Professional Documents
Culture Documents
Во одговор на Џабир Дерала
Во одговор на Џабир Дерала
Маркс уште пред скоро цели два века докажал дека: „Кој со категориите на капитализмот
ја гради зградата на некој идеолошки систем, тој ги разединува членовите на
општествениот систем. Тој тогаш секој член на општеството го преобразува во одвоено
општество, а потоа овие одвоени општества истапуваат едно по друго“. Во многу
разговори со работници (Македонци), тие кажуваат: „Нека бидам и Србин, и Бугарин или
било што само дај ми да заработам доволно.“ Оваа нивна изјава нè враќа во антички Рим
(Ubi bene ibi patria = Каде ми е добро тука ми е татковината). Само глуп човек и кој е
расипан до злосторство, како Џабир Дерала и Али Ахмети, може да тврди дека тоа не е
точно и да го става правото на етничка припадност над правото на класна припадност!
Зарем тоа не го потврдуваат стотиците илјади Македонци и Албанци кои мораа да ја
напуштат својата „суверена и независна држава“ и да побараат кај „гнилите капиталисти“
леб, не мислејќи повеќе или не можејќи да се вратат. Тие таму ќе постанат Германци,
Французи, Американци, Италијанци, Швајцарци и сл., а од рамноправноста на Ахмети и
Зијадин Села меѓу македонската нација и албанскиот етникум нема ништо! Таа е фраза,
флоскула, празен збор за измама на наивни, очајни сограѓани, Македонци или Албанци,
независно! Животот го покажува тоа и докажува дека и регрутираните млади борци на
ОНА и бранителите на македонскиот Устав залудно жртвуваа крв!
Aпасиев „се служи со груб, недоквакан и вулгарен јазик, во кој нема ни малку стил, еден
јазик на улицата кој нема допирни точки со тоа што може да го подразбира една позиција
каква што е професор на факултет“, затоа што тој во политиката не настапува како
факултетски професор кој ќе паламуди флоскули на политичка коректност, туку настапува
како defensor plebei или l’ami du peuple чиј стил на изразување радосно ме потсетува на
француските револуционери Жак-Рене Ебер и Жан-Пол Мара. Наполеон Бонапарта во
една прилика за „обвинувачкиот јазик“ на Мара има кажано: „Го сакам Мара бидејќи тој е
искрен: Тој секогаш го кажува тоа што го мисли.“ Aпасиев стана глас за работничката
класа на Скопје преку неговиот извонредно успешен и влијателен профил на социјалната
мрежа Фејсбук, користејќи „народен јазик“, чии анегдоти се духовити, контемплативни и
кои симетрично пулсираат со она што го чувствуваат македонските работници, а не можат
да го изразат преку буржоаските мас-медиуми. Бидејќи „неугледната фигура“ на Апасиев
ги одразува говорот и стилот на облекување на својата публика, неговите читатели ја
слушаат и ја следат неговата порака. Апасиев е гнев, гневот на правдата на народот и затоа
го слушаат и веруваат во него. Овие крици на узбуна и бес што ги сметате за празни, се
најнаивните и најискрените изрази на страста што ја гризат неговата душа! „Не сакам кога
туѓата (не)совест ќе стане судија на мојата слобода.“ (Апасиев)
Понатака, политички неукиот Дерала неосновано тврди дека Улоф Палме имал
социјалистичка политичка ориентација и го става на истиот пиедестал на левичарски
икони како Роза Луксембург. Нееднаквостите во богатството се релативно високи во
Шведска. Топ еден процент најбогати Американци поседуваат околу 35% од
општественото богатство, додека топ еден процент најбогати Швеѓани поседуваат од 25
до 40% од вкупното богатство, што не е далеку од нивоата на нееднаквоста во
Соединетите Американски Држави, и чиј удел сè повеќе се зголемува. Во исто време,
меѓугенерациската мобилност на богатството во тие топ еден процент е вџашувачки
ниска. Едно неодамнешно истражување открива дека извонредни 80-90% од нееднаквоста
во богатството на најбогатите е доделено на следната генерација во Шведска! Според
друго истражување, уделот на најбогатите Швеѓани кои го наследиле своето богатство е
околу 2/3 со 1/3 кои се претприемачи, додека во Соединетите Американски Држави
спротивното се случило, со 1/3 од најбогатите кои го наследиле своето богатство додека
околу 2/3 се претприемачи. Според тоа, во врвот на класите на шведското општество има
мал број на аристократски семејства кои контролираат најголем дел од богатството.
Мобилноста во оваа група е ретка, веројатно поретка од таа што се случува во
Соединетите Американски Држави. Една причина се посилните неформални класни
бариери, само фактот дека заработувате богатство не е доволен за да бидете прифатени
како член на аристократската висока класа. Друга поинтересна причина која го руши
митот за неолиберализмот и во исто време ја докажува редистрибутивната даночна
политика како палијатив, е можеби ненамерната последица на економските политики на
шведската држава на благосостојба!
Според Дерала, Апасиев „заслужува малку повеќе внимание отколку што му придавав(ме)
до неодамна“, но не затоа што Апасиев е „микроскопска, карикатурална и вулгарна
верзија на Мусолини“, туку затоа што сороспиите како Дерала се плашат од Апасиев
бидејќи е терор за политичките елити, а за демократијата тој е бранител. За народот, тој е
defensor plebei. Најревносен пријател на народот, а на терен интервенционист од помош за
сиромашните! На Апасиев не му треба ни позиција ни пратеничка плата. Тој се избори да
стане пратеник во Собранието затоа што се надева дека така поефикасно ќе ѝ служи на
татковината. Единствената амбиција на Апасиев е да помогне во спасот на народот, да
биде слободен и среќен народ, и сите негови желби ќе бидат остварени. Орелот Апасиев
секогаш маршира сам, мисирот Дерала се групира!
Томислав Захов