You are on page 1of 17

СОДРЖИНА

ВОВЕД................................................................................................................................................... 2
ПАЛЕОГЕН ........................................................................................................................................... 3
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАЛЕОГЕН .............................................................................................. 4
ПАЛЕОЦЕН ...................................................................................................................................... 5
ЕОЦЕН .............................................................................................................................................. 6
ОЛИГОЦЕН ...................................................................................................................................... 7
ЛИТОСТРАТИГРАФИЈА НА ПАЛЕОГЕНИТЕ БАСЕНИ ВО ВАРДАРСКАТА ЗОНА ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ........................................................................................ 7
ТИКВЕШКИ БАСЕН ............................................................................................................................ 9
ОВЧЕПОЛСКИ БАСЕН .................................................................................................................... 11
СКОПСКО – КУМАНОВСКИ БАСЕН ............................................................................................ 12
ВАЛАНДОВСКО – ГЕВГЕЛИСКИ БАСЕН ................................................................................... 13
КОРЕЛАЦИЈА НА ПАЛЕОГЕНИТЕ БАСЕНИ ВО ВАРДАРСКАТА ЗОНА ............................ 14
ЗАКЛУЧОК .......................................................................................................................................... 16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ........................................................................................................... 17

1
ВОВЕД

Во оваа семинарска работа е дадена литостратиграфијата и врз основа


на неа направена е корелација на палеогените сегменти во басените во
Вардарската зона на територијата на Република Северна Македонија. Со
досегашните истражувања, во палеогените сегменти се издвоени пет
литостратиграфски единици односно литозони и тоа:

 Базална литозона

 Долна флишна литозона

 Литозона на жолти песочници

 Горна флишна литозона

 Карбонатно – песоклива литозона

Со анализа на хоризонталната распостранетост на горноеоценско –


долноолигоценските седименти, како и анализа на дебелината на литозоните,
констатирани се специфичностите на поедините палеогени басени во
Вардарската зона на територијата на Република Северна Македонија.

2
ПАЛЕОГЕН

Палеоген (неофицијално долен или ран терцијар)е геолошки период кој


траел 43 милиони години; започнал по завршувањето на периодот креда пред
66 милиони години и траел до почетокот на неогенот пред 23.03 милиони години.
Со овој период започнува кенозојската ера од тековниот фанерозојски еон.
Порано за овој период се користел терминот терцијар, за да се дефинира
временскиот распон кој сега е поделен на палеоген и следниот период неоген; и
покрај тоа што повеќе не се користи како официјален стратиграфски поим,
терминот „терцијар“ сè уште често се употребува во научната литература и
останува во неофицијална употреба.[1] За означување на палеогенот најчесто се
користи кратенката Pg (но Геолошкиот институт на САД ја користи кратенката
PE).

За време на палеогенот, цицачите се диверзифицирале од релативно


мали, едноставни форми во голема група разновидни животни.

Палеогенот е поделен на палеоцен, еоцен и олигоцен. Крајот на


палеоценот (пред 56 милиони години) се одликува со палеоцен-еоценскиот
топлински максимум, еден од најзначајните периоди на глобални промени за
време на кенозоикот, кога имало нарушување на океанската и атмосферската
циркулација и довело до истребување на многу длабокоморски фораминифери,
а на копно цицачите доживуваат експанзија. Терминот „палеогенски систем“ се
однесува на карпите депонирани во „палеогенскиот период“.

Палеогенот е еден од најнемирните периоди во историјата на Земјата, кој


се карактеризира со значајни промени на палеодинамичките, палеоклиматските
и морските услови. Палеогените сегменти се широко распостранети во
централниот и источниот дел на Република Северна Македонија.

За време на горна креда – палеоцен, после затворањето на Вардарскиот


океан и колизните процеси (Ларамиска фаза), на просторот на Вардарската зона
и Српско – Македонскиот масив, во услови на екстензија, се создадени
континентални трагови во кои се таложеле палеогени моласни сегменти.
Литостратиграфската градба на палеогените сегменти во поедините басени

3
може да се анализира на голем број откриени профили. Извршено е и длабинско
дупчење во Тиквешкиот и Овчеполскиот басен (до 2703 m).

Палеогените седименти се расчленети на горноеоценски – приабонски и


долноолигоценски со максимална дебелина од 3000 до 4000 метри.

Палеогените басени претстауваат мошне интересни простори, кои можат


да бидат потенцијални простори за истражување и пронаоѓање на резерви на
јаглен, нафта и гас.

Сл.1. Геолошка табела

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАЛЕОГЕН

Ако се осврнеме на Австралија и Индија, можеме да видиме дека тие се


движеа во северо-источен правец благодарение на движењето на
континенталниот лебд. Проценетата брзина на движење на овие континенти
беше приближно 6 сантиметри годишно. Како што е докажано со поновите

4
геолошки студии, стапката на континентален лебд значително се забавува со
текот на времето.

Ова поместување во североисточен правец предизвика одвојување на


Антарктикот што остана во близина на јужниот пол од потеклото на Пангеа.
Околу 40 милиони години подоцна, Индија веќе беше скоро целосно одделена
од Африка и требаше да се судри со Азија за да се спои и да ги формира
Хималаите. Судирот и формирањето на Хималаите беше причина за затворање
на морето на големиот океан Тетис. Ова се случи пред приближно 52 милиони
години.

ПАЛЕОЦЕН

Палеоценската епоха е временски интервал од 10 милиони години кој


започнал по кредо-палеогенското масовно изумирање, со што завршил
периодот креда и мезозојската ера и започнала кенозојската ера и периодот
палеоген. Палеоценот е поделен на три доба: данско доба кое се протега од
пред 66 до пред 61,6 милиони години (mya), зеландско доба кое го опфаќа
периодот од пред 61,6 до пред 59,2 милиони години и танетско доба кое го
опфаќа периодот од пред 59,2 до пред 56 милиони години. По него следи
еоценот.

Границата меѓу креда и палеоген е јасно дефинирана во фосилните


записи на многу места ширум светот со лента со висока содржина на иридиум,
како и со празнини во фосилната флора и фауна. Иридиумот е редок метал на
Земјата и може да се најде на површината на земјата во големи количини само
по удари од големи метеорити. Општоприфатено мислење е дека ударот на
астероид кој го формирал кратерот Чикшулуб (се пречник од 10-15 км) на
полуостровот Јукатан во Мексиканскиот залив и вулканската активност во Декан
Трап предизвикал катаклизмичен настан при преминот од креда во палеоген, и
како последица на тоа исчезнале 75% од сите видови на Земјата.

Палеоценот завршил со палеоценско-еоценскиот топлински максимум,


краток период на интензивно затоплување и закиселување на океаните
предизвикани од масовно ослободувањето на јаглерод во атмосферата и
океанските системи, што довело до масовно изумирање (од 30-50%) на бентосни

5
фораминифери - планктонски видови кои се користат како биоиндикатори за
здравјето на морскиот екосистем - еден од најголемите во кенозоикот. Овој
настан се случил пред околу 55,8 милиони години и бил еден од најзначајните
периоди на глобални промени за време на кенозоикот.

ЕОЦЕН

Еоцен е геолошка епоха во ерата кенозоик, траел од 56 до 33,9 милиона


година. Називот ја симболизира појавата на нова фауна која се развила во оваа
епоха.

Епохата еоцен е позната како „мезонумулитик” бидејќи во неа нагло се


развиваат нумулитите. Траел околу 20 милиона година. Растителни видови од
мезозоикот изумираат, а застапени се семејствата на жбунести тропски
растителни заедници: Proteacea, Amentacea, а најзастапени родови се
Eucalyptus и палми (Cocos, Phoenix). Заедниците од умерениот појас сè уште се
ретки (Quercus и Pinus). Цицачите снажно се развиваат, се јавуваат првите
претставници на коњи со висина на волк, први елени, тапири, волови и први
торбари и месојади. Во морињата живеат нумулити, полжави, школки од кои
некои и денес живеат во тропските мориња.

Еоценот врз основа на седименти од Паратетис бил поделен на долен,


среден и горен еоцен. Во еоценот се јавуваат две области на развој: северен (во
областа на Северното и Аралско-туркестанското Море) и јужен (преостанатиот
дел од Тетида). Во северниот дел седиментите се претставени со песоци,
варовници, дуни и лапорци. За време на еоценот, Тетида го покрива поголемиот
дел на Европа. Еоценските седименти учествуваат во градбата на Јадранското
Приморје. во долниот еоцен таложени се милолски варовници, во средниот
алвеолински, а во средниот и горниот нумулитски варовници.

6
ОЛИГОЦЕН
Епохата на Олигоцен е геолошки период што го опфаќа временскиот
распон од пред 33.9 до 23 милиони години. Како и кај останатите постари
геолошки периоди, добро се идентификувани карпи според кои тој може да се
дефинира, но точниот момент кога почнува и завршува не би можел најпрецизно
да се утврди.

Името на Олигоценот доаѓа од грчките зборови ὀλίγος (oligos, неколку) и


καινός (kainos, ново) и тој следува по епохата на Еоцен, а по него доаѓа епохата
на Миоцен. Олигоценот е трета и последна епоха од Палеогенскиот период.

ЛИТОСТРАТИГРАФИЈА НА ПАЛЕОГЕНИТЕ БАСЕНИ ВО


ВАРДАРСКАТА ЗОНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА

Палеогените сегменти се распостранети на територијата на Република


Северна Мекодонија и сочувани со значително дебели маси на просторот на
Вардарската зона, и во помали реликтни маси на просторот на Српско –
Македонскиот масив. Во почетокот акумулацијата на палеогените сегменти
почнала со бракички континентали теригени седименти, и со постепеното
продлабочување на средината, седиментацијата се претворала во морска
седиментација. По формирањето на еоценско – олигоценската седиментна
маса, за време на горен олигоцен – миоцен, истата била зафатена со
Пиринејската и Савската компресија, каде палеогената маса била дислоцирана,
издигната, набрана, раседнувана и изложена на интензивна ерозија.

Општа карактеристика на палогените наслаги е дека тие лежат


трансгресивно преку сите постари формации, од прекамбриум до мезозоик, кои
вдолж ободите на басените се претставени со конгломерати и песочници,
додека во внатрешните делови со финозрнести седименти, лапорци и глини.

Палеогенот во Вардарската зона на територијата на Република Северна


Македонија е застапен во четири басени со ориентација СЗ-ЈЗ и тоа:

 Скопско – Кумановскиот

 Овчеполскиот

7
 Тиквешкиот

 Валандовско – Гевгелискиот басен

Истото е прикажано на слика 2 дадена во продолжение на оваа семинарска


работа.

Со литостратиграфските проучувања на палеогените сегменти во


басените на Република Северна Македонија се издвоени пет суперпозициони
литостратиграфски единици (литозони) и тоа:

 Базална литозона (1Е3)

 Долна флишна литозона (2Е3)

 Литозона на жолти песочници (3Е3)

 Горна флишна литозона (4Е3) и,

 Кабонатно – песоклива литозона (Ol1)

Сл.2. Распостранение на палеогените сегменти во Вардарската зона во Р.С.Македонија

8
ТИКВЕШКИ БАСЕН

Тиквешкиот басен се наоѓа во ЈЗ дел на територијата на Република


Северна Македонија и припаѓа на централниот дел на Вардарската зона.
Палеогентите седименти развиени во Тиквешкиот басен, со правец на
протегање СЗ – ЈИ, зафаќаат повеќе од 20% од целата површина на басенот и
имаат голема дебелина, која достигнува од 3000 до 3500 метри. Најмногу се
откриени во рабните делови на Тиквешкиот басен додека централните делови
на басенот се покриени со неогени и квартерни наслаги. Палеогенот во
Тиквешкиот басен е развиен во флишоидна и флишна фација. Во зависност од
литолошкиот состав на флишот во палеогените седименти се издвојуваат
четири литостратиграфски единици и тоа:

 Базална зона

 Долна флишна литозона

 Литозона на жолти песочници

 Горна флишна литозона

Истото е прикажано на слика 3 дадена во продолжение на оваа


семинарска работа

Базалната зона во иквешкиот басен е претставена од конгломерати и


песочници, кои наизменично се сменуваат со глинци и песокливи лапорци, и
пелитоморфни варовници. Долната границам на базалната литозона е
трансгресивна, а горната граница е конкордантна, и континуирано преоѓа во
долнаа флишна литозона. Дебелината варира од 350 до 700 метри.

Долната флишна литозона од останатите единици, се издвојува, по


ритмичко појавување и преовладување на песочниците над конгломератите, и
со ретки прослојки на глинци, лапорци и алевролити. Долната граница е
конкордантна, и претставува постепен премин на базалната литозона во
долната флишна литозона. Горната граница е конкордантна и остра, а се
издвојува поради карактеристичната жолто – кафеава боја на песочниците, кои
ја покриваат долната флишна литозона. Дебелината на долната флишна
литозона изнесува 300 m.

9
Сл.3. Литостратиграфски столб на Тиквешкиот и Овчеполскиот палеогенски басен

Литозоната на жолти песочници е претставена со песочници во жолта боја


со слоеви и прослојки од глинци и лапорци. Долната и горната граница на
литозоната на жолтите песочници се континуирани и јасни, кои ја издвојуваат
единицата од долната и горната флишна литозона. Дебелината на оваа
литозона изнесува од 100 до 400 метри.

Горната флишна зона е издвоена како посебна литостратиграфска


единицам поради ритмичкото појавување и преовладување на глинците и
песочниците со присуство на тенки преслојки на лапорци, алевролити и
варовници. Долната граница на горната флишна литозона е континуирана, јасна,
оцртана и издвоена од литозоната на жолтите песочници. Горната граница на
оваа литозона, во поголем дел е покриена со ефузивни карпи и помлади
седиментни наслаги, дел од нив се откриени и распаднати. Дебелината на
горната флишна литозона изнесува од 2000 до 2500 метри.

Врз основа на литолошкиот состав, суперпозициониот распоред и


пронајдениот фаунистички материјал, староста на палеогената седиментна
маса е одредена како горноеоценска – приабонска.

10
ОВЧЕПОЛСКИ БАСЕН

Овчеполскиот басен главно распостранение има во источната и


централната вардарска субзона. Кон југ и југозапад се поврзува со
Тиквешкиот басен. Во палеогенската седиментна маса на басенот се
издвојуваат четири литостратиграфски единици и тоа:

 Базална литозона

 Долна флишна литозона

 Литозона на жолти песочници

 Горна флишна литозона

Базалната литозона во Овчеполскиот басен е претставена со


кангломерати и песочници, кои неизменично се сменуваат со глинци,
варовници и лапорци. Долната граница на базалната литозона е
трансгресивна, а горната граница е конкордантна и континуирано преоѓа во
долна флишна литозона. Дебелината на базалната литозона изнесува околу
350 метри.

Литолошкиот состав на долната флишна литозона е различен и


претставен со: песочници, конгломерати, глинци, лапорци и алевролити.
Долната граница е конкордантна и претставува постепен премин на
базалната литозона во долната флишна литозона. Горната граница е
конкордантна и острам а се издвојува и поради карактеристичната жолто –
кафеава боја на песочниците кои ја покриваат долната флишна литозона.
Дебелината на долната флишна литоона изнесува 900 метри.

Литолошкиот состав на литозоната на жолти песочници е претставен со


песочници со жолто кафеава боја и текни преслојки на глинци. Долната и
горната граница на литозоната на жолтите песочници се континуирани и
јасни, кои ја издвојуваат единицата од долната и горната флишна литозона.
Дебелината на оваа литозона изнесува од 500 до 600 метри.

Горната флишна литозона е застапена во права флишна седиментна


маса во која ритмично се сменуваат глинци, песочници, алевролити, лапорци
и варовници. Долната граница на горната флишна литозона е континуирана,

11
јасна оцртана и издвоена од литозоната на жолтите песочници. Горната
граница на оваа литозона, во поголем дел, е покриена со ефузивни карпи и
помлади седиментни наслаги, дел од нив се откриени и распаднати.
Дебелината на горната флишна литозона изнесува околу 1500 до 2000 метри.
Врз основа на литолошкиот состав, суперпозициониот редослед и
пронајдениот фаунистички материјал староста на палеогената седиментна
маса е одредена како герноеоценска – приабонска.

СКОПСКО – КУМАНОВСКИ БАСЕН

Скопско – Кумановскиот басен главно распостранение има во


централниот дел на Вардарската зона. Врз основа на пронајденаа фауна и
литолошката градба, во палеогената маса на басенот се издвојуваат три
литостратиграфски единици и тоа: базална литозона, литозона на жолти
песочници и карбонатно – песоклива литозона.

Базалната литозона е претставена од конгломерати и песочници, и тенки


прослојки на глинци. Долната граница на базалната литозона е
трансгресивна, а преку оваа литозона трансгресивно лежат едиментите на
литозоната на жолти песочници. Дебелината на базалната литозона изнесуа
околу 100 метри.

Литозоната на жолти песочници се издвојува поради жолтата боја на


песочниците кои имаат идентичен развој како највисоките хоризонти од
Овчеполскиот горноеоценски флиш – на горните жолти песочници.
Литолошкиот состав на оваа единица е претставен со: конгломерати,
глиновити и карбонатни алевролити, лапоровити варовници и варовници.
Долната граница е трансгресивна, а горната граница е конкордантна и
континуирано преоѓа во флишната литозона. Дебелината на оваа литозона
изнесува околу 1000 метри.

Литолошкиот состав на карбонатно – песокливата литозона е претставен


со доминантно учество на спрудни варовници во однос на песочниците и
глинците. Долната и горната граница на карбонатно – песокливата литозона
се континуирани и јасни, кои ја издвојуваат оваа единица од литозоната на

12
жолти песочници и горно олигоценските седименти. Дебелината на оваа
литозона изнесува околу 200 метри.

Сл.4. Литостратиграфски столб на Скопско – Кумановскиот и Валандовно – Гевгелискиот


палеогенски басен

ВАЛАНДОВСКО – ГЕВГЕЛИСКИ БАСЕН

Валандовско – Гевгелискиот басен се наоѓа во најјужниот дел на


Република Северна Македонија, до македонско – грчката граница. Во
палеогената маса во басенот се издвоени две литостратиграфски единици и тоа:
базална литозона и горна флишна литозона.

Базалната литозона е претставена од конгомерати и песочници.


Карактеристично за цената литозона е уочливата сиво – црвенкаста боја, која
доаѓа од железовито – силицискиот цемент, а исто така и од бојата на
застапените валутоци. Базалната литозона лежи трансгресивно и дискордантно
преку палеозоиските филити, каде јасно се гледа по нивната западна граница,
додека од источната страна преку нив лушпесто се навлечени филити.
Дебелината на базалната литозона изнесува околу 350 метри. Литолошкиот
состав на горната флишната литозона е претставен со прави флишни седименти
и тоа: конгломерати, песочници, глинци, алевролити, лапорци и варовници.
Седиментите од флишната литозона се карактеризираат со шарениот изглед, со
доминантната црвеникаво – виолетова нијанса. Долната граница на флишната
литозона е континуирана, јасна и издвоена од базалната литозона. Горната

13
граница на оваа литозона, во поголем дел, е покриена со помлади седиментни
наслаги, дел од нив се откриени и распадни, а на некои места преку нив се
навлечени постари палеозоиски карпи. Дебелината на горната флишна
литозона изнесува околу 600 метри.

Врз основа на литолошкиот состав и пронајдениот фаунистички материјал


е одредена горноеоценската – приабонска старост на оваа палеогенска
седиментна маса.

КОРЕЛАЦИЈА НА ПАЛЕОГЕНИТЕ БАСЕНИ ВО


ВАРДАРСКАТА ЗОНА

Со анализа ба хоризонталната распостранетост на горноеоценско –


долноолигоценските седименти, како и анализа на дебелината на литозоните,
направена е корелација помеѓу литостратиграфските профили на палеогените
басени на територијата на Република Северна Македонија. При тоа е
констатирано следното:

Базалната литозона почнува со базални конгломерати и песочници, преку


кои лежат глинци, лапорци и варовници. Застапена е во сите палеогени басени
на Вардарската зона на територијата на Република Северна Македонија.
Дебелината на оваа литозона варира од 350 до 700 метри.

Долната флишна литозона е со дебелина од околу 1 100 метри. Развиена


е во Тиквешкиот и Овчеполскиот басен, со ритмичко сменување на црвени и сиви
конгломерати, песочници, глинци, лапорци и алевролити.

Литозоната на жолтите песочници е дебела од 600 до 1000 метри. Оваа


литозона не е континуирана во сите палеогени басени. Развиена е во
Тиквешкиот и Овчеполскиот басен, каде вертикално и латерално преминува во
горната флишна литозона, додека во Скопско – Кумановскиот басен
седиментите кои припаѓаат на оваа литозона преминуваат во седименти со
олигоценска старост. Во Валандовско – Гевгелискиот басен оваа литозона
отсуствува.

14
Горната флишна литозона е дебела од 1000 до 2000 метри. Оваа
литозона со најголема дебелина (околу 2000 метри) е застапена во Тиквешкиот
басен (врзоснова на податоцци од дупчотини). Во оваа литозона се сменуваат
сиви песочници, лапорци и глинци, а најгоре се застапени варовници.
Литозоната не е континуирана во сите палеогени басени. Отсуствува во Скопско
– Кумановскиот басен.

Олигоценските седименти се застапени само во Скопско – Кумановскиот


басен, со дебелина од 200 до 300 метри. Оваа литозона почнува со сиви спрудни
варовници со типична маринска фауна, преку кои лежат песочници, а најгоре
завршува со глинци.

Сл.5. Корелација на палеогените басени во Вардарската зона во Македонија

15
ЗАКЛУЧОК

Од направената корелација на палеогените басени во Вардарската зона


на територијата на Република Северна Македонија донесен е следниот
заклучок:

Разликите во литостратиграфските профили, во однос на застапеноста на


литозоните и нивната дебелина, на горноеоценско – долноолигоценските
седименти во палеогените басени на територијата на Република Северна
Македонија се евидентни. Тие најверојатно се реултат на диференцијалните
вертикални тектонски движења во Вардаската зона и Српско – Македонскиот
масив за време на Пиринејско – Савската орогена фаза.

16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

[1] Arsovski M., N. Dumurdzanov. 1995: Alpine tectonic evolution of the Vardar zone
and its place in the Balkan region. – Geologica Macedonica, 9, 1, 15–22.

[2] Иановски и др., 1966 Толкувач за Основната Геолошка карта на СФРЈ 1: 100
000, лист Гевгелија, Геолошки завод, Скопје, 1-68

[3] Карајовановиќ и др. 1972: Толкувач на Основната Геолошка карта на СФРЈ 1:


100 000, лист Куманово. Геолошки завод, Скопје 1-58

[4] Kūhn O., 1951: Novi nalaгak gornУeg eocena u MakedoniУu. Glas. Prir. Muг. Srp.
Zem., 4, Beograd. [5] Maksimovič, B., B. Sikošek, O. Markovič, M. Veselinovič.1954:
Geološki sastav i tektonska struktura Уednog dela Ovceg PolУa i Tikveša sa
paleontološkom dokumentacijom. – Trudovi na Geološki Zavod na NRM, 4, Skopje,
1–177 (in Macedonian).

[6] Stojanova V., Petrov V., 2012: Foraminifers and nannofossils from upper flysch
lithoгone in the Tikveš Лasin, RepuЛlic of Macedonia. Geologica Macedonica, 26, 1,
87-98.

[7] Stojanova V., Valchev B., Juranov S., 2013: Compt. rend. Acad. bulg. Sci., 66, No
5, 717–724.

[8] Stojanova V., Petrov V., 2014: Foraminifer fauna in paleogene sediments at
Rabrovo and Dedeli sites in the Valandovo-Gevgelija basin, Republic of Macedonia.
Geologica Macedonica, 28, 1, 45-53.

[9] Стојанова В. 2008 Еволуција и стратиграфија на палеогенот на територијата


на Република Македонија. Докторска десертација, Штип, 196

[10] Темкова Б., 1958 Палеонтолошка одредба на макрофауната од палеогените


седименти на теренот лист „Штип“. Стручен фонд на Геолошки завод на СРМ,
Скопје

17

You might also like