You are on page 1of 2

Драг сограѓанину Јованче балистче,

Е, замисли ваква ситуација Јованче:

Замисли ДУИ да има нормален претседател и претставник во Парламентот, наместо


балист како Али Ахмети, и тој да се бори за правата на сите без разлика на етничката, или
каква и да е друга определба и да не му смета граѓанската демократија, откажувајќи се од
инсистирањето на консензуална „демократија“.

Се разбира, дека сегашното раководство на ДУИ такво какво што е сега ќе биде
фрустрирано и ќе се осеќа многу непријатно во ситуација на функционирање на правната
држава.

Срамота е за СДСМ кои гласаа против автентичното толкување на законот за амнестија во


2011 за да во 2017 година одлучат само заради формирање на владино мнозинство да
коалицираат со социјалшовинистичка и балистичка мафија од партија со име ДУИ.
Срамота е и за нашите сограѓани Албанци кои продолжуваат да им даваат доверба на овие
криминалци од ДУИ со гласање на избори. Ќе го разберам членството или симпатизерите
кои индиректно или директно виделе корист преку вработување на државни јасли, но
никако не можам да ги разберам оние кои 19 години ‘и даваат поддршка на една партија
чија етноцентристичка идеологија на одбрана на албанските права прво не им обезбедила
егзистенцијални права за да останат во Македонија како би ги уживале бенефитите од
„етничките права“. Излегува дека со секоја денунцијација на ДУИ која започнува со
зборовите „драги мои Албанци“ нечесно и мафијашки ги лажат своите сонародници во
кои само гледаат гласачка машинерија без да се потрудат во овие скоро две декади да им
обезбедат егзистенцијални права барем на достоинствено ниво како не би биле принудени
да ги напуштаат своите прадедовски огништа.

Димитар Апасиев е избран за пратеник во собранието на РМ со најмногу гласови (12 000)


од сите други 119 избрани пратеници. 5000 гласови повеќе од прајминистерот. И дури
7000 гласови повеќе од дотичниот „г-дин“ борец за права на Албанците Али Ахмети, кој
се најде на претпоследно место. Кандидатот за пратеник од Левица Бранко Ристов иако
освоил повеќе гласови од Никола Димитров и Билал Касами, сепак, квази-демократскиот
изборен систем и буржоаско-партиската супериорност на троглавото чудовиште ДУИ-
ДПМНЕ-СДСМ не му овозможија да стане пратеник. Ист случај со Реџеп Исмаил, исто
така кандидат за пратеник од Левица, иако освои повеќе гласови од Зијадин Села, Али
Ахмети и Џевдет Спахиу. Ејуп Халили, наместо во затвор, заврши во парламент.
Членовите на ДИК ја прифатиле кандидатурата на Ејуп Халили од ДУИ знаејќи дека е
осуден на 3 ипол год. затвор за „Титаник 3“ како би добил пратенички имунитет пред да
почне да ја отслужува казната. Колку мито добиле членовите на ДИК за да го спасат
Халили од затвор?! Е, овие балистички шовинисти, драг Јованче, треба да ги прозиваш, но
ти не само што немаш чесност тоа да го правиш, туку и евнух си!

Не се работи за умешноста на дотичниот функционер од ДУИ, мој Јованче балистче,


(етничката припадност на Министерот за надворешни работи е оспорена од него самиот
затоа што тој попрво ги застапува буржоаските интереси – за богатење – на својот шеф
одошто борбата за достоинствен социјален живот на сограѓаните Албанци!), туку се
работи за тоа што БУЈАР ОСМАНИ е уште една криминална битанга за која се води
истрагата под кодно име „Пациент“ од страна на СЈО. Негово отповикување треба да се
бара не само поради тоа што доаѓа од партија која е шовинистичка, етноцентристичка и
балистичка, чии челници се товарат и со воени злосторства против човештвото, ами
сериозно треба да се повикува и бара што се случува со предметот „Пациент“ на СЈО, во
кој главен осомничен е „интегративецот“ БУЈАР ОСМАНИ.

Сегрегација и до денешен ден спроведуваат паравојски на ДУИ така што не им


дозволуваат на иселените Македонци да се вратат во своите родни места Матејче и
Арачиново од каде беа иселени за време на наездата од Косово во 2001. На
федерализација повикува Зијадин Села. За „возовите“ кон непознатите, необележани
гробови на недолжни цивили и обидот за сепарација на државните граници на
Р.Македонија и до денешен ден не е судено поранешното воено раководство на ДУИ.
Правната држава не функционира за челниците на ДУИ дури и по 18 години од
завршувањето на конфликтот со што случаите на СЈО против нив не се процесираат, затоа
што се заташкуваат преку разно-разни партиски пазарања меѓу СДСМ и ДУИ. Затоа... ќе
прашам, кој си ти да го нарекуваш Апасиев шовинист?!

Мене ми е срам како Македонец што имаме вакви квислинзи како тебе што без ни трошка
совест искажува поддршка за едно неолибералистичко-балистичко владино мнозинство.
Оттука, секогаш кај совесниот и сиромашен стоик од Македонец ќе има нетрпеливост и
недоверба кон такви профили на граѓани како тебе.

Тие хомос патетикуси што избегаа од Левица на Апасиев, слободно нека си формираат
сопствена партија, ако воопшто се способни левичари. Ќе дојде денот кога СДСМ и
ДПМНЕ ќе си ги соберат парталите од собранието и ќе заминат на буништето на
историјата, а таквите нивни буржоаски сикофанти како тебе Јованче, ќе немаат во чиј
интерес да пишуваат за грст сикли и ќе мора да си го заработуваат лебот во туѓина за
некои белосветски капиталисти.

Смрт за балистичкиот неолиберализам на ДУИ-СДСМ, слобода за граѓаните!

You might also like