Особини На Витезите Темплари

You might also like

You are on page 1of 1

Особини на витезите Темплари

1. Витезот Темплар секогаш и на секое место се однесува во склад со заклетвата која ја


дал, заветувајќи се пред сведоци и браќата темплари и положувајќи ја раката на
Светото писмо на единствениот бог.
2. Витезот Темплар е физички, психички и морално силна личност.
3. Витезот Темплар е личност која е спремна секогаш и во секој момент да пружи помош
на другите по потреба.
4. Витезот Темплар е чесен, го почитува дадениот збор и ветување и победува со чесни
сретства.
5. Витезот Темплар го почитува противникот, не ја искористува поволната ситуација за да
го победи.
6. Витезот Темплар е доблестен, не потклекнува пред никого, туку суди за работите воден
од личната совест.
7. Витезот Темплар е горд и не поднесува навреди и понижување, никому не се
наметнува ниту пред некого се потклекнува.
8. Витезот Темплар не е покорен, се држи до својата личност и бара убаво однесување
спрема себе.
9. Витезот Темплар не се фали со своите подвизи, тие сами говорат за него.
10. Витезот Темплар е верен пријател и лојален брат.
11. Витезот Темплар не ги издава тајните на своите браќа.
12. Витезот Темплар ги почитува сите, посебно постарите и родителите.
13. Витезот Темплар е спокоен и верува во себе, во своите вредности и целите за кои се
бори.
14. Витезот Темплар е способен да трпи, заштитен со својата духовност и величина.
15. Витезот Темплар повеќе сака краток и возбудлив живот, отколку долг и монотон без
духовни цели.
16. Витезот Темплар е упорен во остварувањето на своите благородни цели.
17. Витезот Темплар е подготвен да ја признае сопствената грешка и да им прости на
другите.
18. Витезот Темплар се спротивставува на секаква ароганција и насилство.
19. Витезот Темплар за најголеми вредности ги смета љубовта, слободата на духот и
различноста.
20. Витезот Темплар е непоткуплив и не придава значење на материјалните вредности.
21. Витезот Темплар го смета животот за активно учество и непосредност.
22. Витезот Темплар презема лична одговорност за своите дела и постапки.
23. Витезот Темплар не го привлекува власта над луѓето, туку независноста.
24. Витезот Темплар верува во духовните дведности, хуманоста и религиската различност.

You might also like