Professional Documents
Culture Documents
Несудениот хирург Никола Тодоров неуспешен адвокат на демократско ВМРО
Несудениот хирург Никола Тодоров неуспешен адвокат на демократско ВМРО
ВМРО“
„Сè додека Мицковски е на чело на ВМРО, СДСМ ќе биде на власт.“ (Никола Тодоров)
Ако Мицковски ви е проблемот, тогаш вратете го Груевски и дојдете на власт! Но, чуму
користа за народот што ДПМНЕ беше 11 години на власт ако сè ви се сведуваше на гола
амбиција да владеете за лично профитерство!!! Зошто народот треба да ви верува дека
поинаку ќе владеете?!
Вие, како опозиција, не се разликувате во ништо од власта, која исто така го сака она што
и Вие. Ако никој не брани поинакви ставови од вашите, тогаш што сакате со вашата
колумна? Да дојдете на власт. Па, колкупати бевте досега? И зошто ви е сега потребна
власта?! Да продолжите како и порано со афери, тендери, починати пациенти, како и
владеачите сега, да го лажете народот. Да, „г-дине“ Тодоров, вашите „заложби“ се
сведуваат на тоа.
И власта и опонентите, кажано е напред, заговараат исти цели. Тогаш целото ваше
пишување е само фарса на која ‘и е цел смена на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ… И што
корист од тоа? Ништо, како и во претходните промени.
„Господине“ Тодоров, не можам да кажам дека сте наивни кога пишувате такви колумни,
кои ви ги објавува „Дојче Веле“ редовно. Меѓутоа, меѓу наивни и злонамерни се прави
разлика. И уште се прави разлика меѓу намерно злонамерни и несвесно злонамерни, кои се
најопасни. Затоа Ленин, кој ние не го цениме, вели: „Од сите вагабонди најопасен е оној
кој не е свесен дека е вагабонд“. Ние ќе завршиме со една народна пословица: „Будалите
немаат рогови. Тие се познаваат по зборовите“. Ако ве засега изреката, самите сте
виновни за тоа.
„Верувајте, Заев и цела влада на СДСМ можат уште милион глупости и грешки да
направат и пак на избори ќе го победат Мицкоски. Ова е затоа што секоја грешка на
власта наместо да оди на конто и во полза на опозицијата оди на конто и во корист на
апатијата.“ (Никола Тодоров)
Неточно, туку ако луѓето учествуваат непосредно во управувањето на државата, ние нема
да видиме цинизам и апатија, коишто го карактеризираат типичниот современ гласач.
„Некои анализи покажуваат дека од секој 100 нови гласа за Левица, 80 доаѓаат од
гласачкото тело на ВМРО.“ (Никола Тодоров)
„Ова е страшна загуба, затоа што овие лојални гласачи на десниот центар, не се
определуваат за друга десна партија, туку за екстремно лева партија во политичкиот
спектар. Ова значи дека кога овие гласачи ќе се разочараат во Левица, а тоа ќе биде
првиот момент кога Левица ќе биде дел од власта, поголемиот дел од нив полесно ќе се
прешалтаат кон друга лева партија, читај СДСМ, отколку да се вратат кон десницата.“
(Никола Тодоров)
„Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде избран на демократски конгрес, низ една
процедура која ќе гарантира дека тој што ќе дојде после Мицкоски, има визија, политички
сенс, програма и стратегија, способност да обединува, а не да разделува, да биде работлив
и вреден и да има големо политичко искуство.“ (Никола Тодоров)
Томислав Захов