You are on page 1of 2

„Странствувањето на Чајлд Харолд“

Лорд Џорџ Гордон Ноел Бајрон

Поемата „Странствувањето на Чајлд Харолд“, јасно ги изнесува на виделина главните


стремежи и преокупации на авторот. Во исто време, поемата е типичен романтичарска –
индивидуална поема која изобилува со богат речник и смели стилски изразни средства. Оваа
поема е составена од четири песни, од коие првите две, Бајрон ги напишал во 1812 г, а 3 и 4 во
периодот од 1816 – 1818 год. Поемата не содржи дејствие, заплет, па затоа Бајрон ги зел
патувањата на Харолд низ Португал, Шпанија, Албанија, Грција – сите земји од Медитеранот.
Сепак кога се во прашање политичките настани, тогаш Бајрон не покажал доволно
разбирање и постојано ги претставувал своите слободољубиви и народно – ослободителни
идеи, како и со меланхолична носталгија кон средновековното витештво.
Првата песна започнува со повишен акорд (романтичарите допринеле за подобра
метричка стапка и верификација) со кој ги слушаме размислувањата на Бајрон за местото на
поетот во современиот „скриен свет“. Не добиваме конкретни податоци за детството и
младешкиот живот на Харолд.
Чајлд се оддал на бурниот, распашан живот, исполнет со „оргии и пир“, бидејќи самиот
бил од „чествуван и знаен живот (род)“. Презаситен од развртниот живот, Харолд се решил на
патување на кое самиот не одредил крајна дестинација со цел да навлезе во самото јас, да
избега од здодевниот и бучен град, кој го движеле богати класи, со зол ќуд и лаги.
Во „Прошталната песна“ Бајрон посветил големо внимание, и со топли, пријатни
зборови, но со една цел и копнеж за светли хоризонти, ја опсипал со силни метафори.
Чајлд најпрво ги посетува Португал и Шпанија кои сеуште биле под ропството на
францускиот император Наполеон. Бидејќи романтичарите, посебно прогресивните,
одгледувале голема љубов кон слободата како единствен чист идеал, тој се соживеал со
судбината и положбата на шпанскиот народ, некогашниот предвесник и верен поклоненик на
витештвото, кое Бајрон особено го почитувал, со голема меланхолична носталгија, пак да се
врати и процвета, затоа што е услов за избавување од стегите на францускиот окупатор.
Сочувствувал со тежината на животот на шпанскиот човек, кој бил трудољубив. Своето
разочарување го наведува и во величењето на старата, неповратна шпанска слава кога
ритерството доживеало невиден подем. Харолд кој не бил доволно политички упатен, сметал
дека јунаците на кои треба да се угледаат денешните политичари се единствено витезите.
Неговото разочарување преминало во „светска тага“ кон насилството над старата
среќа на шпанскиот народ. Посебно останал разочаран од неизлезната положба, шпнаските
овчари ги замениле со пушки в раце, своите кавали. Ова наидело кај големо воодушевување кај
Бајрон и затоа целиот народ требало да го почитува примерот на шпанскиот овчар.
Бајрон искажал големо разочарување и кон судрувањето на шпанско – ангиските војски
со француските кај Албуера во 1811 год.
Поетот ги осудува оние вљубеници во силата на војната, која нанесува големи загуби,
смрта на илјадници. Во Севилја, Харолд останал разочаран од однесувањето на тамошните
жители кои постојано времето го трошеле на забави, љубовни гревови, разврт и измами, освен
селанецот кој се спротивставувал на својата положба и единствено бил загрижен. Бајрон
посебно се воодушевил од хероизмот и храброста на Шпаљолката, со буен темперамент, која
ги водела борците низ смрт „за да им влее надеж“ во победата.
Бајрон својот јунак Харолд сакал да ја изнесе задачата на шпанскиот народ – да се влее
верба на народот дека од неговото учество во борбата зависи слободата на татковината.
Со наближувањето кон крајот на првата песна можеме да согледаме дека Харолдовото
разочарување не престанало. Се обидел да најде душевен мир и среќа во идеалот на природата,
но и таму не се криело решението за сентименталното сочуство, па затоа барал во борбата за
слобода. Со низа разочарувања кои преминуваат во „светска тага“ Харолд ја напушта
Шпанија и го продолжува патот кон Грција и Албанија.
Во втората песна Бајрон ја искажува, опејува жалењето за големиот број старогрчки
јунаци и не може, а да не остане бесчувствителен пред нивните маки од турскиот поробувач.
Во секоја наредна строфа, поетот ги сликал животот и природата во Грција и Албанија. Таму
народот живеел бедно, немало игра и смеа.
Поетот бил воодушевен од херојството и непопустливоста пред турскиот топуз и
храбро гинеле (Албанците и Грците) за да му парираат на окупаторот. Исто така, Бајрон како и
Прличев со „Сердарот“ ги опишал Албанците како суров и жесток народ, но и како верни
птици на своето јато т.е. на својот народ. Ја воспеал и нивната гостољубивост преку Чајлд
Харолд.
Преку своите романтичарски, родољубиви и слободоумни мисли тој ги повикува и
двата народи дека нивната победа лежи во братството, единството кои можат да победат цели
војски. Со овие идеи, Бајрон го прикажува своето размислување дека силата на народот е во
неговата слога. Тоа е вистински повик за народно – ослободителна борба.

You might also like