You are on page 1of 11

Mountain Dwellings

Архитекти: BIG (Bjarke Ingels Group) + JDS-A (Julien De Smedt - Architects)

Овој есеј содржи анализа за проектот Мountain Dwellings, дело на Bjarke


Ingels Group и Julien De Smedt. Изградена во 2008 година, структурата се наоѓа
во главниот град на Данска, Копенхаген. Објектот е дизајниран да се состои од
11 спратови со тотална висина од 34 метри. Парцелата опфаќа 33000 метри
квадратни од кои две третини се наменети за паркинг а една третина е
станбена единица. Замислата на архитектите наместо да следат
традиционален пристап, доведе до спој на двата различни објекти креирајќи
една целина која денес е воодушевувачка градба за набљудување. Со
проблемите на денешницата овој проект претставува прекрасно решение,
паркинг со директен пристап до улицата и апартмани со тераси и градини кои
излегуваат на сонце, се во едно. Исто така, во градбата се вклучени и број нови
технологии. Една од нив која вреди да се спомни е собирањето на вода од
дождот во подземна цистестерна која се рециклира и подоцна се користи за
наводнување на градините на кровот. Mountain Dwellings овозможува живот за
80 сопственици и паркинг за 480 возила. Со локација во населба помеѓу
центарот на Копенхаген и суб-урбаниот дел од градот, Mountain Dwellings прави
перфектна комбинација од двете.
Еден од архитектите на Mountain Dwellings е BIG. BIG е мулти
национална група архитекти, дизајнери, урбанисти, планери, истражувачи и
иноватори. Моментално, тие се инволвирани во голем број проекти низ Европа,
Северна Америка, Азија и Средниот Исток. Архитектурата на BIG произлегува
од внимателни анализи на современиот живот кој постојано се менува и
еволвира. Распространетоста на самото студио овозможува да се извлече
најдоброто од сите култури, да се создаде практичност и да се совладаат
денешните препреки. Нивната цел е да се оттгрнат од досадните кутии и
монотоните повторувања во архитектурата. Како форма на прагматизам, тие ги
вметнуваат живеењето, рекреацијата, работата, уживањето, паркирањето и
купувањето во едно. Нивна цел е да пронајдат слобода во менувањето на
површината на планетата и да создадат нови фроми на современо живеење.
Другиот архитект е JDSA, мултидисциплинска канцеларија со фокус на
архитектурата и дизајнот, од големи градби до мебел. Персоналот на JDSA го
сочинуваат експерти и таленти од полето на дизајн и искусни архитекти кои
заедно ги развиваат проектите од самиот почеток па се до изградбата. Овие
архитекти го ценат нивното искуство и се потпираат на него за да создадат
експертски дизајни преку истраживање и анализирање на практични начини за
изведба. JDSA има широко портфолио на интернационално ниво и доста
значајни постигнувања во архитектурата.
Оваа планина (Mountain Dwellings) која тие ја изградиле, се наоѓа во
центарот на подрачјето наречено Орестад. Орестад е населба во јужниот дел
на Копенхаген. Планината се наоѓа веднаш до друг проект на BIG и JDSA, VM
Houses. Двата проекти се налик еден на друг и двата се врвни архитектонски
мајсторски дела. Градбата на Mountain Dwelling е мпизмеѓу два канали кои се
викаат Орестад канал и северно земјишен канал.
Концептот на планина е зачнат со каскадно поставените тераси и домови од
единаесеттиот кат до призејмето. Осумдессетте единици варираат по големина
од 80 до 150 метри квадратни. Домовите се свртени кон југоисток со цел да се
искористи светлината од сонцето и погледот. Пред секој дом има мала
приватна градина за жителите да уживаат во погледот на далечните пејсажи.
Секоја тераса е опкружена со еден метар високи дрвени жардињери кои
овозможуваат да расти зеленило и даваат слика на висечка градина. Објектот
користи огромен играционен систем кој ги одржува овие градини. Наспроти
градините, делот кој ги дели од самите апартмани е фасада која се состои од
два дела, стакло со лизгачки врати кои обезбедуваат чист и свеж воздух, и
дрво кое е необработено и им дава органско и мирно чувство на апартманите.
Жителите на 80-те апартмани се првите во Орестад кои имаат можност за
паркирање директно пред нивниот дом. Паркингот кој обезбедува место за 480
возила на некои места е висок и до 16 метри, што дава импресии на место
налик на катедрала. Овој дел од структурата се наоѓа во северозападниот дел
позади станбените единици и се протега преку 10 мезанински катови.
Северните и западните фасади кои го затвараат паркингот се обложени со
перфорирани алуминиумски плочи кои го пропуштаат воздухот и светлината
внатре во паркингот. Дупките во фасадата формираат огромна репродукција на
планината Монт Еверест која е највисоката планина во светот. На некој начин
оваа репродукција ја истражува идејата на симулирано доживување на
живеење на планина. Mountain Dwellings за нејзините жители буди комбинација
од фантазија, желба и реалност за живеење на планина во рамнините на
Копенхаген. Бјарке Ингелс (лидер на проектот од страната на BIG) вели:
„Данска е рамна како палачинка. Ако сакате да живеете на планина тоа треба
да го направите сами!“
Mountain Dwellings привлекува внимание симулирајќи атмосфера на живеење
на рид. За да се постигне ова архитектите креираа проект кој не само што
содржи слика на планина на фасадата на објектот, туку и други планински
доживувања како качување и доживување на погледот од горе. Доживувањето
е достапно за минувачи и аутсајдери, како и за жителите. На двете страни од
планината се поставени челични скали достапни за јавна употреба. Додека
некој се качува по скалите, видикот се проширува се повеќе и повеќе а ветерот
дува во нив. Моментот не е ист како да сте на вистинска планина, но имате
чувство дека сте на симулирана планина и тоа е едно ново доживување
самото. Станарите на Mountain Dwellings преферираат да го користат лифтот и
прикачените скали во внатрешноста на објектот за да стигнат до нивните
домови и паркинг места.
Навечер фасадата на Mountain Dwellings е осветлена од внатрешноста и
изгледа како палета од различни бои поради тоа што секој од катовите на
паркинг просторот е осветлен во различна боја. Ентериерот на паркингот е
декориран со слики од дивиот свет дизајнирани и насликани од страна на
францускиот артист Виктор Асх, со тоа просторот може да се користи за забави
и настани.
Од внатрешноста на паркингот кога некој би обрнал внимание на површината
на фасадата тој не ја гледа сликата на планината. Наместо тоа од
внатрешноста се гледаат детали како гредите поставени за да ги држат
алуминиумските панели на фасадата, структуралниот систем, бариери, рампи
и скали соседни на површината, а надворешниот поглед е онолку колку што
дозволуваат перфориите.
Приземјето на Mountain Dwellings се отвара за да дозволи поглед во јавните
простори како ресторани и галерии преку проѕирни стаклени прозорци.
Призејмето е резервирано за комерцијална употреба и е од јавен карактер.
Од материјалите употребени на проектот тука се перфорираните
алуминиумски плочи на северната и западната фасада кои зафаќаат
приближно 2500 метри квадратни, додека пак останатиот дел од фасадата е
алуминиум со глазура (стакло) и заедно со плафонот на паркингот и
коридорските ѕидови кои се направени од алуминиумски композитни панели
зафаќаат површина од приближно 15000 метри квадратни. Јужно поставените
тераси се креирани од дрвени панели и стакло.
Алуминиумот е материјал способен да се рециклира повеќе пати без да ги
изгуби првобитните својства. Енергијата потребна за рециклирање на
алуминиумот е 5% од оригиналната енергија искористена за производство, тука
се согледуваат очигледните финансиски и еколошки придобивки. Предности на
алуминиумот се: неговата лесност, сила, лесно се топи, лесно се формираат
форми, се рециклира, не е токсичен и не кородира. Композитните панели на
градбата се обложени од двете страни со огноодпорно, термопластично јадро.
Освен за естетика, перфорираните алуминиумски панели се користат и за
контрола на светлина и проток на воздух. Тие се покриени со масло против
корозија, ПВЦ фолија против гребнатинки и се Хот-дип галванизирани (процес
на покривање со цинк за заштита од корозија). Искористени се 6 различни
големини во процесот на перфоризација при креирањето на сликата на
планината. Перфорираните алуминиумски панели од фасадата можат да бидат
искористени повторно и од нив може да се направи мебел. Мебелот во јавни
места генерално се прави од перфориран метал за хигиенски цели.
Перфорирани листови можат да се користат за седење. Рамките на панелите
можат да се стопат и да се создадат нови рамки за мебел. Друга можна
реупотреба на панелите е да се направи жив ѕид на кој ќе расти зеленило.
Mountain Dwellings за мене представува современа уметност, микс од
фантазија и инжинерство, нов вид на доживување кое е чекор кон иднината. Со
одстапување од традиционалноста BIG и JDSA успеаја да креираат градба која
се здоби со бројни награди и пофалби од најзначајните денешни архитектонски
натпревари. Планината е успешно донесена во рамнините. Играта на боите во
Mountain Dwellings дава чувство на будење на природата како еден вид аурора
која се наоѓа во самиот објект. Сликите во паркингот и на фасадата пак го
доловуваат поднебјето и она што се наоѓа под таа аурора, див свет и природа.
Оваа градба представува една прекрасна атракција и придонесува во
уживањето за туристите и набљудувачите.
Мој став е дека ова е токму она кон што архитектурата треба да се движи,
атрактивност и возбуда. Новата ера во архитектурата ја следи изборот на
еколошки материјали, лесно произведливи и способни за рециклирање токму
како материјалите во Mountain Dwellwings.

Факултет: Универзитет Американ Колеџ Скопје


Студент: Дарко Стефановски
Насока: Визуелни Уметности
ИД: 5024

1. Mountain Dwellings
2. Ситуација
3. Тераси
4. Планови
5. Ентериер
6. Материјали
7.Паркинг
8. Поглед

You might also like