You are on page 1of 7

ТЕМА 4

Поим за алгоритми и програми


5 часа

Час број Недела број Наслов на содржината


29 15 Поим за алгоритам и програма како дел од софтверот
30 15 Улогата на програмите во компјутерот
31 16 Програмата како низа од последователни инструкции
32 16 Извршување на програма од компјутерот
33 17 Извршување на програма од компјутерот
ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ
Час: 29
Дата:
Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањето
Програмско подрачје: Тема 4 - поим за алгоритми и програми
Наставна содржина: Поим за алгоритам и програма како дел од софтверот
Тип на час: обработка
Цели: да ги објаснува со свои зборови поимите алгоритам и програма
Очекувани исходи: преку наведување пример, објаснува што е алгоритам и објаснува што работи одредена програма
Место на реализација: училница
Форми на работа: заедничка работа, индивидуална работа
Наставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на работа со компјутерска
технологија
Наставни средства: компјутер, тетратка
Следење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа,
објаснува
ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:
Дискусија: Што е заедничко на: вртењето телефонски број, рецептот за правење торта, варењето чај, купувањето леб и сл.?
(нивното успешно извршување е всушност низа од последователни чекори)
Сè што правиме може да се запише во вид на последователни чекори или инструкции.
Учечко - поучувачка активност: Наставникот презентира пример од секојдневниот живот запишан постапно, во чекори.
Активност 1:
Телефонирање
 Чекор 1: Дигни ја слушалката.
 Чекор 2: Сврти го бројот.
 Чекор 3: Почекај да се јави личноста.
 Чекор 4: Зборувај со личноста.
 Чекор 5: Спушти ја слушалката.
Активност 2
Рецепт за чоколадна торта.
Состојки: 400 г. чоколада, 3 јајца, 1 маргарин, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 1 чаша брашно.
 Чекор 1: Стопи ги чоколадата и маргаринот.
 Чекор 2: Истури го шеќерот во стопената чоколада и измешај.
 Чекор 3: Истури ги јајцата и ванилата и измешај.
 Чекор 4: Истури го брашното и измешај.
 Чекор 5: Добиената смеса истури ја во тавче.
 Чекор 6: Печи на 250 степени околу 40 минути.
 Чекор 7: Се остава да се излади и се јаде.
Наставникот ги запознава учениците со поимот алгоритам.
Алгоритам претставува множество упатства за извршување операции со точно зададен редослед со цел решавање на даден
проблем.
Самостојна работа: во тетратката да напишат алгоритам за миење заби. Како илустрација на оваа задача, на крај го следиме
видео – клипот https://www.youtube.com/watch?v=Da5TOXCwLSg .
Евалвациона активност:
Водиме дискусија: кои карактеристики треба да ги има добриот алгоритам? (Алгоритмите треба да се недвомислени, јасни,
прецизни - секоја операција треба да е јасно определена, треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на
операциите и треба да е разбирлив за секого, независно кој го напишал. За даден проблем може да се напишат различни
алгоритми и сите тие да бидат правилни, т.е. да даваат точно решение).
ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ
Час: 30
Дата:
Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањето
Програмско подрачје: Тема 4 - поим за алгоритми и програми
Наставна содржина: Улогата на програмите во компјутерот
Тип на час: обработка
Цели: да ја објаснува преку примери примената на програмите во компјутерите и секојдневниот живот
Очекувани исходи: преку примери, објаснува каде се користат програмите и што тие работат
Место на реализација: училница
Форми на работа: заедничка работа, индивидуална работа
Наставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање,
Наставни средства: компјутер
Следење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа, ја
објаснува улогата на програмите во компјутерот
ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:
Дискусија: Што е задача на програмите? Кои програми учениците ги користеле при работата со компјутер? Програмите му
кажуваат на компјутерот како да реши одреден проблем. Всушност, задача на програмите е да му кажат на компјутерот како
да ги прифати влезните податоци, да оперира со нив и да врати излезни податоци.
Учечко - поучувачка активност:
Се разгледува одреден тип на програма, на пр. за изработка на презентации – влез: преку наредби од тастатурата и маусот,
што работи: форматиравме области со текст и слики, излез: добиваме убава презентација. Анализираме и друг тип програма,
на пр. програма за обработка на текст: кој е влезот, што работи и што се добива на излез (влез: карактери внесени од
тастатура, што работи: форматирање на текст, излез: прикажан или испечатен уредно организиран текст).
Дали само компјутерите користат програми? Каде во секојдневниот живот се среќаваме со програми? Програмите не се
користат само во работата со компјутер, туку и во разни уреди, на пр. ТВ - уредите, музичките системи, клима уредите можат
за да се програмираат и со нив да се управува од одредено растојание. Тоа значи дека овие уреди користат програми кои се
вградени. Пример: за да може телевизорот да ги разбере влезните команди што ги испраќа корисникот преку далечинскиот
управувач мора да има вградено програма. Врз основа на добиената команда, чипот во кој е испрограмирана логиката на
телевизорот поттикнува одредена активност, т.е. поттикнува други електронски компоненти.
Евалвациона активност:
Секој ученик треба да даде пример на кој начин програмите се составен дел од нашиот живот.
ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ
Час: 31
Дата:
Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањето
Програмско подрачје: Тема 4 - поим за алгоритми и програми
Наставна содржина: Програмата како низа од последователни инструкции
Тип на час: обработка
Цели: да го објаснува начинот на кој компјутерот извршува одредена програма – прецизно и недвосмислено следење и
извршување на последователните инструкции
Очекувани исходи: составува едноставен алгоритам на секојдневна човечка активност, преку кој се симулира структурата на
компјутерската програма
Место на реализација: училница
Форми на работа: заедничка работа, индивидуална работа
Наставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на работа со компјутерска
технологија
Наставни средства: компјутер
Следење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа,
објаснува процес на извршување на компјутерска програма

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:
Повторуваме што е алгоритам и кои карактеристики треба да ги има добриот алгоритам (Алгоритам е збир од едноставни
инструкции за извршување на одредена задача. Компјутерската програма е всушност алгоритам, преведен на компјутерски
јазик кој компјутерот го разбира. Алгоритамот треба да е недвосмислен, јасен, прецизен - секоја операција треба да е јасно
определена, треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на операциите и треба да е разбирлив за секого,
независно кој го напишал. За даден проблем може да се напишат различни алгоритми и сите тие да бидат правилни, т.е. да
даваат точно решение).
Учечко - поучувачка активност:
Се гледа видеото од линкот https://www.youtube.com/watch?v=xngWoocXYCo . Се следи неговата содржина, а наставникот
објаснува какви проблеми има роботот – келнер за да ја пренесе чинијата со храна од кујната во ресторанот.
Замисли си ресторан во кој роботот е келнер. Тој има едноставен компјутерски мозок и мора да му се каже како да ја пренесе
храната од кујната во ресторанот. Најпрво процесот мора да се разбие на едноставни инструкции кои компјутерот може да ги
разбере.
Роботот – келнер програм бр. 1
1. Земи ја храната.
2. Оди од кујната во ресторанот.
3. Остави ја храната.
Во овој програм роботот ја зема храната во чинијата, поминува во ресторанот низ ѕидот и ја фрла храната на подот.
Алгоритамот не беше доволно детален.
Катастрофа!
Инструкциите не беа доволно јасни: заборавивме да му кажеме на роботот да оди низ врата. Изгледа очигледно за луѓето да
излегуваат низ врата, но компјутерите не можат да размислуваат.
Роботот – келнер програм бр. 2
1. Земи ја чинијата си храна.
2. Премести се од кујната во ресторанот со тоа што
- ќе дојдеш до вратата помеѓу кујната и ресторанот.
- ќе ја отвориш вратата.
3. Стави ја чинијата на масата во ресторанот.
Овојпат му кажавме на роботот – келнер да излезе низ вратата. Излегува низ вратата, но се сопнува од мачката од
ресторанот, паѓа и ја плеснува чинијата со храна на подот.
Сè уште не е перфектно
Роботот не знае како да избегне препреки како што е мачката. Програмот мора да му даде на роботот инструкции како
безбедно да се движи.

Роботот – келнер програм бр. 3


1. Земи ја чинијата со храна држејќи ја подигната цело време.
2. Движи се од кујната во ресторанот со тоа што
Ќе се движиш до вратата внимавајќи на препреки кои ќе ги заобиколиш.
Ќе се движиш од вратата до масата внимавајќи на препреки кои ќе ги заобиколиш.
3. Спушти ја чинијата со храна на масата во ресторанот.
Во оваа верзија од инструкциите, роботот успешно ја однесе храната од кујната во ресторанот, избегнувајќи препреки. Откако
ја остави чинијата на масата во ресторанот, роботот остана во ресторанот додека храната се трупаше во кујната.
Успех на крај?
Најпосле роботот безбедно ја однесе храната во ресторанот, но ние заборавивме да му кажеме да се врати во кујната и да ја
земе следната чинија.
Евалвациона активност:
Се бира еден ученик кој застанува на отприлика 2 метри од лавабото. Помеѓу него и лавабото се става столче, како препрека,
како на сликата. Останатите ученици во тетратка треба да напишат алгоритам во кој ученикот треба да стигне до лавабото.
Корисно е да направат скица на наредбите.

Ученик Столче Лавабо


ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ
Час: 32
Дата:
Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањето
Програмско подрачје: Тема 4 - поим за алгоритми и програми
Наставна содржина: Извршување на програма од компјутерот
Тип на час: обработка
Цели: да го објаснува начинот на кој компјутерот извршува одредена програма – прецизно и недвосмислено следење и
извршување на последователните инструкции
Очекувани исходи: извршува едноставен алгоритам на секојдневна човечка активност, преку кој се симулира работата на
компјутерска програма
Место на реализација: училница
Форми на работа: заедничка работа, индивидуална работа
Наставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на работа со компјутерска
технологија
Наставни средства: компјутер
Следење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа,
објаснува процес на извршување на компјутерска програма

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:
Воведната активност од овој час е всушност евалвационата активност од претходниот час.
Учечко - поучувачка активност:
Се потсетуваме на проблемот во завршниот дел од минатиот час. Ученикот треба да стигне до лавабото, но помеѓу ученикот и
лавабото се наоѓа препрека која треба да се заобиколи. Ученикот глуми робот кој прави само она што ќе му се каже.
Точното решение на овој алгоритам би бил следниот:
4 5 6

3 7

1 2 8
9

1. Оди право додека не стигнеш до столчето и застани.


2. Сврти се ¼ круг во лево/ десно.
3. Направи 2 чекори напред.
4. Сврти се за ¼ круг во десно/ лево.
5. Направи два чекори напред.
6. Сврти се за ¼ круг во десно/ лево.
7. Направи два чекори напред.
8. Сврти се ¼ круг во лево/ десно.
9. Оди право додека не стигнеш до лавабото и застани.
Се укажува на евентуалните недостатоци во алгоритамот (на пр. не е наведено колку да чекори, не е наведено кога да сопре,
за колкав дел од кругот да се заврти и сл.).
Постапката се повторува со друг ученик.
Евалвациона активност:
Се води дискусија дека компјутерската програма е всушност алгоритам, преведен на компјутерски јазик кој компјутерот го
разбира. Се поставува прашањето, што ќе се случи доколку зададениот алгоритам не е сосема точен? (компјутерот нема да го
изврши она што сме го замислиле).
ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ
Час: 33
Дата:
Наставен предмет: работа со компјутери и основи на програмирањето
Програмско подрачје: Тема 4 - поим за алгоритми и програми
Наставна содржина: Извршување на програма од компјутерот
Тип на час: повторување и утврдување
Цели: да го објаснува начинот на кој компјутерот извршува одредена програма – прецизно и недвосмислено следење и
извршување на последователните инструкции
Очекувани исходи: извршува едноставен алгоритам на секојдневна човечка активност, преку кој се симулира работата на
компјутерска програма
Место на реализација: училница
Форми на работа: заедничка работа, индивидуална работа
Наставни методи и техники: вербален – дијалошки метод, метод на усно излагање, метод на работа со компјутерска
технологија
Наставни средства: компјутер
Следење и вреднување (методи, инструменти и индикатори): усни одговори на прашања поставени од наставник, чек листа,
применува знаења
ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност:
Повторуваме што се тоа алгоритми, се потсетуваме зошто алгоритмите мораат да бидат јасни и недвосмислени (бидејќи
компјутерот прави само она што ќе му се каже, тој не размислува).
Учечко - поучувачка активност:
Како самостојна работа на овој час им задавам два наставни листови од оваа тема, за да ги утврдиме знаењата од неа.
Следам дали задаваат точни вредности на променливата (оди n полиња напред, n е променливата) и други параметри (врти
лево, врти десно).
Евалвациона активност: Заеднички го решаваме третиот наставен лист, со кратка дискусија доколку имаат одредени тешкотии
при негово решавање.

You might also like