Professional Documents
Culture Documents
Моќта на Левица и немоќта на разумот на Најчевска
Моќта на Левица и немоќта на разумот на Најчевска
„На денешниот пазар, наоѓаме цела низа производи лишени од нивната малигна особина:
кафе без кофеин, крем без маснотии, пиво без алкохол ... И списокот продолжува:
виртуелен секс како секс без секс, доктрината на Колин Пауел на војување без жртви (од
наша страна, се разбира) како војна без војни, современото редефинирање на политиката
како уметност на експертско управување како политика без политика, па сè до денешниот
толерантен либерален мултикултурализам како искуство на другиот лишен од својата
другост? Виртуелната реалност едноставно ја генерализира оваа постапка на нудење на
производ лишен од неговата супстанца: таа ја обезбедува самата реалност лишена од
нејзината супстанција – на истиот начин на којшто кафе без кофеин мириса и има вкус на
вистинско кафе без да биде вистинско, виртуелната реалност се доживува како реалност
без да биде реалност. Зарем ова не е ставот на хедонистичкиот последен човек? Сè е
дозволено, можете да уживате во сè, НО лишено од неговата супстанца што го прави
опасно.“ (Жижек, Филџан реалност без кофеин)
Цензурата на која Најчевска толку настојува против она што го зборува Апасиев го
рефлектира само недостигот на самодоверба во себе кај нашето класно поделено
општество. Говорите на Апасиев кои Најчевска ги нарекува говори на омраза се говори
кои му го разобличуваат на класното општество сопствениот срам. Ако Најчевска како
апологет на либералната демократија не верува во слободата на изразување за Апасиев
кого таа очигледно го мрази, тогаш ниту таа верува воопшто не верува во оваа слобода. Во
тој случај, таа е обичен буржоаски лицемер-морализатор. Може да се каже дека ораторот
Апасиев и цензорот Најчевска се разликуваат во ова: првиот е пристоен ум во непристојно
тело а вториот е непристоен ум во пристојно тело. Слободата на изразување не смее да
биде укината само затоа што таа го навредува моралниот код на цензорот. Либералната
демократија на Најчевска е идеја што секогаш ќе се посрамотува ако зад неа не стои
класниот интерес на заштита на интересите на економски најмоќната класа во нашето
општество. Класното општество на Најчевска никако не може да биде некоја вистинска
демократска заедница, туку тоа е само сурогат на заедницата. Во него егзистира личната
слобода само за поединците кои се развиваат во условите на владеачката класа
олицетворена во политичко-економската олигархија и само доколку сте како Најчевска
припадници или апологетски сикофанти на таа класа.
Како и еден Робеспјер или Мара, наместо да ужива во благодетите на спокојниот живот на
кариеризам како универзитетски професор Апасиев избра да ги жртвува своите денови и
часови во разобличување на неправдите извршени врз слободата на македонскиот народ и
во доследна осуда на нападите против неговите права. Храбри луѓе се Апасиев и неговиот
соборец Борислав Крмов, кои непрестајно ја провоцираат омразата на моќните луѓе од
власта и корумпираните опозиционери од ДПМНЕ, и ја презираат нивната
индиферентност.
Една вистинска левица не ги мрази капиталистите за наемното ропство. Таа знае дека тоа
не е вина на било кој индивидуален капиталист или дури капиталистичка фирма. Една
вистинска левица разбира дека тие се само агенти на системот кои се исто така
доминирани од неговите закони како и работниците. Ако капиталистите продолжат да
вработуваат луѓе кои не произведуваат доволно профит за фирмата, тие веројатно ќе
излезат од бизнисот. Капиталистите кои остануваат капиталисти се тие кои верно се
потчинуваат на економските закони на капитализмот. Системот е тој што сноси вина и
Левица го знае тоа многу добро во контекст на атавистичката клетва од Библијата.