Professional Documents
Culture Documents
5. Наредба cin, getline
5. Наредба cin, getline
Тука се гледа дека е употребена наредбата за внесување “cin” каде што како
променливи ги внесуваме a и b. Програмата ќе ги прочита податоците и ќе ги смести во
променливата која е наведена во наредбата за читање.
Забележуваме дека читањето се прави преку извлекување (>>) на податоци од
наредбата cin . За разлика од читањето, печатењето го правиме преку вметнување (<<)
на податоци во наредбата ”cout”. Со една иста наредба може да прочитаме
вредности за повеќе променливи, слично како кај печатењето. Во примерот даден
погоре променливите a и b се читаат со употреба на една наредба.
Корисникот податоците ги внесува преку тастатура. Наредбата “cin” ја чита
внесената вредност и ја доделува на променливата чие име е наведено како
параметар. По внесувањето на податоците, корисникот мора да го притисне копчето
ENTER, во спротивно програмата нема да ги преземе податоците нема да продолжи со
работа.
cin>>a>>b; е исто што и cin>>a;
cin>>b;
Во двата случаи корисникот треба да внесе два податоци, првиот за променливата а, а
вториот за променливата b и при тоа по внесување на секој податок може да го
притисне копчето ЕНТЕР, или да ги одвои податоците со копчињата space или tab.
Примерот кој го имавме погоре нема грешки, но сепак нешто недостасува. Кога ќе ја
стартуваме (run) програмата добиваме празен екран, без инструкција што треба да
направиме. Затоа пред секоја “cin” наредба, потребно е да напишеме една ”cout”
наредба, која на корисникот ќе му прикаже порака со инструкција каков податок се
очекува од него.
Пр. cout<<”Vnesi cel broj: ”<<endl;
cin>>a;
Пример
#include<iostream>
#include<string>
using namespace std;
int main() {
string podatoci;
cout << "Vnesi ime i prezime : ";
cout << podatoci<<endl;
return 0;
}