You are on page 1of 10

Војната помеѓу Грција и Албанија предизвика страв кај населението дека на овај

простор од Балканот ќе има војна од пошироки размери во која ќе биде вклучена и

Југославија, од таа причина државата почна да го подготвува населението за


одбрана од

евентуална војна на овој дел од Балканот. Воените власти почнале да вршат


преглед на

товарниот и запрежниот добиток. Товарниот добиток почна да добива буквица со


воен

распоред и во декември 1940 година го мобилизира.

Поголем дел од населението почна да страда уште не почната војната бидејќи


секое

семејство имаше мобилизирано по некој член во војската. Југословенската власт


на чело

со владата на Цветковиќ- Мачек во Виена на 25. Март 1941 година, потпиша


договор за

пристапување на Југославија кон тројниот пакт: Рим- Берлин - Токио.190 КГО за


овој чин

со проглас ce обрати до народот и го прогласи за предавнички чин од страна на

Југословенската власт, на 25-26 Март 1941 година организира масовен штрајк низ
цела

Југославија со барање: ,Додобро гроб од колку роб, подобро војна од колку пакт“.

Ваквото незадоволство, решеност и решителност од страна на народот, ја


потресе
предавничката власт што резултира со преврат во власта и е формирана нова
влада под

председателство на генерал Душан Симовиќ. Хитлер брзо реагира на ваквите


појави и

промени од 27 Март 1941 г, во власта на Југославија и идниот ден на:


„Советувањето за

Југославија“ одржано во Берлин, во присуство на највисоки воени раководители,


донесе

одлука за напад на Југославија, XII и II- германска армија ја нападна Југославија


под

шифра „Потфат 25 “ истовремено изврши напад на Грција под шифра „Мирита“.

Југословенската Врховна команда во тоа време располагаше со војска од околу

600.000 војници и уште толку можеше да мобилизира, поделена на 6- армиски и


16-

дивизиски области. Седиштето на третата армиска област е во Скопје, a седиште


на

Брегалничката и Вардарската дивизиска област е во Штип и Битола, секоја


дивизиска

190 Барбара Јелавиќ, Историја на Балканот, том. 2, Скопје, 1998, 254.

121

област е поделена на три воени окрузи, територијата на Македонија е поделена


на шест

воени окрузи итоа: Кичево, Скопје, Битола, Штип, Куманово и Велес. Веста за
настаните,
појавите и промените во земјата, на просторот на Бродскиот регион беа
пренесени од

страна на дотогашните донесени учители во времето на периодот помеѓу двете


светски

војни во кралството Југославија, кога голем број на администрација, учители и


друг

офицерски кадар ce носеле од останатите Југословенски простори, нарасна


стравот на

повозрасното население на Поречието кој ce потсети на старите Бугарски планови


за Сан-

Стефанска Бугарија, која живее со вековниот сон за голема Бугарија.


Раскинување на

тројниот пакт, значеше дека ќе има војна во Југославија, власта поставена на


територијата

на Кичево и Бродскиот регион од страна на Југословенската држава, донесени од


српските

и други краеви, почнале да си одат и да го напуштат овај регион со изговор дека


ќе одат

на годишен одмор и на 06. Април ce пренесе веста дека Југославија е нападната


од страна

на Германија и нејзините сојузници. Нападот на Југославија е извршен


концентрично од

сите страни со исклучок од јужната страна и бомбардирани ce нејзините воени


аеродроми:
Куманово, Скопје, Ниш, Љубљана, Загреб, бомбардиран е Белград и други
градови на

Југославија, XII- тата Германска армија ја нападна Македонија од страна на


Бугарија.

4.1. Кичевскиот регион во текот на окупацијата Југославија е нападната на


06.04.1941 г. од страна на Германија и Тројниот сојуз

предводен од неа. Германците во Кичевскиот регион пристигнати ce после седум-


осум

дена од почнување на војната во Југославија. Со окупација на Македонија во


април 1941

на територијата на Кичевскиот регион ce воспоставила власт на италијанските и

бугарските окупаторски сили. Градот Кичево и поголемиот дел од регионот


подпаднал

под италијанска власт, a во другиот дел со неколку села во правец према


Македонски

Брод е воспоставена воена и цивилна власт на Бугарите. Италијанскиот


фашистички

окупатор заедно со албанските квислинзи ја организирале цивилната власт. Во


почетокот

ce пристапи кон укинување на сите дотогашни административни и културно —


просветни

установи, албанскиот јазик беше воведен како службен јазик, го обновија

подзаборавениот средновековен данок, десеток, познат под името „ , започна со

122
масовно собирање на оружје од граѓаните. 191 Во првите денови постоело едно
мирно

безвластие кое било резултат на преговарање за одредување на границите од


страна на

Германската и Италијанската страна и нивните квислинзи. Интересен е тој период


на

безвластие кога нараснала раздвиженоста и апетитите на две значајни струи во


кичевско, a

тоа ce бугарофилите и големоалбанците. Во перодот од 12-24 април во Виена,

Италијанската и Бугарската влада ce договориле за поделба на Македонија која


подпадна

под нивна окупација. Шест дена по влегувањето на германската војска во Скопје,

пробугарските елементи формираа Бугарски централен акционен комитет за


Македонија

на чело со Стефан Стефанов и Васил Хаџи- Ќимов, во кој дојдоа до израз


тенденциите за

создавање на независна Македонија.192 Овие челници во понатамошниот период


со

поврзување на истомисленици од внатрешноста пристапиле кон формирање на


месни

акциони комитети по градовите, таков комитет е формиран во Кичево со цел


Кичево да ce

спои со окупираниот дел под бугарска окупација. Во почетниот период на војната,


не
постои организирана сила во овој крај на земјата со цел да го покрене
населението за

ослободување од ваквиот наметнат непријател, не é формирана ни партиската

организација во кичевскиот регион, но постоел спонтан организиран отпор кон


новата

власт проследен со пропаганда и неприфаќање на режимот. Бугарофилите биле


од редот

на побогатите во градот, за таков во градот бил означен: Ѓорѓија Кутле,


сопственик на

кафеана и многу земја која сам не ја обработувал, туку други земјоделски


работници и

аргати. Такви како него, покренувале барања за доаѓање на бугарска окупаторска


власт во

градот Кичево со пгго ce стекнало впечаток кај Германците дека тоа население ги
сака

бугарите дури имало и активности за свечено пречекување на бугарите и


истакнување на

бугарско знаме по улиците, со цел да го зачуват сопствениот имот, материјалната


положба

и просперитет или да го изберат помалото зло од поголемите зла кои ce


надвиснале над

просторот во Кичевско и пошироко. Официјално на овај простор по пат на договор


е

воспоставена: воена власт организирана од Италија, додека цивилната власт е

организирана од страна на Албанија. Источниот дел на регионот во правец према


Македонски Брод потпадна под бугарска власт, во тој правец беа поставени и
гранични

премини на патот Кичево - Македонски Брод, кај селото Бигор-Доленци во


близина на с.
ЗАКЛУЧОК
Македонскиот народ долго го очекувал слободарскиот ден.
Револуционерите од кичевскиот koј несебично се приклучувале во одбрана на
татковината во текот на Втората светска војна, давајќи го својот придонес кон
партизанското движење во борбата против фашистичкиот окупатор за
ослободување и државноста на Македонија.

На почетокот на Втората светска војна голем дел од месното население на


кичевските села учествувале во изградбата на железничката пруга Скопје-Тетово-
Гостивар-Кичево-Дебарца-Охрид, теснолинејката, која фашистичкиот непријател
ја искористил повеќепати во текот на војната.

Во исто време, особено по формирањето на месниот комитет на КПМ за Кичево и


Кичевско, пругата ја користеле и партизаните против окупаторот. На 13 јуни 1941
година во село Кленоец почнува да дејствува група на младински активисти која
подоцна се поврзува со ЦК на КПМ за Кичево и Кичевско и со Кузман Јосифовски
Питу со кого контактирала неколкупати. Како резултат на овие средби, на 16
декември 1941 година во селото Кленоец е формирана првата селска партиска
организација во кичевско, која дејствувала како реонска партиска организација
Во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален
Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се
започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид.

Во текот на војната, која продолжила со засилен интензитет, со одлуките на


Преспанското советување, започнале подготовките за одржување на АСНОМ. И
покрај капитулацијата на Италија на 18 август 1943 година, вооружените
пресметки со балистите продолжиле за одбрана на Кичево како прв ослободен
град во Македонија, ослободено на 11 септември 1943 година и за одбрана на
Кичевскиот регион како прва слободна територија во Македонија, во којашто била
воспоставена народна власт.

Иако на планинскиот превој Буковиќ била поставена одбрана на слободната


територија, на 1 и 2 октомври 1943 година била пробиена одбранбената линија,
поради што било донесено решение да се организира одбрана кај селото
Кленоец. Командант за одбрана на Кленоеец бил комесарот Јосиф Јосифовски
Свештарот, заедно со Мите Трпоски и Трајан Балев.

Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943


година. Епопејата почнала рано наутро на 6 октомври 1943 година, борбите биле
жестоки и траеле се’ до вечерта, кога дошло до мало затишје. Тоа овозможило
одбранбената линија на Кленоец да биде пробиена, за време на борбите биле
заробени тринаесет партизани од одредот Славеј кои останале без муниција и
како лесен плен на балистите еден по еден биле убиени.

Партизанскиот отпор бил скршен, а балистите го искористиле моментот и на сите


страни посеале страв вршејќи ѕверства врз месното население, селото Кленоец
го запалиле. Крваво завршила Кленоечката битка, комесарот на втората
оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на
баталјонот Мите Трпоски и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и
многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Храброста и непокорот остануваат симбол на оваа бтика, Кленоец ги слави
жртвите и се сеќава на јунаштвата. Крвта која ги полила ливадите и горите околу
Кленоец и денес потсетува колку е скапа слободата.

Преживеаните кажуваат дека за одбрана на Кленоец доброволно била пријавена


албанска партизанска чета, која од Командата на Македонската војска била
приклучена на одбранбената линија. Борбата покажала дека тоа не биле
партизани, туку балисти преоблечени во униформи на партизаните. Вечерта
извршиле масакар во селото врз Македонците партизани од првата и вторта чета
на Првата Македонска ударна народно-ослободителна бригада. Речиси стотина
Македонци партизани и мештани биле убиени со истрели во тил и заклани.
Главата на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот била отсечена и
набиена на кол до селската црква сред село...

You might also like