You are on page 1of 4

Сеништето на Левица од кое Петрит Сарачини полни гаќи

„...Господ нека ни е напомош на сите!“


(Петрит Сарачини)

Едно сениште врти низ Македонија — сеништето на Левица. Сите сили на капиталистичка
„Република Северна Македонија“ ce обединија во свештена хајка против тоа сениште.
Сите владино-невладини сили веќе ја признаваат Левица како сила.

И Петрит Сарачини како Џабир Дерала запаѓа во контрадикција со својата логореја од


лаги и клевети против Апасиев и Левица, кога прво тврди дека Левица била „на
почетокот, тоа беше опција во која влегоа слободоумни граѓани, кои сакаа нешто ново вон
дихотомијата ВМРО-СДСМ...“, а веднаш потоа во наредниот параграф тврди дека „моја
тогашна, а и сегашна теза е дека „Левица“ беше имплант на режимот на Груевски во
отпорот против него, уште од првите протести на студентите по архитектура во 2009,
протестите против полициската бруталност во 2011-12, Аман во 2012-13… па сѐ до
Шарената револуција.“ Навистина, глупаците како овој нов лик на македонскиот
новинарски слешер немаат рогови за да се видат. Тие се познаваат по зборовите.

Понатака Сарачини тврди дека приказната „сите се исти“ изостана на изборите во јули
2020, а сепак Левица имаше носители на две изборни единици освен од македонска
народност (Сенада Ибраимова во изборна единица 6 и Реџеп Исмаил во изборна единица
2), што не беше случај со ниту една друга политичка партија, вклучително и ДУИ кои 19
години ја застапуваат идеологијата на заштита на правата само на Албанците. Сарачини
заборава дека идеологијата на Левица не е граѓанска па да застапува некоја мулти-етничка
приказна туку оваа партија ја застапува приказната дека сите работници, без разлика на
нивното етничко потекло, сите се исти модерни хелоти во наемното ропство.

Приказната „сите се исти“ што сака да ја застапува БЕСА со воведување двојазичност и во


приватниот сектор е толку проѕирна што е евидентно од масовната емиграција на нашите
сограѓани без разлика на нивното етничко потекло, од државата кон развиените социјални
држави. Упорното застапување на оваа приказна „сите се исти“ е еклатантен пример за
лицемерие на буржоаски морализам како кај македонските така и кај албанските
политички партии, навидум ние идеолошки сме определени да ги штитиме правата на
Албанците или Македонците, а во суштина не ги тангираме експлоатациските односи кои
се база на нивната материјална егзистенција и духовен развој како човечки битија.

Чуму на дипломиран албански градежен инженер можност да го користи својот мајчин


јазик во приватна фирма ако е минимално платен со што прво не му се овозможува да
егзистира како човечко битие и да ги задоволи своите груби материјални потреби како
jадењето, пиењето и раѓањето кои исто така се вистински човечки функции, а дури потоа
да ги развива своите културни потреби како припадник на етничко малцинство?
Општествениот живот е во својата сушност практичен. Сите мистерии кои ја водат
теоријата кон мистицизам го наоѓаат своето рационално решение во човечката практика и
во сфаќањето на таа практика, гласи 8-мата теза на Маркс за Фојербах.
Свеста на некој човек за себе како Албанец не може никогаш да биде ништо друго освен
свесно битие а битието на луѓето е нивниот вистински животен процес. Наемното ропство
со минимални плати го сопира овој животен процес, го разложува битието на луѓето и ја
атомизира свеста на овие луѓе за себе како Албанци по белиот свет. „Начинот на
производството на материјалниот живот го условува процесот на социјалниот,
политичкиот и духовниот живот воопшто. Не ја определува свеста на луѓето нивното
битие, туку, обратно, нивното општествено битие ја определува нивната свест.“ (К.
Маркс, Прилог на критиката на политичката економија, Предговор, „Култура“, Београд,
1956, стр. 8)

„Што се случи во меѓувреме? Од партија со хоризонтална структура, Левица се претвори


во султан-партија на Апасиев.“ (Петрит Сарачини)

Во Левица никогаш не се случила ваква трансформација од хоризонтална кон вертикална


структура, освен што со новиот статут на партијата категорично се забранети
внатрепартиските фракции за што ни сведочи и една изјава на самиот претседател на
партијата од пленумот во декември 2019 година: „Одиме кон градење на хиерархиска
централизирана партија со начело на демократски централизам, што е исто така новина за
разлика од претходното фракционерско делување. Сметаме дека, поучени од искуствата
кои ни се случуваа во сите овие години наназад, особено со т.н. пучеви и измислени
внатрепартиски кризи, дека на овој начин ќе ја консолидираме партијата и дека на
наредни избори Левица ќе стане парламентарна партија со сопствени сили,
некоалицирајќи со никој од големите партии.“

На пример, во стариот статут на партијата, со член 12 се допушта фракција во партијата


(макар што ова е оспорено т.е. противречено со член 11 со којшто се забранува
потенцирање на разликите „во интерес на зачувување на акционото единство на Левица“),
но со член 15 многу лесно се овозможува обезглавување на несаканиот лидер на
фракцијата со т.н. импичмент (од страна на Президиумот).

Негативност што може да се забележи е што е изгласан статут кој предвидува


претседателство со неограничено право на реизбор. Апасиев е корисен, но не е неминовен.
Опасно е во Левица да не се грижат за Енгелсовиот аманет од 1874 година: ,,Посебно ќе
биде должност на водачите сè повеќе и повеќе да се запознаваат со теоретските прашања,
сè повеќе и повеќе да се ослободуваат од влијанието на вообичаените фрази кои припаѓаат
на стариот поглед на свет и постојано да имаат во предвид дека, откако социјализмот
стана наука, мора и да се негува како наука, односно мора да се студира.‘‘

„Левица... водена од лидер што говори со навреди и јазик на омразата не само кон СДСМ,
туку и кон Албанците, муслиманите, невладините организации, активистите, кон секој
што не мисли исто како него.“ (Петрит Сарачини)

Говор на омраза кон СДСМ е оправдан и заслужен затоа што како партија на
македонската олигархија поддржува најбрутална форма на наемно ропство за
работничката класа. Невладините организации и активисти како сикофанти на
буржоазијата се исто така класни непријатели и заслужуваат говор на омраза. Говор на
омраза кон секој што не мисли за доброто на работничката класа е заслужен и оправдан и
колку повеќе се интензивира толку подобро за исходот во полза на угнетениот работен
народ. Левица, а не ДУИ или БЕСА, реално се бори за правата на Албанците:
„Сиромавиот и чесен албански работник ми е поблизок од богатиот македонски олигарх и
чорбаџија. p.s. Додека се мразиме, ни ги празнат џебовите!“ (Апасиев)

„Наместо Робеспјер неподмитливиот, Македонија доби лидер на партија кој е автократ од


ковот на Сталин, кој дури и би ги стрелал сите, како што се пофали јавно.“ (Петрит
Сарачини)

Луѓето кои сега се на власт во Македонија и „невладините“ организации како Цивил.мк и


нивните активисти кои се само лакеи на буржоаската власт, сакаат да ја претстават секоја
алтернатива за владеењето на СДСМ како јалова или крвожедна или обете. Тие посебно ги
мразат неподмитливите водачи, нека биде тоа Робеспјер или Ленин, Сталин или Мао – и
Апасиев. Тие претпочитаат водачи кои се склони за корупција и на крајот да ги постават
на власт. Невладините организации и нивните активисти, овие лакеи на американскиот
империјализам, имаат дополнителна добра причина: со говорот на омраза и партиските
чистки во Левица се служат за да ги скријат нивните сопствени неуспеси – Шарената
револуција и злосторстата на нивните патрони, 160 000 жртви меѓу беломорското
население кои тие ги палеа со напалм од воздух и ги бомбардираа.1

Можеби Апасиев јавно се фали дека би ги стрелал сите – класни непријатели, но тоа е
Петрит Сарачини кој јавно со метална шипка го нападна Нонковиќ, или кога братучедот
на Шеќеринска го нападна со тупаници Антонио, а со вулгарности Цаци - тоа беше
однесување кое невладините организации за заштита на човековите права бргу го
заборавија. Петрит Сарачини не е само контроверзен и по физичкото насилие, тој е
лицемерен што етички му забележува на Апасиев за неговото вербално насилие, а од
друга страна за новиот министер од УЧК, овој владин советник има изјавено „Барем не е
од ИСИС“. Кога Тричковски пишуваше за куршум од снајпер низ черепот на Груевски,
тогаш тоа беше литературна форма иронија, алегорија или пред сè метафора.

Тоа што Левица бара донации од гласачите е сосема легитимно и законско право од
нејзина страна како политичка партија, за разлика од сите други политички партии кои се

1
Кога Америка и Англија увидоа дека постои сериозна опасност дека ќе се смени режимот во Грција и дека
на власт ќе се воспостави демократски систем во којшто комунистичката партија ќе има силно влијание, па
побрзаа да ја запалат Грција од бомбардирање при што погинаа над 100 000 цивили а на СФРЈ, се’ уште
разорена од Втората светска војна, ‘и наложија целосно да ја затвори границата спрема Грција под закана
дека ќе биде исто така бомбардирана и окупирана се’ до Ниш чиј дел ќе влезе во границите на таа идна
монархофашистичка Грција. Британските единици навлегле во Грција откако нацистите се повлекле.
Поставиле корумпиран режим против којшто движењето на отпорот ја обновило борбата, а Британија,
којашто била во послевоен пад, не успеала да ја сочува власта. Во Грција во 1947 година влегуваат
американските трупи и учествуваат во крвавата војна која проголтува 160 000 човечки животи. И во оваа
војна не отсуствувале мачења, десетици илјади политички бегалци, растурање на работничките синдикати и
независниот политички живот, како и „преквалификувачки логори“ за десетици илјади останати Грци и
беломорски Македонци. Со оваа војна Грција цврсто паднала во рацете на американските инвеститори и
домашната капиталистичка класа, додека голем дел од народот морал да ја напушти земјата како би спасиле
глава. Корист имале и нацистичките слуги, а главна жртва биле работниците и селаните, припадници на
антифашистичкото движење предводено од комунистите.
приклештени од пипците на олигархискиот октопод. Средствата од ДИК се исто така
законско право кое и следи на Левица благодарение на 37 000 граѓани на оваа држава
доброволно гласаа на политичкиот пазар со заокружување на број 4 на изборното ливче.
Тоа што вие се радувате за зарабоните средства на Левица во Евростандард зборува
повеќе за вас Петрит Сарачини, дека сте против вистински плурализам од политички
партии во Македонија, па наместо тоа отворено застапувате едноумие со четиригодишен
мандат во зависност од тоа која партија победила на изборите.

„Како и што понатаму? Која ќе биде политичката судбина на Апасиев? Ќе оди нагоре во
политиката, ќе стане ли сериозен претендент за власт, или ќе биде уште една во серијата
„радикални епизоди“...“ (Петрит Сарачини)

„Cet homme ira loin car il croit tout ce qu’il dit.“ (Овој човек ќе дотурка далеку затоа што
верува во сè што тој вели). Има изјавено Мирабо за Робеспјер Неподмитливиот. И
Апасиев како Робеспјер е од народот и сака да биде само тоа. Го презира секој што се
преправа дека е нешто повеќе. Затоа со право може да се рече дека Апасиев е трибун на
народот. Апасиев верува дека никој не ни дал поправедна идеја за луѓето од Старите
Римјани, бидејќи никој не ги сакал повеќе. Во Стариот Рим не се истражувало кој облик
на сопственост создава најмногу богатство туку „се истражувало кој облик на сопственост
создава најдобри граѓани.“ (Маркс-Енгелс Дела, том 19, стр. 322) И Апасиев како Старите
Римјани сака да ја претвори Македонија во република на најдобри граѓани. Маркс и
Енгелс врз основа на етнографското истражување на американскиот социолог и етнолог
Луис Хенри Морган докажаа дека тој облик на сопственост кој создава најдобри граѓани
не е приватната сопственост, туку општествената сопственост.

Пасокизацијата на буржоаските лакеи од СДСМ не е само пропагандистичка порака, туку


и реална можност која може да се одвива истовремено со „делчевизацијата“ на членството
на ДПМНЕ: Гоце Делчев e приврзаник на левото крило во македонско-одринското
ослободително движење и има анархо-социјалистичко и републиканско убедување.
Делчев сфаќал дека професионален воин не може да се биде, па на прашањето на некој
човек: „Што ќе правиме ние борците откога ќе стекнеме слобода?“ одговорил: „Добро ќе
биде, ако народот ни даде да бидеме и полјаци.“ (чувари на полето) Еве ја сржта или духот
на Гоцевиот левичарски патриотизам што го движи говорот на Апасиев полн омраза кон
елитизмот на македонските политички партии а од чија правдољубивост тие толку се
плашат и потплатуваат разно-разни сикофанти да го дискредитираат, но „три работи не
може долго да се скријат: сонцето, месечината и вистината.“ (Буда)

Македонските буржоаски политички партии ги произведуваат, пред сè, сопствените


гробари. Падот на капиталистичкиот триумвират ДУИ-ДПМНЕ-СДСМ и победата на
пролетерите Албанци и Македонци се подеднакво неизбежни настани. Апасиев и Левица
не веруваат дека работничката класа автоматски ќе стави крај на македонскиот ниско-
платежен, лихварски и неолиберален капитализам. Апасиев и Левица веруваат дека само
активно вклучување на пауперизираните Албанци и Македонци во класна борба против
„своите“ политички елити и буржоазијата може да ја промени свеста на работниците и да
го промени светот на очајот на македонскиот граѓанин во заедница на „општествен
капитал“ од нераскинлива кохезија меѓу сите членови на тоа општество.

You might also like