You are on page 1of 4

Трулежот на олигархијата околу Шеќеринска:

во одговор на Биљана Секуловска

„Пцуењето на новиот парламентарен пратеник Димитар Апасиев, упатено кон


доскорешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска“ лично многу ме потсетува на
Le Père Duchesne, екстремен радикален весник за време на Француската револуција,
уредуван од Жак Ебер. Весникот често користел еуфемистички јазик за да повика на
судење и егзекуција на перцепираните непријатели, како што е повикувањето за „превоз
со триесет и шест врати“ да ги води „класните предавници од La Plaine“, „да киваат во
торба“ (да бидат гилотинирани) , „да побараат време од гилотината“, „да се стави јамка на
вратот на Капе“...

„Политичката доблест, со пустошот на груевизмот стана покосена...“, тврди Биљана


Секуловска во својата колумна „Трулежот околу Шеќеринска“. Но, за Робеспјер, идолот
на Апасиев, оној што има златни панталони до колена е непријател на сите санкилоти.
Постојат само две партии, онаа на корумпираните луѓе и онаа на доблесни луѓе. За Мара,
мојот идол, „во политиката, никогаш немало десница, центар, левица; само најниска класа
и највисока класа.“ Во таа смисла, сета буржоаска демократија е фарса, вашарско
шаренило за очите на лекомислените широки народни маси.

Aпасиев отворено вели дека земјата е управувана од богатите, додека 99% од нацијата не
се воопшто богати. Апасиев го критикува недостигот на дејствија на владата за запирање
на империјализмот на НАТО и диктаторските активности што се користат за владеење на
земјата од страна на меѓународната заедница. Апасиев честопати се фокусира на
конкретни луѓе и настани и целосно го деградира секој од нив. За буржоазијата и
нејзините сикофанти, радикалноста на Апасиев е реалниот вулгарен јазик којашто им
пречи!

„Нема идеална држава, ниту идеални граѓани, колку и да е организирана совршено, колку
и да се сонувало за решенија, оние кои Платон ги нудел, еднакво како и Аристотел“,
тврди новинарката Биљана Секуловска во својата одбрана на Радмила Шеќеринска против
Апасиев. Меѓутоа, за Платон демократијата е воспоставена кога сиромашните ќе ги
победат своите непријатели, а потоа тие рамноправно ги споделуваат со остатокот од
нацијата политичките служби и одговорности, додека јавните служби обично се
доделувани по случајна селекција. За Аристотел пак, исполнувањето на службените
позиции преку случајна селекција е демократија, преку избор олигархија. Oвие
размислувања на Платон и Аристотел никако не биле апстрактни. Тие биле засновани на
праксата на атинската директна демократијa уште во 5-ти век пред нашата ера!

„Маската на политичарот може лесно да биде проѕрена, таа маска лесно се наѕира, откако
ќе ги соголи моралните квалитети и доблести на луѓето кои се занимаваат со политика, во
име на високи цели - општото добро, пред сè“, тврди Биљана Секуловска алудирајќи на
„негативното коментирање“ од Апасиев за Шеќеринска. „Богатството не ги менува луѓето,
само им ги симнува маските“, изјавила Сузана Некер, сопруга на Жак Некер, министерот
за финансии на револуционерна Франција. Случајот на Шеќеринска е уште полош пример
за ова правило затоа што власта не ѝ го смени корумпираното срце, туку само ѝ ја симна
маската. Клучното прашање не е што некои поединци со прилично скромно потекло како
Шеќеринска може да бидат регрутирани за јавна служба, туку кој ја држи власта. Сè
останато е илузорно.

Во истражувањето на Апасиев насловено „Обезвреднување на трудот“ (2010) има два


биланси, биланс на владите предводени од СДСМ во однос на намалувања на
работничките права и биланс на владите предводени од ДПМНЕ во однос на истите
намалувања. Ние ќе се задржиме на намалувањата на работничките права кои удриле по
џебот на граѓаните. Така во 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006 се изгласа драстично
намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица
(Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност); во 1997, 2003 и 2005 се
изгласа намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки
вишок (Закон за работни односи); во 2004 се изгласа укинување на одредбите со кои се
регулира правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва.
И друштвата во државна сопственост со што фактички е оневозможено остварувањето на
ова право (Закон за трговските друштва); а во 2005 се изгласа намалување на средствата
кои се издвојуваат за вработување на инвалидните лица (Закон за вработување на
инвалидни лица) итн. „Секогаш, кога се обидува законодавството да ги регулира
споровите меѓу претприемачите и работниците, претприемачите му се советници“, вели
класичниот либерал Адам Смит. Апасиев во својот труд „Обезвреднување на трудот“ со
хируршка прецизност демонстрира дека „духот на законот е сопственоста.“ (Ленге)

Каде беше социјалдемократката Шеќеринска во 2005 година да дава отпор на


одумирањето на социјалната демократија во Република Македонија кога значително се
отежна остварувањето на правото на штрајк и се воведе можност за забрана на
дејствување на синдикат! Веројатно Шеќеринска беше „презафатена“ околу својата
магистратура на американската школа за дипломатија и право Флечер, додека правата на
работниците, уште на прв поглед одбиваат, па тоа се криви дрини и нив ниту политичкиот
идол на Апасиев, јакобинецот правник Робеспјер не може да ги исправи. Не, не може така,
на општествената интелигенција мора да ѝ се случат „Нирнбершки судења“ поради
својата историска одговорност што ѝ наметна на нацијата економски фашизам!

Печатот кој Шеќеринска го има оставено е одењето по стапките на економскиот фашизам


на Глигоров, како татко на модерната олигархиска држава. „Најголемиот“ Титов
економист, „човекот од реформи“ како што велеше за себе Киро Глигоров, дробеше
бесмислици уште во 1983 година, дека социјалистичкото стоковно производство се
разликува од капиталистичкото. Со таквото тврдење, К. Глигоров докажуваше дека ништо
не знае од марксизмот и дека е само капиталистички идеолог каков што се формирал на
Правно-економскиот факултет во Белград, во Кралството на Караѓорѓевиќите. За жал, тој
си остана со тие знаења што ги стекнал на тој „кралски“ факултет, иако имал и можност и
обврска да се запознае со сјајните Маркс-Енгелсови научни анализи што ќе му беа од
корист и нему и на општеството. Вака, општеството остана со кратки ракави, а неговата
слава на „човек од реформи“ била неоснована. Ниту една негова „реформа“ не успеа да го
спаси „социјализмот“, што е доказ дека ако е нешто ненаучно поставено, тоа не може да
опстане.
Секој човек, кој застанува пред група луѓе како водач, би морал да одговара за сè она што
ќе се случи за несреќа на групата, ако тој не ја зборувал вистината. Затоа ги „напаѓаме“.
Не сме љубоморни на нивната „слава“ и „чест“, бидејќи тие се злосторнички. Не сме
љубоморни на нивниот бонвивански живот, бидејќи е паразитски, со ништо оправдан, на
товар на работниците. Не сме љубоморни на нивното знаење и интелектуални
способности, бидејќи не се доволни да се прочита и разбере едно мало дело од Маркс и
Енгелс, кога не стигнале веќе да го прочитаат и разберат „Капиталот“. Ги напаѓаме заради
разликата меѓу нивните зборови и дела. Им префрлуваме за мафијашко однесување, кое го
прикриваа со лажење, заведување и измама. А каде што не помагаше тоа користеа груба
примена на сила или злоупотреба на медицината и судството и сè што им обезбедува да ги
остварат своите приватни интереси. Перфидната употреба на мас-медиумите ги претвора
во моќни лажачи на кои човек мора да им се спротивстави на секој можен начин и со сите
можни средства. Во таа смисла го напаѓаме Глигоров, a Aпасиев ја напаѓа Шеќеринска,
затоа што никогаш не ја зборувале вистината, иако секогаш имале можност за тоа.

Не постои објективен, реален медиум за народот во услови кога медиумите се во рацете на


г-дин Капитал. Тие мораат да му слугуваат нему а да предизвикуваат кај народот екстаза и
делириум во зависност од моменталните ќефови на тој ист г-дин, но и да ја продолжат
онанијата, пардон, филозофијата на државата, правото и сопственоста напишана и
озаконета така што ќе промовира и штити експлоатација на безимотните. Според тоа,
нема разлика меѓу „Нова Македонија“ на Минчо Јорданов, „Вест“ на Срѓан Ќерим,
„Време“ на Рамковски и медиумите на Љубисав Иванов. Исповедта (25.05.2011) на
вработен новинар во некогашен дневен весник „Време“ доволно зборува за заблудата на
оние кои веруваат во буржоаска демократија:

„Драг Захов, во грч поради тоа што не ти ја објавив колумната и дури не те известив за тоа
што се случува овде... жалам што ти и други како тебе извесно време ќе бидат жртви на
уредувачката политика. Читај што се објавува и ќе ти стане јасно. Јас, се разбира, не сум
креатор на таквата политика. Напротив. Но, не можам сам ништо да изменам. Ти ќе знаеш
каков суд да донесеш за тоа. ...“

Не е чудно што Биљана Секуловска „со петни сили“ бара од гледачите да го следат
великиот револуционер Дантон и да ја одбранат сопствената слобода, а притоа нема здрав
разум да разбере дека самата веќе одамна добила кучешки лик. Ако свесно го носи својот
кучешки лик, тогаш таа е платеник на г-дин Капитал и според тоа непријател на народот.
Ако не ме лаже меморијата, Секуловска глумеше објективна новинарка во ТВ А1, но
нејзината вистинска историска улога – одбрана на слободата на различното мислење во
самите мас-медиуми на Рамковски – е чекање на Годо. Задоцни. Освен да продолжи
злосторнички да продава евтина приказна пред народот за својот морал на објективен
Камиљ Демулен.

И СДСМ и ДПМНЕ, сите тие делуваат во духот на минатото на претходната владејачка


партија (!) за што Маркс вели: „Традицијата на сите мртви генерации го притиска како
мора мозокот на живите. И заправо кога изгледа дека се ангажирани со тоа да себе и
работите ги пресвртат, да створат нешто што сеуште не било, заправо во такви епохи на
револуционерна криза тие бојажливо во своја служба ги повикуваат духовите на
минатото, позајмуваат од нив имиња, борбени пароли, костими, да би, преоблечени во таа
пречесна облека и со помош на тој позајмен јазик, извеле нов светскоисториски спектакл.“

Денес знаеме како Јанкуловска и Котевски кроеле план да го скријат убиството на


Нешковски но треба да ја потсетиме јавноста кој ги создал овие полициски единици.
Алфите е полициска единица формирана од владата на СДСМ и Џанго во чиј состав
влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од
државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја
користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за
спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ
блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак
најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров. Во таа смисла, слободите и правата на
граѓаните-жртви на Груевски се и жртви на Шеќеринска, вицепремиер во владата на
Бучковски (2002-2006)!

Toa што Шеќеринска молчи пред пцуењето на Апасиев, дали можеме да се посомневаме
дека таа се исплашила? Или се работи за молк до моментот на експлозија? Тоа што молкот
неопишливо ја надвладува Шеќеринска дали значи дека таа се соочува со реалноста? Сите
овие избезумени обвинувачки ѕвона на Апасиев, а во исто време и оваа тишина на
Шеќеринска. Што би можело да биде позастрашувачки?

Како политички Апасиев ќе преживее во историскиот вител, прашува цинично


Секуловска. Еве ѝ го одговорот кој не верувам дека таа ќе го разбере. Мирабo, во некоја
мистериозна далечна длабочина, беше свесен за постоењето на Робеспјер. Исто така, Мара
беше свесен за Ебер, Ебер за Бабеф. Сè додека подземните слоеви останат тивки,
политичарот може да се движи со леснотија. Но, постои една суб-почва под
најреволуционерната, и најхрабрите луѓе ќе покажат страв кога ќе го почувствуваат под
своите нозе движењето што тие самите го започнале над глава.

„Еј! Заради кого си ги создадов овие рој смртни непријатели? Заради народот, овој
сиромашен народ исцрпен од мизерија, секогаш вознемирен, секогаш прегазен, секогаш
угнетуван ... Расипани луѓе, кои не познавате друга страст во животот освен златото, не ме
прашувајте кој интерес ме притиска. Јас го одмаздив човештвото, ќе оставам име, а
вашето ќе загине.“
(Dénonciation faite au tribunal de public par M. Marat l’ami du people contre M. Necker premier
minister des finances)

Томислав Захов

You might also like