You are on page 1of 11

ВЕКТОРИ

Во математиката , под вектор се подразбира секоја величина која во себе


носи информација за количество (квантитет) и качество (квалитет).
Наспроти векторите, во математиката стојат скаларите кои носат
информација само за количество. Така, грубо речено, на пример,
величината: три килограми е скаларна, додека величината: три
килограми јаболка е векторска. Но, под квалитет во математиката може да
се подразбираат и некои својства кои не чинат смисла за
нематематичарите. Така на пример, отсечките може да ги сметаме за
вектори, ако ги насочиме, т.е. ако условно кажеме каде почнува, а каде
завршува отсечката. Во овој случај квалитетот е насоката, а за квантитет
би ја зеле должината на отсечката. Од друга страна секој скалар може
да го сметаме за вектор со квалитет еднаков на нула, при што смислата
на квалитетот во овој случај е филозофска, т.е. имплицитна. Во физиката
векторски величини се, на пример, брзината , забразувањето , силата ,
импулсот и сл.

Најчестото толкување на векторите е геометриското - векторот е насочена


отсечка од рамнината или просторот

Ова толкување има многу практична примена во математиката и особено


во физиката .

За разлика од скаларите, кај векторите важат поинакви правила за


извршување на операциите.

Сите вектори во математиката се разгледуваат во рамките на теоријата на


векторски простори , која пак сама по себе е дел од линеарната алгебра

Претставување на векторите
Математичката апстракција дозволува елементите на векторскиот простор
да се наречат вектори иако директно од нив не се очитуваат
количественоста и качественоста. Така, на пример, множеството од сите
полиноми со реални коефициенти со степен не поголем од некој природен
број n претставува векторски простор, па следствено секој полином
претставува вектор.

При ваквото сфаќање на векторите се јавува потребата за нивно


претставување, слично како кај скаларите. Но претставувањето на
полиномот, на пример, како вектор е невозможно со „геометрискиот модел
на вектор“, т.е. со насочена отсечка. Затоа се применуваат други,
поапстрактни, методи кои важат за сите вектори подеднакво.

Геометриско претставување на векторите

Вектор со почеток во точка A и крај во точка B

Векторите како насочени отсечки во рамнината или просторот може да ги


разгледуваме само во ограничен број случаи. Така во реалниот ефклидски
простор , а тоа е просторот како што човекот го восприема, векторите може
да ги нацртаме како стрелки. Ова може да го направиме и во рамнината
(две димензии) и во просторот (три димензии). „Цртањето“ може да
продолжи и во четири димензии, но визуелната репрезентација сега ќе биде
несфатлива за човековиот мозок. Затоа се преминува кон аналитичко
претставување на векторите од векторскиот простор.

Нека избереме произволен вектор од рамнината или просторот. За него


знаеме каде почнува, а каде завршува. Нека сега го земеме векторот кој е
потполно ист со претходно избраниот, но така што ги промениме местата на
крајот и почетокот, т.е. она што кај првиот вектор било почеток, кај вториот
нека биде крај. Тогаш ваквиот вектор се вика спротивен вектор на
избраниот. Ако избраниот вектор го обележиме со , тогаш спротивниот ќе
го бележиме со

Аналитичко претставување на векторите


Произволен вектор од рамнината како комбинација на два базни вектори

Во теоријата на векторските простори имаме тврдење кое вели дека секој


векторски простор има база . База е најмалото линеарно независно такво
што сите вектори од просторот можеат да се претстават како комбинација.
Така ако во рамнината воведеме правоаголен декартовкоординатен систем,
и избереме два вектора такви што секој од нив лежи на различна
координатна оска и двата за почеток го имаат координатниот почеток, тогаш
овие вектори чинат база за дводимензионалниот реален евклидски простор
- рамнината. Слично е и за просторот, само што во тој случај ќе имаме три
такви вектори. Нека земеме вектор од рамнината и нека векторите и ја
чинат базата за просторот (во овој случај под простор се подразбира
рамнината!). Тогаш постојат реални броеви (скалари) a,b така што важи:

Тие реални броеви ги нарекуваме координати на векторот во однос на


базата и запишуваме:

што всушност претставува аналитички (координатен) запис за векторот кој


го избравме. Бидејќи векторскиот простор има бесконечно многу бази, секој
вектор не мора да има ист аналитички запис во однос на различни бази.
Всушност во пракса ретко се случува ист вектор во однос на различни бази
да има ист аналитички запис.

Ова што го направивме за рамнината можеме да го направиме и за


просторот и за векторскиот простор од полиноми и за n-димензионалниот
реален евклидски простор - едноставно за секој векторски простор. Значи
може да кажеме дека аналитичкото бележење на векторите е универзално
и не зависи од изборот на просторот, туку само може да варира во
зависност од избраната база.

Кога е воведено аналитичкото претставување на векторите може да се


разгледуваат и посложени простори од познатиот тридимензионален
простор, но нивното разгледување е лишено од визуелизацијата која е
речиси пресудна кај рамнината и тридимензионалниот простор.

Ако е даден векторот , тогаш негов спротивен ќе биде векторот


.

Модулот на векторот (т.е. неговата „должина“),со ознака ,


може да се пресмета како:
Во општ случај, за n-димензионален вектор (n-вектор) ,
модулот се пресметува како:

Ако се работи за вектори во смисла на насочени отсечки, тогаш модулот е


всушност должината. Во општ случај не може да се говори за должина на
вектор во потесна смисла.

Операции со вектори
Како што напоменавме операциите со вектори се разликуваат од
операциите со скалари. Според самата дефиницијана поимот операција во
математиката, исходот од оперирањето со вектори треба и самиот да е
вектор.

Собирање вектори

Собирањето на геометриските вектори (насочените отсечки) се врши на


следниов начин: треба да се пресмета збирот на векторите и . За таа
цел постапуваме вака: го нанесуваме векторот со почеток во некоја
избрана точка (при ова ги запазуваме насоката и должината на векторот!), а
потоа во крајната точка на векторот (при врвот) го нанесуваме векторот
(исто така запазувајќи ги неговите насока и должина). Векторот кој има
почеток во почетната точка (почетокот на ) и крај во последната точка
(врвот на ) се вика збир на векторите и и се бележи исто како и кај
скаларите:
Ако векторите се зададени аналитички т.е. координатно, тогаш собирањето
се врши „по координати“. Нека се дадени векторите (во општ случај со n-
координати):

тогаш за збирот имаме:

За собирањето на вектори важат:

• Комутативност:

• Асоцијативност:

Одземање на вектори

Одземањето на вектори се извршува на ист начин како и собирањето, така


што разликата на векторите и е всушност збир на векторот и векторот
. Истото важи и за векторите зададени во координатна форма:

ако се зададени векторите:

и
Ако на векторот му го додадеме неговиот спротивен вектор: , тогаш се
добива:

Вака добиениот вектор (кој е збир на било кои два спротивни вектори) се
нарекува нулти вектор, нула-вектор или само нула (кога не води до забуна
со скаларната нула!). Овој вектор во однос на сите операции со вектори се
однесува како и нулата во однос на сите операции со скалари, па може да
кажеме дека нултиот вектор во векторскиот простор ѝ соодветствува на
нулата во скаларното поле. За да не се меша (во ознаката) со скаларната
нула, се бележи со големо о -

Множење на вектор
со скалар. Кога се множат вектори често настанува следнава забуна:
множењето вектори се меша со множењето на вектор со број (т.е. скалар).
Множењето на вектор со скалар k се врши на следниов начин:

Ова геометриски може да го толкуваме на следниот начин: векторот ја


има истата насока како и векторот , со таа разлика што има должина
(модул) за k пати поголема (или помала, ако k<1) од него.

„Вистинското“ множење на вектори во математиката се нарекува векторски


производ на вектори и се бележи со симболот . Околу дефиницијата и
оперирањето со векторските производи,

Векторскиот производ на два вектори и е


вектор кој е нормален на обата вектора и истовремено има модул:
каде со α е означен аголот меѓу почетните вектори, а со и се означени
нивните модули, додека неговиот координатен облик е:

Постои и друг начин на множење вектори, т.н. скаларно множење на


вектори (скаларен производ), но при скаларно множење на два вектори се
добива резултат скалар (од таму и името) што, математички значи дека
операцијата не е затворена во однос на векторскиот простор, т.е., на некој
начин, не е добро дефинирана. Скаларниот производ се бележи со точка: .
Скаларниот производ на истите два вектора изнесува:

или

Векторски простор
Векторскиот простор во основа е всушност множество во чии рамки
елементите задоволуваат одредени својства. Векторскиот простор е еден
од основните концепти на вишата математика. Со неговото воведување
возможно е теоретски да се решат голем број проблеми, а како најбитно се
овозможува димензионална апстракција - да се погледне преку третата
димензија (односно максималниот број на просторни димензии кои
човековиот мозок може сетилно да ги разграничи), т.е. да се разгледуваат
простори со повеќе од три димензии. Иако неговата дефиниција и теориска
разработка лежи во линеарната алгебра, концептот на векторски простор е
многу битен и во останатите делови на математиката, а посебно во
аналитичката геометрија.

Нека е дадено непразно множество чии елементи ќе ги нaрекуваме


вектори (тука настанува основната забуна: поимот векторвеќе не мора да
се сфаќа како насочена отсечка од рамнината или просторот, туку
едноставно кажано сè, буквално сè што може да припаѓа на едно множество
е вектор!); нека исто така ни е дадено едно поле , т.е. множество броеви
кои има структура на поле, a чии пак елементи ќе ги нарекуваме скалари.
Дефинираме операции: собирање на два елемента така што
збирот ; и множење со скалар , т.е. множење на елемент
со елемент од така што производот .

За множеството се вели дека е векторски простор над полето ако и само


ако се задоволени следниве осум аксиоми, т.е. својства:

С1 (комутативност на собирањето): , за секои ;

С2 (асоцијативност на собирањето): за секои


;

С3 (постоење на нулти-вектор): постои така што:


, за секој ;

С4 (постоење на инверзен елемент): за секој , постои така


што ;

• М1: , за секое и секои ;


• М2: , за секое и секои ;
• М3: , за секое и секои ;
• М4 (постоење на неутрален елемент): постои така што
, за секој ;

Доколку се исполнети сите овие аксиоми, само тогаш е векторски простор


и тогаш пишуваме: (читај: „V над F“ или „V е векторски простор
над полето F“). Често пати наместо векторски простор се вели само
простор. Ако полето на просторот е полето реални броеви , тогаш за
просторот велиме дека е реален (векторски) простор, а ако полето на
просторот е полето комплексни броеви , тогаш за просторот велиме дека
е комплексен (векторски) простор.

Примери за векторски простор се: права од просторот која минува низ


координатниот почеток; рамнина од просторот која минува низ
координатниот почеток; целиот тридимензионален простор.

Познато е дека секоја точка од рамнината и просторот може да се


претстави како подредена двојка (пар) и подредена тројка од реални броеви
соодветно. Членовите на парот, односно тројката се нарекуваат
координати на точката. Ако секоја точка од рамнината / просторот ја
претставиме преку нејзиниот радиусвектор (кој пак ги има истите
координати како и точката), и дефинираме собирање на два радиусвектора
со: и
множење со скалар со , тогаш
лесно се проверува дека во однос на вака дефинираните операции
множествaта од подредени двојки / тројки (односно некоја рамнина од 3D-
просторот и самиот 3D-простор) се реални векторски простори. Ако пак се
апстрахираме од визуелното геометриско значење на координатите на
точките и воведеме: подредени четворки: , подредени
петорки: , или пак за произволен природен број n
воведеме подредена n-торка: , а операциите ги
дефинираме на потполно ист начин (збир на два вектора [две n-торки] е
вектор чии координати претставуваат збир од соодветните координати на
векторите [n-торките]; а производ на вектор [n-торка] со скалар е вектор [n-
торка] чии координати се координатите на векторот [n-торката] помножени
со скаларот), тогаш се проверува дека множеството од n-торки ги
задоволува погорните аксиоми, т.е. дека тоа е векторски простор.

Напомена: векторскиот простор е затворен во однос на во него


дефинираните операции, т.е. ако едно множество е векторски простор
тогаш преку операциите не може да се „излезе од неговите граници“, т.е. не
постојат вектори кои припаѓаат во просторот, а чиј збир не припаѓа во
просторот, ниту таков вектор од просторот и таков скалар од полето чијшто
производ не припаѓа во просторот.

База и димензија на векторски


простор
Да избереме неколку вектори од векторскиот простор: и
од нив да формираме множество , т.е.: . За
множеството се вели дека е генератор (генераторно множество) за
векторскиот простор ако секој вектор од просторот може да се запише
како линеарна комбинација од векторите од множеството , т.е. ако
постојат скалари такви што за произволен вектор
точно е:

Поедноставно, ако сите вектори од може да ги претставиме преку


вектортите од множеството , тогаш за се вели дека е генератор nа .
Дополнително, ако множеството е линеарно независно, тогаш се вели
дека претставува база на векторскиот простор . Веднаш дефинираме и
димензија на векторскиот простор како број на вектори што ја
сочинуваат базата. Дека просторот има димензија n бележиме со:
. Така базата на тридимензионален простор има три вектори, на
дводимензионален - два на стодимензионален, сто вектори. На пример
секој вектор од обичниот, тридимензионален простор може да се претстави
преку векторите: што значи
дека тие сочинуваат база, а нивниот број е три. Базата на просторот не е
единствена, т.е. еднозначно определена. Тоа значи дека за секој простор
постојат бесконечно многу бази. Теориски, било кое линеарно независно
множество вектори од еден простор може да сочинува база за тој простор. Но,
како и да е, димензијата на просторот секогаш е еднозначно определена - сите бази
на просторот се сочинети од ист број вектори.

Векторски потпростори
Слично како што во однос на множеството се разгледува подмножество,
така во однос на векторскиот простор се разгледува векторски
потпростор. Бидејќи самиот векторски простор е множесвто, логички се
наметнува заклучокот дека потпросторот е негово подмножество; но не
било какво подмножество. Имено потпросторот мора да е сам за себе
простор, односно за сите елементи од подмножеството да важат
аксиомите за векторски простор. Само тогаш може да се каже дека едно
подмножество е векторски потпростор. И потпросторите од еден векторски
простор не се еднозначно определени. Од друга страна, бидејќи
потпросторот ги „наследува“ операциите од просторот, доволно е да
покажеме дека, за секои и секои векторот:
, каде со е означено (под)множество вектори од
просторот за кое испитуваме дали е векторски потпростор. Релацијата „е
векторски потпростор од“ се бележи со знакот . Така, ако е
потпростор од пишуваме: .

Бидејќи и самите потпростори се векторски простори, тие имаат база и


димензија. Се јавува следнава поврзаност: потпросторот е подмножество
од просторот, па соодветно: базата на потпросторот е подмножество од
базата на просторот. Како точно се покажува следново; нека и
нека , тогаш:

• ако тогаш
• ако тогаш ( го содржи само нултиот-вектор)

Ако , тогаш под збир на потпростори ќе го разбираме


множеството:
кое исто така е векторски потпростор од V. За димензијата на збирот на
потпросторите важи:

You might also like