You are on page 1of 4

Наставна содржина : Романтизмот во Европа

Резултати од учењето : ученикот да


- го препознава појавувањето на романтизмот;
-ги именува, набројува и објаснува одликите на романтизмот и неговите
претставници
Појавата на европскиот романтизам е условен од општествените прилики на
преминот од 18 во 19 век, рушењето на феудалното општество и создавањето
ново, граѓанско, капиталистичко општество, време во кое обичниот човек се
соочува со разочарувањето од неостварените идеали за слобода Политичката
превласт на буржоазијата која во Англија извојувала победа во 17 век, а во
Франција при крајот на 18 век, со Француската револуција во 1789 година,
незадржливо се приближувала кон победа и во другите европски земји.
Претходните движења, хуманизмот и ренесансата, како и рационализмот и
просветителството, всушност претставувале своевидни етапи во рушењето на
фаудалното  и создавањето ново, граѓанско општество. При својата борба,
буржоазијата се потпирала врз поддршката на широките народни маси од
градското и селското население, кое секако и за себе ги очекувало плодовите на
слободата.
Збогатените капиталисти, за да се спротивстават на довчерашниот сојузник, се
свртеле кон своите револуционерни непријатели, па монархијата и натаму
останала државно уредување кое во минатото ги имала сите инструменти за
потчинување на народот. Така, на почетокот од 19 век, се создал реакционен
политички сојуз на големите сили, кои се здружиле за да го задушат секое
демократско и револуционерно движење.

Човекот во новото општество


Граѓанската класа создадена во новото капиталистичко општество, која се
борела за слободен општествен и духовен напредок, увидела дека е изневерена и
изиграна. Ова општество не ѝ овозможило слободно да дејствува, што довело до
длабоко разочарување, без вера во иднината и без перспектива. Затоа и
уметноста создавана во овој период создаде човек кој е со загубена доверба,
човек кој се издвојува од општеството и бега во свој субјективен свет. Писателите
се нурнале во својата длабока интима, изразувајќи ги своите желби и
доживувања.
 Особини на романичарската литература
Роматизмот се јавува како реакција на просветителската и псевдокласичарската
(класицизмот) литература.  Како директна спротивност на рационалистичкото
величање на разумот и објективното гледање на светот, како и рамките и
ограничувањата на класицизмот во творечка смисла; авторите во романтизмот
прокламирале целосна слобода во литературното творење и крајно субјективен
став кон животот и стварноста
.
Одлики на романтизмот
-субјективноста, романтичарите преку своите чувства и мечти можеле да ја
преобликуваат реалноста според личните расположенија и впечатоци, чувството
на осаменост, чувството на светската тага и новиот поетски принцип на
оригиналноста.

-Романтизмот по дефиниција претставува бегство од реалноста па така втора


одлика е незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто далечно и
непознато

- Слободата во творењето е третата карактеристика на романтичарите која


доведе до создавање нови литературни видови, како што се: историскиот роман,
романот во стихови, поемата. Тие ги ослободија стегите на драмата, а најмногу
придонесоа кон збогатување на книжевниот израз, внесувајќи во јазикот зборови
од секојдневниот живот, обогатувајќи го ритамот и музикалноста на лирскиот
израз, а и  на прозните форми му дадоа поуметнички карактер

- Напоредно со погледите кон минатото и истакнувањето на индивидуалноста се


создавало зголеменото национално чувство што придонело да порасне интересот
за традицијата и народното творештво.

- Романтичарите, пред сè, го отфрлиле мислењето дека е убаво само она што е
создавано според принципите на претходните движења и школи, особено според
старокласичната уметност. Тие ја пронаоѓале убавината и во поезијата на селан-
ството, па настојувале да се собере и проучи поезијата на необразованите слоеви
од народот, отпечатувајќи ја во посебни книги. Писателите во ова време почнале
да го преземаат стилот на народните песни, да ги проучуваат народните приказни,
да ги оживуваат народните бајки и верувања, збогатувајќи ја литературата со
секакви вонземни суштества, вили, чудовишта и магии.

-Посебно место во романтичарската литература зазема жената, која е опишана


како прекрасна убавица, благородно, возвишено суштество кое дарува среќа и го
осмислува животот.

Противречностите на романтизмот
Противречностите на романтизмот произлегле од неговата економско-
општествена и политичка основа.
Еден дел од романтичарите, потомци на собореното племство се кренале против
новата буржоазија, го величале минатото, средниот век, феудализмот и
мистицизмот. Другиот дел, пак, кои потекнувале од граѓанството гледале во
иднината и стремежот да се создаде нешто подобро

Претставници на романтизмот
Во Германија, Јохан Волфганг Гете и Фридрих Шилер. Покрај нив,
претставници на романтизмот од Германија се и браќата Грим,
Во Англија е Џорџ Гордон Бајрон
Зачетник на францускиот романтизам е Жан Жак Русо, но вистинските романти-
чарски идеи ќе ги втемели Франсоа Рене де Шатобријан Манифестот на роман-
тизмот ќе го напише нескротливата, слободоумна и космополитски располо-
жена Мадам де Стал, според кого ќе се раководи најпознатиот и најпризнатиот
писател од ова време, Виктор Иго
Во овој период, во САД, литературата добива свој правец со појавата на Едгар
Алан По,
Во Русија, како најнапредна и најголема словенска земја, романтизмот се разви
најсилно, особено со појавата на Александар Сергеевич Пушкин, кој го втемели
рускиот литературен јазик и ја збогати руската литература со своето обемно и
разнолико творештво. Пишува песни, поеми, но најзначаен и најпознат е неговиот
роман во стихови „Евгениј Онегин“.

РОМАНТИЗМОТ ВО ЕВРОПА

1. ОПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРИЛИКИ


- состојбите по Француската буржоаска револуција
- буржоазијата ја презела власта – капитализам (селанството пропаднало)
- изневерени идеали, разочараност, песимизам
- бегање од стварноста, утеха во минатото

2. РОМАНТИЗАМ – спротивност на класицизмот


- во Германија, а потоа во Русија, Италија, Англија и Франција
- субјективна уметност (се отфрла разумот, уметникот е оригинален и
неограничен)
3. ОСОБЕНОСТИ НА РОМАНТИЗМОТ:
- незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто непознато и далечно
- култ кон минатото, средниот век, хероизмот и католицизмот
- творечки индивидуализам (субјективни, а не колективни чувства)
- стремеж за целосна слобода во уметничкото создавање
- слика за жената: убавица, возвишена, нежна љубов
- култ кон народното творештво (собирање)
- усовршен јазик и стил
4. ВИДОВИ РОМАНТИЗАМ
* реактивна насока (кон минатото, средниот век)
* прогресивно-револуционерна (кон иднината, за борба)
** светска тага = ироничен, циничен страв спрема светот и себеси
ПРИДОБИВКИ: развој на национални држави и науки, проучување на народното
творештво, први граматики, нов меѓурод – поема
5. ПРЕТСТАВНИЦИ:
Германија: Фридрих Шилер Франција: Виктор Иго
Англија: Џорџ Гордон Бајрон Русија: Михаил Лермонтов, Александар
Сергеевич Пушкин
Прашања
1. Кој век е век на романтизмот?
2. Кој историски настан предизвикал општествено-економски и политички
промени, а со тоа и промени во уметноста?
3. Која е главна карактеристика на романтизмот?
4. Кои се одликите на романтизмот?
5. Кои се претставници на романтизмот ?

You might also like