You are on page 1of 7

АКАТИСТ на светиот великомаченик НИКИТА

се слави на 15 септември (28)


(се чита за успешно породување и здраво раѓање на деца)

Кондак 1
Тебе, избраниот маченик Христов и храбар војник на Царот над царевите,
преславен Никита, кој со крсното оружје силно ги победи видливите и
невидливите непријатели и како благопријатна жртва паленица самиот се
принесе на Господа, во песните со љубов те фалиме како наш свет застапник,
и радосно ти возвикнуваме:
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Икос 1.
Како добар Ангел на земјата поживеа, име на победата, великомачениче
Никита, слично на Него, заблеска со верата Христова пред темнината на
неверието на помрачените луѓе, проповедајќи во земјата готска. Затоа, по
делата свои, се покажа рамен на апостолите. Ние пак, по заслугите како
проповедник Христов, те благословуваме, со умиление возвикнуваме:
Радувај се, благовесниче на евангелската вистина!
Радувај се, ти што ја згази паганското бесчестие!
Радувај се, зошто ја возљуби верата Христова!
Радувај се, зошто готската земја духовно ја просветли!
Радувај се, ти што ги разоткриваш ѓаволот и неговите слуги!
Радувај се, зошто според твоето име нив победнички ги совлада!
Радувај се, зошто до крв во исповедањето Христово си послужил!
Радувај се, ти што многубројни маки храбро ги поднесе за Христа!
Радувај се, изгорен со оган и во рајското семејство вознесен!
Радувај се, зошто како непорочна жртва на Света Троица се покажа!
Радувај се, силен столб на светата Црква!
Радувај се, красото и потпора на верата Христова!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Кондак 2
Гледајќи како Никита победоносно ја проповеда светата Христова вера меѓу
Готите, Атанарик, лут мачител на христијаните, се втурна кон него како див
ѕвер и го фрли на лути маки неговото тело. Но, храброста на неговата душа
не успеа да го поколеба, зошто тој, покажувајќи се како победник на
мачителот, триумфално му возвикнуваше на Христа: Алилуја!
Икос 2.
Знаејќи ја ништожноста на телесните маки, како на гозба на маки за Христа
излезе, свети Никита, носејќи ја со себе иконата на Пресвета Богородица; не
се одвои од неа во сите зли страдања, и, бивајќи благодатно укрепуван со
силата нејзина, победоносно го помина маченичкиот пат, од Христа се
овенча, и не научи да ти возвикнуваме:
Радувај се, ти, поради кого Ангелите се радуваа!
Радувај се, ти, кому луѓето се восхитија!
Радувај се, на смелото трпение дијаманте!
Радувај се, слика на совршената храброст!
Радувај се, над ѓаволот победник!
Радувај се, ги посрами сите негови слуги!
Радувај се, непобедлив Христов војнику!
Радувај се, зошто го прими крстот Христов како оружје на победата!
Радувај се, зошто со него непријателите си ги победил!
Радувај се, облечен во оклопот на верата Христова!
Радувај се, со десницата Христова од небото крунисан!
Радувај се, зошто си вбројан во чиновите ангелски!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Кондак 3
Божјата сила во тебе, добропобеден великомаченике Никита, славно се
прослави, зошто не само мачителот Атанарик, туку и самиот ѓавол со твоето
трпение го победи, и храброст на својата душа покажа, со оган запален, како
феникс во вечниот живот се преобрази, и во вишната обител со душата своја
се вознесе, за да пееш со Ангелите на Бога: Алилуја!
Икос 3.
Имајќи во Христа голема сила, премудар Никита, лутите маки на кои те
изложи мачителот, ги сметаше за ништо, туку, радувајќи се, влезе во огнот:
во оган, како во цветна градина, славата Божја ја пееше. Затоа и ние те
славиме и опеваме со овие извици:
Радувај се, Христов мачениче, во чудата прекрасен!
Радувај се, зошто смртта во оган ја вкуси и остана неизгорен!
Радувај се, зошто со тоа Атанарик и соучесниците негови ги запрепасти!
Радувај се, зошто сите верни ги утеши!
Радувај се, упориште на сите што во Господ страдаат!
Радувај се, разоткривач на мрзливите и слабодушните!
Радувај се, зошто со многуте чуда после смртта си прославен!
Радувај се, ти што исцелителната благодат од Господ ја прими!
Радувај се, на земјите готски слава и пофалбо!
Радувај се, на Црквите свети радување и утехо!
Радувај се, свет застапниче и молитвениче наш пред Господа!
Радувај се, на ова семејство секогаш застапнику!
Радувај се, војнику Исусов добропобеден!
Радувај се, Негов сакан пријателу!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Кондак 4
Бурата од лутите маки не ги потопи бродовите на душата твоја, прекрасен
Никита, туку те доведе до тивкото пристаниште на вечното блаженство;
зошто си ти, свети, вооружен со крстот Христов, неповреден помина низ
маченичкиот оган и вечен покој достигна, каде со задоволство на Христа Бога
ја пееш песната: Алилуја!
Икос 4.
Се зачудија христијаните кога слушнаа како ѕвездата што засветли ноќе, за да
му ги покаже на твојот пријател Маријан твоите свети мошти, мачениче
Никита, како некогаш на мудреците во Витлеем, новородениот Христос.
Затоа, радувајќи се, Маријан, твоето чесно тело, мачениче, во својот дом го
погреба, извикувајќи ти:
Радувај се, Божји угоднику, на небото и на земјата прославен!
Радувај се, овенчан победнику!
Радувај се, скапоцена ризница на исцеленија!
Радувај се, цвету миомирисен, кој во рајот процвета!
Радувај се, радост на оние на небото и утеха на оние на земјата!
Радувај се, бесплатно исцеление на болните!
Радувај се, на пресветлите маченички војски украсу!
Радувај се, нераспадливо богатство на верните!
Радувај се, зошто со знакот небесен прими чесно погребение!
Радувај се, зошто со милостиви дарови на пријателот свој му се одолжи!
Радувај се, зошто со изобилство на земни добра неговиот дом го благослови!
Радувај се, зошто со многу чудеса го просветли!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Кондак 5
Твојот чесен гроб, Свети Никита, во домот на Маријан како од Бога воден
извор на исцелување се покажа, кога тој, во земјата Грција се пресели, твоите
свети мошти таму ги пренесе и ги изнесе во храмот Божји, во твое име
изграден за поклонување на сите верни, кои на Бога, што тебе те прослави,
возвикнуваа: Алилуја!
Икос 5.
Гледајќи ги преславните чуда, свети Никита, како од твоите мошти
излегуваат, епископот Авксентиј копнееше да однесе нивен дел во друг град;
но овој дрзок потфат веднаш го спречи и ја умртви раката што ги допре
твоите мошти, додека Авксентиј не пријде со покајание кон тебе и, добивајќи
исцеление од тебе, говореше:
Радувај се, долготрпелив подражавател Христов!
Радувај се, ти што со својата казна милост мене ми покажа!
Радувај се, зошто на чудесен начин дрскиот потфат го спречи!
Радувај се, бидејќи исушената рака веднаш ја исцели!
Радувај се, ти кој и по смртта во Христа жив престојуваш!
Радувај се, ти кој и по покојот чиниш чуда!
Радувај се, со нераспадливост прославен на земјата!
Радувај се, зошто за своите дела на небесата си се овенчал!
Радувај се, сигурен доброчинител на Христа Царот! , пред Него силен
застапник на верните! , ти, што ги вразумуваш и оние што грешат!
Радувај се, зошто мудрост на маловерните им даруваш!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Кондак 6
Ги проповедаме твоите чуда, и не ја криеме милоста на твоите исцеленија,
великомачениче Никита, зошто тие им биле познати на нашите отци уште од
далечни времиња, и храмови Божји во твоето свето во нашата земја
подигнуваа, во кои икони со ликот твој со чуда се прославија, и каде што сите
верни во верата се утврдија, кон небесата своите срца ги воздигнуваа, кои
Му пеат на Бога: Алилуја!
Икос 6.
Многу чуда се пројавија од светата икона на чудотворецот Никита,
охрабрувајќи ги оние што престојуваат во неговата обител, како и сите верни
да го опеваат маченикот; затоа, и ние со љубов светиот негов спомен го
почитуваме и во песните му возвикнуваме:
Радувај се, преизобилен извор на чуда!
Радувај се, прекрасен дародател на милост!
Радувај се, победоносец од Бога прославен!
Радувај се, на слабостите душевни и телесни исцелител!
Радувај се, насушен доктор на болните деца!
Радувај се, милостив посетител на напатените и тажните!
Радувај се, посрамител крепки на силата ѓаволска!
Радувај се, ти кој над духовите нечисти власт од Господ си примил!
Радувај се, зошто ѓаволските дела од луѓето ги изгонуваш!
Радувај се, зошто од немир луто измачуваните ги ослободуваш!
Радувај се, зошто даровите апостолски ги прими!
Радувај се, зошто ангелска кротост ја прославуваш!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!
Кондак 7.
Нам кои сакаме да ги славиме чудата и подвизите твои, великомачениче
преславен, со благодатта што ти е дадена од небото помогни ни; а срцата
наши од гревовните помисли исчисти ги, за да достојно и неосудено те
прославиме, пеејќи ти тебе благодарна песна за Христа Бога: Алилуја!
Икос 7.
Победоносец прекрасен и славен војник Христов Никита, чие име се
прослави, кој од земнородните достојно по заслуга ќе го пофали? Зошто он
го победи Велијар и ги собори сите негови слуги, додека Христа, нашиот Бог,
се до неговата смрт верно го исповедаше и од него прославен беше. Затоа,
ние, радувајќи се во неговиот свет храм и молејќи се пред неговата
чудотворна икона, возвикнуваме:
Радувај се, во оваа долина земна наша утехо!
Радувај се, надеж наша по Бога и Пресвета Богородица!
Радувај се, на чиновите ангелски собеседниче!
Радувај се, на сите Светии заедничару!
Радувај се, sвездо сјајна на пресветиот собор маченички!
Радувај се, ти кој нас одозгора не посетуваш!
Радувај се, ти што на земнородните лековити дарови им пружаш!
Радувај се, зошто на оние што се во неволја брзо им пристапуваш!
Радувај се, бидејќи милостиво на молитвениците ги примаш молитвите!
Радувај се, зошто на оние што те љубат со света љубов им возвраќаш!
Радувај се, сештедар и милостив наш застапниче!
Радувај се, седобар и во заземањето брз наш покровителу!
Радувај се, великомачениче и чудотворче Никита!

You might also like