Professional Documents
Culture Documents
Судир на Левица со олигархиските партии
Судир на Левица со олигархиските партии
Што му пречи на Љупчо Поповски што Левица можеби (!) се идентификува само со еден човек –
Димитар Апасиев?! Да, можеби, Апасиев е срцето, мозокот и телото на Левица, но тој пред сè е
јавно лице во санкилотска Македонија избран од широките плебејски маси да ги штити нивните
интереси. „Информации како функционира Левица, кои се нејзините органи, каде ѝ е седиштето,
како ги гради своите идеолошки платформи“ добро е Љупчо Поповски пред да ги напишеше овие
зборови за објава на Дојче Веле да се консултираше на официјалниот сајт на Левица каде ќе ги
најдеше сите одговори. „Партијата, едноставно, како да функционира како група во илегала.“ Ако
Левица од јуни 2020 година е веќе парламентарна партија, како може Љупчо Поповски да ја тресне
оваа глупост – дека истата „функционира како група во илегала“?!
„Она што го прави Апасиев различен е што истите тие работи ги кажува на поинаков начин,
речиси аполитички...“, тврди Љупчо Поповски. Дали е аполитички тоа што Апасиев ги инструира
сограѓаните кога нивните слободи и права се прекршени или скратени од претставниците на
власта и опонентите од најголемата опозициска партија?
Во оној момент кога Левица ќе стапи во официјална коалиција со некоја мејнстрим партија таа ќе
постане уште една пајтон партија налик НСДП која ротира околу поголема мејнстрим партија од
чија олигархиска орбита ќе може да се оддели само со сопствено распаѓање. А ако Левица
продолжи да опстојува самостојно против сите олигархиски партии ќе дојде момент кога таа толку
ќе стане моќна што ќе ги принуди двете најголеми мејнстрим партии СДСМ и ДПМНЕ да
формираат владина коалиција заради спас на самиот капиталистички систем нешто многу слично
на ситуацијата во германскиот Бундестаг.
Може да се забележи дека раководството на Левица прави тактички грешки сакајќи колку може да
ја промовира партијата во мас-медиумите како да заборава дека тие пред сè се профитерски
друштва во служба на олигархијата и тоа многу брзо се увиде откако Апасиев гостуваше на
Инфомакс кога Александар Митовски таа џукела грувистичка безобразно го обвини Апасиев дека
со филибастерингот за Законот за лични карти му купува време на Заев т.е. дека работи во негова
служба. Зарем Апасиев толку лесно заборави дека овој медиум беше озлогласен како машинерија
на најцрна пропаганда против шарените револуционери во чии редови и тој самиот се бореше
против автократот?
Љупчо Поповски го цитира Блаже Аризанов кој вели дека „Кампањските пораки на Левица се
апсурдни. Сѐ што ветува оваа партија е земање. Земање од овој, земање од оној.“ Но, Аризанов
можеби е добар бизнисмен но многу слаб политички за да проникне во пораката на Левица а тоа е
дека оваа партија се бори против експропријацијата на широките народни маси од страна на шака
узурпатори, озлогласената транзициска олигархија, и оттука нејзината кампањска порака е сосема
логична што ветува од позиција на власт дека ќе изврши експропријација на овие неколку
олигарси кои тежат милијарди – со помош широките народни маси како гласачко оружје вперено
против узурпаторите. Затоа, сикофантите Поповски и Кировски ја мразат демократијата,
посакуваат конформизам на македонската политичка сцена спрема капиталистичкиот систем и од
најголемата длабочина на нивното труло срце ја презираат Левица која претставува вистинска
закана не за распарчување на ДПМНЕ, туку на самиот олигархиски систем!
Само еден аргумент е доволен да се сруши тезата на Аризанов дека Левица сè што ветува е земање
од овој или од оној. Богаташите иако мултимилионери порадо би земале под наем луксузна вила за
живеење отколку да ја купат затоа што доколку ја купат тоа би биле мртви пари, многу расходи за
вработување голем персонал за одржување и плати за овие работници. Јасно е како ден дека овие
луксузни вили припаѓаат на оние кои ги одржуваат – работничката класа. Доколку прекаријатот би
имал малку подостоинствени извори на приход богаташите никогаш не би можеле да си приуштат
раскошни дворци и дури во тој случај се размислуваат дека подобра опција за нив би била да
изнајмат недвижнини отколку да ги купат. Левица сè што ветува е враќање од овој узурпатор кон
онаа класа која ги одржува овие имоти.
Не знам што подразбира Поповски под поимот „вистински политичар“ освен политичари кои
честопати се и бизнисмени (Заев, Јанчев, Мицковски), богати луѓе кои се занимаваат со политика
како хоби (Фијат Цановски, Камчев), политичари кои, по нивниот успех, можат да бидат
вработени во управните одбори на компании (Гордана Јанкуловска). Ако Апасиев се нарекува
„класичен опортунист“ што го пробива овој олигархиски систем отворајќи ги очите на народот за
сите негови несреќи што произлегуваат од системот тогаш би требало овој епитет да го прими
како комплимент.
Според Поповски, Левица „ќе почне да откинува толку многу гласови што победата на ВМРО-
ДПМНЕ на неколкуте наредни избори ќе биде речиси невозможна.“
Лазар Гогов