You are on page 1of 2

Панонските легенди се најважни и најреални извори за браќата просветители,напишани

на словенски јазик.Панонските легенди содржат во себе драгоцени податоци за животот и


работата на творците Кирил и Методиј како и за првата словенска азбука,книжевност и
писменост.

Житието на Кирил е поопфатно и нуди многу повеќе податоци за младоста и


животот на Кирил Филозоф, отколку житието за неговиот брат. Затоа можеби може да се
прифати тврдењето дека автор на ова житие е неговиот брат Методиј. Само тој можел да
располага со одредени податоци за животот на Кирил. По примерот на византиската
литература житието започнува со обраќање кон Бога за да му даде волја и да му го означи
патот на Кирил. Во главниот дел на житието се изнесени податоци за животот и
просветителската дејност на Кирил. Неговата љубов кон науката и филозофијата и
неговата жед за знаење се навестува со сонот кога од сите собрани девојки тој ја избира
Софија, мудроста. Одрекувајќи се од материјалниот живот, тој од млади години се оддава
на книгите и науката и постигнува одлични резултати. Неговата дарба е се поочигледна и
добива големи пофалби кога мошне млад го пишува словото за Григориј Богослов. По
своето школување станува професор во Магнаурската школа, каде го нарекуваат
Константин Филозоф. Заради неговата ораторска и проповедничка дарба византискиот
двор го испраќал во најразновидни мисии кои имале за цел ширење на христијанството и
одбрана на христијанската религија. Една од тие мисии е кај Сарацените. Исто така тој
учествувал и во Хазарската мисија. Таму ќе учествува во пронаоѓањето на моштите на
светиот папа Климент Први, кој бил маченички убиен.По упатеното барање од моравскиот
кнез Ростислав, византискиот цар Михаил Трети ги испратил браќата во политичка и
просветителска мисија во Моравија. За да го намалат германското влијание, тие требало
да го шират христијанството на словенски јазик. Таа задача ја зел на себе Константин –
Кирил. Во 863 година ја создал првата словенска азбука и ја нарекол глаголица. На таа
азбука тој превел делови од Евангелието по Јован и други богослужбени книги и заедно
со својот брат тргнал во спроведување на мисијата во период од четириесет месеци.На тој
просветителски пат Кирил и Методиј не се судираат само со човечкото незнаење и
неписменост, туку и со германските и римски свештеници кои стануваат нивни постојани
непријатели. Оспорувајќи го правото да се шири името божјо на друг јазик освен
латинскиот, еврејскиот и грчкиот, тие ги наклеветиле светите браќа во Рим и ги обвиниле
за ерес.Во Рим се достоинствено пречекани, носејќи ги моштите на маченички убиениот
папа Климент И. Папата го признал словенското учење и ги осветил словенските книг
Константин се разболел и пред својата смрт се закалуѓерил земајќи го монашкото име
Кирил. Умрел во 869 година во Рим каде што и е погребан. Следно е житието на
Методиј.Ова житие открива податоци за учителската дејност на Методиј и деновите кои
ги поминал како воен управник на некоја област во близината на реките Брегалница и
Струма. Методиј бил верен придружник на неговиот брат за време на Хазарската и
Моравската мисија. По смртта на Кирил тој се вратил во Моравија. Но смената на власта
и доаѓањето на Сватоплук (Светополк) му донесло нови непријатели. Од страна на
германските свештеници бил затворен две години во „Швапско“. По излегувањето од
затвор својата просветителска дејност ја продолжил во Панонија кај кнезот Коцељ. Таму
бил назначен за епископ на Панонската црква. Но и таму ќе биде прогонет од
германските свештеници кои ќе останат негови политички противници. И Методиј и
неговите ученици биле прогонувани и затворани, но никој не потклекнал во штитењето
на словенската писменост и култура.
Делото на браќата Кирил и Методиј е од огромно значење. Од посебно значење е
податокот дека Кирил Филозоф е автор на првата словенска азбука глаголицата која ќе
стане прв литературен односно книжевен јазик на Словените. Оттука па натаму ќе
продолжи да се развива културата кај словенските племиња.

You might also like