You are on page 1of 2

1 Разделни реченици со сврзникот 

или употребен еднаш меѓу две дел-


реченици

Со сврзникот или се воведува втора можност, алтернатива. во двете дел-реченици се


даваат дејства што не се исклучуваат
Пример: Прати ја  или дојди и ти со неа.
                Ти си прекрасна, те читам во секој стих или те слушам во секоја песна.

-во двете дел-реченици се даваат дејства што се исклучуваат


Пример: Напиши порака или јави се на месинџер.

-дејството во втората дел-реченица се јавува како последица.


Пример: Биди редовен на активностите или ќе ти ја намалам оценката!

-сврзникот или го среќаваме во алтернативни прашања


Пример: Заедно сме или не сме?
                Ќе јадеш или нема да јадеш?

Правопис: Разделните реченици со или не се одделуваат со запирка.

2. Разделни реченици со повторени сврзници

Сврзници во разделните независносложени реченици се : или,


или-или, било-
било, де-де, ту-ту, час-час, ни-ни, ниту-ниту, ем-ем.
Разделни реченици со: или 一 или; било 一 било; ја 一 ја (за дејство како втора
можност).
Пример: Или нека дојдат, или ние не почнуваме.
                Било тие бегаат од училиште, било домашните ги задржуваат дома.

Разделни реченици со: де 一 де; ту 一 ту; час 一 час (наизменично вршење на


дејства).
Пример: Неговата девојка де се караше, де се смируваше со него.  
                Ту го повикуваше кај него, ту го бркаше од себе.  
                Лицето час ѝ црвенееше, час ѝ бледнееше. 

Разделни реченици со: ем 一 ем; (карактеристичен за разговорниот стил)


Пример: Ем се подготвив добро, ем се збунив.  
Ем сакам да го видам, ем се плашам од него

Разделни реченици со: ни 一 ни; ниту 一 ниту (со одречно значење).


Пример: Ни трага му видовме ни глас му чувме. (Ж. Чинго)
                Тој мене ниту ме праша, ниту ме слуша. ( К. Чашуле)

Пред сите повторени сврзници во разделните реченици се пишува запирка

                     
разделни реченици

 Прашања
1. Какви дејства се искажуваат со разделните реченици со или?
2. Кажи пример, реченица за: дејства кои не се исклучуваат, дејства кои се исклучуваат,
дејства како последица и алтернативно прашање.
3. Со кои сврзници се поврзуваат разделните реченици со повторени сврзници?
4. Кажи по една реченица за: дејства како втора можност, наизменично вршење на дејства
и одречно значење.
5. Кое е правилото во однос на употребата на запирката? 

ВЕЖБИ

1. Дополни со сврзници за разделни реченици:


Внимателно слушај ______ напушти го часот. 
_______ врне ________ сонце грее. (со сврзници за одречно значење)
_________ ти дојди кај мене, __________ јас да дојдам кај тебе ( со сврзници за
дејство како втора можност)
Мојата најмала сестра _____ плаче ______ се смее. (наизменично вршење на дејства)

2. Во врска со оваа слика состави три разделни независносложени реченици.

3. Дополни ги следниве реченици и состави разделни независносложени


реченици.
Ем постојано доцниш________________________.
Ќе ве повикаат било да задоцните ________________________.
Де скокаше во водата, ______________________________. 

You might also like