You are on page 1of 4

ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА НАДГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА А1.

5 - СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ЈУЛИ


СОСТАВ НА СЕЛСКИ СТОПАНСКИ ДВОР НА КП 1145, КО ПЕПЕЛИШТЕ
ИНВЕСТИТОР: Ивица Златковиќ – с.Пепелиште – Неготино 2022 год

ТЕХНИЧКИ ОПИС:
ОБЈЕКТ: НАДГРАДБА НА СТАНБЕН ОБЈЕКТ – С.ПЕПЕЛИШТЕ – НЕГОТИНО

ИНВЕСТИТОР: ИВИЦА ЗЛАТКОВИЌ – С.ПЕПЕЛИШТЕ - НЕГОТИНО

ТЕХНИЧКИ БРОЈ: 15/2022

СОДРЖИНА

 ТЕКСТУАЛЕН ДЕЛ
o Анализа на локацијата и нормативи за планирање
o Организација на просторот
o Конструкција на објектот
o Подови
o Обработка на површините
o Столарија
o Покривачки работи
o Лимарски работи
o Инфраструктура

 ГРАФИЧКИ ПРИЛОЗИ
o Ситуација
o Ситуација со партер
o Основа на приземје
o Основа на кат
o Основа на кров
o Основа на петта фасада
o Пресек 1-1
o Пресек 2-2
o Јужна фасада
o Северна фасада
o Западна фасада
o Источна фасада

ЛАЈКА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Неготино ул.Гоце Делчев, бр 19, Неготино mail: l_inzenering@yahoo.com
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА НАДГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА А1.5 - СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ЈУЛИ
СОСТАВ НА СЕЛСКИ СТОПАНСКИ ДВОР НА КП 1145, КО ПЕПЕЛИШТЕ
ИНВЕСТИТОР: Ивица Златковиќ – с.Пепелиште – Неготино 2022 год

1. АНАЛИЗА НА ЛОКАЦИЈАТА

Локацијата се наоѓа во станбена зона на Кавадарци, во западниот дел на


градот, на КП бр 14065/3. Пристапот до парцелата е од станбена улица од
западната страна на локацијата. Теренот на локацијата е релативно
рамен.По Извод од план наменат на градбата е А1 – Домување во станбени
куќи.
Површината на објектот ги задоволува барањата на инвеститорот диктирани
од потребите на функција за домување, а истовремено почитувани се и
стандардите и нормативите за урбанистичко планирање.
Површината на парцелата изнесува 380 м2, површината на објектот во
основа е 88 m2, односно вкупната изградена површина е 175 м2.
- Процент на изграденост 23.1 %
- Коефициент на искористеност 0,46
- Висина на венец 5,94 м
Од извршената анализа произлегува дека предметната парцела овозможува
изградба на индивидуален станбен објект во рамките на парцелата т.е. по
сите критериуми дозволува несметано функционирање на
новопредвидениот објект со проектираните димензии и катност П+1.

2. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРОТ

Објектот е со катност приземје и кат и е по извод од план, а основата на


приземјето е поставена во рамките на површината за градба предвидена со
ДУП. Пристапот до објектот е од станбена улица од западната страна колски
и пешачки.
Во рамките на објектот предвидени се следниве содржини:

Приземје
- Подест со П=1,5 м2
- Ходник со скали со П=13,7 м2
- Дневна, кујна и трпезарија со П=37,1 м2
- Бања со П=4,0 м2
- Гаража со П=20,1 м2

Прв кат
- Ходник со скали со П=13,3 м2
- Спална соба со П=18,0 м2
- Детска соба со П=11,5 м2
- Детска соба со П=12,7 м2
- Бања со П=7,8 м2
- Лоѓија со П=6,1 м2
- Лоѓија со П=3,1 м2

3. КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Конструкцијата на објектот е армирано бетонски скелетен систем од


столбови и греди, а меѓукатната конструкција е армирано бетонска плоча
систем ферт 14+4 см, и армирано-бетонска масивна плоча. Столбовите се
со димензии 25/25 см, 30/30 см и 25/35 см, додека гредите се со димензии
25/40 см.

ЛАЈКА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Неготино ул.Гоце Делчев, бр 19, Неготино mail: l_inzenering@yahoo.com
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА НАДГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА А1.5 - СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ЈУЛИ
СОСТАВ НА СЕЛСКИ СТОПАНСКИ ДВОР НА КП 1145, КО ПЕПЕЛИШТЕ
ИНВЕСТИТОР: Ивица Златковиќ – с.Пепелиште – Неготино 2022 год

4. ПОДОВИ

Подовите се различни во зависност од намената на просториите и тоа


подови од паркет врз цементна кошулка, и подови од керамички плочки врз
цементна кошулка.Подовите од паркет се изведени во просторот за дневен
престој, како и во спалните соби, додека подовите во ходниците, бањите, се
изведени од керамички плочки.Со антиклизни керамички плочки се
обложени и влезниот подест, како и терасите.

5. ОБРАБОТКА НА ПОВРШИНИТЕ

Надворешните ѕидови се предвидени од шупли керамички блок 25 см, и


предвидено е да се обработат со продолжен малтер од внатрешната страна.
Од надворешната страна предвидено е да се обработат со демит фасада со
д= 8 см стиропор и завршно да се обработи со абриб со боја по желба на
инвеститорот.Бетонските елементи на стреите, терасата и другите
површини за кои не треба термичка заштита да се глетуваат со надворешен
глет и финално да се обојат со фасадна боја.
Внатрешните ѕидови се предвидени од шупли керамички блок 12 см, и за
нив предвидено е да се обработат со продолжен малтер и боење со
дисперзивни бои. Ѕидовите во бањите и дел од ѕидовите во кујната да се
обложат со керамички плочки.

6. СТОЛАРИЈА

Затварањето на објектот предвидено е со PVC столарија застаклена со


термопан стакло, а внатрешната столарија е предвидена како дупло
шперована и фурнирана.

7. ПОКРИВАЧКИ РАБОТИ

Кровната конструкција е дрвена, изведена од резана граѓа. Покривањето е


со керамиди, поставени на дрвени летви со димензии 3/5 см, под кои има
попречни летви, дифузна фолија па дрвени даски, кои налегнуваат на
дрвената кровна конструкција.

8. ЛИМАРСКИ РАБОТИ

Одводнувањето на атмосферските води е предвидено преку хоризонтални и


вертикални олуци од пластифициран лим д=0,6 мм

9. ИНФРАСТРУКТУРА

Предметната локација се наоѓа во станбена зона во Кавадарци и има


можност за приклучување на водоводна и фекална мрежа, како и на НН
мрежа како што е наведено во изводот од ДУП.

Водоснабдување
Потребите од санитарна чиста вода се обезбедуваат од постоечката градска
водоснабдителна мрежа.

ЛАЈКА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Неготино ул.Гоце Делчев, бр 19, Неготино mail: l_inzenering@yahoo.com
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА НАДГРАДБА НА ОБЈЕКТ СО НАМЕНА А1.5 - СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ЈУЛИ
СОСТАВ НА СЕЛСКИ СТОПАНСКИ ДВОР НА КП 1145, КО ПЕПЕЛИШТЕ
ИНВЕСТИТОР: Ивица Златковиќ – с.Пепелиште – Неготино 2022 год

Канализација
Одведувањето на отпадните води од објектот се обезбедува со
приклучување на постоечката градска канализациона мрежа.

Електроенергетика
Потребите од електрична енергија се обезбедуваат од постоечката градска
електрична мрежа.

Сообраќајна инфраструктура
Сообраќајното поврзување на објектот е од станбената улица во населбата
и од неа со целата сообраќајна мрежа во градот.

________________________

д.и.а. Спасов Ѓорѓи

ЛАЈКА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Неготино ул.Гоце Делчев, бр 19, Неготино mail: l_inzenering@yahoo.com

You might also like