Professional Documents
Culture Documents
Во одговор на Горан Стошевиќ Вие први ќе барате дуче
Во одговор на Горан Стошевиќ Вие први ќе барате дуче
Гордан Стошевиќ треба да биде спокоен: нема опасност од фашистичка држава затоа што
македонскиот капиталистички поредок не е загрозен, ниту економски, ниту политички,
барем засега. Но, во какви околности секогаш по правило се појавува фашистичка држава?
Она што го предлагале бизнисмените било драматично: тие сакале генералот Батлер да му
достави ултиматум на Рузвелт. Рузвелт ќе се преправал дека се разболува и немоќен од
полиовирусот и ќе му дозволи на новосоздадениот офицерски кабинет, „Секретаријат за
генерални работи“ да работи наместо него. Секретарот, се разбира, ќе ги извршувал
наредбите на Вол Стрит. Ако Рузвелт одбиел, тогаш генералот Батлер би го уапсил со
армија од 500 000 воени ветерани од американската легија. Но, Мекгваер го уверил Батлер
дека насловната приказна ќе проработила:
Бизнисмените исто така ветиле дека парите не се никаков проблем: Кларк му рекол на
Батлер дека ќе потроши половина од своето богатство од 60 милиони долари за да ја спаси
другата половина.
Ако ова звучи премногу фантастично за да веруваме, треба да запомниме дека до 1933
година, злосторствата на фашизмот допрва требало да се случат, а опасностите од
фашизмот биле претежно непознати, дури и за неговите приврзаници. Но, во раните
денови, многу бизнисмени отворено му се восхитувале на Мусолини затоа што тој
користел силна рака за да се справи со синдикатите, да ги задуши социјалните немири и да
ја натера економијата под закана од терор повторно да работи. Американците денес би
биле вчудоневидени да дознаат за многу познати милионери во тоа време кои се
восхитувале на Хитлер и Мусолини: Хенри Форд, Џон Д. Рокфелер, Џон и Ален Далес
(кои освен што беа милионери, подоцна првиот станал државен секретар на Ајзенхауер и
вториот директор на ЦИА), и, се разбира, сите биле дел од горенаведениот список на
пучисти. Тие ги демантирале Хитлер и Мусолини само откако нивните ѕверства се
зголемиле на неодбранливо ниво.
Левица ниту е тајно финансирана партија и ниту пак е организирана од воени лица за да
би присвоила фашистички карактеристики. Гордан Стошевиќ прави грешка кога Апасиев
го поистоветува со „малиот македонски дуче“ затоа што тој не е популарен меѓу
војниците и не се идентификува со нив, напротив, Апасиев, како и генералот Батлер, е
човек од народот, а не политичките елити.
И во бочвите со најдобро вино има комиње. Така под Рамнината на која припаѓа
Стошевиќ има блато. Гадно мочуриште низ кое се проѕира егоизмот на Ејн Ренд. Тука се
тресе немото очекување на плашливците. Ништо помизерно. Сите срамотилаци, а никаков
срам. Прикриена пизма. Револт под сервилноста кон политичките елити. Цинично
исплашени, полни храбрости на подлоста, секогаш преминувајќи на страната која успева
да формира влада.