You are on page 1of 5

Друштво за транспорт,трговија и услуги УНИЈА КЛУБ ДООЕЛ увоз-

извоз Марино ,Илинден, е основано на 01.02.2011.


Главна дејност на друштвото е изградба на стамбени и нестамбени
згради.
Како единствен основач на друштвото е диа. Дир. Ненад Јаневски, кој
е воедно и управител.
Мотив и единствена цел на г-дин Јаневски е да се градат и создаваат
вредни архитектонски дела достојни за почит како и постојано
унапредување на услугите во градежништвото, изградба на пазарот
на недвижности во општина Илинден и разбој на нови бизнис
активности.
Водејќи се од ваквата мисла г-дин Јаневски успеа за осум години
Унија Клуб да ја направи успешна компанија и најголем инвеститор
во високата градба во општина Илинден и со тоа фирмата израсна во
синоним за стабилна, квалитетна, еко градба.
За 8 години компанијата изгради 5 елитни станбено-деловни објекти
со 136 домови, во кои живеат над 1 000 граѓани.
Kако резултат на потребата од уникатни градби, се со цел да се
подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на
идните клиенти да им се понуди поинаква визија за нивното
домување Унија Клуб, на чело со диа. Дир Ненад Јаневски отпочна
со градба со Комплекс Илинден и со тоа на идните клинети им отвора
можност за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн,
архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси низ 170
стамбени единици.

ГОДИНА 2013
Ја отпочнуваме нашата прва зграда. Локацијата на објектот е во
близина на стадинот во н.м.Марино, општина Илинден на КП 257/116
КО Марино.

Површината на градежната парцела е 1743 м2 додека површината на


градба изнесува 705 м2. Објектот е составен од подрум, приземје,
три ката и поткровје. Во подземното ниво има подрумски простории
и паркинг места. На дел од приземјето се сместени два трособни
стана и две деловни простории, на први, втори и трети кат сместени
се по четири трособни и два двособни станови додека на четврти кат
има два четворособни стана.

Фасадата е обработена со абриб и обоена со темно кафеава и светло


кафеава боја. Боите и материјализацијата на објектот му дава
прочистен и модерен изглед што е во комплетна складност со
функцијата на објектот.

ГОДИНА 2014

Без пауза продолжуваме понатаму со нашите градежни активности.


Веднаш почнуваме со градба на локацијата која се наоѓа на КП
2400/18, КО Илинден.

Површината на парцелата изнесува 379м2. Висината на венецот


изнесува 9.9 м од заштитен тротоар на објектот. Вкупната бруто
површината на објектот изнесува 371.25 м2 а на приземје има две
деловни простории од по 90 м2. Од овде произлегува дека процентот
на изграденост изнесува 32.65% (дозволено 46.4%), а коефициентот
на искористеност изнесува 0.98 (дозволено 1.39).

Приземјето на објектот е подигнато од ниво на терен за 15 см. На


приземјето се наоѓаат два влеза. Едниот е влез за стамбен простор,
додека другиот е влез за во деловниот простор. На приземјето, после
влезот од смабениот простор е сместено комуникациското јадрот.е.
скали кон становите на катот. Од другиот влез веднаш се влегува во
деловниот простор во кој има гардероба, санитарен чвор и канцеларија.
На првот кат се наоѓаат становте во кои преку ходникот се оди до тоалет и
дневна соба која во самиот склоп има и кујна со трепезарија. Исто така од
ходникот се оди до внатрешните скали кои водат до вториот кат каде што
преку предсобјето се влегува во бањата и двете спални соби кој имаат
тераси.

Зградата е направена со АБ скелетна конструкција составена од А.Б.


столбови и греди и платна. Носивите елементи на конструкцијата се
димензионирани според влезните податоци за носивоста и составот на
тлото. Во пресметка се земени сите критични и потребни товари од
сопствената тежина, ветрови, сеизмика и сите останати товари.

Столбовите и гредите се со различен пресек во зависност од


архитектонските и статички потреби на објектот.

Сообраќајниот пристап до објектот е од улица "531". Паркирањето е


решено целосно во рамките на парцелата, каде е предвидено паркирање на
три возила со што се задоволуваат потребите на домаќинствата.

ГОДИНА 2015

Локацијата на двете згради(ламели) се наоѓа во општина Илинден во


населено место Марино на КП 257/100 КО Марино

Вкупната површина на земјиштето изнесува 4400м2. Во основа


секоја зграда(ламела) посебно е со димензии 20мх27м односно
540м2 во основа. Вкупната нето станбена површина поединачно на
секоја зграда(ламела) изнесува 1623м2.Распоредена на 38 стана во
една ламела. Во подземното ниво од двете ламели има технички и
продрумски простории и магацини. На приземјето на двете ламели
има деловни простории.

На први, втори, трети, четврти и петти кат сместени се по две


гарсоњери, два двособни стана, еден трособен стан додека во
поткровјето се сместини три четирисобни станови. Сите станови ги
задоволуваат условите за домување и одржување. Сите нивоа се
поврзани меѓусебно со верикални комуникации - скално јадро и
лифт.

Објектот е изграден од квалитетни современи материјали кои ги


задоволуваат нормативите на современото градење од аспект на
термичка, звучна и противпожарна заштита.

ГОДИНА 2016

Отпочнуваме со нова инвестиција на локација во Марино кој се наоѓа


на КП 257/99, КО Марино, општина Илинден, Скопје. Зградата ја
изградивме на бруто површина од 2170м2 и нето од 1807.08 м2
распоредени во 28 станови со подруми од 223м2. Во подземното
ниво се предвидени технички простории и подрумски простории. На
приземјето се сместени два двособни стана, два трособни стана и
еден четирособен стан, а во поткровјето се сместени два едмособни
стана и два двособни стана. Сите станови ги задоволуваат условите за
домување.

Во истиот период нашата фирма купи и земјишта наменети за


изградба на стилски куќи во новата елитна населба Јака, која се наоѓа
во општина Илинден.

ГОДИНА 2017

Отпочнуваме со градба на најголемиот стамбено – деловен комплекс


во населба Илинден, КОМПЛЕКС ИЛИНДЕН. Комплексот ќе се состои
од стамбен и деловен простор преточен од 4 објекти сместени во
мирна локација удобно и висококвалитетно индивидуално домување
во колективен објект.

Стамбено – деловниот Комплекс Илинден нуди 1500 м2 деловен


простор организиран во 14 засебни единици како и 12 395 м2
стамбен простор.

Стамбениот простор е формиран од еднособни, двособни, трособни


и четворособни станови со квадратури од 45м2 до 155 м2 . Овој
простор е организиран за да им овозможи мир, приватност,
сигурност и удобност на идните корисници. Како гаранција за тоа
служат и 4300 м2 гаражен простор на -1 ниво на Комплесот.

You might also like