You are on page 1of 19

Drazen Petrovic

Дражен Петровиќ
Шибеник, 22 октомври 1964 – Денкендорф, 7 јуни 1993
Дражен Петровиќ  беше југословенски и хрватски кошаркар, еден од
најдобрите европски па и светски кошаркари на сите времиња.
ШИБЕНКА

Од 13 години почнал да игра во подмладокот во локалниот клуб Шибенка од


Шибеник, а од 15 години почнал да игра во првиот тим. Веднаш станува ѕвезда и
лидер на тимот и успева да оствари дотогаш незамисливи успеси (двапати финале
на Европскиот куп – 1982, 1983 и еднаш финале на плеј-оф на СФРЈ – 1983г.)
ЦИБОНА

Во загребска Цибона, Дражен игра од 1984 до 1988 г. Во првите две


години немаат изгубено ниту една првенствена утакмица. Дражен
станува југословенска и европска ѕвезда. Го добива прекарот
„кошаркашки Моцарт“. Има просек од преку 40 коша по утакмица.
Своевиден рекорд се 112 коша, кој тој ги има постигнато против
Олимпија од Љубљана во првенството на тогашната СФРЈ. Сите четири
години, додека тој игра за Цибона, клубот доминира во СФРЈ, а и во
Европските купови.
РЕАЛ МАДРИД

Во Реал Мадрид , Дражен доаѓа како најголема евроска кошаркарска


ѕвезда, но тука тој блеснува со невиден сјај. За една сезона, тој
станува убедливо најпопуларен кошаркар во Европа, па и пошироко.
Со просек од 28,3 коша по утакмица, е најдобриот шутер во Реал.
Во финалето на Купот на победници на куповите, тој постигнува 62
коша, што се смета за службен рекорд.
РЕАЛ МАДРИД
PORTLAND TRAIL BLAZERS

Бидејки во Европа освои се што можеше да се освои, тој бара нов предизвик –
НБА. До тогаш во НБА не играл ниту еден европски играч и никој не верувал
дека и воопшто може да игра, но Дражен знаел дека може да игра исто како и
американците, верувал во себе и во својата упорност со работа да достигне до
посакуваното ниво.

Во Portland Trail Blazers доаѓа во време кога овој клуб е еден од најдобрите во
НБА. За место во првиот тим се бори со Terry Porter i Clyde Drexler, двата
најдобри бекови тогаш во НБА, но и фактот дека е европеец, не добива
можност за континуиран настап, туку само околу 7 мин. по утакмица. Тој не се
предава, работи напорно, но од само нему познати причини, тренерот го остава
со мала минутажа. Незадоволе од овој третман, тој бара трансфер во било кој
тим каде ќе може да игра.

И покрај малата минутажа, Portland Trail Blazers го прогласува за најдобар


шутер во историјата на клубот.(минути/кошови)
PORTLAND TRAIL BLAZERS
NEW JERSEY NETS
Со трансфер во средина на сезона, Дражен доаѓа во New Jersey Nets, во
момент кога клубот е на дното на табелата и 10 години се нема пласирано во
play off. Добар предизвик за него.
Успева.
Со просек од 22,3 коша по утакмица, се наметнува како лидер на тимот и две
години по ред ги води Nets во play off. Прогласен е за МВП на Nets, и ставен во
најдобрата петорка на НБА.
Драженовиот дрес со број 3 Nets го има повлечено од употреба и е подигнат
во нивната арена.

Во 4 години играње во НБА, Дражен има најдибар процент на шут за два


(50,6%) и за три (43,7) поени од сите играчи на неговата позиција. Позади него
се ѕвезди како Michael Jordan i Reggie Miller.
NEW JERSEY NETS
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Дражен има настапувано за две репрезентации. До распадот на СФРЈ, за


репрезентацијата на Југославија, а потоа за репрезентацијата на Хрватска. И
со двете репрезентации тој се наметнуваше како лидер и на сите
натпреварувања, секогаш има освојувано медали.кои се прикажани во
табелата подолу.

За паметење е Олимпијадата во Барцелона 1992г. Каде Хрватска во


финалето се сретна со Dream team-от на САД, најјакиот тим на сите
времиња, предводена од Michael Jordan И дуелот меѓу Дражен и Jordan,
каде Дражен постигна повеќе поени од Jordan.
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
КЛУБСКИ УСПЕСИ
Година Натпреварување Успех Клуб
1982. Куп на Радивој Кораќ Финалист КК Шибенка
1983. Куп на Радивој Кораќ Финалист КК Шибенка
1985. Куп на шампиони Победник КК Цибона
1985. Првенство на Југославија во кошарка Победник КК Цибона
1985. Куп на Југославија во кошарка Победник КК Цибона
1986. Куп на шампиони Победник КК Цибона
1986. Првенство на Југославија Финалист КК Цибона
1986. Куп на Југославија Победник КК Цибона
Куп на Рајмонда Сапорте (Куп на победниците на
1987. Победник КК Цибона
куповите)
1987. Првенство на Југославија Финалист КК Цибона
1988. Куп на Југославија Победник КК Цибона
1988. Куп на Радивој Кораќ Финалист КК Цибона
1989 Куп на Шпанија во кошарка Победник Реал Мадрид
1989. АЦБ лига (Првенство на Шпанија) Финалист Реал Мадрид
1989. Куп на победниците на куповите Победник Реал Мадрид
1990 NBA плеј-оф Финалист Портланд
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ УСПЕСИ
Година Натпреварување Домаќин Пласман Држава
1980 Балканско јуниорско првенство Турција 3. место СФР Југославија

1981 Балканско кадетско првенство Грција 1. место СФР Југославија

1982 Балканско јуниорско првенство Грција 1. место СФР Југославија

1982 Европско јуниорско првенство Бугарија 2. место СФР Југославија

1983 Универзијада Канада 2. место СФР Југославија

1984 Балканско првенство Грција 2. место СФР Југославија

1984 Летни олимписки игри 1984  САД 3. место СФР Југославија

1986 Светско првенство во кошарка 1986. Шпанија 3. место СФР Југославија

1987 Универзијада СФРЈ 1. место СФР Југославија

1987 Европско првенство во кошарка 1987 Атина 3. место СФР Југославија

1988 Летни олимписки игри 1988 Јужна Кореја 2. место СФР Југославија

1989 Европско првенство во кошарка 1989 СФРЈ 1. место СФР Југославија

1990 Светско првенство во кошарка 1990 Аргентина 1. место СФР Југославија

1992 Летни олимписки игри 1992 Шпанија 2. место Хрватска


Во летото 1993, после најдобрата сезона во НБА, Дражен оди за Полска,
каде што хрватската репрезентација играше квалификации за Европското
првенство во кошарка 1993.. Од приватни причини, тој решил од Полска
да се врати во Хрватска со сопствено возило.

Загина како совозач во сообраќајна несреќа близу до Инголштад,


Германија, на 7 јуни во 1993.

Гробот на Дражен Петровиќ во Мирогој стана светилиште за неговите


сонародници.
Салата на Цибона го смени името во Салата на Дражен Петровиќ во
1993, а Загреб добива плоштад кој го носи неговото име.
1995 е подигната статуа пред Олимпискиот музеј во Лозана која го
слави неговото значење во светот на спортот.
Во 2002 доби место во Кошаркарската куќа на славните.
2006 во Загреб е отворен Меморијален центар Дражен Петровиќ
посветен на Драженовата личност и достигнувања, а во Загреб е откриен
споменик висок четири метри, посветен на Дражен.
https://www.youtube.com/watch?v=6CItF1iPJ_c

You might also like