факти, а повикувајќи се на нови докази, тој е должен да ги наведе
фактите што сака да ги докаже со тие докази.

в41. Основи поради кои може да се побива пресудата


Пресудата може да се побива: 1) поради суштествена повреда на одредбите на
кривичната постапка; 2) поради повреда на Кривичниот законик; 3) поради погрешно
или нецелосно утврдена фактичка состојба; 4) поради одлука за кривичните санкции, за
одземање на имотна корист, за трошоците за кривичната постапка, за имотно-правните
барања, како и поради одлука за објавување на пресудата преку печатот, радиото или
телевизијата. Суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка постои, ако:
1) судот бил непрописно составен или ако во изрекувањето на пресудата учествувал
судија или судија-поротник кој не учествувал на главниот претрес или што со
правосилна одлука е изземен од судењето;2) на главниот претрес учествувал судија или
судија-поротник кој морал да се изземе; 3) главниот претрес е одржан без лице чие
присуство на главниот претрес е задолжително според законот; 4) противно на законот
јавноста била исклучена на главниот претрес; 5) судот ги повредил прописите на
кривичната постапка по прашањето дали постои обвинение од овластениот тужител
или предлог од оштетениот односно одобрение од надлежниот орган; 6) пресудата ја
донел суд кој поради стварната ненадлежност не можел да суди во тој предмет или ако
судот неправилно го одбил обвинението поради стварна ненадлежност; 7) судот со
својата пресуда не го решил наполно предметот на обвинението; 8) пресудата се
заснова врз доказ врз кој според одредбите на овој закон не може да се заснова
пресудата освен ако со оглед на другите докази е очигледно дека и без тој доказ би
била донесена иста пресуда; 9) обвинението е пречекорено; 11) изреката на пресудата е
неразбирлива, противречна на самата себе си или на причините на пресудата, или ако
пресудата нема воопшто причини или во неа не се наведени причините за решителните
факти или тие причини се наполно нејасни или во значителна мера противречни, или
ако за решителните факти постои значителна противречност меѓу она што се наведува
во причините на пресудата за содржината на исправите или за записникот на исказите
дадени во постапката и самите тие исправи или записникот; 12) судот ги повредил
одредбите за употреба на јазикот во постапката утврдени со овој закон. Повреда на
Кривичниот законик постои ако Кривичниот законик е повреден во прашањето дали: 1)
делото за кое се гони обвинетиот е кривично дело; 2) има околности што ја исклучуваат
кривичната одговорност; 3) има околности што го исклучуваат кривичното гонење, а
особено дали настапила застареност на кривичното гонење или гонењето е исклучено
поради амнестија или помилување или работата е веќе правосилно пресудена; 4) во
поглед на кривичното дело што е предмет на обвинението е применет закон што не
може да се примени; 5) со одлуката за казната, за условната осуда или за судската
опомена, односно со одлуката за мерката на безбедност, или за одземање на имотната
корист е пречекорено овластувањето што го има судот според законот и 6) се
повредени одредбите за засметување на притворот, како и секое лишување од слобода
во врска со кривичното дело и на издржаната казна. Пресудата може да се побива
поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба кога судот некој
решителен факт погрешно го утврдил или не го утврдил.

64
в42. Постапка по жалбата
Жалбата се поднесува до судот што ја изрекол првостепената пресуда. Ненавремената и
недозволената жалба ќе ја отфрли со решение претседателот на советот на
првостепениот суд. Еден примерок од жалбата првостепениот суд ќе го достави до
противната странка, која во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата може да
поднесе до судот одговор на жалба. Жалбата и одговорот на жалбата со сите списи,
првостепениот суд ќе ги достави до второстепениот суд. Кога списите по жалбата ќе
стигнат до второстепениот суд, претседателот на жалбениот совет определува судија
известител. Советот на второстепениот суд ќе закаже седница за која ќе се извести оној
обвинет и неговиот бранител, оштетениот како тужител или приватниот тужител кој во
рокот предвиден за жалба или за одговор на жалбата барал да биде известен за
седницата или предложил одржување на претрес пред второстепениот суд. Седницата
на советот започнува со извештајот на судијата известител, за состојбата на работата.
Советот може од странките кои присуствуваат на седницата да побара потребни
објаснувања во врска со жалбените наводи. Недоаѓањето на странките кои се уредно
известени не го спречува одржувањето на седницата на советот. Записникот за
седницата на советот се приклучува кон списите на првостепениот и второстепениот
суд. Второстепениот суд донесува одлука во седница на советот или врз основа на
одржан претрес. Претрес пред второстепениот суд ќе се одржи само ако е потребно
поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба да се изведат нови докази
или да се повторат доказите изведени веќе порано и ако постојат оправдани причини
предметот да не му се врати на првостепениот суд на повторен главен претрес.
Странките можат на претресот да изнесуваат нови докази и факти.

в43. Граници на испитување на првостепената пресуда


Второстепениот суд ја испитува пресудата во овој дел во кој се побива со жалбата, но
секогаш мора по службена должност да испита дали: 1) постои повреда на одредбите на
кривичната постапка и дали главниот претрес противно на одредбите на овој закон е
одржан во отсуство на обвинетиот а во случај на задолжителна одбрана и во отсуство
на бранителот на обвинетиот и 2) на штета на обвинетиот е повреден Кривичниот
законик. Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се
измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната
санкција. Жалбата поради погрешно или нецелосно утврдената фактичка состојба или
поради повреда на Кривичниот законик изјавена во корист на обвинетиот содржи во
себе и жалба поради одлуката за кривичната санкција и за одземањето на имотната
корист. Ако второстепениот суд по повод на чија и да е жалба утврди дека причините
поради кои ја донел одлуката во корист на обвинетиот се од корист и за некој од
сообвинетите кој не изјавил жалба или не ја изјавил во тој правец, ќе постапи по
службена должност како да постои таква жалба.

в44. Одлуки на второстепениот суд по жалба


Второстепениот суд може во седница на советот или врз основа на одржан претрес да ја
отфрли жалбата како ненавремена или како недозволена, или да ја одбие жалбата како
неоснована и да ја потврди пресудата на судот од прв степен, или да ја укине оваа
пресуда и предметот да го упати до првостепениот суд на повторно судење и одлука,
или да ја преиначи првостепената пресуда. Жалбата ќе се отфрли со решение како
ненавремена ако се утврди дека е поднесена по законскиот рок. Жалбата ќе се отфрли
со решение како недозволена ако се утврди дека жалбата ја изјавило лице кое не е
овластено за поднесување жалба или лице кое се одрекло од жалбата или ако се утврди
откажување од жалбата или ако по откажувањето повторно е изјавена жалба или ако
жалба според законот не е дозволена. Второстепениот суд со пресуда ќе ја одбие
жалбата како неоснована и ќе ја потврди пресудата на судот од прв степен кога ќе
утврди дека не постојат причини поради кои пресудата се побива ниту повреди на кои
внимава по службена должност. Второстепениот суд уважувајќи ја жалбата или по
службена должност со решение ќе ја укине првостепената пресуда и ќе го врати

65
предметот на повторно судење ако утврди дека постои суштествена повреда на
одредбите на кривичната постапка, или ако смета дека поради погрешно или нецелосно
утврдена фактичка состојба треба да се нареди нов главен претрес пред првостепениот
суд. Второстепениот суд може и само делумно да ја укине првостепената пресуда ако
одделни делови од пресудата можат да се издвојат без штета за правилното
пресудување.

в45. Жалба на пресудата на второстепениот суд


Против пресудата на второстепениот суд е дозволена жалба до судот кој одлучува во
трет степен само во следниве случаи ако: 1) второстепениот суд изрекол казна затвор
доживотно, или ја потврдил пресудата на првостепениот суд со која е изречена таква
казна; 2) второстепениот суд врз основа на одржаниот претрес ја утврдил фактичката
состојба поинаку отколку првостепениот суд и врз така утврдената фактичка состојба ја
засновал својата пресуда и 3) второстепениот суд ја преиначил пресудата на
првостепениот суд со која сообвинетиот е ослободен од обвинението и изрекол пресуда
со која сообвинетиот се огласува за виновен. За жалбата против второстепената пресуда
решава судот од трет степен во седница на советот. Пред овој суд не може да се одржи
претрес.

в46. Повторување на кривичната постапка


Кривичната постапка што е довршена со правосилно решение или со правосилна
пресуда може на барање од овластеното лице да се повтори само во случаите и под
условите предвидени во овој закон. Правосилната пресуда може да се преиначи без
повторување на кривичната постапка ако: 1) во две или повеќе пресуди против истиот
осуден правосилно се изречени повеќе казни, а не се применети одредбите за
одмерување на единствена казна за дела во стек; 2) при изрекувањето на единствена
казна со примена на одредбите за стек е земена како утврдена казната што е веќе
опфатена во казната изречена според одредбите за стек во некоја поранешна пресуда и
3) правосилната пресуда со која за повеќе кривични дела е изречена единствена казна
не би можела во еден дел да се изврши поради амнестија, помилување или од други
причини; 4) по правосилната пресуда со која обвинетиот е огласен за виновен за
продолжено кривично дело се појават нови оштетени лица, првостепениот суд ќе ја
преиначи пресудата во делот за имотно-правното побарување, а постапката се поведува
по предлог на оштетените во рок од три месеца од денот на дознавањето на пресудата.
Кривичната постапка завршена со правосилна пресуда може да се повтори во корист на
осудениот, ако: 1) се докаже дека пресудата е заснована врз лажна исправа или врз
лажен исказ на сведокот, вештакот или толкувачот; 2) се докаже дека до пресудата
дошло поради кривично дело на судијата, на судијата-поротник или на лице кое ги
вршело истражните дејствија; 3) пресудата со која обвинението се одбива е донесена
поради откажување на јавниот обвинител од обвинението, а се докаже дека до ова
откажување дошло поради кривично дело злоупотреба на службената положба на
јавниот обвинител; 4) се изнесат нови факти или се поднесат нови докази што самите за
себе или во врска со поранешните докази се подобни да причинат ослободување на
лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон; 5) на некое лице
за исто дело повеќе пати му е судено или ако повеќе лица се осудени поради исто дело
што можело да го стори само едно лице или некои од нив; 6) во случај на осуда за
продолжено кривично дело или за друго кривично дело што според законот опфаќа
повеќе истовидни или повеќе разновидни дејствија се изнесат нови факти или се
поднесат нови докази што укажуваат дека осудениот не го сторил дејствието што е
опфатено со делото од осудата, а постоењето на овие факти би било од суштествено
влијание врз одмерување на казната и 7) со одлука на Европскиот суд за човекови
права е утврдена повреда на човековите права и слободи. Барање за повторување на
кривичната постапка можат да поднесат странките и бранителот. За барањето за
повторување на кривичната постапка одлучува советот на судот што во поранешната
постапка судел во прв степен. Ако судот не го отфрли барањето, ќе се достави препис

66
на барањето до противната странка која има право во рок од осум дена да одговори на
барањето. Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила
можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори, ако осудениот или
неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година
од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство.

в47. Вонредно ублажување на казна


Е дозволено кога по правосилноста на пресудата ќе се јават околности што ги немало
кога се изрекувала пресудата или судот за нив не знаел иако постоеле, а тие очигледно
би довеле до поблага осуда. Барање можат да поднесат јавниот обвинител ако
постапката се водела по негово барање, осудениот и неговиот бранител, како и лица
кои се овластени да изјават жалба против пресудата во корист на обвинетиот. За
барањето решава Врховниот суд, а се поднесува до судот што ја донел пресудата во прв
степен. Врховниот суд на Република Македонија ќе го отфрли барањето што е
поднесено од неовластено лице или во случај ако според законот не е дозволено или
кога подносителот се откаже од барањето, а ќе го одбие барањето ако најде дека не се
исполнети законските услови за вонредно ублажување на казната. Ако го усвои
барањето, Врховниот суд на Република Македонија со пресуда ќе ја преиначи
правосилната пресуда во поглед на одлуката за казната. Решението со кое го усвоил
барањето за судот ќе го отповика ако се докаже дека решението се заснова врз лажна
исправа или врз лажен исказ на сведокот или вештакот.

в49. Барање за заштита на законитоста


Против правосилни судски одлуки и против судската постапка што им претходела на
тие правосилни одлуки, јавниот обвинител може да подигне барање за заштита на
законитоста ако е повреден законот или меѓународен договор, ратификуван согласно со
Уставот на Република Македонија. За барање за заштита на законитоста одлучува
Врховниот суд на седница. За седницата секогаш ќе се извести јавниот обвинител. При
решавањето за барањето судот ќе се ограничи само на испитување на повредите на
законот на кои се повикува подносителот во своето барање. Ако јавниот обвинител го
повлече барањето за заштита на законитоста, судот со решение ќе го отфрли барањето.
Судот со пресуда ќе го одбие барањето како неосновано ако утврди дека не постои
повреда на законот на која се повикува јавниот обвинител во своето барање. Кога судот
ќе утврди дека барањето е основано, ќе донесе пресуда со која, според природата на
повредата, или ќе ја преиначи правосилната одлука, или ќе ги укине во целост или
делумно одлуките на првостепениот и на повисокиот суд или само одлуката на
повисокиот суд и предметот ќе го врати на повторна одлука или судење до
првостепениот или до повисокиот суд, или ќе се ограничи само на тоа да ја утврди
повредата на законот. Судот е должен да ги изведе сите процесни дејствија и да ги
расправи прашањата на кои му укажал Врховниот суд на Република Македонија во
својата одлука. Ако покрај одлуката на понискиот суд е укината и одлуката на
повисокиот суд, предметот се доставува до понискиот суд преку повисокиот суд.

в48. Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда


Лицето кое правосилно е осудено на казна затвор или малолетнички затвор може да
поднесе барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поради повреда на
законот во случаите предвидени со овој закон. Барање за вонредно преиспитување на
правосилна пресуда се поднесува во рок од 30 дена од денот кога обвинетиот ја примил
правосилната пресуда. Осудениот што не користел редовен правен лек против
пресудата не може да поднесе барање за вонредно преиспитување на правосилна
пресуда освен ако со пресудата на второстепениот суд наместо ослободување од казна,
судска опомена, условна осуда или парична казна е изречена казна затвор, односно
наместо воспитна мерка - казна малолетнички затвор. Барање за вонредно
преиспитување на правосилна пресуда не може да се поднесе против пресуда на
Врховниот суд на Република Македонија. За барањето за вонредно преиспитување на

67
правосилна пресуда одлучува Врховниот суд. Барањето за вонредно преиспитување на
правосилна пресуда може да се поднесе поради: 1) повреда на Кривичниот законик на
штета на осудениот или поради повреда која се однесува на одлуката за казната,
алтернативната мерка или конфискација на имот и имотна корист и одземање на
предмети или одземање на имотна корист; 2) повреда на одредбите на кривичната
постапка и 3) поради повреда на правото на осудениот на одбрана на главниот претрес
или поради повреда на одредбите на кривичната постапка во жалбената постапка, ако
таа повреда била од влијание врз донесувањето на правилна пресуда. Барање за
вонредно преиспитување на правосилна пресуда може да поднесат осудениот и
бранителот. Судот надлежен за одлучување по барањето му доставува примерок од
барањего со списите на тужителот што постапува пред тој суд, кој може во рок од 15
дена од денот на приемот на барањето да поднесе одговор.

в50. Главен претрес во скратена постапка


Во скратената постапка судот суди во прв степен за кривични дела за кои како главна
казна е пропишана парична казна или затвор до три години. Кривичната постапка се
поведува врз основа на обвинителниот предлог на јавниот обвинител, односно на
оштетениот како тужител или врз основа на приватна тужба. Кога судот ќе го прими
обвинителниот предлог или приватната тужба, судијата претходно ќе испита дали
судот е надлежен, дали треба да се спроведат одделни истражни дејствија или да се
дополнат спроведените истражни дејствија и дали постојат услови за отфрлање на
обвинителниот предлог, односно на приватната тужба. Судијата ги повикува на
главниот претрес обвинетиот и неговиот бранител, тужителот, оштетениот и нивните
законски застапници и полномошници, сведоците, вештаците и толкувачот а по
потреба ќе ги прибави предметите што треба да служат како доказ на главниот претрес.
Поканата до обвинетиот мора да се достави така што помеѓу доставувањето на
поканата и денот на главниот претрес да остане доволно време за подготвување на
одбраната, а најмалку три дена. Главниот претрес ќе се одржи и ако не дојде јавниот
обвинител, оштетениот како тужител, како и обвинетиот. Главниот претрес почнува со
изнесување на содржината на обвинителниот предлог или на приватната тужба.
Започнатиот главен претрес ќе се доврши, по можност без прекинување. Ако судијата
во текот на главниот претрес најде дека фактите врз кои се заснова обвинението
укажува на кривично дело за чие судење е надлежен совет, ќе се оформи совет и
главниот претрес ќе почне одново. По заклучувањето на главниот претрес судот
веднаш ќе ја изрече пресудата и ќе ја објави со суштествените причини. Пресудата
мора да се изработи писмено во рок од осум дена од денот на објавувањето.

в51. Донесување на пресуда без главен претрес


За кривични дела од надлежност на судија поединец кога за тоа се располага со
доволно докази, јавниот обвинител може со обвинителниот предлог да му предложи на
судот да донесе пресуда без одржување на главниот претрес. Во предлогот за
донесување пресуда без главен претрес јавниот обвинител може да предложи
изрекување на една или повеќе од следниве санкции или други мерки: 1) парична казна
во висина од 10 до 100 дневни глоби; 2) условна осуда со утврдена казна затвор до три
месеца или парична казна; 3) забрана за управување на моторно возило до две години и
4) конфискација на имот и имотна корист прибавена со кривично дело и одземање на
предмети. Судија поединец ќе го отфрли предлогот ако се работи за кривично дело за
кое таков предлог не може да се поднесе. Ако се согласи со предлогот, судијата
поединец ќе донесе пресуда со која ќе ги изрече санкциите или другите мерки или
посебните мерки предложени од јавниот обвинител. Обвинетиот и неговиот бранител
може во рок од осум дена од денот на приемот на пресудата да поднесе приговор
против пресудата во писмена форма или усно или записник во судот. Ако судијата
поединец го отфрли приговорот како ненавремен или поднесен од неовластено лице,
обвинетиот или лицето кое го поднело приговорот има право на жалба во рок од три
дена до советот.

68
в52. Конфискација на имот и имотна корист
Кога доаѓа предвид конфискација на имот имотна корист прибавена со кривично дело
лицето врз кое е пренесена имотна корист, како и претставникот на правното лице ќе се
повикаат заради сослушување во претходната постапка и на главниот претрес. Лицето
врз кое е пренесена имотната корист како и претставникот на правното лице се
овластени во врска со утврдувањето на имотната корист да предлагаат докази и по
овластување на претседателот на советот да им поставуваат прашања на обвинетиот, на
сведоците и вештаците. Ако со други докази судот не може да ја определи вредноста на
имотот и имотната корист што треба да се конфискува, ќе одреди вештачење. Кога се
исполнети условите за конфискација на имот и имотна корист, судот по службена
должност ќе нареди привремени мерки на обезбедување. Против решението може да се
изјави жалба во рок од осум дена. Одземање на имотна корист судот може да изрече во
пресудата со која обвинетиот се огласува за виновен, во решението за судска опомена
или во решението за примена на воспитна мерка, како и решението со кое се изрекува
мерката на безбедност. Во изреката на пресудата или на решението судот ќе наведе кој
имот предмет, односно паричен износ се конфискува. Кога постојат факгички или
правни пречки за водење на кривична постапка против определено лице, судот на
предлог на јавниот обвинител ќе спроведе посебна постапка за конфискација на имот и
имотна корист. Конфискацијата на имот и имотна корист се извршува во рок од 30 дена
по правосилноста на пресудата. Налогот за извршување го издава судот кој ја донел
првостепената пресуда. Извршувањето се спроведува над имотот и имотната корист
определени со судската одлука. Приговор на извршноста не е дозволен.

в53. Постапка за екстрадиција на обвинети и осудени лица


Екстрадицијата на обвинети или осудени лица ќе се бара и ќе се врши според
одредбите на овој закон доколку со Европската конвенција за екстрадиција со
протоколите и со другите меѓународни договори ратификувани во согласност со
Уставот на Република Македонија поинаку не е определено. Претпоставки за
екстрадиција се: 1) лицето чија екстрадиција се бара да не е државјанин на Република
Македонија; 2) делото поради кое се бара екстрадиција да не е извршено на
територијата на Република Македонија против неа или против нејзин државјанин; 3)
делото поради кое се бара екстрадиција да е кривично дело и според домашен закон и
според законот на државата во која е извршено; 4) според домашен закон да не
настапила застареност на кривичното гонење или застареност на извршувањето на
казната пред да е странецот притворен или како обвинет испитан; 5) странецот чија
екстрадиција се бара да не е поради истото дело од домашен суд веќе осуден, или за
истото дело да не е од домашен суд правосилно ослободен, или против него да не е
кривичната постапка правосилно запрена или обвинението правосилно одбиено или за
истото дело да не е поведена постапка во Република Македонија или против неа или
против државјанин на Република Македонија, освен ако не е дадена гаранција за
остварување на имотно-правното барање на оштетениот; 6) да е утврден идентитетот на
лицето чија што екстрадиција се бара и 7) да има доволно докази за основано
сомневање дека странецот чија што екстрадиција се бара сторил определено кривично
дело или дека постои правосилна пресуда. Постапка за екстрадиција на обвинети или
осудени странци се поведува по молба од странска држава која се поднесува по
дипломатски пат. Кон молбата мораат да се приложат: 1) средства за утврдување на
идентитетот на обвинетиот односно на осудениот (точен опис, фотографии, отпечатоци
на прстите и слично); 2) уверение или други податоци за државјанство на странецот; 3)
обвинителен акт или пресуда или одлука за притвор или некој друг акт рамен на оваа
одлука, и други податоци потребни за утврдување на неговиот идентитет, опис на
делото, законски назив на кривичното дело и докази за основаното сомневање и 4)
извод од текстот на кривичниот закон на странската држава што треба да се примени
или е применет спрема обвинетиот. МНР ја доставува молбата за екстрадиција на
странец преку Министерството за правда до истражниот судија на судот на чие

69
подрачје странецот престојува или на чие подрачје ќе се затече. Истражниот судија
откако ќе го установи идентитетот на странецот, на овој без одлагање ќе му соопшти
зошто и врз основа на кои докази се бара негова екстрадиција и ќе го повика да наведе
што има во своја одбрана. За испитувањето и одбраната ќе се состави записник. Ако
советот на надлежниот суд најде дека се исполнети законските претпоставки за
екстрадиција на странецот, ќе го утврди тоа со решение. Против ова решение странецот
има право на жалба до надлежниот суд. Министерот за правда донесува решение со кое
екстрадицијата ја дозволува или не ја дозволува. Во решението со кое се дозволува
екстрадиција на странец министерот за правда ќе наведе дека: 1) тој не може да се гони
за друго кривично дело сторено пред екстрадицијата; 2) спрема него не може да се
изврши казна за друго кривично дело сторено пред екстрадицијата; 3) спрема него не
може да се примени потешка казна од онаа на која е осуден и 4) тој не смее да и се
екстрадира на трета држава заради гонење за кривично дело сторено пред дозволената
екстрадиција. За решението со кое е одлучено за екстрадиција ќе се извести странската
држава по дипломатски пат. Ако против лице кое се наоѓа во странска држава се води
кривична постапка во Република Македонија или ако лицето кое се наоѓа во странска
држава го казнил домашниот суд, министерот за правда поднесува молба за
екстрадиција. Ако бараното лице биде екстрадирано, ќе може кривично да се гони
односно спрема него да се изврши казната само за кривичното дело за кое е одобрена
екстрадицијата.

в54. Постапка за издавање потерница и објава


Ако не се знае живеалиштето или престојувалиштето на обвинетиот, судот ќе побара од
Министерството за внатрешни работи обвинетиот да го побара и да го извести судот за
неговата адреса. Издавање потерница може да се нареди кога обвинетиот против кого е
поведена кривична постапка поради кривично дело за кое се гони по службена
должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или
потешка казна или кое со правосилна пресуда е осудено на казна затвор се наоѓа во
бегство, а постои наредба за негово доведување или решение за определување притвор.
Издавање потерница наредува јавниот обвинител во предистражната постапка, односно
судот пред кој се води кривична постапка. Наредбата се доставува до Министерството
за внатрешни работи заради извршување. Кон наредбата се доставува дека во случај на
пронаоѓање на тоа лице, ќе се побара негова екстрадиција. Министерството за
внатрешни работи води евиденција за издадените потерници. Министерството за
внатрешни работи наредува издавање на објава заради утврдување на идентитетот на
пронајден непознат труп. Министерството за внатрешни работи може да објавува и
фотографии на трупови и на исчезнати лица, ако постојат основи на сомневање дека со
смрт, односно исчезнување на тие лица дошло поради кривично дело. Потерница и
објава распишува Министерството за внатрешни работи или јавниот обвинител во
предистражна постапка, како и судот во текот на постапката. Заради известување на
јавноста за потерницата или објавата можат да се користат средствата за јавно
информирање. Ако е веројатно дека лицето по кое е издадена потерница се наоѓа во
странство, Министерството за внатрешни работи може да распише и меѓународна
потерница по претходно добиена изјава од органот кој ја издал наредбата за
распишување на потерница дека во случај на пронаоѓање на тоа лице ќе се побара
екстрадиција. Ако е веројатно дека имотот и имотната корист или предметите се
наоѓаат во странство, се распишува меѓународна објава кон која се приложува изјава
дека во случај на нивно пронаоѓање ќе се побараат привремени мерки за замрзнување
или конфискација на имот и имотна корист или одземање на предмети.

70
Г. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ
И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО КРИВИЧНА И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

г1. Агенција за управување со одземен имот


Агенцијата има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со
овој закон. За својата работа Агенцијата одговара пред Владата. Агенцијата: управува
со конфискуваниот имот, имотната корист и одземените предмети, управува со
привремено конфискуваниот имот, имотна корист и привремено одземените предмети,
ја спроведува постапката за извршување на конфискацијата на имот и имотна корист,
го чува и складира одземениот имот, врши процена, води евиденција на целокупниот
одземен имот, го продава одземениот имот, изготвува статистички, финансиски и други
извештаи за одземениот имот, врши други работи утврдени со закон. Агенцијата за
својата работа изготвува годишен извештај и ревидиран финансиски извештај. На
барање на надлежниот суд или друг надлежен орган, Агенцијата му доставува извештај
за постапувањето со конкретниот предмет. Органи на Агенцијата се Управниот одбор и
директорот. Со Агенцијата управува Управниот одбор кој е составен од пет члена и тоа
по еден член на предлог од Министерството за правда, Министерството за финансии,
Државното правобранителство, Судскиот совет и Советот на јавниoт обвинител.
Управниот одбор: донесува Статут и деловник за работа, усвојува годишен план и
ревидиран финансиски план на Агенцијата, усвојува годишен извештај и ревидиран
финансиски извештај, усвојува подзаконски прописи за спроведување на овој закон.
Управниот одбор работи и одлучува на седници. Со Агенцијата раководи директор.
Директорот на Агенцијата го избира и разрешува Владата. Директорот: ја претставува и
ја застапува Агенцијата, ја организира работата и раководи со стручните служби на
Агенцијата, ги извршува одлуките на Управниот одбор, изготвува и му предлага на
Управниот одбор годишен план и ревидиран финансиски план, изготвува и му предлага
на Управниот одбор годишен извештај и ревидиран финансиски извештај, одлучува и
за други прашања утврдени со овој закон и со статутот на Агенцијата.

г2. Постапување со одземен имот


Со одземениот имот Агенцијата постапува согласно со начелото на добар домаќин и
добар стопанственик. По примањето на имотот, Агенцијата врши процена на неговата
пазарна вредност. За висината на проценетата вредност на имотот Агенцијата го
известува надлежниот суд, Јавното обвинителство, Државното правобранителство, друг
надлежен орган или лицето од кое е одземен имотот. Одлуката за одземање имот ја
извршува Агенцијата. Ако привремено се одземени предмети со посебна историска,
научна или уметничка вредност, Агенцијата ги предава на чување во соодветна
институција надлежна за чување на овој вид предмети. Доколку привремено се
одземени скапоцени камења и благородни метали, Агенцијата до правосилноста на
одлуката ги предава на чување на НБРМ. Доколку е одземен недвижен имот со
правосилна одлука, Агенцијата ја известува Владата која може да донесе одлука за
отстапување на недвижниот имот на друг државен орган без надоместок. Агенцијата ги
презема сите неопходни мерки за чување и одржување на привремено одземениот
недвижен имот. Продажбата на одземените предмети се врши со јавно наддавање.
Продажбата се објавува најмалку седум дена пред одржувањето на јавното наддавање
најмалку во еден дневен весник, како и на интернет страницата на Агенцијата.
Одземените предмети не можат да се продадат под проценетата вредност. Купувачот е
должен цената да ја уплати во Буџетот и предметите да ги преземе веднаш по
заклучувањето на наддавањето. Во јавното наддавање можат да учествуваат само лица
кои претходно положиле гаранција од 10%. Купувачи не можат да бидат вработените
во Агенцијата. Агенцијата го продава недвижниот имот и предметите одземени со
правосилна одлука веднаш по правосилноста на одлуката, а добиените средства се
уплатуваат во Буџетот на Република Македонија. Агенцијата може одредени предмети

71
како храна, облека и безалкохолни пијалаци да ги отстапи без надоместок на државни
органи, здруженија на граѓани и фондации, согласно со закон за што ја известува
Владата. Агенцијата може да отстапи одземени предмети со правосилна одлука на
други државни органи, по претходна согласност на Владата.

г3. Постапување со ствари надвор од промет


Одземените наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурзори се предаваат на
чување во Агенцијата. Одземените наркотични дроги, психитропни супстанции и
прекурзори се чуваат во посебна просторија. По одлука на судот одземените
наркотичните дроги, психотропни супстанции и прекурзори, можат да се продадат на
трговски друштва со посебно одобрение на надлежен орган за промет и производство
на лекови. Заради потребите за едукација и оспособување судот може да донесе одлука
примерок од одземените наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори да
биде отстапен на соодветна институција која врши научни истражувања. Одлука за
уништување на одземени наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори
донесува надлежниот суд. Одземените наркотични дроги, психотропни супстанции и
прекурзори се уништуваат од комисија формирана од министерот за правда.
Комисијата е составена од пет члена кои се претставници од судот, јавното
обвинителство, Министерството за правда, МВР и Агенцијата. Оружјето, муницијата и
експлозивниот материјал одземени во кривична или прекршочна постапка се предаваат
на Агенцијата. Оружјето, муницијата и експлозивниот материјал чие набавување е
забрането со закон, се уништува од комисија формирана од министерот за правда.
Исправното оружје, со претходна согласност на Владата може да биде отстапено без
надоместок на судската полиција, МВР, Министертвото за одбрана, АРМ, Управата за
извршување на санкции, Финансиската полиција и други органи кои со закон имаат
право да користат оружје, а можат и да се продадат по пат на јавно наддавање на
правни лица што се занимаваат со промет на оружје и муниција и на физички лица кои
имаат одобрение за набавување на оружје. Одземениот друг имот кој не може да се
продаде поради здравствени, ветеринарни, фитосанитарни, безбедносни и други
причини се уништува. Одземените тутунски, алкохолни и други производи за кои не
постои декларација или доколку се фалсификати задолжително се уништуваат.

72
73

You might also like