You are on page 1of 3

Гордан Стошевиќ не разбира или не сака да разбере што значи поимот „пасокизација“.

Тоа е политички процес на одумирање на конвенционалната левица во Грција поради


нејзиниот попустлив скоро вазалски однос кон Европската тројка (Европската комисија,
Европската централна банка, и Меѓународниот монетарен фонд) и издигнување на
радикалната левица СИРИЗА на нејзиното место. Традицијата на клинички мртвата
ПАСОК го притискаше како мора мозокот на новородената Радикална левица. Резултат?
Пораз на СИРИЗА на парламентарните избори и нејзина сигурна „пасокизација“ со
издигнувањето на Европскиот реален фронт на непослушност чиј генерален секретар е
Јанис Варуфакис, министерот за финансии во владата на СИРИЗА од јануари-август 2015
кој си даде оставка од таа позиција затоа што не веруваше дека домашната должничка
криза ќе се реши со ново задолжување.

Пасокизацијата на СДСМ е реален политички процес. На парламентарните избори во 2020


СДСМ доби 46 пратеници, дури 8 пратеници помалку од парламентарните избори во 2016,
и 1 пратеник повеќе во минус од ДПМНЕ. Тоа што СДСМ во 2016 доби 15 пратеници
плус од претходните избори во 2014 е резултат на силната социјална реторика на
партијата во предизборието дека ќе ги казни корумпираните политичари од дотогашната
власт на Груевски и ќе ги намали огромните класни разлики во земјата. Не само што
СДСМ допушти да застарат многу од обвиненијата против корумпираните политичари, не
само што не обезбеди максимален притвор за сега пребеганиот Груевски, не само што
ретерираше од воведувањето на прогресивниот данок со цел да ги намали класните
разлики во земјата, туку „ги повикуваат во своја служба духовите на минатото, ги
позајмуваат од нив имињата, борбените пароли, костумите, за да преоблечени во тоа
прекрасно руво и со помош на позајмениот јазик, би извеле нова светско-историска
сцена“.

Гордан Стошевиќ тврди дека „концептот Левица кој првично беше оформена како
левичарска антисистемска партија, денес воошто не содржи ниту еден единствен елемент
од политичката платформа на чии идеи почиваше основата на првобитно формираната
партија.“

Но, доволно е човек да ја прегледа политичката платформа за да увиде дека Гордан


Стошевиќ просто лаже! Таму категорично е наведено дека Левица е „за создавање на
бескласно општество“, „неотуѓеност на работникот од сопствениот труд, како и за
праведна прераспределба на доходот“, „за систем кој интересите на народот ќе ги стави
пред интересите на елитите“. Гордан Стошевиќ запаѓа во противречност кога зборува за
„држава која е одамна без свој суверенитет, со апстрактни аспирации за интеграција во
ЕУ, и лажна атлантска перспектива во која гледа колективна безбедност под чадорот на
НАТО, кој небаре е гарант за мирот в куќа“, и во исто време ја критикува Левица што
„денес воошто не содржи ниту еден единствен елемент од политичката платформа на чии
идеи почиваше основата на првобитно формираната партија“, иако во политичката
платформа Левица токму за тоа се залага – „враќање на суверенитетот на државата“ преку
„обединувањето на сите работници во Македонија, без разлика од етничката припадност“.
Кој со категориите на политичката економија (капитал, камата, рента) ја гради зградата на
некоја нација, тој ги разединува членовите на општествениот систем. Тој тогаш секој член
на општеството го преобразува во одвоено општество, а потоа овие одвоени општества
истапуваат едно по друго. Ова е тоа што Гордан Стошевиќ не може да го разбере и затоа
погрешно тврди дека Апасиев е „нов водач, кој не е резултат на историскиот
материјализам, туку на духовната потреба од самоидентификација.“

Историскиот материјализам е сфаќање на некое збиднување, размислување, рефлексија за


некое збиднување, теорија која го објаснување тоа збиднување и која ги бара можностите
на човечката акција, на човечката дејност, врз основа на тие сознанија. Апасиев е
историски феномен. Тој е несомнено реакција на Договорот од Преспа. Ако никогаш не
беше Договорот од Преспа, можеби никогаш немаше да го има Апасиев. Но, сосема е
погрешно да се тврди како што тоа го прави Гордан Стошевиќ дека Апасиев не е резултат
на историскиот материјализам, кога самиот Договор од Преспа е резултат на историскиот
материјализам.

Апологетите на денешниот систем во цел свет го промовираат приватниот интерес за


основен фактор на мобилизација на човекот. Но, Маркс докажал дека не е така. И не е
можно кон ова да не се додадат Марксовите зборови: „Приватниот интерес ја дели
нацијата на толку нации колку што во неа има возрасни поединци.“ Поборниците на
„националното единство“ треба да размислат добро како да го „облагородат“ приватниот
интерес и да ја елиминираат оваа негова негативност, која досега е потврдена во безброј
злодела низ историјата како во случајот со Договорот од Преспа. А во „Капиталот“ Маркс
вели: „Погрешна апстракција е да се смета нацијата, чиј начин на производство се темели
на вредноста и е капиталистички организирана, како организирана целина, која работи
само за национални потреби.“ Цитираното не имплицира заклучок за откажување од
националните чувства, туку тоа докажува дека не е можно градење на национално
единство со стоковно стопанисување.

Освен Апасиев кој се залага за создавање на бескласно општество, сите досегашни


„лидери“ заговараат еднаквост, рамноправност, законитост, правна држава, сожителство и
какви не сè уште чуда на стоковното стопанисување, кои се исклучуваат со него. Тоа
признава само господство на капиталот и сè друго паѓа во вода пред него. Тоа да не може
да се види е доказ на интелектуално слепило или на крајна неодговорност и несовесност
што заслужува и кривично гонење.

Да се биде човек член на Левица, тоа значи да биде бран на океанот. Во Левица владее
една волја, која е волја на сите и волја на никого. Таа волја е една идеја, идеја нескротлива
и неизмерна, што дува во темнината од небесната височина. Ние од Левица го викаме тоа
Револуција. Кога ќе помине, таа идеја едни ќе турне, а други ќе ги издигне, некого ќе
однесе како пена, а некого ќе разбие од подводните карпи. Таа идеја знае каде оди и ја
тера бездната пред себеси. Да се убедуваат луѓето за револуцијата, тоа е исто како и да се
убедуваат морските бранови за приливот. Левица таа револуционерна партија е една
форма на онаа внатрешна појава што нè притиска од сите страни и што ја викаме Потреба.
Таква е таа неизмерна Левица опколена со ровови, боиште на македонскиот род, на кое
истовремено напаѓаат сите темнини, ноќни огнови на една опколена војска од идеи,
огромен логор од духови на една падина од пропаста. Ништо во поновата историја на
македонската политичка сцена не може да се спореди со таа Левица, која е истовремено и
трибун и простољубие, и ареопаг и јавен плоштад, и суд и обвинет. Левица секогаш се
витка според ветрот, но тој ветар дува од устата на народот и е духот на времето.

You might also like