You are on page 1of 4

Револуционерниот патриотизам на Левица:

во одговор на Гордан Стошевиќ

Во текстот насловен „Патриотизмот како последно прибежиште на националистите“,


неименувајќи ги фронтмените на Левица, Гордан Стошевиќ индиректно ги критикува
„камуфлираните“ зад превезот на патриотизмот и ги обвинува за националистичка
демагогија поради отсуство на „идеолошка поткрепа“. Но, Стошевиќ е во фатална заблуда,
па не можејќи да го препознае револуционерниот патриотизам на Левица, погрешно го
дијагностицира нивниот патриотизам како симптом на социјалшовинистички
национализам.

Етимолошката дефиниција на патриотизмот е „земја на нашите татковци“ (terre de nos


pères), земја на нашите предци кон кои се чувствуваме приврзани со историјата, културата
и различните чувства кои се провлекуваат во случај на закана. Историчарите дебатираат
околу датумот на раѓање на овој збор. Со Јованка Орлеанка, според Мишле. Или за време
на Француската револуција, со своите „деца на татковината“ (Enfants de la patrie) кои ќе
ја спасат „татковината во опасност“ (la patrie en danger). Патриотизмот на Левица е
револуционерен затоа што тие се децата на транзицијата кои се единствената надеж за
спас на татковината на работничката класа како нејзино мнозинство во емиграциска
опасност од нејзина преобразба во малцинска класа. Левица е најздравата државничка
партија чија политичка база е сиромашната класа. „La classe des infortunés, que la richesse
insolente désigne sous le nom de canaille, est la partie la plus saine de la société.“ (Маrat,
L’Ami du Peuple)

Контрареволуционерниот патриотизам се состои пак во активната поддршка од страна на


националните влади за конечно спроведување на светскиот милитаристички режим под
чеканот на Соединетите Држави наречен НАТО со кој прават рутински воени
интервенции низ целиот свет за таа цел. Значи, НАТО ќе биде носител, „хуманитаризмот“
ќе биде претекст, а монтираните пропаганди кампањи ќе ја оправдуваат црнобелата
вистина со однапред одредените улоги на позитивни и негативни личности. Но, токму
Соединетите Држави беа тие што ги инсталираа и негуваа Нориега, Маркос, Пиноче,
Шахот и Ајатолахот, Западот беше тој што му продаваше на Садам Хусеин оружје за
масовно уништување, Западот го поддржуваше Сухарто и профитираше од неговиот
режим на репресија во Источен Тимор, токму Соединетите Држави и Германија го
промовираа распадот на Југославија и постојано го охрабруваа Милошевиќ да скокне во
виорот на војната за потоа самите да го дотолчат. Капиталистичката банда од паликуќи се
наметнаа како главни пожарникари во светот.

Според Стошевиќ „јавниот простор го користат за пресметка со нивните


неистомисленици“. Но, зошто тие на кои алудира Стошевиќ го користат јавниот простор
за пресметка со нивните неистомисленици е вистинскиот исказ што требал да го постави!
Одговорот е затоа што тие „неистомисленици“ се виновници и јавно треба да бидат
разобличени како такви! „Дали постои гилотина денес? Да, одговори искрен патриот,
затоа што секогаш постои предавство.“ (Y a-t-il guillotine aujourd’hui ?— Oui, répliqua un
franc patriote, car il y a toujours trahison.) Со деспотизмот на јазикот на анти-политичката
коректност, Левица на неумоливиот Апасиев тежнее да го ослободи јавниот простор од
буржоаското едноумие на политичките профитери, кои сакаат да го поробат македонскиот
народ, успивајќи го со златните чари на лагите за владеење на правото и економска
благосостојба во пазувите на бирократското чудовиште oд Брисел. „Pour enchaîner les
peuples, on commence par les endormir.“ (Marat, L’Ami du Peuple)

„Отуѓувањето на општествениот капитал и негово концентрирање во рацете на


империјалистите, претставува исто така губење на суверенитетот. Истиот оној
суверенитет кој се градеше со децении како резултат на придобивките од НОБ, која пред
сè претставуваше израз на класна борба со симнување на буржоазијата од власт, а потоа и
антифашистичко ослободување.“

Не, „другар“ Стошевиќ, реставрацијата на капитализмот во Југославија беше извршена


веднаш по војната со обновувањето на стоковното стопанисување. Идеолошка и
псевдонаучна поддршка на истото беше дадена на VII-от Конгрес на СКЈ, одржан во
Љубљана во април 1958 год., кога конгресот зазема став: „Стоковниот карактер на
стопанството е израз на сегашниот степен на развиеност на производните снаги“. Значи,
капитализмот се реставрира веднаш со враќањето на стоковно-паричното работење, а не
по одлука на некое лице или форум. Сегашната „реставрација“ е само формално
признавање на поранешната суштинска реставрација извршена уште 1945 година. „Во
онаа иста мера во која стоковното производство, сообразно со своите внатрешни закони,
се развива кон капиталистичко производство, во таа иста мера законите за сопственоста,
својствени на стоковното производство, се преобратуваат во закони на капиталистичкото
присвојување.“ (Маркс, Капиталот, Tом 1, 1975 год., стр. 516)

Стошевиќ упорно тврди дека од Левица „не ги почитуваат различностите кои се


привилегија за секое граѓанско цивилно општество“, сакајќи да им импутира анимозитет
кон етничките различности, што е ноторен нонсенс, бидејќи Левица може да биде само
против класните различности кои навистина се инхерентни за секое „граѓанско цивилно
општество“ за што ни сведочи самиот цитат на Русо кој ни го дава Стошевиќ, а кој
очигледно не разбрал што сака да каже авторот: приватната сопственост е основата на
цивилното општество. На пример, Шарл Фурие го користел зборот цивилизација во
негативна смисла. Презирот на Фурие кон угледните мислители и идеологии на неговата
доба бил толку интензивен и длабок што тој секогаш ги употребувал термините филозоф и
цивилизација во пежоративна смисла. Во неговиот речник, цивилизација била расипан
поредок, т.е. синоним за перфидност и ограничување. Нападот на Фурие врз
цивилизацијата има квалитети кои не можат да се најдат во пишувањето на кој било друг
општествен критичар од неговото време.

Со својата даночна моќ државата нужно го дели општеството на две големи класи,
„даночни обврзници и потрошувачи на данок“. Но, ефектот од ова е што ги поставува во
антагонистички односи. Голем дел од рамковните вработени седат дома и земаат плата.
Охридскиот рамковен договор продуцира нови потрошувачи на данок, уште подобро
наречени социјални паразити, и е расадник на нови гласачи за секоја буржоаска партија
која се затекнала со власт над државните институции. Во таа смисла, Охридскиот
рамковен договор отуѓува дополнителна сума од новата додадена вредност и ја
концентрира во рацете на државната бирократија, што претставува исто така губење на
суверенитетот на работничката класа како даночен обврзник. Од овие паразитски
потрошувачи на данок по заслуга на етничка припадност се експлоатирани сите даночни
обврзници. Според тоа, укинувањето на Охридскиот рамковен договор би било
придобивка и за Албанците кои не се потрошувачи на данок, туку даночни обврзници.

„Русо вели дека само во цивилното општество човекот може да се оплемени користејќи го
разумот, и дека преоѓањето од состојба на природа во цивилна состојба, произведува
многу големи промени во човекот, менувајќи го инстинктот во неговото однесување со
морал кој порано му недостасувал.“

На „другарот“ Стошевиќ како да не му е познат параграфот од „Развиток на социјализмот


од утопија во наука“ во која мала книга (сублимат од обемната расправа Анти-Диринг)
Енгелс напиша дека „ова царство на разумот не беше ништо друго освен идеализираното
царство на буржуазијата; дека вечната правда го најде своето остварување во буржуаското
судство; дека еднаквоста се сведе на буржуаска еднаквост пред законот; дека како едно од
најбитните човечки права беше прогласена – буржуаската сопственост; и дека државата на
разумот, општествениот договор на Жан Жак Русо, се оствари и можеше да се оствари
само како буржуаска демократска република. Француските просветители од XVIII век
како Волтер, Дидро, Ламетри, Холбах и Русо, што ја подготвуваа духовно Големата
Француска буржуаска револуција, се повикуваа на разумот како на единствен судија за се
што постоеше. Требаше да биде создадена разумна држава, разумно општество, а да биде
безмилосно отстрането се што му противречи на вечниот разум. Исто така, видовме дека
овој вечен разум беше всушност само идеализираниот разум на средниот граѓанин, што
токму тогаш се развиваше во буржуј то ест капиталист. И кога Големата Француска
револуција го оствари ова разумно општество и оваа разумна држава, се покажа дека
новите установи, колку и да беа разумни во споредба со поранешните поредоци
(робовладетелскиот и феудалниот), никако не беа апсолутно разумни. Државата на
разумот претрпе потполн слом.“

„Погледнете ги само популистичките восклици за независност на Каталонија и Шкотска,


каде тоа не е израз на општата волја на народот, туку на буржоазијата, нешто што нашите
суверенисти не можат да го видат, или не сакаат.“

Изгледа Стошевиќ заборава или се прави удрен со мокар чорап дека за време на
референдумот за излез на Британија од ЕУ, социјалистичката левица беше едногласна во
изјавата дека луѓето треба да гласаат за да заминат, бидејќи ЕУ е про-капиталистичка
институција во рамките на која е невозможно да се спроведе социјалдемократска, а
камоли оригинално социјалистичка политика. „Солидарност Шкотска“ исто така го зазеде
тој став! На изненадување на политичките елити и на владејачката класа, генерално,
резултатот беше победа за британско напуштање на ЕУ, придружена со повисока од
очекуваната излезност на гласачите од работничката класа, кои гласаа несразмерно за
напуштање на ЕУ. Политичкиот естаблишмент секако е сочинет од универзитетски
образувани и од стручни, бизнис и менаџерски класи, па затоа беа шокирани од
резултатот. Ова се однесуваше на сите главни политички партии: Ториевците,
Лабуристите и Шкотската национална партија.
Разликата во гласањето ја одразува реалната разлика во класните интереси.
Професионалната и бизнис класа имаат придобивки директно од фондовите на ЕУ, може
да добијат финансирање од ЕУ, како и достапност на дополнителна работна сила чиишто
обуки не ги плаќаат. Шкотската национална партија отворено работи во интерес на оние
работодавци кои сакаат да ја надополнат релативно малата локална понуда на работна
сила со луѓе од Европа. Разбирливо е дека Шкотската национална партија, која сега е
неолиберална, десничарска про-ЕУ партија, би изготвила слоган со кој ќе бара втор
шкотски референдум за независност како начин за враќање во ЕУ. Ако ја добијат
кампањата за независност, тогаш тие ќе ја вратат Шкотска веднаш во ЕУ. Ваквиот тек на
настани сигурно ќе ја уназади каузата за социјализам во Шкотска - бидејќи добро знаеме
дека напредокот кон социјализам е невозможен во ЕУ.

Човек треба да направи кардинален превид од колосални размери за да не ја увиде


противречноста во која Стошевиќ запаѓа кога „разноразните идеи за exit“ ги пресметува
како „историски политичко-економски оксиморон“, а во исто време вели дека „евро-
атлантските интеграции... во својата природа длабоко ги содржат заедничките интереси на
капиталот, кој непосредно ги обединува.“ Оваa противречност е доказ само за
политичкото лицемерие на Стошевиќ кога со злобни инсинуации ја критикува анти-
империјалистичката позиционираност или со друго име револуционерниот патриотизам
на Левица.

You might also like