You are on page 1of 2

Уставот и двојните аршини на стариот професор

Буржоаските правници како Темелко Ристески имаат безброј игри и начини да ве преведат
преку сите реки жедни. Само вие верувајте им. Еве по член 26 од Уставот на Р.
Македонија „се гарантира неповредливоста на домот‘‘. А по „законот‘‘ самите тие
буржоаски правници што го створиле тој устав, ви испраќаат дома судски извршители да
ви конфискуваат сè со што може да подмири некоја сметка. А божем од „уставот
произлегуваат сите закони‘‘. Како сега еден закон да поништува член од уставот? И вие
верувајте во законите на буржоазијата! Со кој ум?!

Човек мора да го запраша стариот професор: Зошто во граѓанското општество во кое со


устав се гарантираат сите права и слободи на човекот, сепак правдата е недостижна,
слободата е празна и бесмислена, а приватната сопственост несигурна?

Во Уставот ви се гарантира „право на приватна сопственост“, а во праксата ти се одзема


истата за наплата на данок. Каква гаранција на човекови права и слободи е тоа? И, ако е
тоа „право на делување“, на кој објект ќе делувате и произведувате свои производи?
Капитализмот никому до денес не осигурал право на свои производи преку делување на
туѓа сопственост, иако работниците работат повеќе од коњи на туѓите објекти.

Член 30 од Уставот на Р. Македонија ви „го гарантира правото на сопственост“. Меѓутоа,


истиот остава да власта „во вид на пари“ ви ја одзема сопственоста и ја става во свој џеб.
Во таа смисла:

1. МРТВ доставува своеволни решенија со „правна сила“ на извршност за плаќање на


радиодифузна такса(!);
2. ЕВН ви монтира „бесплатни“ струјомери, кои потоа ги наплаќа со 3-5 пати
повисоки сметки од претходните. ЕВН има и други начини да ве пљачка;
3. „Водовод“ ве пљачка со „закочени водомери“. Ако пријавите во МВР за наведеното
тие не преземаат ништо. (Пријава бр.73790/11.11.2009);
4. Градоначалникот на Скопје ве пљачка со „зонско паркирање“;
5. Општината ве пљачка со продавање земја „под зграда“ и дворни места, иако се тие
дел од станот;
6. Политичарите дрдорат глупости за името, граѓански права и слободи, пазарна
економија и др., не гледајќи дека тоа се илузии на граѓанското општество;
7. Законодавците измислуваат „закони“ со цел што подлабоко да ги завлечат рацете
во вашите џебови;
8. Секоја институција ве присилува да отворите „трансакциска сметка“ за да го пратат
секое париче што ќе го добиете и да ви одземат сè што судовите ќе пресудат. (Види
наведено под 1.) И сè така до бесконечност додека не станете потполно робови.
9. Ако украдете од вашиот работодавец, тоа е кривично дело што наложува полицијата да
ви дојде дома и да ве уапси ставајќи ве во притвор. Потоа мора да платите адвокат да ве
брани пред судот од тоа обвинение (обвиненија). Ако вашиот работодавец ви украде плата
или плати, тоа е „граѓански прекршок“. Ова значи дека вашиот работодавец нема да биде
уапсен и притворен. Тој ќе биде игнориран од системот на закон сè додека не поднесете
граѓанска тужба. Мора да добиете адвокат и да го доведете на суд за да плати отштета за
неговата кражба.
10. И покрај тоа што Законот за безбедност и здравје при работа предвидува кривично
дело ако работодавците не обезбедиле работни места сигурни по безбедноста и здравјето
на нивните вработени, во Кривичниот закон не е предвидена санкција за овие кривични
дела, иако црниот биланс од 466 убиени работници претставува еклатантен пример за
СИСТЕМАТСКО „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз“ КЛАСНА
„дискриминаторска основа“.

Ако власта и институциите се обидат да ви одземат било што преку трансакциска сметка
или со извршители тоа ќе биде доказ дека не сте ѝ важни вие туку вашиот имот. За да не
се случува тоа, Левица треба да го организира народот по принцип „општонародна
одбрана“ и да спречиме да ни го пљачкаат она што го „гарантираат“ со устав. Инаку во
што тие извршители се разликуваат од турските арачлии? Размислува ли за тоа стариот
професор?!

Досега го побивме членот 51, став 2 дека наводно „секој е должен да ги почитува Уставот
и законите“.

Стариот професор тврди дека младиот професор грубо го повредува нивното со Уставот
(член 25) загарантирано право на достоинство и углед (псовките и навредите упатени кон
министерката за одбрана), а со заканата „ќе висите“ нивното право на безбедност и
слобода (член 11, став 1 и член 12, став 1).

Бесмислица е да се осуди некој на затвор затоа што напишал нешто. Маркс вели:
„Зборовите не може да служат како основа за кривично гонење на некого. Дури делата
докажуваат за што е човек способен. Додуша зборовите можат да бидат непристојни, но
затоа ме изложуваат на срамотење…“ Дури и правниците на еден Наполеон знаеле да
одредат што е навреда на службено лице а нашите власти судат секого кој „не се смее на
нивните вицеви“ дури ако човек има причина и да плаче.

Стариот професор треба да биде чесен и искрен и да одговори какви општествени реакции
предизвикале написите на младиот професор – дали некој е „обесен“ или „засрамен“ од
властодршците и нивните сикофанти – иако на еден суд кој знае да разликува критички
говор од говор на омраза лесно би се докажало дека младиот професор не направил
никакво кривично дело, туку ја исполнил својата обврска на јавен чувар, неуморен
разобличувач на властодршците, сеприсутно око, сеприсутна уста на народниот дух кој
љубоморно ја чува неговата слобода. А ако на некого му е забрането да известува за она
што се случува пред негови очи, ако во секој поскокотлив случај тоа треба најпрво да чека
додека не биде донесена судска пресуда, ако секој чиновник, од министер до полицаец,
треба прво да го праша дали изнесените факти би можеле да му ја повредат честа или
деликатноста, без обѕир дали фактот е вистинит или не е, ако трибунот се става пред
алтернатива да ги искривува или сосема премолчува случувањата – тогаш, престанува
слободата на поединецот…

Лазар Гогов

You might also like