Professional Documents
Culture Documents
Џабир Дерала - ликот на македонскиот новинарски слешер
Џабир Дерала - ликот на македонскиот новинарски слешер
Совеста може да биде гигант, тогаш го имаме Сократ и Исус, и таа може да биде кепец,
тогаш го имаме Антре и Јуда. Ситната совест на Дерала брзо станува лазач. Широките
хоризонти ја водат душата кон општи идеи, а тесните хоризонти раѓаат делумни идеи, и
поради тоа понекогаш големите души се осудени да бидат ситни умови. Доказ Џабир
Дерала. Во омразата на Апасиев кон делумните идеи се состои борбата на напредокот кон
општите идеи. Работник, татковина, тие два збора ја содржат целата војна на Левица, тоа е
расправија на општата идеја против ситнобуржоаската идеја, патриоти против
медиокритети.
Дерала се родил врзан. Предрасудите се синџири, тој не успеал да ги симне тие окови, што
ќе му овозможело да расте слободно и од една мумија да постане дете. Наместо едно дете,
постанал наказа без свест. Тој е само ситнобуржоаски сикофант. Во античка Атина
професионалец што ги тужел луѓето и со тоа заработувал пари. Со еден збор: кодош.
Дерала го гледа само правото. А Апасиев гледа повисоко. А што има над правото?
Правината.
Дерала бара задолжителен ветинг за судиите. А Апасиев не сака судии. Тој сака социјален
мир. Дерала сака да се помагаат (да им се дава опиум) на сиромасите, а Апасиев сака да се
уништи сиромаштијата. Дерала сака сразмерен данок. Апасиев не сака никаков данок.
Апасиев сака заеднички расходи сведени на најмала мера, што ќе се плаќаат од вишокот
на општествените приходи. Пред сè, треба да се уништи паразитизмот. Паразитизмот на
судијата, паразитизмот на партискиот војник. Еве ја разликата меѓу утопиите на Дерала и
Апасиев.
Дерала сонува за човекот војник кој гине на империјалстичките боишта, а Апасиев сонува
за човекот граѓанин кој не може да има исклучиво само еден круг дејности туку може да
се изгради во која и да сака гранка на дејност, кога општеството управува со општото
производство и токму со тоа овозможува денес да работиме ова, а утре она, наутро да
ловам, попладне да рибарам, навечер да сточарам, по вечерата да критикувам, според
моето задоволство, а затоа да не станам ловец, рибар, сточар или критичар. Дерала
поддржува република на империјалистички мечови, Апасиев сака да основа република на
умовите.
Вие сте дволични Дерала, од една страна сакате да има повеќе партии, а од друга страна
ви смета постоењето на Левица. Злобно навивате за материјално осиромашување на оваа
партија, иако заборавате дека Левица нема да погине затоа што е симбол на
цивилизацијата и заштитник на прогресот на правата на работниците. Во ред е човек да не
сака повеќе партии, да нема повеќе робови, да нема повеќе робијаши, да нема повеќе
осуденици, но вие сте дволичен што посакувате плурализам без слобода на духот, без
равенство на срцето, без братство на душата.
Колку е гадна совеста на Џабир Дерала, толку гадна што и самиот не сака да погледне во
својата совест, се гледа од контрадикцијата во која запаѓа со својата логореја од лаги и
клевети против Апасиев и Левица, кога потпирајќи се на „искреноста“ на Јанко Бачев,
тврди дека Левица била „формирана од ВМРО-ДПМНЕ“, а погоре во истиот параграф овој
лик на македонскиот новинарски слешер тврди дека основачите на Левица биле
„вистински левоориентирани интелектуалци и активисти“.
„Варварските“ Индијанци имаат кажано: „Зборот е како стрела, кога ќе го пуштиш тој не
се враќа назад“. Може некој да биде и „варвар“ како Апасиев ама да биде попаметен од
секој „цивилизиран“ како Дерала. Глупаците како овој лик на македонскиот новинарски
слешер немаат рогови за да се видат. Тие се познаваат по зборовите.
Томислав Захов