You are on page 1of 5

Основни елементи на C++ програма

Пример за C++ програма


#include<iostream>
using namespace std;
int main(){
cout<<”Hello world”;
return 0;
}

- Коментар
Знакот „//“ означува коментар. Кога програмата се преведува, компајлерот
потполно го игнорира тоа што е напишано зад знакот за коментар, па се до крај на
редот. Целта на коментарот е да им помогне на луѓето кои ја анализираат програмата,
полесно да сфатат што програмата или поединечните делови прават. Се што се наоѓа
измеѓу „/* и */“ исто така се третира како коментар.

- Функција
Најголемиот дел од програмата се состои од целина наречена функција. Функциите
претставуваат функционални целини на програмата што спојуваат групи на команди
кои се наменети за извршување на одредена задача.
Во секоја C ++ програма мора да има точно една функција која се нарекува „main“.
Оваа функција се нарекува главна функција, и таа е функцијата која прва ќе започне со
извршување
- Int main()
Бидејќи “main” функцијата се повикува директно од оперативниот систем, сите
параметри на оваа функција може да ги проследи само оперативниот систем. Затоа,
најчестиот случај е дека функцијата main нема никакви параметри а тоа се означува
со празни загради.
- Return 0
Пред името на функцијата се наведува типот на повратна вредност на функцијата.
Повратна вредност е вредност која функцијата ја враќа на повикувачката функција.
Враќањето на вредноста се прави со помош на наредбата “return”. Во случајот
функцијата “main”, повратната вредност ја враќа на оперативниот систем. По
договор, вредноста “0” вратена на оперативниот систем означува успешно звршување
на програмата, додека вредностите различни од нула, на оперативниот систем се
враќаат исклучиво како сигнализација дека од некоја причина програмата не ја
завршила успешно планираната задача.
- Тело на функцијата
После заглавието функција, следи телото на функцијата (en. function body). Телото
на функцијата започнува со знакот “{“ а завршува со знакот “}”, односно телото на
функцијата е секогаш обележано со загради (en. curly braces).
- наредби
Под наредби подразбираме инструкции кои му кажуваат на компјутерот каква акција
треба да преземе, односно наредбите го опишуваат алгоритмот.

- cout

“cout” (скратено од en. console out) претставува објект т.н. излезен ток на податок
(en. output stream), кој е поврзан со стандардните уреди за излез. Знакот “<<”
претставува оператор за внес (en. insertion) во излезниот тoк, кој поедноставно
може да го читаме како “испрати на”. Текстот ”Zdravo ucenici!” кој се наоѓа
измеѓу наводниците, претставува низа од знаци кои ги испраќаме на излезниот ток.
- System (“PAUSE”)
Постои уште една наредба која не дозволува автоматски да се затвори конзолниот
прозорец. Тоа е наредбата system (”PAUSE”); Оваа наредба се запишува пред
наредбата “return 0” и за негово користење мора да се вклучи библиотеката cstdlib
преку претпроцесорската наредба #include<cstdlib>, која е стандардна библиотека.

-#include

Наредбата #include претставува инструкција (т.н директива) до компајлерот за да го


вклучи заглавието на библиотеката (en. library header) со име “iostream”. Имено,
сите функции и објекти во јазикот C++ се групирани во библиотеки и на почетокот на
секоја програма се вклучуваат сите библиотеки, чии функции се користат во
програмата.
-iostream
Библиотеката “iostream” (en. inputoutput stream) го дефинира објектот “cout” кој
го користиме за пристап до протокот на излезни податоци.
- Using namespace std;
Без оваа наредба до објектот “cout” ќе мора да пристапуваме со помош на
конструкцијата “std::cout”, која значи "Објект “cout” од директориумот “std” ".
Алтернативно наместо претходниот програмски ред, можеме да го пишуваме
следниот ред using std::cout;
-cin
Корисникот податоците ги внесува преку тастатура. Наредбата “cin” ја чита
внесената вредност и ја доделува на променливата чие име е наведено како
параметар. По внесувањето на податоците, корисникот мора да го притисне копчето
ENTER, во спротивно програмата нема да ги преземе податоците нема да продолжи со
работа.

Константи - величини кои не ја менуваат својата вредност


Променливи - величини кои ја менуваат својата вредност .На променливите им се
доделува вредност со помош на оператор за доделување.
Операторот за доделување е знакот „=“.
Секоја променлива која ќе се користи во програмата мора да се најави, односно да се
декларира.
Азбуката на јазикот C++ е составена од :
 Големи и мали букви на англиската азбука
 Арапски цифри
 Специјални знаци
Зборовите кои се користат во програмите однапред се дефинирани и преведувачот
точно знае што тие значат. Овие зборови се нарекуваат клучни зборови. Нивното
значење не може да се менува.
Имињата што ги формира програмерот се нарекуваат кориснички дефинирани
зборови или идентификатори.
Имињата (идентификаторите) на податоците во С++ се формираат со почитување на
следниве правила:

 името започнува со буква или долна црта,


 малите и големите букви се разликуваат,
 името може да содржи цифра,
 името не смее да содржи специјален знак: !, @, #, % итн.
Основните типови податоци се:

 цели броеви- броеви кои немат децимален дел

 реални броеви- броеви кои имат цел и децимален дел,

 знаци- кој било знак од азбуката на C++,

 логички податоци-точно или неточно, оносно 0 и 1.


Логички оператори се:

 && логичко И (AND);


 || логичко ИЛИ (OR);
 ! логичко НЕ (NOT)

Релациони оператори се:

o < помало
o <= помало или еднакво
o поголемо
o >= поголемо или еднакво
o == еднакво
o != различно

Наредба if

Во програмскиот јазик C++ за еднократно разгранување се користи исказот if кој има општ
облик:
if(logicki izraz) iskaz;
iskaz_po_razgranuvanjeto;

Ако вредноста на логичкиот израз (logicki_izraz) е вистинита (true, 1), се изведува исказот по
изразот if(logicki_izraz). Ако вредноста на логичкиот израз (logicki_izraz) е невистинита (false, 0),
исказот по изразот if(logicki_izraz) се прескокнува и се изведува следниот исказ по
разгранувањето.

Во програмскиот јазик C++ за двократно разгранување се користи наредба if-else која има општ
облик:
if(logicki_izraz) iskaz1; else iskaz2;
iskaz_po_razgranuvanjeto;
Ако вредноста на логичкиот израз (logicki_izraz) е вистина (true, 1), тогаш се извршува
наредбата iskaz1. Откако таа ќе се изврши се извршуваат наредбите по исказот if else. Ако
вредноста на логичкиот израз е невистина (false, 0), наредбата iskaz1 се прескокнува и се
извршува наредбата по else – iskaz2. Откако таа ќе се изврши се извршуваат наредбите по
исказот if else. По изразите if и else не се става знакот точка и запирка (;).

Наједноставниот од сите циклуси е while циклусот. Во овој циклус прво се проверува дали
некој услов е исполнет. Ако условот е исполнет, циклусот се повторува, ако условот не е
исполнет тогаш не се влегува во циклусот.

Основна форма на while циклусот е:


while (uslov) { blok_od_iskazi; }
iskaz_po_ciklusot;

Општа форма на for циклусот е:


for(pocetna_vrednost; uslov; promena) {
blok_na_iskazi;
}

Секој for циклус има своја контролна променлива на која вредноста ѝ се менува со секое
извршување на циклусот што е одредено со вредноста на прирастот (оваа вредност може да
биде и негативна). Условот мора да биде логички израз кој може да добие вредност точно
(true, 1) или неточно (false, 0). Блокот од искази кој се наоѓа во циклусот се извршува додека
вредноста на условот е вистина. Кога условот ќе добие вредност невистина, циклусот се
прекинува.

You might also like