You are on page 1of 2

Феникиски јазик — изумрен канански јазик, дел од групата на севеорозападни семитски

јазици. Феникискиот бил изворно зборуван во крајбрежниот средоземен регион Ханан,


во Блискиот Исток. Феникиското говорно подрачје во Блискиот Исток, а подоцна и држава,
е позната како Феникија. Јазикот бил најсроден со хебрејскиот јазик.[1][2]

Споредено со денешните територии, феникискиот се зборувал на териториите на Либан,


крајбрежјето на Сирија, крајбрежните северни делови на Израел, како и мали делови
на Кипар и Анадолија.[3] Со подемот на феникиската цивилизација се создале и феникиски
колонии околу Средоземното Море. Следствено на тоа, феникиското говорно подрачје се
проширило на територии на денешните Тунис, Мароко, Либија и Алжир, а во помали
делови и на Малта, Италија (Сицилија, Сардинија и Корзика) и крајбрежјето
на Шпанија заедно со Балеарските Острови.

Феникискиот јазик се пишувал со феникиската азбука, согласно писмо (абџад) кое


потекнувало до пракананската азбука. Одлика на ова писмо е што се пишувале само
согласки. Феникиската азбука станала основа за создавање на старогрчкото писмо (а
преку него и кирилското), но и основа за создавање на етрурското писмо, кое пак било
основа за латинското. Феникиската азбука која се користела во Картагина се развила во
малце поразлична, поточно имала позакосени букви. Истото, во 3 век п.н.е. се појавила
тенденција за бележење и на самогласките, особено крајните самогласки, со употреба на
буквите алеф или ајин.[4]

Именките воглавно се создаваат со комбинација на согласни корени и самогласни


елементи, но тие исто така може да се создадат и со претставките /m-/, која искажува
дејство или нивен резултат, а поретко со /t-/) и наставката /-ūn/. Апстрактни именки може
да се создадат со наставката -t (најверојатно /-īt/, /-ūt/).[5] Придавките може да се создадат
по принципот со познатата семитска наставка /-īy/.

феникиски
натпис на саркофагот на Табнит од Сидон, 5 век п.н.е. [6][7]
текст транслитерација
𐤍𐤁 𐤌𐤍𐤃𐤑 𐤊𐤋𐤌 𐤕𐤓𐤕𐤔𐤏 𐤍𐤄𐤊 𐤕𐤍𐤁𐤕 𐤊𐤍𐤀 ʾnk tbnt khn ʿštrt mlk ṣdnm bn
𐤆 𐤍𐤓𐤀𐤁 𐤁𐤊𐤔 𐤌𐤍𐤃𐤑 𐤊𐤋𐤌 𐤕𐤓𐤕𐤔𐤏 𐤍𐤄𐤊 𐤓𐤆𐤏𐤍𐤌𐤔𐤀 ʾšmnʿzr khn ʿštrt mlk ṣdnm škb
𐤆 𐤍𐤓𐤀𐤄 𐤕𐤉𐤀 𐤒𐤐𐤕 𐤔𐤀 𐤌𐤃𐤀 𐤋𐤊 𐤕𐤀 𐤉𐤌 bʾrn z
my ʾt kl ʾdm ʾš tpq ʾyt hʾrn z
𐤍𐤆𐤂𐤓𐤕 𐤋𐤀𐤅 𐤉𐤕𐤋𐤏 𐤇𐤕𐤐𐤕 𐤋𐤀 𐤋𐤀 ʾl ʾl tptḥ ʿlty wʾl trgzn
𐤃𐤔𐤌 𐤌𐤍𐤌 𐤋𐤊𐤅 𐤑𐤓𐤇 𐤍𐤋 𐤓𐤀 𐤉𐤀 𐤐𐤎𐤊 𐤍𐤋𐤓𐤀 𐤉𐤀 𐤊 k ʾy ʾrln ksp ʾy ʾr ln ḥrṣ wkl mnm
𐤆 𐤍𐤓𐤀𐤁 𐤁𐤊𐤔 𐤊𐤍𐤀 𐤕𐤋𐤁 mšd
𐤍𐤆𐤂𐤓𐤕 𐤋𐤀𐤅 𐤉𐤕𐤋𐤏 𐤇𐤕𐤐𐤕 𐤋𐤀 𐤋𐤀 blt ʾnk škb bʾrn z
ʾl ʾl tptḥ ʿlty wʾl trgzn
𐤀𐤄 𐤓𐤁𐤃𐤄 𐤕𐤓𐤕𐤔𐤏 𐤕𐤁𐤏𐤕 𐤊 k tʿbt ʿštrt hdbr hʾ
𐤍𐤆𐤂𐤓𐤕 𐤆𐤂𐤓𐤅 𐤉𐤕𐤋𐤏 𐤇𐤕𐤐𐤕 𐤇𐤕𐤐 𐤌𐤀𐤅 wʾm ptḥ tptḥ ʿlty wrgz trgzn
𐤔𐤌𐤔 𐤕𐤇𐤕 𐤌𐤉𐤇𐤁 𐤏𐤓𐤆 𐤊𐤋 𐤍𐤊𐤉 𐤋𐤀 ʾl ykn lk zrʿ bḥym tḥt šmš
𐤌𐤀𐤐𐤓 𐤕𐤀 𐤁𐤊𐤔𐤌𐤅 wmškb ʾt rpʾm

превод
Јас, Табнит, свештеник на Астарте, крал на Сидон, синот на
Ешмуназар, свештеник на Астарте, крал на Сидон, лежам во овој саркофаг.
Кој и да си ти, кој било човек да го најде овој саркофаг,
не, не го отворај и не ме вознемирувај,
бидејќи нема собрано сребро со мене, нема злато собрано со мене, ниту било што од
каква вребдност,
с амо јас лежам во саркофагот.
Не, не го отворај анд не ме вознемирувај,
бидејќи тоа гнасење на Астарте.
И ако навистина го отвориш и ако навистина ме вознемириш,
да немаш никаков зачеток помеѓу живите под ова сонце,
ниту пак почивалиште со Рефаитите.

You might also like