You are on page 1of 2

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до

Тесалија, па дури и до Пелопонез.[28] Тие се измешале со затекнатото месно население, во


најголема мера со Тракијци и Илири, потоа антички Грци, антички Македонци, и др. На
македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, македонските
Словени биле организирани во полудржавни формации - македонски склавинии. Склавиниите
презеле повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до
средината на IX век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил
вклучен во рамките на Византија. Во IX век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на
солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но
и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на
словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја
продолжат нивната дејност и кон крајот на IX век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и
Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените
црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост.

Во X век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадено во


велешко-прилепската област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковно-економски
систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на X век, во 969 година против бугарската и во


976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална
држава, позната уште и како Самуиловото Царство). Македонската средновековна феудална
држава постоела сè до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во XIII и XIV век
византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.

До крајот на XIV век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот
економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен
општествен и културен развој. Во 1767 година султанот ја укинал Охридската архиепископија.

Освестување и обединување на македонската нација во XIX век

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Зацврстување на народниот јазик во црковната
литература до почетокот на XIX век“.

Зацврстување на народниот јазик

Архитектурата во градот Охрид.


Од XIV век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на
старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на македонските краишта кон
тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во
книжевните споменици од тоа време сè повидливи се и трагите од современите живи македонски
говори.

Во времето на Отоманското Царство писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе
се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле
насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се
водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат сè повеќе и такви текстови
што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат написи за практична употреба.

Во XVI век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во XVII век веќе доаѓаат во големи количества
црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Македонско национално движење

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонско национално движење“.

Весникот Автономна Македонија, Белград 1905

За време на османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска


држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија,
која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на XIX век, а
најстарата од нив е Македонската револуционерна организација. Во 1905 година таа била
преименувана во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), а по
Втората светска војна организацијата се поделила на Внатрешна македонска револуционерна
организација (ВМРО) и Внатрешна тракиска револуционерна организација (ВТРО). Во почетокот
организацијата не бирала националности туку била отворена за "... обединување на сите
незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без оглед на нивната националност...".
Поголемиот дел од членовите сепак биле Македонци. Во 1903 година ВМРО организира
Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и
формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и
формирањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на
денешната Република.

You might also like