Professional Documents
Culture Documents
Ненад Јовановиќ камуфлиран тоталитарист
Ненад Јовановиќ камуфлиран тоталитарист
„Апасиев, тоа момче кое по цели денови плаче над својата судбина...“, пишува Ненад
Јовановиќ во својата пакосна, краткоумна и тенденциозна колумна „Празен со политика,
преполн со тестостерон“. Aпасиев би му реплицирал: „Ах, Јеремие да сум, не можам да ги
исплачам вашите маки“. Јеремија бил наречен „пророкот што плаче“ поради често
мрачната природа на неговата порака и тагата што ја изразувал за својот народ. Да, на
народот му требаат како воздух и вода Стентор и Јеремија, да викаат и плачат и народ да
будат. И власта да ја направат „слуга‘‘. Народот полека се буди препознавајќи ги своите
Стентор и Јеремија во Апасиев и Крмов, кои не само што го оплакуваат, туку како
вистински трибуни ревносно ги штитат интересите на народот во македонскиот
парламент.
Ненад Јовановиќ тврди дека „Апасиев денес е најбогатиот политичар“. Ако ги изземеме
членовите на владата, Лазе Таневски од пратеничката група на СДСМ е најбогатиот
политичар, бидејќи има 5 стана во вредност од 250 000 евра и земјоделско земјиште од 230
000 евра. Лесно би постанал милионер доколку ги капитализира овие недвижнини.
„Со еден негов брутален исказ во нормални земји досега ќе ја завршеше политичката
кариера...“, тврди Ненад Јовановиќ. Пред сè бесмислица е да се осуди некој на затвор
затоа што напишал нешто. Маркс вели: „Зборовите не може да служат како основа за
кривично гонење на некого. Дури делата докажуваат за што е човек способен. Додуша
зборовите можат да бидат непристојни, но затоа ме изложуваат на срамотење…“ Дури и
правниците на еден Наполеон знаеле да одредат што е навреда на службено лице а нашите
власти судат секого кој „не се смее на нивните вицеви“ дури ако човек има причина и да
плаче.
Доказ дека СДСМ „нема политичка платформа, програма, политика“ е надолниот тренд на
освоени пратенички мандати кај социјалдемократите како долгорочен резултат на нивната
гола политичка амбиција да победат на парламентарни избори без да имаат кохерентна
стратегија за прескокнување на препреките на парламентарниот пат кон општествена
трансформација.
Составот на новата влада на Заев избран на 31 мај беше објавен во службениот весник бр.
65 од 1 јуни. Само една страница подолу има одлука на регулаторната комисија за
енергетика, донесена на 31 мај, односно ден пред изборот на новата влада. Станува збор за
привремена дозвола за производство на струја на мала хидроелектрана чиј косопственик е
Кочо Анѓушев. Во службениот весник бр. 66 од истиот 1 јуни е објавено дека ден пред
изборот на новата влада Регулаторна објавила статус на повластен производител на
електрична енергија на друга хидроцентрала каде Анѓушев повторно е косопственик. Ова
е типична буржоаска игра со која е изигран законот бидејќи Регулаторната комисија ги
донела одлуките за доделување дозволи за бизнисите на Анѓушев да оперираат пред овој
буржоаски врколак да стане вицепремиер, бидејќи ако овие одлуки беа донесени два дена
подоцна ќе можеше да се покрене кривична постапка.
Либералот Ненад Јовановиќ е, како вели Ферид Мухиќ за активистите на Анима Мунди,
„шарен платеник на СДСМ – мува кој мисли дека е орел“. Либералите ги мразат
левичарите од истата причина кога вие би мразеле некој што во театар постојано вика
„Сето ова е лажно! Тоа се актери!“: тие ја нарушуваат пријатната илузија во која
либералите се обидуваат да уживаат во врска со негативците против кои се борат херојски
протагонисти (Кејтлин Џонстон, Зошто либералите ги мразат левичарите?). Либералот
Ненад Јовановиќ е таков сикофант на газдата Заев што сака да му продаде дека
продуктивност е и тоа кога некој му ги чисти болвите или му го мастурбира, бидејќи ова
последново ќе му ја направи неговата тапа глава идниот ден порасположена во владиниот
офис.
Лазар Гогов