You are on page 1of 2

Амплитудна модулација

Амплитудната модулација е вид на модулација при која амплитудата на сигналот на


носечката честота се менува пропорционално на сигналот на корисната информација.
Централната носечка честота се држи константна. Заедно со честотната и фазната
модулација претставува една од трите основни модулации. Ако информацискиот сигнал е
аналоген сигнал (говор, музика), амплитудата на сигналот на носечката честота ќе се
менува континуирано во одреден амплитуден опсег. Ако информацискиот сигнал е
дигитален сигнал, амплитудата на сигналот на носечката честота може да има две или
повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик на импулсно-амплитудна
модулација (ИАМ) (англ. Pulse Amplitude Modulation) амплитудата може да се одржува на
една вредност за дигитална нула, а на друга за единицата.

Примена
Комерцијалните радиостаници кои работат во опсегот на долги, средни и кратки бранови
користат амплитудна модулација. Истата се користи и за пренос на сигналот на слика во
безжичниот телевизиски систем, како и за многу други жични и безжични комуникациски
системи.
Предноста на амплитудната модулација во однос на честотната е во тоа што при
радиокомуникација е потребен потесен честотен опсег, а нејзин недостаток е што има
помал отпорност на пречки.

Фазна модулација
Фазна модулација (ФМ) – вид модулација која ги спрема комуникациските сигнали
за пренос. Таа ги кодира сигналите како промени во моменталната фаза на носечкиот
бран. Фазната модулација е една од двата главни облици на агловата модулација, заедно
со честотната модулација.
Фазата на носечкиот сигнал е модулиран така што ја следи промената на нивото на
сигналот (амплитудата) на сигналот на пораката. Врвната амплитуда и честотата на
носечкиот сигнал се одржуваат константни, но како што се менува амплитудата на
сигналот на пораката, соодветно се менува фазата на носителот.
Фазната модулација нашироко се користи во радиопреносот и е интегрален дел од многу
дигитални преносни кодирања на кои се засноваат бројни технологии како Wi-
Fi, ГСМ и сателитска телевизија.
Честотна модулација
Честотна модулација или фреквенциска модулација— вид на аголна модулација при
која носечката честота се менува пропорционално на сигналот на
корисната информација. Замавот на носечката честота е константна.
Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови
модулации.
Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката честота ќе се
менува континуално во одреден честотен опсег. Ако сигналот на информација е дигитален
сигнал, носечката честота може да има две или повеќе дискретни вредности. Во
наједноставниот облик, бинарната дигитална честотна модулација, честотата се одржува
на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата.

Честотна или фазна модулација?


Честотната и фазната модулација се многу слични, не е можно да се менува фазата без
промена на честотата и обратно. Ги разликуваме само по тоа која особина на носителот
директно се менува. Ако директно се менува честотата, а индиректно фазата, станува збор
за честотна модулација. Ако директно се менува фазата, а индиректно честотата, станува
збор за фазна модулација.

Примена
Комерцијалните радиостаници во опсегот на ултракратките бранови (УКБ) ја користат
честотната модулација. Исто така се користи и за пренос на звук во
безжичниот телевизиски систем, и многу други жични и безжични комуникациски системи.
Предност на честотната над амплитудната модулација во радиокомуникациите е
поголемата отпорност на пречки, а мана ѝ е зафаќањето на поголем честотен опсег.

You might also like