You are on page 1of 2

Програмирање и алгоритми 2018

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА – Програмирање и алгоритми Број 6


ТЕМА: Низи и матрици
Име и презиме Индекс Група

1. Да се напише програма во која корисникот од тастатура внесува две низи. Програмата треба
првата низа да ја сортира во опаѓачки редослед. Втората низа треба да се сортира во
растечки редослед.
Потоа вака сортираните низи треба да се изминуваат од нивниот најголем кон нивниот
најмал елемент и при изминувањето да се спојат во една низа која ќе биде сортирана во
опаѓачки редослед.

Пример: За внесени низи: [4, 5, 5, 8, 6] и [5, 1, 3, 8, 9, 5, 2]. По сортирање низите треба да


бидат: [8, 6, 5, 5, 4] и [1, 2, 3, 5, 5, 8, 9]. Крајната низа треба да е [9, 8, 8, 6, 5, 5, 5, 5, 4, 3, 2, 1].

Помош: За да се добие крајната низа, низата [8, 6, 5, 5, 4] треба да се изминува од почеток,


додека низата [1, 2, 3, 5, 5, 8, 9] треба да се изминува од крај. Ако нултиот елемент од првата
низа е поголем од последниот елемент од втората низа тогаш тој се запишува како нулти
елемент од резултантната низа и за споредба се зема првиот елемент од првата низа. Во
спротивно, последниот елемент од втората низа се запишува како нулти елемент од
резултантната низа и за споредба се зема претпоследниот елемент од втората низа.

2. Да се напише програма во која корисникот од тастатура внесува низа. За внесената низа


треба да се провери дали од истата може да се формира квадратна матрица. Доколку тоа е
возможно елементите од низата треба да се сместат во матрица. Доколку тоа не е можно,
програмата го известува корисникот дека низата не го исполнува условот за да формира
квадратна матрица.
Ако низата формира квадратна матрица, да се провери дали матрицата е единечна или не.

Пример:
Input the number of elements of your array: 9
Input the elements of your array:
1
0
0
0
1
0
0
0
1

Checking if the array can be made into a squared matrix...


Answer: Yes.
Програмирање и алгоритми 2018

The matrix is:


1 0 0
0 1 0
0 0 1

Checking if the matrix is an identity matrix...


Answer: Yes.

You might also like