You are on page 1of 1

Прашање:

Почитувани, Согласно техничката спецификација според која спроведувате


постапка за набавка на услуги - ИСПИТУВАЊЕ НА ЗАШТИТНО ЗАЗЕМЈУВАЊЕ
ВО ОБЈЕКТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ а врз основа
на одредбите од Законот за техничка инспекција (Сл.Весник на РМ бр.88/2008) и
Правилникот за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема
(Сл.Весник на Р.М бр. 140/2010) за ваков вид на услуги во делот на техничка
способност потребно е економските оператори да поседуваат Сертификат за
Акредитација –ТИП А издаден од Институт за Акредитација на РМ и Решение за
исполнетост на условите за вршење на технички преглед и периодични
испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди
издадено од Министерството за економија. Имајќи го во предвид фактот дека
станува збор за објект од I категорија во тој случај испитувањата мораат да бидат
извршени од страна на независни акредитирани инспекциски тела, кои вршат
испитувања пред ставање во употреба како понатамошни периодични
испитувања. Најдобро е да побарате мислење од Државен инспекторат за
техничка инспекција кои ќе ви дадат детално службено објаснување дека за овој
вид на испитувања потребно е да барате од економските оператори да
поседуваат Сертификат за Акредитација –ТИП А издаден од Институт за
Акредитација на РМ и Решение за исполнетост на условите за вршење на
технички преглед и периодични испитувања не електроенергетски постројки,
електрични производи и уреди издадено од Министерството за економија.

Одговор:

Во консултација со Државниот инспекторат за техничка инспекција и со оглед на


фактот дека се работи само за административни објекти донесен е заклучок
декаБараниот сертификат за акредитација издаден од Институтот за акредитација
на РМ е доволен услов за докажување способноста за вршење на
професионалната дејност за овој предмет на јавна набавка.

You might also like